Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Страдањата на македонскиот народ за време на граѓанската војна

По Варкискиот договор од декември 1945 година, употребата на името „Македонија“ и на


македонскиот јазик повторно беа забранети во Грција. Грчките власти повторно почнаа да
применуваат терористички тактики против македонското население. Во текот на Грчката граѓанска
војна од 1946 до 1949 година, многу Македонци се бореле на страната на Грчката комунистичка
партија (ККЕ), едноставно затоа што таа им ветувала човекови и национални права. Од 35.000
војници регрутирани во Демократската армија на Грција (ДАГ), проценето е дека околу половина
биле Македонци.

По поразот на ДАГ следеле ужасни последици за македонскиот народ. Илјадници Македонци ги


загубија своите животи додека се бореа за слободата на својот народ, а голем број македонски
села беа изгорени до темел од страна на грчките ројалисти.Над 20000 деца бегалци од Егејска
Македонија заминале во држави на Источна Европа. Тоа било со цел да се спасат од конфликтот,
но засекогаш биле разделени од своите семејства. Борците, кои се бореле на страната на
партизаните што успеале да избегаат од нападот на грчките ројалисти, биле протерани на
Советскиот Сојуз и во други земји од Источна Европа. Подоцна дел од ова население се вратило во
тогашната НР Македонија. Кон крајот на 1950-тите, жителите на неколку села во Лерин, Костур и
Воден беа принудени да се заколнат на лојалност кон Грција и да се откажат од својето
македонско потекло и припадност и од својот мајчин јазик. Се неминовниот распад на
Југославија, угнетените Македонци во Грција, исто така, почнале да чувствуваат ентузијазам и
започнале да формираат свои движења кои вродиле се такви организации како Македонското
движење за балкански просперитет и партијата „Виножито“.

Марија Јанковска

You might also like