Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес

ПРАКТИЧЕН ПРИКАЗ ЗА РЕАЛИЗИРАН НАСТАВЕН ЧАС


- дневна подготовка за реализација на часот по спорт и спортски активности –

Дата: Предмет: Спорт и спортски активности Година: II клас:1-8


Тема: РАКОМЕТ Наставник: проф. Ангелче Гушев
Наставна содржина: Ставови во одбрана и блокирање на удар на гол
Тип на часот: Совладување Час број::

А. ОПЕРАТИВНИ ЦЕЛИ
Конструктивистичко учење
Ученикот треба да се оспособи за:
- да знае да ја води топкака
- да знае да ја прима топката
- да знае да ја додава топка
- да знае да брани и блокира удар на топка во рамките на играта

Развивање на нови моторички движења т.е. совладување на ста-


вови во одбрана и блокирање на удар на гол, односно спортско –
Образовни цели: техничко образование за ракометната игра, запознавање со тео-
ријата на ракометната игра.
развивање и негување на:
- позитивен однос кон општествената средина и колективот
- толератност, комуникативност, алтруизам
- точност, прецизност и одговорност во работата
Воспитни цели: - патриотизам, хуманизам
- разонода
- влијание врз кардиоваскуларниот систем, сетилните органи, мус-
Биолошки цели: кулните групи и нивно јакнење и развивање

Наставни методи: демонстрација, објаснување, разговор

Наставни форми: индивидуална, групна, колективна и работа во пар


Наставни средства,
реквизити и помагала топка за ракомет

Предходна подготовка на наставникот и учениците


Подготовка на наставникот Подготовка на учениците
- да го осмисли комплексот на вежби во:
* воведниот дел ; - да знае да ја води топкака
* подготвителниот дел; - да знае да ја прима топката
- да ја координира целосната поставеност на - да знае да ја додава топка
учениците во организирањето на - да знае да фрла на гол
совладувањето на ставови во одбрана и - да знае да брани топки и да ги знае
блокирање на удар на гол ставовите во одбрана и да брани удар на гол
- да го артикулира текот на наставниот час во
сите негови четири делови

Подготовка на наставникот

проф. Ангелче Гушев …………………………………………………………………………Спорт и спортски активности 1


ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес

Артикулација на наставниот час

Воведен дел: (5 мин) - превземање на учениците строј, присутност


- вежби за раменски појас и горни екстремитети
- вежби за труп
Подготвителен дел: (10 мин) - вежби за карличен дел
- вежби за долни екстремитет
- ставовите во одбрана со блокирање на удари на гол (шут)
Главен дел: (25 мин) - блокада скок шут со една рака
- блокада скок шут со две раце
- блокада на шут од тло со две раце
- техника на движење без топка
-одбрана врз пикер во прием на топка
- разговор за ставовите во одбрана и блокирање на удар на гол
Завршен дел: (5 мин) во ракометната игра и нејзините правила во целост

Б. ТЕК НА ЧАСОТ (ДИДАКТИЧКА АРТИКУЛАЦИЈА)

ВОВЕДЕН ДЕЛ – (содржина и методски приод) – 5 минути


Во овој дел од доаѓа до превземање на учениците за час и нивно постројување во една врста. По
добиената команда започнуваат да се движат во круг, а потоа од движење да поминат во лесно трчање,
поскоци, поскоци во страна и сл., каде што учениците ќе бидат физиолошки, емоционално и
организационо воведени во понатамошната работа на часот.

ПОДГОТВИТЕЛЕН ДЕЛ - (содржина и методски приод) – 10 минути


1.

опис: Став спетен, (колената се малку свиткани) предра-


чување, наизменично преклопување на дланките нагоре и
надолу

дозирање: 10 -12 пати

2.

опис: Став спетен, (колената се малку свиткани) предра-


чување горе, со потклекнување низ прирачување задрачу-
ваме надвор, затклонување со трупот и главата, по истиот
пат се враќаме назад во почетна положба

дозирање: 10 -12 пати

3.

опис: Став расчекорен (колената се малку свиткани),


одрачување, засук на трупот на десна и лева страна,
рацете го следат движењето.

дозирање: 10 -12 пати

проф. Ангелче Гушев …………………………………………………………………………Спорт и спортски активности 2


ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес

4.

опис: Став расчекорен (колената се малку свиткани),


одрачување, два мали круга во одрачување, два челни
круга надолу со подлактица, два челни круга надолу со
испружени раце.

дозирање: 10 -12 пати

5.

опис: Став расчекорен (колената се малку свиткани),


раце на половина, полека ја движиме главата на лева и
десна страна

дозирање : 10 -12 пати

6.
опис: Став расчекорен (колената се малку свиткани),
раце на половина, засук на вратот на десно и засук на
вратот на лево

дозирање : 10 -12 пати

7.
опис: Расчекорен став со получучнување, мал претклон
напред, предрачување долу, дланките се на колената,
расчекорно свртување во лево со потчучнување, прирачу-
вање, расчекорно свртување во десно со потчучнување,
враќање во почетна положба.

дозирање : 10 -12 пати

8.
опис: Седење разножно, згрчена лева нога, колената се
надвор, одрачи згрчено (дланките се пред рамениците),
претклон, предрачување, предножување на стапалото ви-
соко горе, се враќаме во почетна положба. Затклон во се-
дечка положба со потпор на подлактици, предножување
на десно стапало високо горе, се враќаме во седење раз-
ножно со згрчена лева нога, колената се надвор, одрачу-
ваме згрчено.

дозирање : 10 -12 пати

проф. Ангелче Гушев …………………………………………………………………………Спорт и спортски активности 3


ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес

9.
опис: Седење вкрстено „турско седење” одрачување згр-
чено, дланките се на тилниот дел, длабоко претклону-
вање, се враќаме во почетна положба, засук во лево, од-
рачуваме во десно, отсук и засук во десно, одрачуваме со
лева рака.

дозирање : 10 -12 пати

10.

опис: С'е е исто како во вежба 9, само се работи со


другата нога.

дозирање : 10 -12 пати

11.
опис: Седење разножно, одрачуваме, мало претклону-
вање кон десната нога, надрачување, предножување на
стапалото, зиб во таа положба, предножување на стопало-
то на другата страна. Засук на трупот во десно, надра-
чуваме со челни кругови, отсук, предрачуваме. Седење
разножно, предрачуваме, зибови во претклон.

дозирање : 10 -12 пати


12.
опис: Седење полузгрчено споено со потпирање на под-
лактиците, високо предножување на десната нога, ниско
предножување на десната нога, згрчено предножување на
десната нога, ниско предножување на десната нога, вра-
ќање во почетна положба, за време на работата стапалото
е предножено. Истото се повторува и со другата нога.

дозирање: 10 -12 пати

ГЛАВЕН ДЕЛ - (содржина и методски приод) – 25 минути


Ставовите во одбрана со блокирање на удари на
гол (шут) се појавува како два вида и тоа како паралелен
(стопалата се паралелно поставени) и дијагонален
(стопајата се дијагонално поставени и се наогаат во ис-
чекор). Кај споменатите ставови растоја-нието помеѓу
стопалата треба да биде околу 40 см. Положбата на раце-
те треба да бидат благо рашире-ниво висина на рамени-
ците со мало наведнување на телото. Потпирањето и те-
жината на телото е на пред-ните делови од стоплата и
предната ногасо напната мускулатура во колениците и
колковите. Од основниот став, играчот треба да испадне во одбрана и да го оневозможи
неговиот удар на голи тоа со правовремено излегување директно на нагачкиот играч и тоа во
моментот кога кон се врши прием на топката, со акцент на фаќање на неговите лактови.
Додека пак за оневозможување на ударот на гол, бековите користа блокирање со една или две
раце, така што дланките се што поблиску до топката при блокирањето.
проф. Ангелче Гушев …………………………………………………………………………Спорт и спортски активности 4
ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес

Блокада скок Блокада скок


шут со една шут со две
рака раце

Блокада на шут од тло


со две раце

ТЕХНИКА НА ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ТОПКА. Во


ракометната игра многу повеќе има движење
без топка . Најголемо движење без топка се
одбранбените задачи. Секој играч од одбра-
ната се движи во зона и користи техника на
дочекор, вкрстен чекор или трчање, се со цел
да се изврши основната задача на одбраната,
а тоа е постигнување на густината кон напа-
гачките играчи со топка. Движењето во од-
брана може да биде хоризонтално (затвара-
ње на просторот), длабинско - кон играчот со
топка, косо (дијагонално)и тоа се со цел да се затвори просторот позади играчот кој излегува во одбрана.
Дочекорната техника на движење се користи со основниот став каде стопалата се паралелно поставени и
имаат за цел да постојано го држи телото во стабилна положба со потпора на двете нозе.

ОДБРАНА ВРЗ ПИКЕР ВО ПРИЕМ НА ТОПКА – Играчот кои има доделено одбранбени задачи, има
специфична улога кога треба да се реализира одбрана
од прием на топка од страна на пикер. Првата задача на
играчот од одбраната е пикерот да не ја прими топката.
За тоа да се случи, играчот од одбраната мора да го
следи противничкиот играч кој најповеќе го проигрува
пикерот, а потоа да се постави позади пикерот и во
однос на оној кој ја додава топката. Потоа и го
потиснува надвор од шест метри. Друг пример е кога
одбрамбениот играч може да се постави пред пикерот во
однос на топката и да не дозволува да напагачот ја
додаде топката на пикерот. Од моментот кога пикерот треба да ја прифати топката одбрамбениот играч го
попречува да тој ги состави дланките на топката (прифаќање), а тоа го прави со раздвојување на
неговите раце. Да би успеал во тоа играчот од одбраната мора своите раце да ги држи над рацете на
пикерот и тоа посебно поблиску до раката во која се наоѓа топката, а поодалечената рака го држи
лакотот на пикерот, а со тоа го оневозможува во фаќањето на топката. Спречувањето на пикерот да ја
прими топката е еден од начините во правилата на игра за негово спречување да ја прифати топката,
затоа што кога пикерот ќе ја прифати топката, одбрамбениот играч ја губи секоја понатамошна функција
(или е седум метри или пак е постигнување на гол)

ЗАВРШЕН ДЕЛ (содржина и методски приод) – 5 минути


Разговор за ставовите во одбрана и блокирање на удар на гол во ракометната игра и
нејзините правила во целост, прашања и одговори

Литература:
-Прирачник по физичко и здравствено воспитание, д-р Ѓ.Спасов, д-р С.Дуковски, д-р Ј.Шуков, Просветно дело,
Скопје 1991
-РАКОМЕТ – Модели на селекција, тренирање и водење на екипи, проф. Лефтер Бошковски, Сојуз на училишен спорт
на Македониј, Скопје 1995
-RUKOMET ABC, rukometni bukvar za devjcice i decake od 7 do 14 godina i druge., M.Obradovic, prof. A.M Marinkovic,
Beograd 2007, Rukometni savez Beograda
-АЈДЕ ДА ВЕЖБАМЕ, А.Гушев, Велес 2009

проф. Ангелче Гушев …………………………………………………………………………Спорт и спортски активности 5

You might also like