Текст

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 23

УНИВЕРЗИТЕТ “Св.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ” - СКОПЈЕ

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ


ТЕХНОЛОГИИ

- ДИПЛОМСКА РАБОТА -
по предметот

ПРЕДМЕТ НА ДИМПЛОМСКА РАБОТА

Тема
Паметно полнење на електрични возила

Ментор: Изработил:
Проф./доц. д-р Снежана Чундева Име Презиме Маргарита Митевска
индекс бр.69/2016
e-mail:mitevskamargarita@gmail.com

Скопје
Contents

Апстракт.....................................................................................................................................................4
Вовед..........................................................................................................................................................5
1.Потреба од паметно полнење...............................................................................................................6
1.2.Придобивки на енергетскиот сектор..............................................................................................8
Израмнување на врвна побарувачка................................................................................................9
Помошни услуги.................................................................................................................................9
Оптимизација и резервна моќ..........................................................................................................9
2.Цели на паметното полнење...............................................................................................................10
2.1.Технички цели................................................................................................................................11
Зголемено искористување на електричната енергија од обновливи извори.............................11
Балансирање на оптоварувањето...................................................................................................12
2.2. Финансиски цели..........................................................................................................................13
Намалување на цената на електричната енергија........................................................................13
Зголемување на профитот на оние кои нудат услуги за полнење на електрични возила.........13
2.3. Multi-objective formulations combining financial and technical....................................................14
objectives..............................................................................................................................................14
3. Конфигурации на паметно полнење..................................................................................................14
3.1. Контролна конфигурација............................................................................................................15
Централна контрола........................................................................................................................15
Математички модел на централна контрола................................................................................16
Децентрализирана контрола..............................................................................................................17
Математички модел на децентрализирана контрола..................................................................18
3.2. Просторна конфигурација............................................................................................................18
Станбени објекти.............................................................................................................................19
Не станбени објекти........................................................................................................................20
Станици за полнење........................................................................................................................20
Регионални станици за полнење....................................................................................................20
4.Алгоритми.............................................................................................................................................21
Методи за оптиматизација.................................................................................................................21
Листа на слики

СЛИКА 1 ДИЈАЛОГ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЛИСТА НА ТАБЕЛИ/СЛИКИ..........................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.


СЛИКА 2 ДИЈАЛОГ ЗА НАГОДУВАЊЕ НА СТИЛОВИ............................................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.
СЛИКА 3 ДИЈАЛОГ ЗА ВМЕТНУВАЊЕ НА НАСЛОВ НА СЛИКА ИЛИ ТАБЕЛА..............................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.
СЛИКА 4 ДИЈАЛОГ ЗА НАГОДУВАЊЕ НА НУМЕРАЦИЈА........................................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.
СЛИКА 5 ЛОГО НА ФЕИТ.............................................................................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.
СЛИКА 6 НАЧИН НА ВМЕТНУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНЦА............................................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.

Листа на табели

ТАБЕЛА 1 КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАТЕРИИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОЛНАТ..................................ERROR! BOOKMARK NOT DEFINED.


Апстракт
Вовед
Како алтернативно решение за ублажување на енергетската криза,намалување на
загадувањето на животната средина и глобалното затоплување,електричните возила
имаат неспоредливи предности во однос на конвенционалните возила,и се повеќе
стануваат главен фокус на производителите на автомобили и енергетските
компании.Конвенционалните возила се причинители за 20 % од глобалната емисија на
CO2 и значително придонесуваат кон аеро загадувањето.За разлика од нив,електричните
возила не емитираат штетни гасови,и се погонуваат со помош на електричен мотор.
Електричните возила со приклучок или plug-in електричните возила(PEV) можат да се
однесуваат како оптоварување,кога се нарекуваат приклучок “од мрежата кон возилото”,
но и да ја снабдуваат мрежата со електрична енергија,концепт кој е познат како
приклучок “од возилото кон мрежата”.
Големата интеграција на електрични возила ќе придонесе кон нови предизвици за
безбедно и економско работење на електроенергетскиот систем.Доколку полнењето на
електричните возила не биде соодветно контролирано ќе предизвика застој на
мрежата,загуби на мрежата и значително влошување на квалитетот на напојувањето.Од
гледна точка на мрежата, PEV ќе создадат дополнителна побарувачка во системот,но исто
така може да помогнат да се намалат врвните оптоварувања,кога надополнувањето на
нивниот батериски систем би се одвивало флексибилно.Слично на тоа, PEV може
потенцијално да придонесат со давање на помошни услуги за балансирање на
системот.Кога се користат за возило кон мрежа услуги, PEV можат концептуално да
обезбедат дополнителна флексибилност на системот,како поголема регулација,подршка
на обновливите извори на енергија и намалување на загубите при дистрибуција,поради
нивните можности за складирање.
1.Потреба од паметно полнење
Најголем загрижувачки фактор во интеграцијата на електричните возила во една
заедница,претставува способноста на енергетската мрежа да го издржи оптоварувањето
на електричните возила.Голем процент од корисниците на електрични возила ќе имаат
навика да ги полнат своите возила штом се вратат од своите работни места,со што
дополнително ќе се зголеми врвната побарувачка.Домашно базираните станици за
полнење во просек ќе трошат 6.6kW,што е грубо еквивалентно со вкупното оптоварување
на една куќа(7 kW).Само едно електрично возило ќе ја дуплира побарувачката на едно
домаќинство,а дури и мал број на електрични возила во една заедница можат да ја
преоптоварат постоечката енергетска инфраструктура.

Слика 1.Методи на полнење

Меѓутоа растечкиот тренд на електрични возила не значи градење дополнителни


капацитети за генерирање на енергија или екстремни промени во енергетската
инфраструктура,туку испланирана и контролирана реализација на полнењето на
електричнните возила.Ако тоа се изведува контролирано се очекува да има позитивна
улога во интегрирањето на обновливите извори на енергија,имајќи предвид дека
електричната мобилност претставува моќно,преносно и контролирано
оптоварување.Паметното полнење се дефинира како серија од интелегентни функции за
контролирано полнење на електричните возила,со цел создавање на
флексибилна,поволна и ефективна средина за полнење.Има голем број на придобивки и
огромен потенцијал за во иднина.На пример,паметното полнење може да ја зголеми
флексибилноста на полнењето со контролирање на моќноста и времето на полнење како
и насоката на протекување на енергијата.Со големата флексибилност при полнењето,ќе се
зголеми стапката на искористеност на трансформаторите и енергетските водови,што ќе
придонесе до намалување на цената за полнење на електричните возила.Електричните
возила можат да станат уште поодржливи ако се полнат со електрична енергија од
обновливи извори.Покрај тоа може да обезбеди дополнителни приходи на сопствениците
на електричните возила,да обезбеди регулација на фрекфенцијата на мрежата и од
возило кон мрежа услуги.
Сите возила,вклучувајќи ги и електричните возила,се паркирани 90 % од нивниот животен
век,овој факт во комбинација со нивната способност за складирање,ги прави
електричните возила атрактивно и флексибилно решение за подршка на енергетскиот
систем.Не само што електричните возила ќе станат мрежно поврзани системи за
складирање,туку и ќе помогнат во подобрување на енергетската крива и полесно
интегрирање на променливите обновливи извори. Под концептот приклучок од возило
кон мрежа се подразбира употреба на батеријата на електричното возило за враќање на
електрична енергија назад кон мрежата.Со цел да го олесниме концептоп на приклучокот
од возило кон мрежа потребни се двонасочни полначи за електричните возила,кои
истовремено ќе земаат и даваат електрична енергија на мрежата.Освен приклучокот од
возило кон мрежа,енергијата складирана во батеријата на електричното возило може да
тече од возило кон куќа,зграда,некој вид на оптоварување и слично,и во тој случај се
користи ознаката V2X.Има голем број на придобивки од овој вид на технологија,како на
пример овозможува складирање на енергија во батеријата на автомобилот,особено од
обновливи извори што доведува до намалување на емисиите.Исто така,со користење на
складираната енергија ќе се намали врвната побарувачка.Покрај тоа електричните возила
можат да послужат како помошно напојување во итни случаеви и нудат дополнителни
услиги кон енергетската мрежа и со употреба на концептот на V2X да му донесат
дополнителен приход на корисникот на електричното возило.

Слика 2.Паметното полнење овозможува електричните возила да бидат флексибилни

Слика 3 Форми на паметно полнење


На слика е илустрирано како паметното полнење може да ги интегрира соларната и
енергијата на ветрот во мрежата со прилагодување на потребата на полнење на
електричното возило со достапноста на енергетски ресурси.

Слика 4 интегрирање на обновливи извори

Како што може да се забележи на сликата стратегиите за паметното полнење,ќе се


менуваат во зависност од условите на електроенергетскиот систем,вклучувајќи ги
обновливите извори,нивото на оптоварување и слободни интерконекции.Паметното
полнење ги намалува трошоците поврзани со зајакнување на локалната енергетска
мрежа,и ги намалува врвните периоди на побарувачка.
1.2.Придобивки на енергетскиот сектор
Со прилагодување на навиките на полнење на електричните возила,тие може да
придонесат кон флексибилноста на енергетскиот систем и локалната флексибилност како
што е прикажано на слика.

Слика 5 Услуги што електричните возила ги нудат на енергетскиот систем


Израмнување на врвна побарувачка
Ова подразбира израмнување на врвната побарувачка со пополнување на празнината при
ниска побарувачка со поттикнување на полнење наутро/попладне кај системи со голема
пенетрација на соларна енергија,и со ноќно полнење кое може да се прилагоди на
ноќното производство на ветерна енергија,бидејќи возилата се паркирани многу подолг
временски период од оној што е потребен за тие целосно да се наполнат.На овој начин ќе
се одложи полнењето во периоди со врвна побарувачка.
Помошни услуги
Ова подразбира подршка и балансирање во реално време на мрежата со прилагодување
на нивото на полнење на електричните возила за полесно одржување на стабилен напон
и фрекфенција.Флексибилноста на енергетскиот систем е добро развиена од страна на
операторите на преносните системи,но операторите на дистрибутивните системи сеуште
не се опремени да бидат флексибилни со преносот на енергија од енергетските извори на
нивните мрежи.
Оптимизација и резервна моќ
Ова подразбира зголемување на потрошувачката на локално произведена енергија од
обновливи извори,како и намалување на на зависноста од електричната мрежа и
намалување на сметките за електрична енергија со купување на енергија по ефтина
тарифа во периодите кога има ниска побарувачка и користење на истата за снабдување на
домовите кога тарифата е повисока.Покрај тоа,батеријата на електричното возило може
да се користи и откако ќе се отстрани од возилото.Најчесто таа се менува откако
капацитивноста ќе се намали на 70-80 %,сепак перформансите сеуште се добри и таа
може да се користи за складирање на енергија.Ова нуди продолжување на животниот век
на батеријата за околу 10 години.
Кога имаме дојде до израмнување на врвната побарувачка како што е прикажано на
сликата,електричните возила може да се однесуваат како масивни енергетски складишта
за енергија.Со контролирано полнење електричните возила ќе се полнат кога ќе има
вишок на енергија генерирана од обновливи извори,а ќе даваат енергија назад на
мрежата за време на вечерната врвна побарувачка.

слика 6 Израмнување на врвна побарувачка(лево) и резерва за енергетската мрежа(десно)


2.Цели на паметното полнење
Во овој дел ќе ги разгледаме техничките и финансиските цели на паметното
полнење.Како технички и финансиски цели ќе ги разгледаме:

Цели на
паметното
полнење

Технички Финансиски

Намалување на Зголемување на
Зголемено
Балансирање на цената на профитот на оние
искористување на
оптоварувањето електричната кои што нудат
ОИЕ
енергија паметно полнење
2.1.Технички цели
Зголемено искористување на електричната енергија од обновливи извори
Поради можноста за генерирање на енергија само во часовите кога е присутна
светлина,флексибилноста на фотоволтаиците е мала,и тие не можат да ја следат брзата
промена на побарувачката,која што се менува од секунда во секунда,и поради таа
причина искористувањето на енергијата од фотоволтаици е мала.Од тука се јавува
потребата за употреба на флексибилно оптоварување,особено во моменти кога има
недостаток на системи за складирање на енергија.Со паметното полнење,електричните
возила стануваат флексибилно оптоварување,кое може да биде лесно контролирано, и
може да се користи за изедначување на оптоварувањето и за зголемување на
потрошувачката на енергија од фотоволтаици. Како што е прикажано на
слика(лево),електричните возила можат да се користат како складишта на енергија за да
го избалансираат променливото производство на енергија од обновливи извори.

Слика 7 Интегрирање на обновливи извори на енергија

Балансирање на оптоварувањето
Потрошувачката на енергија и полнењето на електричните возила се во блиска корелација
со секојдневните активности на човекот,па веројатноста дека врвната потрошувачка на
електрична еленргија и побарувачката за полнење на електричните возила ќе се
совпаднат е голема во случај на неконтролирано полнење.Со различните конфигурации
на паметното полнење,оптоварување на мрежата може да се избалансира,со намалување
на драстичните разлики помеѓу врвната побарувачка и периодите со мала
побарувачка.Балансирање на оптоварувањето може да се постигне со полнење во
периодите кога нема врвна побарувачка или во периодите на многу мала побарувачка на
електрична енергија (најчесто во вечерните часови).Со полнење на електричните возила
во периодите на ниска побарувачка,се пополнува празнината што придонесува кон
поблага крива на оптоварување.Со полнење во овој период од денот се намалуваат
загубите на електроенергетскиот систем и се зголемува факторот на оптоварување.

Слика 8.Балансирање на оптоварувањето,прилагодување на времето и моќноста според товарот

Слика 9.Балансирање на оптоварувањето,со повеќе приклучоци за приоритетско полнење

На пример,кога оптоварувањето на мрежата е ниско,моќноста со која се полнат


електричните возила може да се зголеми,и во случај на зголемување на оптоварувањето на
мрежата,моќноста постепено ќе се намали.Полнењето на електричното возило може да
запре ако дојде до преоптоварување на мрежата,и да продолжи кога оптоварувањето ќе се
врати во нормала.Со поставување на махимална моќност за полнење на електричните
возила,паметното полнење може последователно да работи со повеќе точки на полнење
или на принципот на приоритетно полнење така што моќноста на секоја точка на полнење
да се прилагоди да биде во рамките на махималното ограничување.
2.2. Финансиски цели
Повеќето принципи на паметно полнење се инспирирани од страна на финансиските
цели.Во споредба со технолошките цели на паметното полнење,финансиските цели се
поатрактивни за корисниците на електричните возила и за оние кои ги обезебдуваат
услугите за полнење.Овие принципи најчесто водат кон пополнување на празнината во
периоди со ниска побарувачка,како што се дистрибуирано полнење во периоди со ниска
тарифа и централизирано полнење.
Намалување на цената на електричната енергија
Стратегиите за паметното полнење кои се стремат да ја намалат цената на електричната
енергија директно ги профитираат сопствениците на електрични возила.Повеќето
стратегии за намалување на цената на електрична енергија вклучуваат комбинација на
фотоволтаични системи,иако имајќи електрично возило е поефикасно од финансиски
аспект за разлика од конвенционално возило,цената на енергијата може да варира во
системи со динамични терифи.Во овој случај,цената на енергија во периодите со висока
побарувачка се повиски за разлика од оние со ниска побарувачка.Полнењето на јавни
паркинг места ќе чини поскапо отколку полнењето во периоди со висока
побарувачка,варирајќи од начинот на наплата,дали ќе се наплаќа за секој час за секој kWh
и слично.Како што е прикажано на сликата,кога цената на електричната енергија е
пониска се зголемува моќноста на полнењето,а додека кога цената е висока моќноста се
намалува или понењето целосно запира.

слика 10

Зголемување на профитот на оние кои нудат услуги за полнење на електрични возила


Главен интерес за поставување на станици за полнење на електрични возила и агрегатори
е профитот од услугите за полнење.Една од стратегиите за зголемување на профитот на
оние кои ги нудат овој тип на услуги е купување на електричната енергија од енергетските
дистрибутери во периодина ниска побарувачка.Употребата на енергија од обновливи
извори исто така може да им помогне на давателите на услуги да ги постигнат своите
финансиски цели.Тие исто така би можеле да го зголемат својот капитал давајќи помошни
услуги и тргувајќи со електричната енергија.
In this case, the charging providers could receive economic incentives by regulating the power
flow from and to EV fleet batteries followingthe needs of power grid operators or energy traders.
Several economic incentives for charging providers with this scheme were reviewed in Ref. [97].
Further, customers can get more profit when the V2x is applied. For example, we can charge the
cars when the electricity is cheap and discharge the car via V2x when electricity is expensive and
above a certain pricing level. In this case, the “x” of the “V2x” can be home, building or the grid

2.3. Multi-objective formulations combining financial and technical


objectives
Smart charging with a financial objective can result in a technical advantage, and vice versa.
This occurs because the hourly electricity price often reflects technical limitations in the
electricity grid. That being said, some recent sources employed multiobjectivesmart charging
schemes. In Ref. [52], a smart charging scheme to increase both profits and PV self-consumption
wasdeveloped. The proposed smart charging schemes in Refs. [55e57] were designed to both
minimize the charging costs and maximizePV utilization. In Ref. [84], a smart charging scheme
aiming to minimize both the peak loads and the charging costs were proposed. The smart
charging proposed in Ref. [85] was employed to both balance a 3-phase grid and reduce the
charging costs. In Ref. [72], a smart charging algorithm to reduce both charging cost and grid
problems, such as grid losses and voltage fluctuations, was presented. The smart charging
scheme in Ref. [98] has an objective of determining the optimal trade-off between minimizing
charging cost and charging time. In Ref. [88], a smart charging scheme to find the optimal trade-
off between maximizing the profits of the aggregator and maximizing the lifetime of a battery
energy systemstorage (BESS) was proposed.

3. Конфигурации на паметно полнење


Во овој дел ќе направиме преглед на видовите на конфигурации на паметното
полнење,контролна и просторна кофигурација.Контролна конфигурација се дефинира
како ниво на координираност при полнење и може да биде со централна контрола или со
дистрибутивна контрола.Додека просторната конфигурација,дава приказ за различните
локации за полнење и временската достапност на местата за полнење .

3.1. Контролна конфигурација


Паметното полнење на електричните возила според контролната конфикурација може да
се подели на централно и дистрибутивно полнење.И двата типа на оваа конфигурација ќе
бидат дефинирани и анализирани во долните параграфи.
слика 11

Централна контрола
Кај овој вид на контролна конфигурација,времето на полнење и цената за полнење на
електричните возила е определена од страна на централна единица наречена
агрегатор.Агрегаторот врши сортирање на сите податоци поврзани со полнење на
електрични возила,нивото до кое е полна батеријата,очекуваното време на
поаѓање,локацијата на елктричните возила и други податоци од страна на корисниците со
цел да го одреди правилниот распоред за полнење на електричните возила.

Слика 12

Овој пристап е поверојатно да постигне оптимална стратегија за полнење на ниво на еден


енергетски систем.Ќе ја зголеми интеграцијата на енергија од обновливи извори и ќе го
намали врвното оптоварување,ќе ја подобри искористеноста на достапниот капацитет на
мрежата,и ќе обезбеди помошни услуги како регулација на фрекфенцијата и
напонот.Најголем интерес за овој вид на конфигурација,треба да изразат операторите на
енергетската мрежа и на агрегаторите.Сепак овој тип на конфигурација има и
недостатоци,има потреба од комплексна комуникациска инфраструктура,голем број на
податоци за процесирање и претставува закана кон приватноста на корисниците на
електричните возила.
Математички модел на централна контрола
Локален контролер е одговорен за распоредување на полнењето на група електрични
возила.Ако бројот на електрични возила е голем,возилата можат да бидат поделени во
неколку групи и локалниот контролер ќе биде одговорен за дадена група.Локалниот
контролер и електричните возила се поврзани преку двонасочна комуникациска
инфраструктура.Времето на работење на системот за полнење е поделен на дискретни
временски интервали со еднакви должини,така наречени временски
празнини.Должината на временската празнина е означена со и може да варира во
временски интервал од 5 минути или половина час во зависност од густината на
автомобили што се полнат во моментот.Нека со А се означени бројот не електрични
возила што учествуваат во централното полнење.Ќе го дефинираме векторот за распоред
на полнење,и векторот на моментална состојба.
x a={x 1 2
x … …… ., x Ha }
и y a ={ y 1 2 H
y a … …… ., y a } ,
a, a a,

каде H ≥1 е хоризонтот на распоредот кој го означува бројот на временски празнини


земени по предвид при правење на распоредот за полнење.За секоја временска празнина

H={1,2……….., H},нека постои бинарна променлива y ha=0 /1,каде состојбата на


електричното возило е (не се полни/се полни) и променлива x haкоја ја означува
резервираната енергија на возилото а кое ќе треба да биде приклучено на полнење во
време h.За секое електрично возило а со махимална дозволена стапка на полнење Rmax
a и
min
минимална дозволена стапка Ra ,следува

y ha ∙ R min h h max
a ∙ η≤ x a ≤ y a ∙ R a ∙ η

Нека се дефинирани следниве променливи t sa,со што е означено времето на


приклучување на електричното возило а на полнач,иt fa со што е означено времето на
прекинување на полнењето.Бидејќи времето е поделно на дискретни временски
празнини,нека слободен период за полнење на електричното возило а е означен со Т a
,кое е дефинирано како множество на континуирани временски празнини помеѓу времето
на приклучување t sa и времето на исклучување t fa.Јасно е дека y ha=0,ако h∉ Т a . Следно се
дефинира капацитивност на батеријата на електричното возило а ЕCapa ,како и почетна
s d
капацитивност Еa ,и крајна капатитивност Еa на батеријата на електричното возило
а.Крајната посакувана состојба на батеријата се означува со γ da ,дефинирана како

γ da =Еda /Е Cap d d
a ,каде вредноста на γ a ,се движи помеѓу 0<γ a ≤ 1.Локалниот контролер

автоматски ги собира податоците за времето на приклучување на полнач t sa


,капацитивноста на батеријата ЕCap
a ,и моменталната капитивноста на батеријата на
почеток на полнењето Еas ,додека пак посакуваното време за исклучување од полнач t fa ,и
посакуваната состојба на батеријата пред заминување γ da ,корисникот на електричното
возило ги обезбедува за контролерот пред да започне полнењето.Ако се дадени t saи t fa
,лесно ќе се најде вредноста за Т a . Од сето ова може интуитивно да се дефинираат
следните ограничувања

Еas + ∑ x ha ≥ Е da , Е da ≤ Е Cap
a .
hϵ Т a

Децентрализирана контрола
Децентрализирана или дистрибутивна контрола работи на индивидуално ниво,на пример на
индивидуално ниво со електричното возило наместо да биде контролирано од страна на
централна единица.Сепак цената зависи од стимулациите,односно се добива сигнал за цената
преку централна единица.Со користење на овој тип на контрола,потребните информации се
процесираат на дистрибутивно ниво,за што не е потребно комплексна комуникациска
инфраструктура.Бидејќи контролата над полнењето на електричното возило останува во
рацете на корисникот,овој тип на полнење повеќе е прифатливо од страна на корисникоти
со него се надминуваат проблемите поврзани со приватноста на корисникот кои ги има
централизираното полнење.Бидејќи не зависи од централна единица,не е изложено на
систематски грешки,и го зголемува факторот на искористување и оптоварување на
фотоволтаичните системи.Недостатокот на овој тип на контрола е тоа што може да доведе
до зголемен застој на електричните водови и трансформатори,бидејќи нема доволно
информации за останатиот дел од мрежата.Дополнителен проблем може да настане кога
поголем број на електрични возила ќе го променат распоредот на полнење на
возилата,како реакција на промена на цената на струјата,со што може да настане така
наречен ефект на лавина.Овој ефект и проблемите со застој можат да бидат
минимализирани со поставување на сигнал за цената внатре во системот,познато како
стратегија цена во јазол.И овој тип на контрола ќе нуди помалку помошни услуги за
разлика од централизираното контролирање.

слика 13

Математички модел на децентрализирана контрола


Нека B(h) ги означува бројот на електрични возила кои учествуваат во децентрализираното
полнење во момент од време h.Електричните возила пренесуваат информации до контролниот
систем преку двонасочен комуникациски канал.За дадена временска празнина h ϵH,контролниот
систем има ограничена енергија Ehm што може да ја обезбеди на B(h) електрични возила
поврзани на полнење.Системскиот контролер ја наплаќа енергијата искористена за полнење по
цена phd за единица електрична енергија.За секое електрично возило b ϵ B(h),нека постои
x hb , што претставувапотреба од електрична енергија со цел системот да ги исполнува
енергетските потреби.Потребната енергијаx hb , може да варира за различни електрични
возила во зависност од капацитетот на батеријата на електричното возилоECap b

,моменталната состојба на батеријата γ cb,посакуваната крајна состојба на батеријата γ db


h
,променливата цена на електричната енергија pd како и патните планови на
корисникот.Претпоставувајќи дека електричните возила ќе ја побараат моменталната потреба од
електрична енергија,тие помеѓусебе ќе се натпреваруваат за ограничената количина на
енергија.Затоа е потребно да биде исполнето следнат релација за да бидат задоволени потребите
на сите електрични возила кои се полнат за време на временската празнина h.

∑ x hb , ≤ E hm,каде Eh претставува енергетското капаче на група електрични возила кои


m
b ϵ B (h )

учествуваат во децентрализираното полнење.Контролниот систем ќе се обидува да ја


прилагоди цената phd така што приходите од продажбата на електрична енергија се
махимални.Ако се одреди ниска цена на електричната енергија ќе дојде до финансиска загуба,но
исто така ако цената е превисока,корисниците ќе ја намалат својата побарувачка што повторно ќе
h
придонесе загуба.Па затоа цената pd ,треба да се одреди да биде одржлива и да одговара и на
потребите на системот и на потребите на корисниците.

3.2. Просторна конфигурација


Во овој дел ќе ја разгледаме просторната конфигурација и временските аспекти на
полнење на електричните возила поврзани со генерирање на енергија од
фотоволтаици.Бројот на електрични возила на дадена локација постојано ќе се менува,па
затоа профилот на оптоварување е различен на различни локации,како на пример дома и
на работните места.Бидејќи сончевата светлина е присутна само преку ден,пожелно е
електричните возила да бидат паркирани и да се полнат,што не е случај за дадени
локации.Домашните врвни периоди се во вечерните часови,врвните периоди на работи
места варираат помеѓу рано наутро и напладне,додека полнењето на останати локации
има ниска енергетска побарувачка и ја пополнува празнината помеѓу домашните врвните
периоди и оние на работните места.Стратегии за дадени локации се ограничени поради
периодите на паркирање,во продолжение ќе биде разгледано паметно полнење на
повеќе локации:станбени објекти,не станбени објекти,станици за полнење на централно
или регионално ниво.

Станбени објекти
Најголем дел непрекинато паркирање се одвива додека корисниците на електричните
возила се дома,па најголема е флексибилноста во станбените објекти.Освен
флексибилност полнењето на електричните возила кога тие се во неактивна состојба во
станбени објекти нуди сигурност дека возилото ќе биде полно до утрото кога треба да
заминат на своите работни места.Стратегиите за паметно полнење може да бидат така
дизајнирани да ја пополнат енергетската празнина во оптоварувањето на едно типично
домаќинство.Од гледна точка на операторите на станбените објекти,ова претставува една
од најбитните шеми за полнење бидејќи ќе ги намали загубите на мрежата и напонските
промени.Многу шеми за паметно полнење кај станбени објекти имаат финансиски
цели,бидејќи корисниците можат директно да профитираат од таква шема.Ако се
имплементира точен сигнал за цената,овие шеми исто така може да ја пополнат
енергетската празнина.Во каков случај,паметното полнење кај станбени објекти ќе има
динамична цена на струјата или може да користи генерирање на енергија на лице место
за да ги постигне финансиските цели,задоволувајќи ги потребите на системот со
пополнување на енергетската празнина.Но генерирање на енергија на лице место со
фотоволтаици е ограничено од малиот дел на електрични возила паркирани во објектот
преку ден кога производството е максимално.

Не станбени објекти
Повеќето возило не се паркирани дома голем дел од денот,тие или се паркирани во
нестанбен објект или корисниците ги возат.Па затоа,потенцијалот за полнење на
електричните возила во овој период од денот е голем.Не станбените објекти
претставуваат приватни,комерцијални или јавни објекти.Придобивките можат да
варираат според профилот на оптоварување во зависност од типот на објектот.За разлика
од паметното полнење кај станбени објекти,кај нестанбени објекти,паметното полнење
ќе има големи придобивки ако се комбинира со соларна енергија,бидејќи метежот е
поголем во текот на денот и побарувачката на енргија е исто така голема.
Станици за полнење
За разлика од станбените и нестанбените објекти,станицата за полнење како засебна
единица има крива на оптоварување што зависи само од оптоварувањето на
електричното возило.Шемите за полнење и празнење кај станиците за полнење се
мотивирани од финансиските цели за сопствениците на истите.Со управување на
електричните возила кај станици за полнење,електричните возила можат да нудат
дополнителни помошни услуги на системот,како и складирање на енергија од обновливи
извори,со што ќе се зголеми профитот на возниот парк.Во последно време,нов тренд
претставува опремуивање на возните паркови со фотоволтаици,со што се подобрува
технолошките,економските и влијанијата кон животната средина како што се,намалување
на загубите при полнење и намалена емисија на штетни гасови.

Регионални станици за полнење


На ниво на град,остров или друго регионално ниво,каде неколку
станбениобјекти,нестанбени објекти и станици за полнење се поврзани и под
претпоставка дека има повеќе станици за полнење во дадениот регион,електричните
возила ќе бидат достапни во било кое време освен кога се возат.Без разлика дали шемите
за полнење се изведени за централизирано или дистрибуирано полнење,паметното
полнење на повисоко напонско ниво има неколку придобивки.Анализата на повисоко
напонско ниво е потребна бидејќи агрегацијата на оптоварувањето на електричните
возила,на електричната енергија и на соларната енергија создаваат различни профили на
оптоварување на локално ниво.Самата агрегација може да ги подобри енергетските
перформанси на системот,бидејќи дадена соларна енергија што нема да биде потрошена
на дадено агрегатско ниво ја зголемува само-потрошувачката.Неконтролирано агрегатско
полнење на електричните возила ќе има два пика на ниво на градско ниво,еден наутро и
еден навечер.Кај типичен градски профил за полнење на електрични возила,врвното
оптоварување за полнење на електричните возила се поклопува со врвната енергетска
потрошувачка,затоа полнење на повисоко напонско ниво може да ги намали проблемите
на системот како што се менаџирање на врвното оптоварување.Најголем дел од шемите
за регионално полнење се мотивирани од техничките цели,бидејќи на регионално
ниво,побарувачката и потрошувачката се избалансирани за да се одржува стабилна
фрекфенција.

4.Алгоритми
Шемите за паметно полнење можат да бидат програмирани со оптиматизација или
следење на дадено правило со цел постигнување на дадена цел.Имплементацијата може
да варира од контрола во реално време до координирани и планирани проблеми.Во овој
дел ќе бидат разгледани разни алгоритми за контрола,како и низа на математички
модели за паметно полнење.Алгоритмите се поделени во две групи,алгоритми за
оптиматизација и алгоритми кои следат дадено правило.
Методи за оптиматизација
Оптиматизација претставува метод за наоѓање на најдоброто решение за даден
математички проблем.Проблемите со оптимизација најчесто ја намалуваат или
зголемуваат математичката функција,уште наречена и објективна функција во остварлив
сет дефиниран од дадени ограничувања на променливата.Генерален математички
проблем за оптиматизација може да се запише
Да се минимализира f(x),субјект на g(x)<b,каде x е вектор кој ги содржи променливите
кои треба да се оптиматизираат,f е објективната функција што може да се
минимализира,g е еднаквоста или нееднаквоста на дадено ограничување,и b е вектор кој
ги содржи границите на граничната вредност на дадена функција.Кај полнењето на
електричните возила,овој метод можеда се искористи за дизајнирање на соодветен
распоред на полнење,кој ќе ја минимализира цената на полнењето,махимализира
искористувањето на обновливите извори за полнење на електрични возила,ја намалува
варијацијата на оптоварувањето и така натаму.Овој метод е најзастапен за менаџирање
на енергетскиот систем.Со цел да се имплементира овој метод кај менаџирање на
енергетските системи,вклучувајќи го и паметното полнење на електричните возила,некои
променливи треба да бидат одредени однапред.Дадени променливи можат да се
определат однапред и да се употребат при формулација на проблемот,како што се цената
на струјата за следниот ден.Во региони како што се Централна Европа,Велика Британија и
Скандинавските земји,цените на струјата ден предтоа и целодневните цени се
достапни.Ова не е секогаш случај за останатите променливи на соларната енергија и
побарувачката на енергија кои постојано се менуваат.Времето на пристигнување и
заминување на електричните возила исто така е променливо и не може да се знае со
сигурност,но постојат разни методи за предвидување на истото.
Линеарно програмирање
Кај линеарното програмирање,објективната функција и ограничувањата мора да бидат
линеарни.Генерален линеарен проблем може да се запише како
Да се минимализира c T x субјект на Ax<b,x>0

Каде џ е вектор кој ги содржи оптималните променливи,А е матрица која ги содржи


коефициентите,и би ц се вектори.
Во неколку случаи,некои линеарни техники,модификации или поедноставувања се
потребни за решавање на проблемот во линеарна средина.Овој пристап најчесто се
користи за ограничување на махималната моќност што може да биде повлечена од
мрежата при полнење на електричните возила,со земање во предвид на капацитетот на
дистрибутивната мрежа.
Мешано линеарно програмирање со цели броеви
Овој тип на програмирање е еден вид линеарно програмирање каде некои или сите
променливи мора да бидат цели броеви.Ваквото програмирање е потребно кога
бинарните или целите променливи се вклучени во оптимизација на проблемот.На
пример,кај шемите за паметно полнење,состојбата на електричното возило,односно дали
е полно,празно или се наоѓа во движење може да се претстави со бинарни
вредности.Како кај линеарното програмирање потребни се низа техники за
линеаризација на променливите кои не се линеарни во реалноста.Како на пример,во
дадени проблеми магнитудата на активната и реактивната моќност,напон и струја се
нелинеарни,и се користат техники и методи за да се линеаризираат дел по дел,за да
може да се употреби мешаното линеарно програмирање со цели броеви.Овој тип на
програмирање се користи наместо обичното линеарно програмирање ако на пример,во
нестанбен објект сакаме да полниме повеќе возила со различна моќност на една станица
за полнење.
Конвексно програмирање
Конвексна оптиматизација на даден проблем претставува проблем во кој објективната
функција,ораничувањата и изводливи решенија се конвексни.Ваков проблем може да се
запише како
Со конвексен домен,постои само едно оптимално решение што се нарекува глобален
оптимум.Линеарното програмирање и квадратното програмирање се типови на
конвексно програмирање.Најголем предизвик на овој вид програмирање е формулирање
на проблемот како конвексно оптимизиран проблем.Ваквиот вид на програмирање се
користи за да се намалат наглите промени на оптоварувањето на мрежата,со цел да се
намали цената на полнење,или со цел да се намали времето на полнење.Откако
проблемот ќе се запише конвексно,може да се реши со квадратно или линеарно
програмирање.
Нелинеарно програмирање
Кај нелинеарното програмирање има барем една нелинеарна функција,која може да биде
објективната функција или ограничување.Овој тип на формулации најчесто се по комплексни за
формулирање за разлика од линеарните.Па затоа,нелинеарните функции најпрво се линаризираат
па потоа се решаваат во линеарна средина.Овој тип на програмирање се користи кога станува
збор за постигнување на повеќе цели,како на пример,махимален профит со користење на
агрегатор и продолжување на животниот век на системот за менаџирање.

Квадратно програмирање

Динамично програмирање

Стохастичко програмирање

Грубо програмирање

Метахеуристично програмирање

You might also like