Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Анализа на музичко дело по предметот музички форми

Тема: Сонатна форма

Изработил:Филип Ангелов Наставник: Билјана Kошча

Штип, 2017
Вовед
Соната е композиција составена поправило од три става. Првиот од
ставовите има т.н сонатна форма. Значи сонатниот циклус е збир на повеке
ставови најчесто 3 или 4 од кои формата на првиот став е сонатна форма.
Формата на сонатниот циклус е својствена не само за сонатите за еден или
два инструменти туку за делата за камерни состави па и за симфониите.
Класичната сонатна форма представува најизграден формален тип на
хомофониот стил составена од три дела:

1.Експозиција
Излагање на две теми кои меѓусебно констатираат и на тематски и на
тонален план, нивниот спој го ублажува мостот, а заклучокот на овој дел се
наоѓа во самата завршна група. Експозицијата е составена од: прва тема ( во
основен тоналитет ) мост, втора тема (најчесто во D тоналитет или ако
основниот тоналитет е молски таа се движи во паралелен тоналитет ) и
завршна група ( во тоналитет на втората тема ).

2. Развоен дел
Разработка на тематски материјал од експозицијата на нестабилна
модулативна хармонска основа. Овој дел е составен од три отсеци: воведен,
централен и завршен отсек.

3. Реприза
Пофторување на експозицијата но во сите делови во основен тоналитет.
Според ова може да се каже дека има големи сличности помеѓу сонатната
форма и триделна песна со шема a b a1 меѓу тоа сонатната форма
представува карактеристичен тип на триделност.
Анализа на соната
Сонатата е во Д-дур. Има 39 такта и е во 4/4 такт. Првиот дел почнува од први
такт и трае се до седми такт што означува период со две реченици. Мостот
почнува од 8ми такт и трае се до 16ти такт во кој има пасажи. Модулацијата
се врши во А-дур на D тоналитет. Втората тема започнува од 17ти такт и трае
до 37ми такт кој означува период во кој има две големи реченици.
Завршната група започнува од 38ми и трае се до 39ти такт каде модулира во
молски тоналитет А-мол во D тоналитет.

You might also like