Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

1.

Сите барања(влијателни фактори) при избор на материјал се делат на: хемиски, физички, механички и
димензионални особини.

2.Тродимензионалната мрежа составена од точки - јазли, кај материјалите, се нарекува кристална решетка.

3. Зајакнувањето на металите со цврст раствор сео двива со:додавање на други атоми - добивање легура.

4. Калењето е термичка постапка за зајакнување на металите.

5. Рамнините кај кристалните решетки, кои во себе содржат најголем број на атоми, и по кои се одвива
пластичното деформирање на материјалот, се нарекуваат: рамнини на лизгање.

6. Зајакнување со калење претставува процес на: загревање и брзо ладење на металот.

7. Точкестите несовршености кај кристалната решетка се јавуваат како: вакансија – отсуство на основен атом.

8. Атомската структура на материјалите е опфатена со: распоред на атомите.

9. Кривата на зависност на температурата и времето на ладење на еден метал кај еднокомпонентни дијаграми на
состојба се нарекува:крива на ладење.

10. При избор на конструктивен материјал, прво се избира: типот на материјалот (категорија).

11. Науката која се занимава со изучување на микроструктурата на металите, фазите на кристализација, нивната
распределба, видот и обликот на металните зрна, се нарекува: металографија.

12. Појавата на повеќе кристални структури кај еден метал, стабилна на различни температури се нарекува:
полиморфизам.

13. Процесот на зајакнување на металите при кој се врши заробување на примесните и легирачките атоми во
кристалната решетка, при што истата се деформира, се нарекува: зајакнување со цврст раствор.

14.Процесот на преминување на металите од течна во цврста состојба кој се карактеризира со распределување


на атомите по законот на симетрија формирајќи „идеална“структура, сенарекува: кристализација.

15.Познат метал кој има повеќе алотропски модификации во својата структура е: челик.

16. Кои се особини спаѓаат во категоријата Механички особини: јакост, пластичност, жилавост, пластичност.

17. Наведи ги начините на зајакнување на металите: со цврст раствор, калење, со издвојување и со гмечење.

18. Зацврстувањето на металите, кристализацијата, започнува со појава на центри на кристализација, се шират и


си пречат во растењето.

19. Подреди ги поредослед чекорите на една метлографска анализа:


1. Поставување на парчето под микроскоп
2. Сечење на парчето
3. Нагризување
4. Брусење
5. Калапење на парчето во заливна маса
6. Полирање

20. Со избор на соодветен легирачки елемент и термичка обработка, се врши растворање односно сместување на
легирачките атоми вомеѓујазолен простор. Оваа постапка се нарекува

21.Наведи ги кристалните системи во кои кристализираат повеќето метали и метални соединенија:

22. Зајакнување со гмечење претставува: пластично деформирање на материјалот.

23. Зајакнувањето со издвојување уште се нарекува: пресипитација.

24. Обликот, распоредот и големината на основните структурни честици како: металните зрна, фазите и деловите
на фазите, ја претставуваат: микроструктурата на материјалите.

25. Дијаграмите на состојба – фазните дијаграмислужат за: прикажување на начинот на формирање и развивање
на микроструктурата на материјалите.

26. Ако атомите или јоните на цврстото тело имаат тродимензионален распоред кој се повторува, тогаш се
работи за кристална структура.

27. Кај металните легури, зацврстувањето се случува во чекори, на различни температури.

28. Главните групи на инженерски материјали се: метали, керамики, полимери и композити.

You might also like