Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

КИНЕЗИОЛОШКА АНТРОПОЛОГИЈА

1.Што е предмет на физичката култура?!

-Предмет на кинезиологијата е проучување на науката на физичката култура,физичката


активност,физичката вежба и нивното влијание врз значењето за развитокот на човекот и неговото
оформување (здравствениот,социјалниот,морфолошкиот статус)

2.Која е целта на физичката култура?!

3.Кои се задачите на физичката култура и нивните функции?!

-Да дава образование,воспитување во смисла на масовност,развивање на моториката,усовршување


на правилно телесно држење,превенција од модерните болести.

4.Со што се тесно поврзани првите облици на телесната вежба?!

-Со инстинктот за преживување,односно опстанокот,а подоцна со трудот.

5.Кога најверојатно се појавиле првите експерти за човекови телесни движења?!

-Со појавата на поделбата на трудот.

6.Што претставува денес физичката вежба?!

-Основа на сите подсистеми во физичката култура и тоа е нејзиното одсновно средтсво за работа.

7.Кога за првпат е спомнат поимот физичка вежба?!

-Кога човекот станал свесен за своето постоење.

8.Како гласат прелиминарните дефиниции на физичката култура?!

9.На кои подсистеми се дели физичката култура и во сите нив што е основно средство за работа?!

-Физичко воспитание и образование,спорт,рекреација и кинезитерапија.

-Основно средство за работа е визичката вежба.

10.За што треба да служи физичката култура?!

-На законите за подобриот опстанок и прилагодување на природата,за сопственото подобро


живеење,прилагодувајќи ги законитостите на движењата кон човекот за
здравствен,морфолошки,агонистички-биомоторички аспект,превентивно и куративно менувајќи ја
формата и содржината,целта и задачите да одговараат на историската обусловеност и да биде
адекватно име.

11.Историки аспекти за телените движења...

12.Со појавата на мислата и говорот што се случува и која е централната претпоставка за


настанокот на физичката вежба?!

-Како човекот во раните периоди од неговиотразвој се здобил со појавата на мислењето и


говорот ,се случило најважното во историскиот развој на човекот (преминување од животно во
човек ..неговото целокупно однесување се разликувало од сите други живи суштества.

-Централна категорија или централна претпоставка за постанокот на човекот,за постанокот на


физичката вежба е работата.

13.Преку работата кои способности интензивно се развиле кај првобитниот човек?!

14.Што рекол Енгелс?!

-Работата и говорт го создале богатството од човечките движења,вовеле потреба од едукативниот


пристап на физичката вежба.Понатамошниот развој на телесните движења бил обусловен и од
телесните движења под формата на танците.

15.

16.

17.Каква цел има физичката култура и општо движењето?!

-Има за цел да го зголеми растојанието на човекот од моментот на неговото раѓање па се до


моментот на неговото умирање ..за таа цел потребно е создавање на специјални кадри кои ке го
водат управувањето на кинезиолошките процеси под подсистеми.

18.Што е физичко образование,а што физичко воспитување?!

-Физичкото воспитување е планска и систематска активност која условно може да биде


анализирана како умна,физичка,морално-политичка и естетска активност.

-Физилко образование е составен дел од физичкото воспитување кое е насочено на здобивање на


подвижни способности и оспособување за нивна самостојна примена во животот ..тоа значи
здобивање на моторни знаења,вештини,навики,теориски познавања кои помагаат за усвојувањето
на физичките вежби.

19.Што претставува тренингот,а што спортот?!

-Тренингот претставува вежбање,повотрување,усовршување,дресирање и е во тесна врска со


физичкото воспитување и образование и неможе изолирано да се разгледува ..тренингот е основно
средство за усовршување на човечкиот организам и основен метод на работа во спортот.

20.Кои видови на телесни движења ги има во спортот и поделба на спортовите?!


-Моноструктурни (циклични и ациклични),движења со ациклични полиструктурни активности и
полиструктурни комплексни движења.

-Колективни,индивидуални,рекреација...

21.Што е рекреација и кои се нејзините организациони форми?!

-Обновување на психофизичката сила со средствата на науката,културата,уметноста и средтсвата


на телесните движења.

-Редовни часови по спортска рекреација,самостојани занимања,производна гимнастика,спортско


рекреативни натпревари,излети...

22.Што е кинезитерапија и како се дели таа,а што е кинезиолошка медицина?!

-Кинезитерапијата претставува посебен облик на дозирање телесни движења која има за цел да ја
подобри целокупната здравствена природа на човековиот организам и може да делува како
куративно и превентивно средтсво со строго одредено дозирање,за лекување на поедини органи и
системи,а не само за регулирање на моториката ..се дели на школска и клиничка.

-Кинезиолочката медицина е дисциплина која за лечителни цели ги користи програмираните


телесни движења во комбинација со природните фактори: вода,сонце,воздух,како и физикалните
агенси: топло,студено; различните манипулации на телесен додиркако што се
репозициите,пресурите,масотерапијата,електротерапијата...

23.Теоријата на физичката култура,на што најмногу обрнува внимание?!

-На физичкото образование и во таа област постигнала забелителни резултати.

24.Што е предмет на изучување на науката на физичката култура?!

-Се трансформационите процеси кои настануваат во психофизичкиот развој на човекот под


влијание на специјално условени движења,односно телесни активности.

25.Со кои општествени наукие во тесна врска науката на физичката култура?!

-Социологијата,психологијата,педагогијата и филозофијата.

26.

27.За што ни служат научните методи во физичката култура?!

-За истражување и анализа.

54.Кој е предусловот за создавање на националните гимнастички портски системи во Буржоаскиот


систем?!

-Потребите за усовршување на предвојничката обука и неопходноста за создавање на масовни


армии.
55.Фридрих Јан како го разгледува физичкото воспитување и кој ситеми на вежби го создал,како
ги групирал вежбите и кои справи за првпат ги воведол?!

-Како одлично средство за воспитување на народот ..го создал системот во кои се ангажирал за
природните форми на движењето и за вежбите на справи ..ги групирал во две големи групи:
гимнастички вежби кои се изведуваат со природни форми на движење и гимнастички игри ..ги
воведол кругови,разбој и коњ.

56.Посебно внимание на кои вежби се обрнувало?!

-На вежбите на справи.

57.Каков е системот на Гуц Муц?!

-Им давал посебна вредност и предност на игрите.

58.Кои се позитивни,а кои негативни страни на Германскиот систем (Егоцентризам) ?!

-Позитивни: неопходност од секојдневно физичко вежбање,воведување на нови справи и


изведување на нежбите за оформување на телото,унапредување на методиката на учењето на
вежбите на справи и примена на свесност и дисциплинираност.

-Негативни: занемарување на природните форми на движење,подценување на воспитното значење


на игрите и преголемо форсирање на строевите вежби.

59.По што се одликува физичката култура во Англија и какви вежби,игри биле вклучени?!

-По својата слобода во изборот на средствата,методите и во изборот на формите ..физички вежби и


разновидни игра со натпреварувачки карактер.

60.Која е заслугата на англискиот систем и која била неговата цел?!

-Применил и обработил многу народни игри,многу физички активности кои со својата


емоционалност биле мошно добро примени од учениците.

-Да го развиеорганизмот на човекот и да го оспособи за високи физички напори.

61.Кои се слабости на Англискиот систем?!

-Наполно елиминирање на гимнастиката како средство за вспитување,негирање на улогата на


учењето на одделни вежби и важноста на гимнастиката за коректното држење на телото.

62.Кој е основач на францускиот систем за физичко воспитување,која е неговата основна


карактеристика и како е познат?!

-Франциско Амороз ..бил уште послободен од Англискиот гимнастички систем и се залагал за


слободен,природен развој на човекот ..познат е како достапен,универзален систем.

63.Кое е основно методолошко барање на Францускиот систем,кои средства се применувале и што


за првпат е применето тука?!
-Активностите да се спроведуваат на отворено,на цист воздух и на сонце ..природни форми на
вежбање кои мозат лесно да се применуваат,усвојуваат и се достапни за различните возрасти ..за
првпат е применета медицинската контрола.

64.Вака поставеното физичко вежбање за што создало услови?!

-За организирано поставување на физичкото воспитување на научни основи.

65.Која е слабоста на Францускиот систем?!

-Негирањето на спортот и неговото воспитно значење и елиминиратњето на вежбите на справи,а


донекаде и на игрите што довело до шаблонизирање и еднообразност,а и до израз на монотонија.

66.Кога се формира Шведскиот систем,со каква задача,кое е основното средство за работа на овој
систем и како се изведувале вежбите?!

-Крајот на XVIII и почетокот на XIX век ..имал задача да постави рационална гимнастика со
разумно избрани и конкретни вежби,кои ке имаат конкретна функција за телото ..основно средство
биле вежбите за оформување на телото ..тие се изведуваат комбинирано во парови со специјално
изградени реквизити.

67.На што се внимавало при изведбата на вежбите и кои справи се употребувале?!

-На точноста на вежбите,на правилното дишење и на правилното држење на телото ..се


употребувале рипстолот,шведската клупа,јажињата за качување...

68.Уште како е познат овој систем и каков е карактерот на овој систем?!

-Како хигиенски гимнастички систем ..има корективен и терапевтски карактер.

69.Развојот на чешкословалиот систем со чие име се поврзува и која била задачата на


чешкословачкиот систем?!

-Се поврзува со Мирослав Тирш.

-Има двојна задача: да го сочува сдравјето на учесниците и да ги негува патриотските чувства кај
Чешко-словаците.

70.На колку групи се дели и кои се тие и кои справи се употребуваат?!

-Се дели на две поголеми групи: педагошко-воспитна и здравствена ..гимнастички справи*

71.Која е специфичноста на овој систем и каков карактер имаат вежбите?!

-Била сврзна со надворешните форми на вежбите.

-Имале манифестационен карактер.

72.Која е слабоста на овој систем?!

-Премногу форсирање на вежбите за сметка на игрите,а особено за сметка на спортските игри.


73.Што е тоа Филантропиум и кој е основач на Филантропизмот?!

-Тоа се оригинални просветни движења со специфични училишта ..основач е Јохан Базедов.

74.Кои се идеите на социјалистичкиот Утопизам и кој за првпат го употребува?!

-Создавање на безкласно општество во кое нема да има експлатација и поделба на класи и


општество без социјални разлики кое се создава по пат на еволуција ..Thomas Mhor.

75.Во што се состои историската заслуга на Маркс и Енгелс?!

-Создале наука за развој на природата и општеството,наука за пролетаркса револуција и победата


на социјализмот.

76.Каква била тенденцијата на буржоазијата за спортот и физичкото образование?!

-Да ги насочи во правец во кој би е елиминирала класната определеност на учесниците ..тоа значи
дека спортот би служел за забава и би имал за цел да ја одврати работничката класа од класната
борба.

80.Која е главна карактеристика на социјализмот,за што се грижи социјализмот за физичката


култура и за разлика од капитализмот овде за што служи физичката култура?!

-Главна карактеристика на социјализмот е тоа што средствата за производство се во рацете на


работникот,односно во општествена сопственост ..се грижи да ја приближи физичката култура до
сите слоеви на населението,односно се стреми физичката култура да биде општествена
сопственост на сите и да биде целосно свртена кон човекот и неговите потреби и за неговите
можности ..за разлика од капитализмот каде физичката култура служи како средство за
експлоатација на работните луѓе,во социјализмот и во соц.-капитализмот таа служи за создавање
на подобри меѓучовечки односи за подобри контакти меѓу луѓето,за подобро меѓусебно
познавање.*

81.Што подразбираме под зборот систем,кои подсистеми ги има физичката култура и по што се
разликуваат подсистемите?!

-Збир на активности поврзани помеѓу себе,така да сочинуваат едно единство или органска
целина .. 4 подсистеми (физичко воспитување и образование,спорт,спортска рекреација и
кинезитерапија ..се разликуваат по задачите кои ги имаат,по формата на работа,по методите...

82.Од кои дела е структурата на физичката култура?!

-Структурата на подсистемот физичко воспитување и образование е составена од 5 делови:


физичко воспитување и образование во предучилишна возраст,во основните училишта,во
средните училишта,во високот школство,во армијата и во полицијата*

83.Како се дели подсистемот спорт,а како подсистемот рекреација?!


-Подсистемот спорт се дели на 4 специфични дејности и тоа: пионерски спорт,младински
спорт,јуниорски спорт (сениорски) и професионален спорт ..подсистемот рекреација се дели на:
спортска рекреација во процесот на работата и спортска рекреација во слободното време.

84.Спорт функциите кои се реализираат,како може да се подели физичката култура?!

-Фукнциите кои се реализираат во сложениот систем на физичката култура можат да се поделат


на неколку подсистеми и тоа: подсистем на организација на физичката култура во работните
колективи,подсистем на школување на стручни кадри,подсистем на финансирање,подсистем на
натпреварување,подсистем на планирање,програмирање и управување на организацијата.

85.Секој од овие подсистеми каде се среќава и кој е основниот пронцип на кој се темели нашата
физичката култура (објасни)?!

-Во едукацијата,во спортот и во рекреацијата ..се темели на: принципот на задолжителност и


принципот на доброволност.По првиот се организираат сите подсистеми на физичкото воспитание
и образование и се организира активноста на физичата култура во армијата.Другиот принцип важи
за спортот и спортската рекреација.Тоа се вончасовните активности,што не значи дека овде не
може да се примени принципот на задолжителност.Во главно застапени се овие два принципи на
орг. на физичката култура која ќе мора да се трансформира во кинезиологија.*

86.Во кои установи се реализира активноста на физичката култура во Р.Македонија?!

-Во основни единечни келии кои го сочинуваат системот на организациите на физичката


култура.Тоа се: предучилишни установи,градинки,основни училишта,средни училишта,факултети
и армијата.

87.Во општествените организации за физичката култура како се отстваруваат активностите?!

-Преку организациони форми на работа,односно преку тренирање наставни


часови,натпревари,зимски и летни спортски логорувања.Тие организации се:
секции,клубови,друштва,спортски организации...

88.Каква е целта на стручните органи и друшства во Македонија?!

-Практично и теоретски да ги унапредуваат разните подсистеми на физичката култура и


непосредно да раководат со стручната работа,со спортските клубови,друштва и сојузи.

89.Во кои принципи се организирани општествените организации во Р.Македонија и кој треба да


биде најодговорен стручен орган?!

-2 принципа: организација по територијален систем на локална самоуправа и по произволен


систем,односно принцип ..најодговорен треба да биде *******

90.Што е физичко образование,а што е тоа воспитание?!

-Подсистемот физичко воспитание и образование може да се сфати како плански и систематски


процес во кој со примена на различни кинезиолочки активности се цели да се одржи биолошкиот
статус на човекот,да се подобрат неговите биомоторички способности,неговите когнитивни
(интелектуални) способности и неговите конативни (карактерни) способности и да помогне во
неговата подобра соц.адаптација.*

91.Која е нивната цел и кои организациони форми се применуваа во овие подсистеми?!

-Целта на овој подсистем е да го оспособи човекот за самостоен и заеднички живот во


општеството,за одржувањето и усовршувањето на биолошкиот статус кај човекот ..се
употребуваат: часовите по физичка култура (активности познати како вончасовни кои може да се
изведуваат во рамките на училишното спортско друштво,во рамките на спортските секции (преку
натпревари,излети и логорувања).

92.Која е основната карактеристика?!

-Основна карактеристика е тоа што часот задолѓително се раководи од педагог по физичко


воспитание,има времетраење кое зависи од возраста на учениците и трае од 20-45минути,на часот
се реализираат задачи предвидени со наставната програма.Часот има 3-4 дела во зависност од
возраста на учениците.

93.Кои се деловите на часот и кој е основен принцип при изведувањето на часот?!

-Воведен,главен,завршен (кај помладите) и уводен/подготвителен,главен и завршен (кај


постарите).

-Основни принципи при изведување на часот се: да се тргне од полесно кон потешко,од познато
кон непознато,од поедноставно кон посложено,од акт. со помало ептеретување кон акт. со
поголемо оптеретување.*

94.Што се тоа вончасовни активности,училишни друштва,излети и логорувања?!

-Се применуваат како едно од можните средства за физичка активност надвор од одредените
часови по наставниот план.Тие се всушност можност да се компензира и надополни физичката
неактивност на учениците на другите часови и како можност да се учествува во одредени форми
на работа кои неможат да се применат на редовните часови.

-Училишно друштво е форма на работа која се јавува во поразвиените училишта.Тука се


вклучуваат учениците,наставникот и други фактори кои придонесуваат за подобрување на
материјалната состојба на друштвото.

-Излетите се форма на работа која има воспитно значење и се организираат обично целодневно во
околината на местото на живеење.Се практикуваат со пешачење,а на тие места треба да има
терени за одвивање на спортски активности или пак блиску до некои историски места.

Логорувањата може да бидат зимски и летни,а се применуваат онаму каде има услови за
спроведување на часовие по физичко воспитание во изменети услови,а се применуваат оние
елементи что се учеле на часовите по физичко воспитание.Летните се покрај река,езеро,море,а
зимските на планина (активност на снег).Обично траат 7 дена.

95.Кои методи на организирање на наставниот процес настануваат (постојат) ?!


-Фронтален метод на работа,метод на работа по групи/одделенија,кружен метод на работа и метод
на станици.

96.Во кој дел се применува фронталниот метод на работа,што овозможува овој метод и која е
неговата практична страна?!

-Има примена во подсистемот физичко воспитание и образование,особено во работата со


помладите возрасти ..овозможувана сите учесници истовремено обучување на одделни елементи
или дисциплини ..практичната страна е тоа што учениците можат во секое време да ги
употребуваат своите моторички способности заедно со своите другари,а тоа делува стимулативно
сите ученици што побрзо да ја усвојат поставената задача.

97.Што е метод на работа по одделенија,како се изведува,каде се применува и во што е предноста


на овој метод?!

-Има широка примена во сите возрасти,посебно школските.Тука работата е организирана по групи


кои се формираат според моторичките способности,според полот или според задачата која ке се
применува на часот ..групите се составени од 8-10 учесници во кои има подбри и послаби.За време
на активноста секое одделение има своја задача,а работат под контрола на наставникот и со помош
на предводниците на групите ..предноста на овој метод е што може да се примени во скромни
материјални услови,а со менување на групите од едно материјално место на друго,постојните
правила и реквизити порационално се користат.

98.Што е кружен метод на работа,која е целта на работа и каква цел се применува,заради


мотивација што се применува?!

-Метод во кој вежбањето или активностите се одвиваат во серии со мали паузи и смени,а е
преземен од системот спорт за да се интензивира наставата по физичко воспитание ..целта е
самостојно вежбање,индивидуално следење на своите резултати и индивидуално дозирање на
оптоварувањата ..се применува максимален тест кој се состои од максимално повторување на
одредени вежби з одредено време или до отказ ..за мотивација секој ученико води евиденција каде
ги бележи постигнатите лични резултати за одделните часови.

99.Кои се специфичности при изведбата на часот по физичкото образование кај децата со


психофизички пречки (кои се нивните антрополошки __________________ карактеристики,деца со
пречки во развојот,глувонеми и слепи)?!

You might also like