Professional Documents
Culture Documents
25 -ПСАЛМИ
25 -ПСАЛМИ
1. Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме
и услиши ја молитвата моја.
2. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце; до кога ќе сакате суета и ќе
барате лага?
3. Знајте дека Господ го запазил Својот светија; Господ слуша кога викам кон Него.
4. Не грешете, *гневејќи се; размислете во срцата свои и на постелите свои, и
смирете се.
5. Принесете *жртва за правда и надевајте се на Господа.
*Псал.50,19;
6. Мнозина велат: кој ќе ни покаже што е добро? *Покажи ни ја светлината на
лицето Свое, Господи!
*4.Мој.6,26;
7. А мене Ти си ми го исполнил срцето со радост поголема отколку кога ќе се роди
во изобилие пченица и вино.
8. *Затоа мирно легнувам и спијам; +оти Ти, Господи, си ми влил надеж да живеам
без опасност.
*Псал.3,5;
*3.Мој.26,5;
1. Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави
ме;
2. Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата; ќе трга, а ќе
нема кој да спасува.
3. Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои;
4. ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напаѓаат, тогаш нека отпаднам од
непријателите мои;
5. нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот
мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори.
6. Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои;
стани, Господи, Ти кој заповедаш.
7. И многу народ ќе се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо.
8. Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според
чистотата моја.
9. Да престане злобата на грешниците, а праведникот исправи го, Ти, Боже, кој ги
испитуваш срцата и утробите праведно.
10. Помош очекувам од Бога, Кој ги спасува оние што се со чисти срца.
11. Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден.
12. Но ако не се покаете, Он ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне својот лак и ќе
го насочи,
13. и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува.
14. И, ете, кај безбожникот сѐ повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди
беззконие,
15. па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи,
16. и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе.
17. Го прославувам Господа поради правдата Негова и му пеам на Господа
Севишниот.
1. Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свои, ги известувам сите чудеса Твои;
2. се радувам и се веселам во Тебе, му пеам на името Твое, Севишни.
3. Кога се вратија непријателите мои, се сопнаа, изгубија сила и погинаа од лицето
Твое.
4. Бидејќи донесе пресуда за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, судија
праведен.
5. Им запрети на народите и загина нечестивиот; името му го затре за сите векови.
6. Непријателот остана сосема без оружје; градовите Му ги разруши, и погина
споменот за нив.
7. Но Господ секогаш живее; го подготвил престолот Свој за суд;
8. Он ќе ѝ суди на вселената по правда, на луѓето ќе им суди право.
9. И ќе му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во
неволја.
10. Па нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејќи не ги оставаш
оние што Те бараат.
11. Пејте Му на Господа Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;
12. бидејќи Он се одмаздува за крв, ја помни; не ги заборава пискотите на
неволниците.
13. Смулуј се, Господи на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој
ме избавуваш од вратата на смртта.
14. За да ги кажувам сите похвали за Тебе пред вратите на ќерката Сионска и да го
прославувам спасението Твое.
15. Пропаѓаа народите во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја
наместија, се фати ногата нивна.
16. Го познаа Господа, Кој суди; во делата на рацете Негови грешникот се заплетува.
17. Ќе се вратат во пеколот сите грешници, и сите народи, кои Бога Го забораваат.
18. Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема
никогаш да престане.
19. Стани, Господи, за да не се засили човекот, и народите да примаат суд пред Тебе.
20. Постави, Господи, законоположник над нив, за да разберат незнабожците дека се
луѓе.
21. Зошто Господи се оддалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им
помогнеш?
22. Кога нечесниот се разбесува, ги мачи бедните бездушно, и тие паѓаат во замките
негови.
23. Бидејќи грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде
благословен.
24. Грешникот го дразни Господа, за многуте негови гревови, вели, дека Он не
истражува: нема Бог пред него.
25. Патиштата негови се секогаш криви, а судовите Твои се многу високи, за да
мисли на нив, и така над непријателите се гордее.
26. И во срцето свое си вели: нема да минувам од род во род без зло.
27. Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов тежина и
пропаст.
28. Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни.
29. Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ќе фати, го
сплетува во својата мрежа.
30. Се смирува, прилегнува и тогаш бедниот паѓа совладан.
31. па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види
крајот.
32. Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш
бедните Твои.
33. Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели - Бог не
испитува?
34. Но Ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе
Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник.
35. Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде
безбожноста негова.
36. Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема народите од земјата Негова.
37. Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го
увото Свое!
38. Дај правда на сиракот и на смирениот, па да престане човекот на земјата да
задава страв.
Молитва за помош.
1. Спаси ме, Господи, зашто не остана праведен, зашто се намалија верните меѓу
синовите човечки.
2. Суета му кажуваат секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат
лага.
3. Нека ги истреби Господ сите соблазниви усти и јазик што се возвеличува;
4. оние што зборуваат: „Јазикот свој ќе го величаме; устата ни е со нас; кој е
господар над нас?“
5. „Заради страдањата на сиромасите и офкањата на бедните ќе се кренам сега - вели
Господ - ќе го спасам оној, кому сакаат да му напакостат.“
6. Зборовите на Господа се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја,
седумпати пречистено.
7. Ти, Господи, ќе нѐ одбраниш и ќе нѐ запазиш од овој род и довека.
8. Нечестивите одат наоколу; според возвишеноста Своја многу си им допуштил на
синовите човечки.
1. Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог.“ Се развратија луѓето, извршија гнасни
дела, нема кој да прави добро.
2. Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има
ли кој Го разбира и Го бара Бога.
3. *Сите се застранија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема дури ниеден.
*Рим.3,10-12;
4. Зар нема да се вразумат сите, што вршат беззаконие, кои така го *јадат народот
Мој, како што јадат леб, и кои не го призовуваат Господа.
*Мих.3,3;
5. Таму ќе се уплашат тие од страв, каде што нема страв, зашто Господ е во родот на
праведните.
6. Вие се подигрувате со сиромашниот, но Господ е негова надеж.
7. Кој ќе му даде од Сион спасение на Израилот? Кога Господ ќе ги врати заробените
од Својот народ, тогаш нека се зарадува Јаков, и нека се развесели Израилот.
Праведникова молитва.
1. Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја
молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
2. Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека
ја видат вистината.
3. Ти го искуша срцето мое, ме посети ноќе; со оган ме провери и не нејде неправда
во мене.
4. Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја
чекорев по патиштата тешки.
5. Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои.
6. Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме
чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.
7. Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти,
кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе - од оние што се противат на Твојата
десница.
8. *Пази ме како
зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила,
*5.Мој.32,10;
9. од лицето на нечестивите, кои ме
напаѓаат - од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат:
10. тие срцето свое го затворија, наоколу со
устата своја - гордо зборуваат.
11. Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои, за да ме соборат
на земја;
12. тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во потајни места.
13. Стани, Господи,
пресретни ги и обори ги; спаси ја душата моја со Својот меч од нечестивиот;
14. од оние, Господи, кои ги има
малку на земјата - раздели ги во нивниот живот, и од она што е сокриено Твое ќе се
наполни стомакот нивни;
откако се наситија синовите нивни, од вишокот оставија и за децата свои.
15. А јас пред лицето Твое ќе се
покажам во правда, ќе се наситам кога ќе ми се покаже славата Твоја.
*Рим.10,16;
5. и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајќи
по патот свој:
*Иса.53,3;
7. Сите, што ме гладаа, ми се подбиваа; *нишајќи ги главите, велеа:
*Јов 16,4;
8. „Тој се надеваше
на Господа, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден.“
9. Но Ти ме подигна од утробата, стана надеж моја
преку млекото мајчино.
10. Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти
си
мој Бог.
11. Не отстапувај од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне.
12. Многу телиња ме
обиколија, дебели јунци ме опкружија,
13. ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен
и рика.
14. Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како
восок, се топи во
моите гради.
15. Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен
страв ме фрли.
16. Кучињата многу ме опколија, цела чета од *злочинци се врти околу мене; ми ги
пробија рацете и нозете.
*Јован 20,25;
17. Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа;
18. ги разделија меѓу себе алиштата
мои и за облеката моја фрлија жреб.
19. Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја! Побрзај ми на
помош!
20. Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја;
21. Запази ме од устите лавовски и од
роговите на еднорогите, спаси ја мојата смиреност.
22. Ќе го *објавувам името Твое на браќата свои, сред
собранието ќе Те фалам.
*Евр.2,12;
23. Вие, што се плашите од Господа, восфалете Го. Целото семе Јаковово
нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израилево,
24. зашто Он не ја презре ниту ја одби
молитвата на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те
повикав.
25. За Тебе е
похвалата моја, во великото собрание; ќе ги исполнам ветувањата свои пред оние
што се плашат од Него.
26. Ќе
јадат сиромасите и ќе се најадат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат; ќе живеат
срцата нивни довека!
27.
Ќе се сетат и ќе се обрнат кон Господа сите земни краишта, и ќе се поклонат пред
Тебе сите племиња на народите,
6. И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе
престојувам во домот
Господов многу дни.
*1.Мој.1,9;
3. Кој може да излезе на гората Господова и кој ќе застане на Неговото свето место?
4. Оној, чии
раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го
спомнувал лажливо името
Господово пред ближниот свој, -
5. тој ќе добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител.
6.
Таков е родот на оние што Го бараат Господа, кои Го бараат Бога Јаковов!
7. Подигнете ги, порти, горништата
свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе Царот на славата!
8. Кој е тој Цар на славата? - Крепкиот и силниот
Господ, силниот во војна Господ.
9. Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ќе влезе
Царот на славата!
10. Кој е Царот на славата? - Господ над војските - Он е Цар на славата!
Молитва за заштита.
*Псал.16,3;
3. Твојата милсот е пред очите мои, а јас одам во Твојата вистина,
4. со луѓе суетни не седев и со
престапници на законот Твој нема да отидам;
5. го намразив собиралиштето на злонамерните; со нечестивите
нема да седнам;
6. ќе ги мијам рацете свои во невиноста и ќе го заобиколувам жртвеникот Твој,
Господи,
7. за
да ја разгласувам похвалата Твоја и да ги раскажувам сите Твои чудеса.
8. Господи, го засакав живелиштето на
Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја.
9. Не погубувај ја душата моја со грешници и животот
мој со луѓе крвници,
10. во чии раце има беззаконие, чија десница е полна со поткупи.
11. Јас, пак, одам во
својата непорочност, избави ме, Господи, и помилуј ме.
12. Ногата моја стои на прав пат, во собранијата ќе Те
благословувам, Господи.
13. биедејќи *чув дека мнозина околу мене погубно шетаат, и кога ќе се соберат
заедно, се договораат и душата
моја да ми ја одземат.
*Јерем 20,10;
14. Јас, пак, се надевам на Тебе, Господи, и си реков: Ти си мој Бог.
15.
Дните мои се во Твоите раце; избави ме од рацете на непријателите мои и од
гонителите мои.
16. Нека *засветли
лицето Твое над слугата Твој; спаси ме со Твојата милост.
*4.Мој.6,25;
17. Господи, не допушти да се посрамам,
поради тоа што кон Тебе повикав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во
пеколот.
18. Да онемеат
лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со гордост и презрение.
19. Колку е голема добрината
Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои се бојат од Тебе, и што си ја приготвил
за оние, кои се надеваат на
Тебе пред синовите човечки!
20. Ќе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките возбуди, ќе ги
заклониш од нападите на јазиците противнички.
21. Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене
Својата чудесна милост во утврдениот град!
22. Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но
Ти ги услиши гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
23. Сакајте Го Господа, сите праведници Негови,
зашто Господ бара вистина и им отплатува на оние, кои премногу гордо постапуваат.
24. Вие сите бидете силни и
нека крепне срцето ваше што се надевате на Господа!
7. Ти си мое прибежиште од маката со која сум опкружен; радост моја голема, спаси
ме од оние кои ме опколија.
18. Но, ете, очите Господови се врз оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на
милоста Негова,
19. дека
Он ќе ја спаси душата нивна од смрт и во време на глад ќе ги прехрани.
20. Душата наша се надева на Господа:
зашто Он е наш помошник и наш заштитник,
21. зашто во Него ќе се весели срцето наше; оти на името Негово
свето се надеваме.
22. Милоста Твоја нека биде над нас, Господи, онака како што Ти се надеваме.
1. Ќе го благословувам
Господа во секое време; похвала за Него секогаш има во мојата уста.
2. Со Господа ќе се фали душата моја!
Нека го чујат тоа кротките и нека се зарадуваат.
3. Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го
превознесуваме името Негово.
4. Го побарав Господа, и Он ме чу и од сите опасности мои ме избави.
5.
Пристапете Му и ќе се просветите, и лицата ваши нема да се посрамат.
6. Кога несреќниот вика, - Господ го
услишува и го спасува од сите негови беди.
7. *Ангел Господов застанува околу оние, кои се бојат од Него, и ги
спасува.
*1.Мој.32,2;
8. *Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ! Блажен е оној човек, кој на Него се
надева!
*1.Петр.2,3;
9. Бојте се од Господа, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига
на оние кои се
плашат од Него.
10. Осиромашеа и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат
лишени од
секакви добра.
11. Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да се боите од Господа.
12. *Сака ли човек
да живее и да види добри денови,
*1.Петр.3,10-11;
13. нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од
лаги,
14. нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.
15. Очите на Господа се
обрнати кон праведниците, и ушите Негови - кон молитвите нивни.
16. Но лицето на Господа и против оние што
вршат зло; ќе го истреби од земјата споменот за нив.
17. Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси
од сите маки нивни.
18. Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси.
19. Бројни
се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави.
20. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од
нив нема да се строши.
21. Зла смрт го снаоѓа грешникот, а оние, што го мразат праведниот, ќе загинат.
22.
Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои се надеваат на
Него, нема да погрешат.
8. Нека дојде врз нив замка што не ја знаат и мрежата нивна, што ја поставија за
мене, да ги улови самите нив;
нека се сплеткаат во неа и нека загинат.
9. А мојата душа ќе се радува во Господа, ќе се весели поради
спасението од Него.
10. Сите коски мои ќе речат: „Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од
силен,
беден и сиромав од грабителите нивни?“
11. Се кренаа против мене неправедни сведоци: и за она што не го
знам ме сослушуваат;
12. ми враќаат зло за добро, и душата моја останува осамена.
13. А кога ми додеваа, јас
се облекував во кострет, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се
враќаше во градите мои.
14.
Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната
глава; како оној што е загрижен
и нажален, така се смирував.
15. А тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам
зошто, ме кинеа и не престануваа;
16. ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со *забите свои крцкаа
против мене.
*Јов 16,9;
17. О, Господи, кога ќе го погледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните злодела,
мојата осамена душа - од тие лавови.
18. Ќе Те прославувам, Господи, на големо собрание, меѓу многуброен
народ ќе Те восфалувам;
19. не допушти да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина,
*кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите.
*Јован 15,25;
20. Зашто за мир ми зборуваа тие, а во лутината
своја смислуваа измами.
21. Ги отворија устите свои против мене, велејќи: „Добро! Добро! Очите наши
видоа.“
1. Не жести се поради
злобниците и не завидувај им на оние што вршат беззаконие,
2. зашто тие ќе се исушат како трева, и како
зелено растение набргу ќе свенат.
3. Надевај се на Господа и прави добро; живеј на земјата и таа ќе те храни
изобилно.
4. Утешувај се со Господа, и Он ќе ти даде срцето срцето твое што ќе посака.
5. *Откриј го патот
свој пред Господа и на Него надевај се и Он ќе изврши сѐ;
*1.Петр.5,7;
6. и ќе ја *изведе правдата твоја како
светлина, и справедливоста твоја - како пладне.
*Јов 11,17;
7. Покори Му се на Господа и моли Го усрдно. Не
жести се на оној, кој успева на патот свој, на човек кој врши беззаконие.
8. Престани да се гневиш и остави ја
јароста, не жести се толку многу - самиот да не правиш зло,
9. зашто оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а
оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата.
10. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш
местото негово и нема да го најдеш.
11. А *кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен
мир.
*Мат.5,5;
12. Грешникот ќе демнее на праведниот и ќе чкрта со забите против него,
13. но Господ ќе го
измее, зашто однапред гледа, дека му се ближи крајот.
14. Грешниците ги вадат мачевите, го оптегнуваат лакот
свој, за да го кутнат бедниот и сиромавиот, за да ги прободат оние, што се со чисто
срце.
15. Но мечот нивни
нека се забие во нивното срце, и лаковите нивни нека се скршат.
16. Малото богатство кај праведниот е многу
подобро отколку големото богатство на грешниците.
17. Зашто мишките на грешниците ќе спласнат, а на
праведниците Господ им ги поткрепува.
18. Господ ги знае патиштата на непорочните; и нивното наследство ќе
биде вечно:
19. во зло време нема да бидат посрамени и во деновите на глад ќе бидат сити;
20. зашто
грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема заедно со нивната
слава и величие; ќе исчезнат
како дим.
21. Грешникот зема на заем и не може да врати, а праведникот е милостив и дава,
22. зашто оние,
кои Господа Го благословуваат, ќе ја наследат земјата, а кои Го проколнуваат, ќе
бидат истребени.
23. Господ
ги завцрстува стапките на човекот и мили Му се неговите патишта:
24. кога треба да падне, нема да се разбие,
зашто Господ ќе го држи.
25. Бев млад, веќе остарев, и не видов оставен праведник ниту потомците негови леб
да просат;
26. тој секој ден знае да се смилува и на заем да дава, и потомството негово ќе биде
благословено.
17. А јас сум сиромав и беден; Господ ќе се грижи за мене. Ти си помошник мој и
заштитник мој, Боже мој, не
задоцнувај.
Молитва за заштита.
1. Пресуди ми, Боже, и расправи ја тужбата моја против народот кој не е свет.
Избави ме од неправеден и лукав човек.
2. Бидејќи Ти си крепост моја, Боже, зошто си ме отфрлил? И зошто
одам така нажален додека непријателот ме мачи?
3. Испрати ја Твојата светлина и Твојата вистина да ме водат
и да ме доведат во Твојата света гора и во Твоето живеалиште.
4. И ќе пристапам до Божјиот жртвеник, до
Бога, Кој ја радува мојата младост. На цитра ќе Те славам, Боже, Боже мој!
5. Зошто тагуваш душо моја, и зошто
ме вознемируваш! Надевај се на Бога, бидејќи пак ќе Го исповедам Него, Спасителот
и мојот Бог.
Молитва за помош.
11. Зашто Царот ја посака твојата убавина, оти Он е твој Господар и приклони Му се
тогаш ти.
12. И ќерката
тирска ќе Му се поклони со подароци и најбогатите меѓу народот ќе те замолат.
13. Сета слава на царската
ќерка е внатре: нејзината облека е везена со злато;
14. во везена облека ќе ја доведуваат кај Царот; по неа
водат при Тебе девици, нејзини другарки, и ги приведуваат кон Тебе,
15. ги доведуваат со веселба и радост,
влегуваат во Царевиот дворец.
16. Место твоите татковци, овде ќе бидат твоите синови; Ти ќе ги поставиш за
кнезови по целата земја.
17. Ќе го спомнуваат името Твое од род во род; затоа народите ќе Те слават од век до
век.
Вистинско богослужење.
Покајничка молитва.
1. Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои.
2. Многупати ме изми од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,
Праведникова утеха.
Молитва за спасение.
Молитва за утеха.
12. Во мене се, Боже, благодарствените молитви мои кон Тебе, кои ќе Ти ги упатам.
13. Зашто Ти ја *избави
душата моја од смрт, а и нозете мои од сопнување, за да благоугодам пред Бога во
светлината на живите.
*Јов
33,30;
1. Смилуј се, Боже, на мене. Смилуј се, зашто на Тебе се надева душата
моја, и во сенката на крилјата Твои ќе ја положам надежта моја додека не минат
беззаконијата.
2. Ќе повикам
кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3. Он ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние,
кои ме презираат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата вистина.
4. И нека ја избави душата моја од
лавови; лежам смутен меѓу синовите човечки; та нивни заби се копја и стрели, а
јазикот им е остар меч.
5.
Возвиси се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
6. Тие подготвија стапица за нозете
мои; и се обидоа да ја измамат душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа
во неа.
7. Подготвено е
срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам.
8. Разбуди се, славо моја, разбуди се псалтиру и
гусле! Јас ќе станам рано.
9. Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата,
10. зашто
Твојата милост се возвеличи до небесата, и дури до облаците - Твојата вистина.
11. Вознеси се, Боже на
небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!
Молитва за избавување.
Ништожноста човекова.
2. Зашто Он е Бог мој, и мој Спасител. Застапник мој: нема повеќе да се поколебам.
3. До кога ќе притискаат
врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда.
4. намисливте да го отфрлите моето
достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете.
5. А ти, душо моја, само по Бога
оди, зашто на Него трпеливо се надевам.
6. Он е Бог мој и Спасител мој: застапник мој и нема веќе да се
колебам.
7. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Он е Бог Кој ми помага и надежта моја е
во Бога.
8.
Надевајте се на Него сите луѓе, отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашиот
помошник.
9. Синовите
човечки се само суета; синовите човечки се лажливци; кога би ги ставиле на мерило,
тие сите заедно би биле
полесни од здив.
10. Не се надевајте на неправда и не посакувајте отимање; кога богатството расте, не
го
приврзувајте срцето кон него.
11. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа, дека силата е во Бога,
12. дека во
Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти ќе му *дадеш на
секого според делата негови.
*Рим.2,6;
1. Боже, Боже мој, кон Тебе поранувам; за Тебе зажедне душата моја.
Колку пати за Тебе копнее телото мое на замјата пуста, неплодна и безводна?
2. И така се појавив во
Светилиштето Твое, за да ја видам Твојата сила и Твојата слава.
3. Зашто милоста Твоја е подобра од животот,
устата моја ќе Те фали.
4. Така ќе Те благословувам во животот мој, и во Твое име ќе ги кревам рацете мои.
5.
Како со маст и елеј се наситува душата моја, и со радосен глас ќе те фали устата
моја.
6. Кога ќе се сетам за
Тебе во постелата моја, во утринските часови за Тебе размислувам,
7. зашто Ти си ми помошник и во сенката на
Твојата закрила ќе воскликнувам.
8. Кон Тебе се приближи душата моја, твојата десница ме поддржува.
9. А
оние кои залудно го побараа мојот живот, ќе слезат во пеколот!
10. Ќе бидат поразени со силата на мечот; ќе
станат плен на лисиците.
11. А царот ќе се зарадува во Бога, и секој ќе се фали, кој во Него се колне, бидејќи
ќе
им се затне устата на оние што говорат неправда.
Прославување на Бога.
12. Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ *оган и вода, но нѐ изведе
да здивнеме.
*Иса.43,2;
13. Ако заспиете во пределите ваши, ќе станете како гулаби со сребрени крилја, со
перја - од чисто злато.
14.
Кога небесниот Цар ги разбиваше царевите, снег паѓаше на Селмон.
15. Гората Божја е гора богата, гора цврста,
богата;
16. зошто вие, гори високи, завидливо ја гледате гората, на која Бог благоволи да
живее?
17. Божјите
*коли се безброј - на илјада илјади; меѓу нив е Господ на Синај, во Светилиштето.
*4.Цар.6,17;
18. Ти се возвиси
високо, плени плен, прими дарови за луѓето, така и од непокорните да можат да
живеат таму.
19. Нека е
благословен Бог од ден во ден, ќе го помогне нашето спасение.
20. Нашиот Бог е Бог Кој спасува; во власта на
Господа е вратата на смртта.
21. Но Бог ќе им ги скриши главите на непријателите Свои и косестото теме на
оние што остануваат во своите гревови.
22. Господ рече: од Васан ќе ги вратам, ќе ги извлечам од морските
длабочини,
23. за да ти се натопи ногата твоја во крвта на непријателите и јазикот на твоите
кучиња.
24. Го
видов Твоето величествено доаѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во
Светилиштето:
25. напред одеа
кнезовите, близу до пеачите, а во средината - девици со тимпани:
26. „Во *собранијата благословувајте го Бога,
Господа, вие, што сте од семето Израилево!“
*Иса.48,1;
27. Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини
- нивни владетели, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови.
28. Заповедај, Боже, со силата Твоја,
зацврсти го, Боже, тоа што ни го направи нам!
29. Од Твојот храм во Ерусалим; царевите ќе Ти принесуваат
жртви.
30. Скроти ги ѕверовите во мочуриштата, воловите со телињата на народите, да не
бидат исклучени од
искушувањето со сребро; растури ги народите кои сакаат војна.
31. Ќе *дојдат молитвеници од Египет; Етиопија
порано ќе ја подаде раката кон Бога.
*Иса.19,21;
32. Цареви земни, појте Му на Бога, воспојте Му на Бога, на
Господа,
33. Кој се возвисил на небо, на небесата на Исток. И, ете, Он на гласот Свој ќе му
даде сила.
34.
Подајте Му слава на Бога! Над Израилот е Неговото велелепие, а силата Негова на
облаците.
35. Чудесен си Ти,
Боже, во светоста Своја; Бог Израилев - Он ќе му даде сила и крепост на Својот
народ. Нека е благословен Бог!
Слугата Господов е во голема неволја.
2. Нека поцрвенеат и нека се засрамат оние, што ја бараат душата моја! Нека се
уплашат, нека се уплашат и
засрамат оние, кои ми пожелуваат зло.
3. Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми викаат: „така! така!“
4. Нека се зарадуваат и развеселат со Тебе сите, кои Те бараат, и кои Те сакаат Тебе,
Боже, и кои сакаат
спасение од Тебе, и нека велат: „Да се возвеличува Господ!“
5. Јас, пак, сум беден и сиромав; поможи ми Боже,
Ти си, Господи, помошник мој и избавител мој, не се забавај!
2. Избави ме поради праведноста Своја и очисти ме; приклони го увото Свое кон
мене и спаси ме.
3. Биди ми
Бог заштитник, изведи ме на место сигурно - зашто Ти си моја крепост и мое
прибежиште.
4. Боже мој, избави ме
од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот,
5. зашто Ти си моја надеж, Господи, моја
сигурност од младоста моја.
6. За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми
утроба; за Тебе вечно ќе пеам.
7. За многумина бев како некое чудо, но Ти си мојот силен помошник.
8. Нека
се исполни устата моја со похвала, па со песна да ја величам славата Твоја; и цел ден
да пеам за Твоето
велелепие.
9. Не отфрлај ме на старост, кога ќе почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме,
10. зашто
непријателите мои зборуваат против мене; и оние, кои ја демнат душата моја, се
договараат меѓу себе,
11.
велејќи: „Го остави Бог; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го избави“.
12. Боже мој, не се оддалечувај од
мене; Боже мој, побрзај ми на помош!
13. Да се посрамат и да исчезнат оние што ја клеветат душата моја; да
поцрвенат и се засрамат оние, што ми сакаат зло.
14. Јас, пак, секогаш ќе се надевам на Тебе и ќе Те
восхвалувам сѐ повеќе.
15. Устата моја ќе ја разгласува Твојата правда, и секој ден спасението од Тебе,
зашто
не им го знам бројот.
16. Ќе влезам во силата Господова; Господи, ќе ја спомнувам Твојата правда - само
Твојата.
Вечна правда.
1. Колку е добар Бог кон Израилот, кон оние што се со чисто срце!
2. А нозете мои за
малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, -
3. зашто им позавидев на беззакониците,
гледајќи како мирно живеат грешниците,
4. оти не страдаат сѐ до самата смрт, и цврстина им е во бичот.
5. во
човечките работи не учествуваат и неволјите на другите луѓе нив не ги засегаат.
6. Затоа гордоста владее со
нив; се облекле во неправда и нечестие;
7. неправдата им излегува како *од сало, и му угодуваат на срцето;
*Јов 15,27;
8. се подбиваат и лукаво зборуваат, за неправдата гордо говорат;
9. ја креваат устата кон небото,
а јазикот нивни ја обиколува земјата.
10. Затоа народот Мој ќе се врати ваму, и своите денови ќе ги најде
исполнети.
11. И рекоа: „Како дозна Бог, и има ли знаење во Севишниот?“
12. Ете, такви се грешниците и
успеваат вечно да го држат богатството.
13. И си реков: зар залудо го држев срцето свое во праведност и во
невиност ги измив рацете свои.
14. и се изложував на напријатности секој ден и на срам секое утро?
15. Но ако
речев: ќе расудувам и јас така, - тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови.
16. И сакав тоа да го разберам,
но тоа беше тешко за мене
17. сѐ додека не влезам во Божјото светилиште и не го разбрав нивниот крај.
18. И
така, заради подмолноста нивна дозволи да ги снајде зло, и ги понизи кога се
возгордееја.
19. Како запустеа,
како нејнадејно изчезнаа и загинаа поради своето беззаконие!
20. Како сон кога човек се разбудува, така во
градот Твој, Господи, образот нивни уништи го.
21. Зашто срцето мое се разгоре и утробата моја се измени.
22.
А јас поразен и не разбрав, како добиче бев пред Тебе.
23. Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш
десницата моја,
24. ме упати со советот Свој и ме прими во Твојата слава.
25. Кого Го имам јас на небото освен
Тебе? А кога сум со Тебе на земјата ништо не барам.
26. Изнемоште срцето мое и телото мое; Боже на срцето
мое и наследството мое, Боже, довека.
27. Зашто, ете, оние, што се оддалечуваат од Тебе, пропаѓаат; Ти го
истребуваш секого, кој отстапува од Тебе.
28. А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта
моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на ќерката Сионова.
Молба за помош.
11. Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте
околу Него, принесувајте
дарови,
12. Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните
цареви.
76. Утеха поради милоста на Бога која порано Му ја укажуваше на Својот народ.
*2.Мој.14,21;
14. дење *ги водеше со облак, а по цела ноќ - со огнена свтлина;
*2.Мој.13,21;
15. *разби карпа
во пустињата и ги напои како од голема бездна.
*2.Мој.17,6;
16. Од карпата изведе вода, и води потекоа како
реки.
17. Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат
Севишниот во пустињата:
*2.Мој.16,4;
25. Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување.
26. Го раздвижи од небото
јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,
27. па ги одожди со месо како со прав и со птици
пернати како со песок морски:
28. ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,
29. и тие јадеа
и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.
30. Но уште не беше минала нивната желба, и храната уште им
беше во устата нивна,
31. а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги
погуби.
32. При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.
33. И така им минеа
дните нивни во суета и годините нивни во смутови.
34. Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и
прибегнуваа кон Бога,
35. и се сеќаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни
избавител:
*Јерем 10,25;
7. зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија.
8. Не спомнувај ги нашите
поранешни беззаконија, туку побрзај да нѐ престретнеш со Својата милосрдност,
зашто многу сме осиромашени.
9. Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и
очисти нѐ од гревовите наши
заради името Твое!
10. Зашто незнабожците да велат: „Каде е нивниот Бог?“ Барем пред очите наши да
ја
видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги.
11. Да дојде пред Тебе офкањето на
окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.
12. Седумкратно врати ги во
пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.
13. А ние, пак, народот Твој и овци од
Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе
похвала.
14. Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје;
15. и утврди го она што го
посади десницата Твоја; погледај и на синот човечки, што си го зацврстил за Себе.
16. Тоа е со оган обгорено и
раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат.
17. Твојата десница нека биде раката Твоја над човекот,
и на синот човечки, кого си го зацврстила за Себе.
18. А ние нема да отстапиме од Тебе; оживи нѐ, и ние ќе го
призиваме Твоето име.
19. Господи, Боже на силите, поврати нѐ; нека свети лицето Твое, и ние ќе се
спасиме!
Вистинско празнување.
*3.Мој.23,24;
5. Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја,
каде што чу
јазик, што не го знаеше:
6. „Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од
кошницата.
7. Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, *кај водите на
Мерива те испитав.
*2.Мој.17,7;
8. Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле!
9. Да *немаш друг бог и да
не му се клањаш на друг земен бог.
*2.Мој.20,3;
10. Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја;
отвори ја устата своја, и Јас ќе ја исполнам.
11. Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се
поклони;
12. затоа *Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои.
*Дела 14,16;
13. О, да
беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта,
14. веднаш ќе ги смирев нивните
непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.“
15. Оние, што го мразат Господа, сакаа
да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш;
16. ќе ги хранев со *најдобра пченица и ќе
ги наситував со мед од камен.
*5.Мој.32,13;
*5.Мој.1,17;
3. Пазете на сирак и беден, праведен и сиромав;
4. ослободувајте го сиромавиот и бедниот од
рацете на грешниците.
5. Не знаат, не разбират, во темнина одат; сите земни основи ќе се разнишаат,
6. Јас
*реков: вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот;
*Јован 10,34;
7. но вие ќе умрете како луѓе, и ќе
паѓате како секој кнез.“
8. Стани, боже, суди ѝ на земјата, зашто Твои се по наследство сите народи.
Копнеж за светилиште.
Молба Господ пак да го благослови народот спрема кого порано бил милостив.
84. Молба Господ пак да го благослови народот спрема кого порано бил милостив.
1. Господи, Ти омиле
земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.
2. Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни
гревови,
3. го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
4. Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и
одврати ја Твојата јарост од нас.
5. Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегнеш гневот Свој од род во
род?
6. Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се
зарадуваат во Тебе?
7.
Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8. Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Он ќе
зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му
се обраќаат Нему.
9. Да,
спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата
своја во нашата земја.
10.
Милоста и вистината ќе се сретнат, правдата и мирот ќе се целиваат.
11. Вистината ќе изникне од земјата, а
правдата ќе се појави од небото;
12. Зашто Господ ќе даде добро, и нашата земја ќе го даде својот плод;
13.
правдата ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.
1. Приклони го, Господи, увото свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум
беден и сиромав.
2. Зачувај ја душата моја, зашто сум смирен; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се
надева на
Тебе.
3. Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден.
4. Развесели ја душата на Твојот слуга, оти кон
Тебе, Господи, ја вознесувам душата своја;
5. зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои
Те признаваат.
6. Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја.
7. Во денот на мојата
мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.
8. Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како
Твоите.
9. Сите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и
ќе го прославуваат
името Твое,
10. зашто Ти си велик и правиш чудеса, - Ти си Бог единствен!
11. Упати ме, Господи, кон Твојот
пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и нека се радува срцето мое, плашејќи се од
името Твое.
12. Ќе Те славам,
Господи, Боже мој, од сѐ срце и вечно ќе го прославувам името Твое,
13. зашто Твојата милост кон мене е
голема: Ти ја спаси душата моја од длабините на пеколот.
14. Боже, законопрестапниците станаа против мене, и
многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе.
15. *Но Ти, Боже, Кој си штедар и
милостив, долготрпелив, многумилостив и вистинит,
*2.Мој.34,6;
16. погледни на мене и помилуј ме; дај му ја
Твојата сила на слугата свој и спаси го синот на слугинката Твоја;
17. покажи со мене чудо за добро, па да видат
оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.
14. Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвраќаш лицето Свое од мене?
15. Јас сум несреќен и од
младини се мачам; се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум.
16. Над мене се надви Твојата јарост, Твоите
заплашувања наполно ме скршија.
17. Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат.
18.
Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат.
*2.Петр.3,8;
5. Годините нивни минуваат; тие се како *трева - изутрина;
*Иса.40,6;
6. наутро ќе процути и ќе
помине, а навечер паѓа и се исушува.
7. Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме во забуна.
Радоста на Сион.
96. Радоста на Сион.
Молитва на страдалник.
4. попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да
го јадам;
5. од гласот на
моите воздишки коските ми се *залепија за телото мое.
*Јов 19,20;
6. Заприлегав на несит во пустиња; станав
како був во урнатини;
7. не спиев, седев како самотна птица на покрив.
8. Секој ден ме навредуваа
непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваа.
9. Јадев пепел како леб и пијалокот свој со солзи го
растворав.
10. Поради гневот и јароста од лицето Твое бев воздигнат и соборен.
11. *Дните мои исчезнуваа
како сенка и јас се исушив како сено.
*Јов 14,2;
12. А Ти, Господи, вечно пребиваш; и споменот за Тебе е од род
во род.
13. Кога ќе станеш, ќе се смилуваш на Сион, зашто време е да се смилуваш на него -
зашто дојде
времето;
14. бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.
15.
Незнабожците ќе се заплашат од името на Господа, а сите земни цареви - од Твојата
слава.
16. Зашто Господ ќе
го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја;
17. ќе погледне милостиво на молитвите од беспомошните и
нема да ги презре молибите нивни.
18. Нека се запише ова за следниот род, и идното поколение што ќе Го
слави Господа,
19. зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата,
20. за
да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта,
21. за да го разгласат името Господово на
Сион и похвалата Негова во Ерусалим,
22. кога ќе се соберат народите и царствата заедно да му служат на
Господа.
23. Он ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ме извести дека ги скратува дните
мои.
24. Боже
мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род.
25. Во *почетокот Ти, Господи,
ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце;
*Евр.1,10;
26. тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие
- како облека ќе *оветвеат, и како наметка Ти ќе ги свиткаш, и ќе се изменат;
*2.Петр.3,10;
27. но Ти си секогаш
истиот, и Твоите години нема да завршат.
28. Синоивте на Твоите слуги ќе се веселат и потомството нивно ќе се
зацврсти за навек.
Благословувајте Го Господа.
17. А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него,
18. и правдата Негова е од
синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за
да ги исполнуваат.
19.
Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над сѐ.
20. Благословувајте Го
Господа - сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар,
слушајќи го гласот од зборот
Негов;
21. благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја
испонувате волјата
Негова;
22. благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото
владеење. Благословувај
Го, душо моја, Господа!
12. При нив живеат птици небесни, меѓу камењата пуштаат глас.
13. Ти ги напојуваш горите од своите
височини, од плодовите на Твоите дела се наситува земјата.
14. Ти правиш да расте трева за добитокот и
растение за потреба на луѓето, за да произведат леб од земјата
15. и *виното што го весели срцето на човекот, и
елејот од кој блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот.
*Суд.9,13;
16. Се заситуваат
дрвјата по полето, кедрите ливански, што си ги посадил;
17. на нив птиците си прават гнезда, елките им се
живеалишта на штрковите.
18. Високите гори - на срните; камењата - прибежиште на зајаците.
19. Он ја
создал месечината да ги определува времињата, сонцето го знае својот запад.
20. Спушташ темнина, и
настанува ноќ: тогаш излегуваат сите горски ѕверови;
21. лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за
себе.
22. Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла;
23. чвекот излегува по своја работи
и работи до вечерта.
24. Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро; земјата е
полна
со Твои созданија.
25. А тоа море е големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи
животни;
26. таму пловат кораби, таму е чудовиштето што си го создал да игра во него.
27. Сите тие од Тебе чекаат да
им дадеш храна навреме.
28. Им даваш - примаат, ја отвораш раката Своја - се наситуваат со блага;
29. го
одвратиш ли лицето Свое - се збунуваат, им го одземеш ли духот нивни - умираат и
во земјата своја се враќаат.
1. Славете Го *Господа;
призивајте го Неговото име; разгласувајте ги меѓу народите делата Негови.
*Иса.12,4;
2. Славете Го и пејте Му;
кажувајте ги сите Негови чудеса.
3. Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го
бараат Господа.
4. Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.
5. Спомнувајте ги
чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова,
6. вие, семе Авраамово, слуги
Негови, синови Јаковови, избраници Негови.
7. Он е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја.
8.
Он вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во илјада родови,
9. што му го ветил на Авраама, и
заклетвата своја на Исака;
10. и му го поставил тоа како закон на Јакова и како вечен завет на Израилот,
11.
велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.“
12. Тогаш тие беа уште малку на број,
многу малку, и беа придојдени во неа,
13. па преминуваа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;
*1.Мој.41,14;
21. Го постави за домаќин над домот свој и управител над сиот имот свој,
22. за да ги поучува
кнезовите според својата волја и старешните негови да ги учи на мудрост.
23. Тогаш дојде Израилот во Египет, и
Јаков се всели во Хамовата земја.
24. Го *умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од
непријателите негови.
*2.Мој.1,7;
25. Се преврти срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им
пакостат на слугите Негови.
26. Го испрати Мојсеја, слугата Свој, и Арона, кого го избра.
27. Ти ги покажаа
меѓу нив зборовите на Неговите знаци и на чудесата Негови во Хамовата земја.
28. Испрати темнина и се смрачи,
и тие не се спротивставија на зборот Негов.
29. Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.
30.
Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивни.
31. Он рече: и нападнаа песји муви и мушички
по сите нивни предели.
32. Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,
33. и ги
уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели.
34. Рече и нападнаа скакулци и
гасеници безброј;
35. и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите
нивни.
36.
И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд.
37. Ги *изведе Израилците со
сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.
*2.Мој.12,35;
38. Се зарадува Египет поради нивното
излегување, бидејќи го беше обзел страв од нив.
39. Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноќе.
1. Боже, похвало
моја, не премолчувај,
2. зашто против мене се отворени грешни и лукави усти; зборуваат со лажлив јазик
против
мене;
3. отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина се собираат против
мене;
4. место да ме
сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев;
5. ми враќаат зло за добро, омраза - за љубов.
6. Постави
над него грешник, и ѓаволот да застане десно од него.
7. Кога ќе му се суди, нека биде осуден, и молитвата
негова да се прими за грев;
8. дните негови да бидат кратки, а неговото *достоинство друг да го земе;
*Дела
1,20;
9. децата негови да останат сираци, а жената му - вдовица;
10. децата негови да скитаат и да стана
просјаци, изгонети надвор од своите домови.
11. заемодавецот да му земе сѐ што има, и туѓинци да го разграбаат
трудот негов;
12. нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови;
13. потомството
негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род;
14. да биде спомнато пред Господа
*безаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти;
*2.Мој.20,5;
15. тие секогаш да бидат
пред очите на Господа, и да се избрише споменот нивни на земјата.
16. Зашто не помислил да прави милостиња,
туку ги гонеше бедните, сиромасите смирените по срце, за да ги уништи;
17. засакал клетва, - па таа нека го
постигне: не посакал благослов, - тој нека се оддалечи од него;
18. нека се облече во клетва како во облека; и
таа нека влезе во него како *вода, и како елеј - во неговите коски;
*4.Мој.5,22;
19. та да му биде како облека,
во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува.
20. Таква нека биде отплатата од Господа на оние
што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја.
21. А мене, Господи, Господи, заштити ме
заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме,
22. оти сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е
збунето.
23. Исчезнував како сенка што се оддалечува; ме гонат како скакулец.
24. Колената ми изнемоштија
од пост, а телото мое поради недостиг од масло.
25. Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со
главите свои.
26. Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојатао милост.
27. и да разберат дека е
тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го направил тоа.
28. Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние
што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува.
29. Нека се облечат во
бесчестие противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам,
30. и јас со устата моја многу ќе го
славам Господа и меѓу мнозина ќе Го прославувам,
31. зашто застана од мојата десна страна. За да ја спаси
мојата душа од оние што ме гонат.
Похвала на Господа.
*Евр.13,6;
7. Господ ми е помошник: и јас слободно ќе гледам на непријателите мои.
8. Подобро е да се
надевам на Господа, отколку да се надевам на човек.
9. Подобро е да се надеваме на Господа, отколку да се
надеваме на кнезовите.
10. Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив;
11. ме опседнаа, ме
обиколија, но со името Господово јас ги победив.
12. Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како
оган во трње: со името Господово јас им се противставив.
13. Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме
прифати.
14. *Господ е крепост моја и песна; Он стана мое спасение.
*2.Мој.15,2;
15. Глас на радост и на
спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господа дава сила!
16. Десницата Господова ме
возвишува, десницата Господова дава сила.
17. Нема да умрам, но ќе живеам и ќе ги разгласувам делата
Господови.
18. Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде.
19. Отворете ми ја вратата на правдата: ќе
влезам во неа, ќе го прославувам Господа.
20. Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа;
107. Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово.
108. Затоа, благослови, Господи, да примиш
доброволна жртва од мојата уста, и научи ме на Твоите судови.
109. Душата ми е постјано во Твојата рака, но
Твојот закон не го заборавив.
110. Грешниците ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди.
111. Твоите сведоштва ги примив како вечно наследство, зашто тие се голема радост
за срцето мое.
112. Го
натерав срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание.
113. Престапниците на законот ги
замразив, но Твојот закон го сакам.
114. Ти си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам.
124. Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите наредби.
125. Слуга Твој сум јас:
вразуми ме и ќе ги познаам сведоштвата Твои.
126. Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го разурнаа.
Во слава на Ерусалим.
Смерност на срцето.
*2.Мој.30,25;
3. како роса ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и
живот вечен.
*5.Мој.7,6;
5. Бидејќи познав, дека Господ е велик, и дека нашиот Господ е над сите богови:
6. си што посака
Господ, создаде на небото и на земјата, во морињата и во сите бездни.
7. доведувајќи облаци од краиштата на
земјата, молњи при дожд создаде, Он, Кој ги изведува ветровите од скровиштата
нивни,
8. Оној, Кој ги порази
првородените во Египет од човек до добиток,
9. покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на Фараонот и врз
сите слуги негови,
10. *порази многу народи и истреби силни цареви:
*4.Мој.21,24;
11. Сион, царот аморејски,
и Ог, царот васански, и сите цареви ханански;
12. и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ,
Израилот.
13. Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род.
14. Зашто Господ ќе
му суди на Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои.
15. Идолите на незнабожците се сребро и злато,
дело на раце човечки;
16. имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;
17. имаат уши, но не слушаат,
ниту, пак, во устата нивна има здив.
18. Слични на нив нека бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се
надева.
19. Доме Израилев, благословувај Го Господа. Доме Аронов, благословувај Го
Господа!
20. Доме
Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господа, благословувајте
Го Господа!
21. Нека е
благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!
15. а Фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста
Негова.
16. Кој го преведе
својот народ преку пустињата, зашто е вечна милоста Негова; Кој пушти вода од
шилчеста крапа, зашто е вечна
милоста Негова;
17. Кој ги порази големите цареви, зашто е вечна милоста Негова;
18. и ги погуби силните
цаерви, зашто е вечна милоста Негова;
19. Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова;
20. и Ог,
царот васански, зашто е вечна милоста Негова;
21. и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста
Негова.
22. во наследство на Својот слуга, Израилот, зашто е вечна милоста Негова;
23. Кој се сеќава на нас
во нашата смиреност, зашто е вечна милоста Негова;
24. и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна
милоста Негова;
25. и *Кој дава храна на секое тело, зашто е вечна милоста Негова.
*Псал.144,15;
26.
Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова. Хвалете Го Господарот на
господарите, зашто е вечна
милоста Негова.
12. но и *темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден
и темнината како светлина.
*Јов 34,22;
13. Зашто Ти си ја создал мојата внатрешниот и ме прифати од мајчината ми утроба.
14. Те
прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата
моја тоа добро го сознава.
15.
*Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во
длабините на земјата.
*Проп.11,5;
16. Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене,
дури и деновите
мои се забележани кога уште не постоеше ниеден.
17. Твоите пријатели во голема се чест, Боже, и нивните
владенија добро се зацврстени.
18. Ќе ги пребројам - но тие се побројни и од песокта; се разбудив и сѐ уште сум
со Тебе.
19. Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци!
20. Ревниви се во
помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели.
21. Зар не ги замразив оние. Господи, кои Тебе те
мразат, и зар не се изедов поради непријателите Твои?
22. Со полна омраза ги замразив; тие ми станаа
непријатели.
23. Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои;
24. и види
дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.
Молитва на верна душа.
1. Господи, кон Тебе повикав: услиши ме, чуј го гласот на молењето мое, кога
повикувам кон Тебе!
2. Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете
мои -
како жртва *вечерна.
*2.Мој.29,39;
3. Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои;
4. не
давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со
луѓето, кои вршат
беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници.
5. Преведникот нека ме казнува - тоа е милост; нека
ме изобличува, не не давај елеј на грешник да ја помаже главата моја; зашто и
молитвата моја се противи на
нивната злоба.
6. Судиите нивни, кога ќе се распрснат по стрмни камења, ќе се чујат зборовите мои,
зашто се
пријатни.
7. Како кога грутка земја ќе падне се растура, така се растурија коските наши во
пеколот.
8. Но кон
Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; на Тебе се надевам, не одземај ја
душата моја!
9. Запази ме од
стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконија.
10. Грешиците нека паднат во
своите мрежи, само јас ќе поминам.
5. Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на
живите.
6. Прими ја
молитвата моја, зашто се понизив многу; избави ме од моите гонители, оти тие се
посилни од мене.
7. Изведи ја
од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Мене ќе ме чекаат
праведните, додека не ме
повратиш.“
*Проп.12,7;
5. Блажен е ониј, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа,
неговиот Бог,
6.
Кој го создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив, Кој вечно ја пази
вистината,
7. Кој врши суд на
навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени.
8. Господ им ги отвора очите на слепите,
Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните.
9. Господ ги пази придојдените, ги поддржува
сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува.
10. Господ ќе царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од
род в род.