познати личности или ликови, на пр. Меси, Мистер Бин, Тарзан, Мадона, Снупи и сл. По случаен избор се одбира еден ученик/чка на кој/а на грбот му / и се лепи листот со еден лик или личност. Ученикот/чката треба да и покаже на групата за што станува збор, а групата приота не треба да дава било какви сугестии или насоки. Одбраниот ученик/чка треба со помош на прашањата кои ќе ги упати до групата да се обиде да дознае за кого станува збор. Прашањата треба така да бидат формулирани за да групата одговара со ДА или НЕ, на пр.:
Дали сум лик од цртан филм?
Дали имам опашка?
Дали сум женско?
Дали сум познат/а?
Дали пеам?
Дали сум спортист/ста? итн.
Препораки:
При избор на ликови, личности, внимавајте да бидат
познати, препознатливи за учениците согласно нивната возраст и нивото на предзнаења.