Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.

,, КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ– СКОПЈЕ

ПРЕДМЕТ:
НОВИ МОЖНОСТИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СОЦИЈАЛНО ПРЕПРИЕМНИШТВО
ЕНЕРГЕТСКА ЗАЕДНИЦА

Ментор Изработиле:
Проф. Д-р Стојан Дебарлиев Билјана Јовановска
Марија Стојановска
Скопје, 2020
ОПШТЕСТВЕН ПРОБЛЕМ:

Може слободно да се рече дека главните цели на целокупната денешна светска политика и
економија се насочени кон енергијата. Од една страна имаме зголеменета потреба од
енергија, моменталниот тренд на големиот технолошки развиток побарува, значајните
промени што се случуваат на светскиот пазар на енергија, како и зголеменото
производство и потрошувачка на енергија. Од друга страна енергетските ресурси
односно резерви бележат пад кој што предизвикува и зголемување на цената на
енергијата, а кај посиромашните земји и недостаток на истата. Дополнително, последицата
од зголеменото користење на енергијата е и емисијата на штетни материи (стакленички
гасови) како резултат на нејзината трансформација која придонесува, денес да се посвети
посебно внимание на енергетиката и енергијата во целост.
Знаејќи ја енергетската сосотојба во Р.Македонија како и аспирациите за членство во ЕУ,
потребно е да се работи кон имплеметирање на барањата од Директивата 2002/91/ЕС, која
опфаќа пет теми и тоа: Сертифицирање, Инспекција, Едукација на енергетески оценувачи,
Пресметки, Дефинирање на стандарди за потребните од бновливи извори на енергија кон
подобрувањето на енергетската ефикасност.
Досегашните модели за користење на обновливи ресурси на енергија се наменети само за
правните лица, особено големите компании затоа што претставуваат голем и скап
финансиски потфат кој поединците во општеството не можат да си го дозволат.
Преложениот модел Енергетска заедница, ќе придонесе да се намали недостатокот на
обновливи ресурси за енергија и користење на природниот потенцијал преку
функционален модел лесно достапен за физичките лица – граѓаните.

БИЗНИС СЛУЧАЈ:

Социјална цел: развој на иновации во областа на обновливи извори на енергија и


зелена енергија.
Компанијата „Енергетска заедница“ претставува модел што истражува начини како
граѓаните можат да користат обновливи извори на енергија и како граѓаните можат да
инвестираат во локални енергетски проекти.
„Енергетска заедница“ ќе изгради мрежа на клиенти од највисоките претставници на
државните институции до локалните самоуправи – општините преку “про боно”
отстапување на објекти за поставување на соларни системи.
Придобивки во општеството:
 Електрична енергија за граѓаните:
Модел за инвестирање на граѓаните, општините, училиштата и јавниот сектор во проекти
за обновлива енергија
 Енергетски одржала заедница
Самостојност на општините преку намалување на зависноста од увезената енергија, нафта,
гас и сл. Развој на конкретни решенија и проекти за развој на енергетски одржливи
заедници од образование до примери за добра практика.
 Намалување на енергетска сиромаштија
Воведување на обуки за заштеда и нерационално користење на електрична енергија со
што се очекува и до 10% намалување на годишната потрошувачка на едно домаќинство со
уште поголем потенцијал за заштеда.
 Енергетска заедница
Формирање на мрежа енергетски заедници со цел да се опфатат повеќе општини и
меѓународно здружување со веќе постоечки заедници/задруги
 Block chain во енергетиката
Развој на мрежа помеѓу производители и потрошувачи на електрична енергија преку
размена на вишок произведена енергија
 Алтернативно финансирање
Модел на Ground funding или групно финансирање

Заштедите на енергија продуцирани преку соларниот систем ќе претставуваат основа за


поврат на инвестицијата за однапред определен период, како и продажба на не
искористената енергија на овластените дистрибутери на електрична енергија
Придобивките од овој бизнис модел е заедничка партиципација на граѓаните и властите
преку дисперзија на трошоците за инвестиција, поврат на инвестицијата, поевтина
електрична енергија, користење на природните ресурси, како и можност за вработување
на лица кои ќе бидат ангажирани во Компанијата „Енергетска заедница“.
ИМПЛЕМЕТАЦИЈА:
1 фаза – Компанијата „Енергетска заедница“ ќе се основа како трговско друштво со
дејност од областа на енергетиката.
2 фаза - Наредна фаза пред отпочнување со имплементација е спроведување на
процедура за добивање на соодветни лиценци за производство, дистрибуција и продажба
на електрична енергија произведена од обновливи извори.
3 фаза – претставување на проектот пред владини институции и локална власт со цел
поддршка на истиот и склучување на јавно-приватно партнерство (користење на јавни
површини, објекти на државни институции на локални општини) и кооперативно
финансирање
4 фаза- разгледување можности за користење субвенции и/или поврат на инвестицијата
преку државна помош или ИПАРД програми
5 фаза - медиумска покриеност и маркетинг план со цел привлекување на физички лица -
инвеститори и корисници
6 фаза – изведба на проект (поставување на соларни панели) и приклучок на
инвеститорите до мрежа за користење
7 фаза – Обука на населението со цел намалување на енергетска потрошувачка и развој на
едукативни програми и материјали
8 фаза – развој на мрежа на веќе постоечки производители и потрошувачи на електрична
енергија и посредување при размена со други субјекти – потрошувачи
УСПЕШЕН ПРОЕКТ:

Groundfunding Групно финансирање на фотоволтаична централа во Крижевци, Р. Хрватска

Во 2017 година во Крижевци, Р. Хрватска од страна на Зелената енергетска задруга на


административната зграда на Центарот за претприемништво се поставени фотоволтаични
панели – централа од 30 КW што првенствено ги покрива потребите на центарот а
вишоците електрична енергија се продаваат на останатите корисници – граѓани. Овој
проект привлекол внимание кај малите инвеститори кои своите пари ги чувале во банка со
тоа што склучиле договор за заем со Задругата и допринеле за реализација на проектот, а
истовремено заработиле симболична камата на дадените средства. Овој проект бил прв
модел на кооперативно финансирање или групно инвестирање помеѓу граѓани и
инвеститори.

You might also like