Izvori Na Svetlina

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Како ги гледаме нештата околу нас?

Извори на светлина
Како патува светлината

Светлината го осветлува просторот околу нас, а сетилото за вид (очите) ја регистрира светлината.
Што е светлината?
Светлината е форма на енергија.
За да ги видиме нештата мора да постои извор на светлина. Изворите на светлина се поделени на
природни и вештачки ивори на светлина.
Природни извори- Сонце, ѕвезди, фосфорни предмети, молња и други.
Вештачки извори- батерија ламба, сијалица, свеќа и други.

Светлината секогаш патува по права линија. Ако наиде на некој предмет таа се одбива (рефлектира)
и стигнува до нашите очи .Одбивањето на светлината од некој предмет се нарекува рефлексија.
Постојат добри рефлектори ( сјајни, мазни површини) и лоши рефлектори (матни и нејасни
површини).Огледалото е пример за добар рефлектор.

Сенките се создаваат кога светлината се блокира. Предметите кои ја блокираат светлината може
да бидат:
Непровидни – воопшто не ја пропуштаат светлината (картон,дрво,металал,ѕид и др.)
Прозрачни - делумно ја пропуштаат светлината (најлон, хартија и др.)
Провидни – целосно ја пропустаат светлината ( стакло )

Светлината се разликува по интензитетот и бојата.


Светлината од Сонцето е бела светлина. Но таа во себе содржи спектар од бои. Виножитото
настанува како резултат на својството на светлината да се прекршува. Дождовните капки имаат
улога на призма и во нив настанува пркршувањето на светлината.Боите кои го сочинуваат
виножитото се : црвенета, портокаловата, жолтата, зелена, плава и виолетова.

You might also like