Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Студена војна 

— период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и


нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на
овој период, ривалитетот помеѓу двете велесили се одвивал на повеќе полиња: воени
сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената,
огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и
многу посредни војни.
Иако никогаш не дошло до непосреден воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во
текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за
поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката
од останатите земји. Војната се нарекува „студена“ поради отсуството на вакви
непосредни судири, колку и поради „заладеноста“ на односите помеѓу земјите во
блоквоите. не Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или
поддржувачи на една од двете велесили. Неколкупати доаѓало до тензии кои се
заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-
49.), Корејската војна (1950-53.), Виетнамската војна (1959-75.), Кубанската криза со
нуклеарни проектили (1962.) и Советско-Авганистанската војна (1979-89.).
Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од
СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за
меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на
непријателствата.

You might also like