Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Посета во Мамре. Исак уште еднаш ветен.

Пропаста на Содом е
објавена. Авраамовата молба. (1. Мој. 18, 1-2; 3-5; 6-9; 11-15; 17-19; 20-
25; 26-31 - Шесто јавување)

1. Потоа му се јави Господ кај дабот Мамре кога седеше пред вратата од шаторот
свој, на пладнина.
2. Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако
ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот свој, и им се поклони
доземи.

Со самите почетни зборови, ни станува јасно дека станува збор за ново


Богојавление кое се случило кај дабот Мамре. Ова јавување е во вид на Тројца патници
(2ст.), и се поставува прашањето - кои се овие Тројца патници ? Светото Писмо ни дава
цврста основа и ни покажува дека станува збор за Втората Ипостас од Света Троица -
Словото и двајца ангели. За тоа ни сведочи првиот стих од 19 глава, каде што се укажува
дека овие двајца ангели се упатиле кон градот Содом. Исто така, некои црковни писатели
го толкуваат ова јавување на Света Троица, кое се одразило во иконописното
изобразување (Андреј Рубљов).

3. И рече: „Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата
Свој!
4. Ќе Ви донесам малку вода: измијте ги нозете, па одморете се малку под ова дрво!
5. И ќе Ви изнесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај
слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.” Тие рекоа: „Направи, како
што рече!”

Обичајот на гостопримството налагал домаќинот на домот, на патниците кои се


приближувале да им овозможи да се одморат и ободрат, со тоа што првото понудено
јадење морало да биде помало од второто. Ваквото гостопримство пред се било со намера
можните непријатели да ги преобрази во времени пријатели. Миењето на нозе на гостите
во Палестина било исто така карактеристичен и задолжителен знак на гостопримство,
бидејќи на нозете како обувки биле користени лесни сандали, а климата на Блискиот
Исток била топла, и барала миење на нозете (1. Мој. 24, 32; 43, 24;)
6. И Авраам отрча во шаторот кај Сáра, и ѝ рече: „Замеси брзо три мерки чисто
брашно и испечи погачи!”
7. Па отрча кај говедата и фати теле младо и угоено, и му го даде на момокот, и
тој побрза да го зготви.
8. Па потоа изнесе масло и млеко и телето, што беше зготвено, и им принесе; и тие
јадеа, а тој самиот стоеше пред нив под дрвото.
9. Тогаш тие го прашаа: „Каде е Сáра, жената твоја?” А тој одговори: „Ене ја во
шаторон.”

Во 8 стих се вели „и тие јадеа” што јасно се укажува дека не станува збор за
никакво привидение, а во 9 стих се вели дека Сáра останала во шаторот, и ни укажува на
обичајот мажите жените да не јадат заедно.

11. Авраам и Сáра беа стари и возрасни, и кај Сáра беше престанало редовното кај
жените.
12. Затоа Сáра се насмеа во себе, велејќи: „Бидејќи сум остарела, сега ли ќе ни дојде
радоста? А и +господарот ми е стар.”
13. Тогаш му рече Господ на Авраама: „Зошто се насмеа Сáра во себе, велејќи –
Вистина ли е дека ќе родам кога сум остарена? –
14. Има ли нешто неможно за Господа? Догодина во ова време Јас пак ќе дојдам при
тебе, и Сáра ќе има син.”
15. Но Сáра не призна и рече: „Не се насмеав,” бидејќи се беше уплашила. А Он рече:
„Не, ами ти се насмеа.”

Иако Сáра била стара, и по законите на природата не можела да забремени, Бог


преку неа ни ја покажува семоќта Божја. Согледуваме разлика во смеењето на Авраам и
Сáра. Смеењето на Сáра не исто така невино како Авраамовото, но олеснителна околност
за неа е што сèуште не го познала Господ.

17. А Господ рече: „Како да кријам од Авраама, слугата Свој, што сакам да
направам?
18. Та од Авраама ќе излезе голем и силен народ, и преку него ќе бидат благословени
сите народи на земјата.
19. Оти него го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да
одат по патот Господен и да извршуваат правда и суд, за да може Господ да го
исполни она, што му го вети на Авраама.”

Бог му соопштува на Авраам за судот над Содом и Гомор со цел истото тоа да не се
повторува понатаму.

20. И рече Господ: „Голем повик е против Содом и Гомор, и гревовите нивни се
претешки.
21. Затоа ќе слезам за да узнаам и да видам дали така се прави, како што повикот
доаѓа до Мене, или не.”
22. Оттаму луѓето тргнаа кон Содом, додека Авраам уште стоеше пред лицето на
Господа.
23. Тогаш Авраам се приближи и рече: „Сакаш ли да го уништиш и праведниот со
неправедниот и ќе биде ли праведниот како неправедниот?
24. Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе ги погубиш и нив, а да
не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?
25. Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та
исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не;
зарем Судијата на целата замја нема да суди право?”

Овде го согледуваме Авраамовото застапништво и точното утврдување на


праведниците во Содом и Гомор.

26. И рече Господ: „Ако во градот Содом најдам педесетмина праведници, ќе го


запазам градот и целото место заради нив.”
27. А Авраам одговори и рече: „Еве, се осмелив да Му проговорам на Господа, иако сум
земја и пепел.
28. Можеби да има праведници од педесет пет помалку; зар заради тие пет ќе го
затреш целиот град?” Он одговори: „Нема тоа да го направам, ако најдам
четириесет и пет.”
29. И го продолжи разговорот со Него и рече: „Можеби ќе се најдат таму
четириесет?” Он, пак, одговори: „Нема да го направам ни поради тие
четириесет.”
30. Потоа рече: „Нека не се налути Господ, ако речам – можеби ќе се најдат
триесет?” – Он рече: „Нема да го направам, ако најдам триесет.”
31. И пак рече: „Еве, се осмелувам одново да Му проговарам на Господа – можеби ќе
се најдат дваесет?” „Нема да го уништам – рече – ни заради тие дваесет.”

Авраам ја намалува бројката до десет праведници. За тоа зашто Авраам запрел до


бројот десет има две мислења : 1. Затоа што десет е најмалата бројка на луѓе која што би
можела да повлијаат на останатите; и 2. Авраам бил убеден дека има толку праведници,
сметајќи го и семејството на Лот.

Уништување на Содом. Лотовото спасување. Гревот на ќерките Лотови.


(1. Мој. 19, 1-3; 4-10; 11; 12-17; - Седмо јавување)

1. Оние два ангела стигнаа вечерта во Содом кога Лот седеше пред портата
содомска. А кога ги виде Лот, стана да ги пресретне, и се поклони доземи.
2. И рече: „Господари мои, влезете во куќата на слугата Ваш, да преноќевате, и
измијте си ги нозете Свои; па утре рано, кога ќе станете, одете си по Својот
пат.” А тие рекоа: „Не, тука ќе ноќеваме на улица.”
3. Но тој настојуваше, и тие појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги
нагости, им испече лебови пресни, и јадеа.

Ангелите го посетуваат Содом за да увидат дали ќе пронајдат 10 праведници.


Праведниот Лот ги поканува овие патници во својот дом бидејќи ја знаел опасноста
доколку преноќат на улица. На гостите им принесува бесквасен леб, бидејќи немало време
да се испече квасен. Во тоа согледуваме аналогија со пасхалните бесквасни лебови.

4. И уште не беа легнеле, а граѓаните содомски се насобраа околу куќата, стари и


млади, целиот народ од сите краишта на градот.
5. И го повикаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа да ноќеваат кај тебе?
Изведи ги да бидеме со нив!”
6. Лот излезе пред нив до влезот, ја затвори вратата зад себе,
7. и им рече: „Браќа мои, немојте да правите зло!
8. Еве имам две ќерки, кои уште не биле со маж; ќе ги изведам кај вас, па правете со
нив што ви е угодно; само на оние луѓе не правете им ништо, бидејќи се дојдени
под покривот на мојот дом.”
9. А тие му рекоа: „Мавни се оттука! Си дошол ваму да живееш како придојден, па,
и ќе ни судиш ли? Сега со тебе ќе постапиме уште полошо отколку со нив.” Па
навалија силно на човекот, на Лота, и се доближија да ја кршат вратата.
10. Тогаш оние мажи ги протегнаа рацете свои надвор и го вовлекоа Лота кај себе, во
куќата, и ја затворија вратата од куќата.

Во овие стихови ни се опишува поведението на Содомјаните. Оваа група која што


го опколила домот, била спремна да изврши насилство врз оние кои дошле. Смислата на
приносот на своите ќерки место гостите (8 ст.) е во тоа што Лот се покажува како
високодостоинствен домаќин, кој е спремен да го принесе и најмилото за да го исполни
својот долг за заштита на гостите, и како втора опција да ги разубеди Содомјаните со
приносот на ќерките, што најверојатно биле верени за некој од нив, со цел да ги стави во
незгодна ситуација.

11. А луѓето, кои беа пред портата куќна, наеднаш ослепеа, од мал до голем, и не
можеа да ја најдат вратата.

Жителите на Содом се казнети со слепило, и тоа е чудо извршено од страна на Бог.

12. Тогаш оние мажи му рекоа на Лота: „Ако имаш зетови, синови или ќерки, или кој
и да било свој во овој град сите нив изведи ги од ова место!
13. Зошто сакаме да го сотреме ова место, бидејќи повикот против нив е голем пред
Господа, па нè испрати Господ нас да го уништиме.”
14. И излезе Лот, и им кажа на зетовите свои, на кои сакаше да им ги даде ќерките
свои, и им рече: „Станете, одете си од ова место, зашто Господ сега ќе го сотре
свој град!” Но на зетовите негови им се причини оти се шегува.
15. А кога зората зазори, навалија ангелите на Лота да побрза и му рекоа: „Стани,
земи ја жената своја, и двете ќерки твои, кои се тука, за да не загинеш поради
беззаконието на овој град!”
16. Но тој се двоумеше. Затоа ангелите го фатија за рака него, жената негова, и
двете ќерки негови, оти Му беше жал на Господа, и ги изведоа, па ги оставија
надвор од градот.
17. А кога ги изведоа надвор од градот, еден од нив рече: „Спасувај се и спаси ја
душата своја; и не обѕрнувај се назад, не запирај никаде во оваа околина! Бегај на
оној рид, за да не загинеш.”

Ангелите бараат од Лот заедно со своето семејство да го напушти Содом, а кога тој
откажува да го направи тоа, ангелите насила го извеле.

Раѓањето на Исака. Истерување на Исмаила и неговата мајка.


Авраамовиот завет со Авимелеха. (1. Мој. 21, 1-5; )

На ова јавување му претходи своевидна расправа - недоразбирање помеѓу Авраам и


Сáра. Оваа расправа настанала поради изгонувањето на Исмаил - синот на Авраам со Агара. Во
ова јавување Бог му објавува на Авраам дека неговото потомство ќе се нарече по Исак - неговиот
син со Сáра.

1. И Господ милостивно погледна на Сáра, како што беше рекол, и ѝ направи Господ
на Сáра како што ѝ беше рекол.
2. Сáра зачна и му роди на Авраама син во староста негова, во време кога што му
беше рекол Господ.
3. И Авраам го нарече со името Исак, синот што му се роди, кој му го роди Сáра.
4. И го обреза Авраам синот свој Исака во осмиот ден, како што му беше заповедал
Господ.
5. Авраам имаше сто години кога му се роди синот Исак.
Ја согледуваме послушноста на Авраам и неговото исполнување на Божјата волја.
Од овие стихови претпоставуваме дека е воведена практиката, машкото новороденче да
биде обрезано во осмиот ден и да му се даде име.

1. Детето порасна и беше одбиено. А Авраам приреди голема гозба во оној ден кога
го одбија Исака, синот негов.
2. Виде Сáра дека синот на Агара Египтјанката, што му го роди таа на Авраама, се
потсмева со нејзиниот син Исак.
3. Па му рече на Авраама: „Истерај ја оваа робинка со синот нејзин, зашто синот
на оваа робинка не бива да стане наследник со мојот син Исака!”
4. А тоа на Авраама му беше многу тешко, поради синот негов Исмаила.
5. Но Бог му рече на Авраама: „Нека не ти е криво заради детето и робинката! Сè
што ќе ти рече Сáра, послушај го гласот нејзин, зашто по Исака ќе се нарече
потомството твое.
6. А и од синот на робинката ќе издигнам голем народ, зашто тој е семе твое.”

Во овие стихови постои игра на зборови со смеењето/потсмевнувањето, бидејќи


самото име Исак (смеа) е оној од кого што ќе произлезе ветеното потомство (12ст.), а во
13 ст. се говори дека заради Авраам не е лишен од благословот ни Исмаил.

Жртвувањето на Исака. Потврдување на заветот. Нахоровите потомци.


(1. Мој. 22 1; 2; 3; 4-6; 7-10; 11-18; - Осмо јавување)

1. По тие настани Бог, искушувајќи го Авраама, рече: „Аврааме!” А тој одговори:


„Еве ме!”

Во оваа глава ни се говори за Осмо Божјо јавување на Авраам. Во овој стих се


укажува на редоследот на настаните. За време на овие случувања, Исак бил на возраст во
која што можел сам да ги носи дрвата, а бидејќи Исак е праобраз на Господ Исус Христос,
светите Отци сметаат дека бил на 33 годишна возраст, т.е. истата возраст на која
пострадал Христос на крстот. Митрополитот Филарет Дроздов ни говори за два вида на
искушение: искушенија во зло (зли намери), и искушување во добро, коешто е всушност
испитување кое има за цел да ја зацврсти верата и надежда во човекот за да биде пример
на другите луѓе. Оваа жртва каде што таткото го принесува синот, ни ја претскажува
Христовата жртва.

2. Бог продолжи: „Земи го сега саканиот син твој Исак, па оди во земјата Морија, и
принеси го таму како жртва сепаленица на една горичка што ќе ти ја покажам!”

Во овој стих се укажува на тешкотијата и односот којшто го имал Авраам кон


неговиот син. Земјата Морија (што значи видение) се наоѓа во близина на истоимениот
рид, и како место се споменува во 2Лет. 3, 1. Постои мислење дека на овој рид бил
подигнат Соломоновиот храм, а постои и друго мислење, дека ова е местото Голгота каде
што бил распнат Господ Исус Христос.

3. И утредента рано, откако стана, Авраам го оседла ослето свое, зеде со себе
двајца од слугите свои и Исака, синот свој; па, откако исцепи дрва за жртвата,
се крена, појде и дојде на местото, за кое му рече Бог.
Во овој стих ја согледуваме верата на Авраам, и толкување на овој стих ни дава
светиот апостол Павле: „оти тој мислеше дека е Бог силен и дека мртви може да
воскреснува, поради кое го прими како праобраз на воскресението.” (Евр. 11, 19), т.е. дека
Бог Којшто благоволил да им се роди Исак на Авраам и Сáра, можел и од мртвите да го
воскресне.

4. На третиот ден, кревајќи ги очите свои, Авраам го здогледа местото оддалеку.


5. И им рече Авраам на слугите свои: „Останете вие овде со ослето, а јас и детето
ќе одиме онаму, па откога ќе се помолиме, ќе се вратиме кај вас.”
6. И зеде Авраам дрва за жртвата, му ги натовари на Исака, синот свој, а самиот
тој зеде во свои раце огнило и нож; па отидоа обајцата заедно.

Тридневното Авраамово одење ни укажува за неговата утврденост во верата, т.е.


неговите постапки кои следат се осмислени. Исак е праслика на Христос, односно: Исак
ги носи дрвата за жртва - Христос го носи Својот крст; Исак е целосно послушен на својот
татко Авраам - Христос е целосно послушен на Бог Отец.
7. Тогаш му рече Исак на Авраама, таткото свој: „Татко!” А тој одговори: „Што
е, синко!” И рече Исак: „Ете огнило и дрва, а каде е јагнето за жртва?”
8. А Авраам одовори: „Бог ќе си предвиди, синко, јагне за жртва.” И обајцата го
продолжија патот заедно.
9. И стигнаа до местото, за кое му беше рекол Бог. Тука Авраам направи жртвеник,
и кладе дрва на него, а откако го врза Исака, синот свој, го стави на жртвеникот
врз дрвата.
10. Тогаш Авраам ја пружи раката своја и го зеде ножот да го заколе синот свој.

Во овие стихови согледуваме во што се состои Христовата праслика во Исак,


бидејќи тој претпоставува што следи, покажува пример на безгранична послушност и
доверба во својот татко, т.е. како што Христос со својата доброволна жртва постапил
според волјата на Својот Отец (Мат. 26, 42). Очигледен пример е „откако го врза Исака”,
што значи дека Исак доброволно ја прифатил жртвата, бидејќи бил на возраст во која што
лесно можел да му се спротистави на Авраам.

11. Но ангел Господен викна од небото, и рече: „Аврааме! Аврааме!” А тој одговори:
„Еве ме!”
12. И ангелот продолжи: „Не кревај рака своја на детето, и не прави му ништо! Еве,
сега знам, оти се плашиш од Бога штом не го пожали ни саканиот свој син заради
Мене.”
13. И Авраам ги крена очите свои и погледа: а тоа – зад него овен, кој се беше
сплеткал со роговите во гасталакот. И Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе
како жртва сепаленица место синот свој.
14. И го нарече Авраам ова место: „Господ ќе предвиди.” Затоа и денес се вели: „На
горичката Господ се јави.”
15. А ангелот Господен повторно го викна од небото Авраама,
16. и рече: „Се колнам во Себе – вели Господ – кога така направи, и не го пожали
саканиот свој син заради Мене.
17. Навистина, Јас ќе те благословам и преблагословам, и потомството твое ќе го
умножам и преумножам како ѕвездите на небото и како +песокта на морскиот
брег! А потомците твои ќе ги завладеат градовите на непријателите свои.
18. И ќе бидат благословени преку потомството твое сите народи на земјата,
зашто го послуша гласот Мој.”

Ангелот Којшто се јавува и го запира Авраам, светите Отци го идентификуваат со


Синот Божји до Неговото овоплотување.
Божјите јавувања на Исак (1. Мој. 25, 20-23; 26, 24;)

Прво Божјо јавување на Исак (25 глава)

20. А Исак имаше четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерката на


Арамеецот Ватуило од Месопотамија сириска, сестра на Арамеецот Лаван.

21. И Исак Му се помоли на Господа за жената своја, бидејќи таа беше неплодна;
и Бог го чу, па Ревека, жената негова, зачна.

22. Но децата се удираа едно со друго во утробата нејзина, и таа рече: „Ако биде
така, зошто ми е ова?” И отиде да Го праша Господа.

23. А Господ ѝ рече: „Две племиња има во утробата твоја, и два народа ќе
излезат од тебе; едниот народ ќе биде посилен од другиот и поголемиот ќе му
служи на помалиот.”

Oва откровение е за потомството на Исак. Од Исав настанува Идумејскиот народ, а


од Јаков Израилскиот. Ова откровение се исполнило во времето на цар Давид кога ја
покорил Идумеја, и после вавилонското ропство кога Јован Хиркан ја потчинил Идумеја
под своја власт.

Второ Божјо јавување на Исак (26 глава)

Ова јавување се случило откако Исак бил приморан, заради гладот во неговото
родно место, да замине за Египет, но бил задржан во Герар. Во ова Божјо јавување биле
повторени претходните ветувања за неговото потомство.

Трето Божјо јавување на Исак (26, 24)

24. И истата ноќ му се јави Бог, и му рече: „Јас сум Бог на Авраама, таткото
твој. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе, ќе те благословам и ќе го умножам
потомството твое заради Авраама, таткото твој.”

Ова јавување се случило на патот од Герар за Вирсавија. Имено, Исак бил


приморан да замине од Герар. Сите овие Божји јавувања биле голема утеха за Исак.

You might also like