Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Антиоксиданси се хемиски соединенија кои може да ги спречат или забават

оштетувањата на клетките. Секое соединение кое може да донира електрони и на


тој начин да ги неутрализира слободните радикали има антиоксидансни својства.
Антиоксидансите дејствуваат на три различни начини:

1. Може да ја намалат енергијата на слободните радикали


2. Да го спречат нивното создавање
3. Да ја прекинат верижната реакција на оксидација

Слободните радикали се хемикалии кои се создаваат во телото за време на


вообичаени метаболички процеси. Инфекциите, УВ зрачењето, чадот од цигарите,
загадувањето, па дури и вежбањето може да произведат слободни радикали.

Нашето тело создава антиоксиданси, но исто така и ги внесува преку храна.


Истражувањата докажале дека земање на храна богата со антиоксиданси е ефикасна
заедно со активен живот и може да го намали ризикот од одредени видови рак и
болести на срцето.

Која храна содржи антиоксиданси?

-Овошје (боровница, малини, капини, праски), зеленчук (спанаќ , домат, морков,


пиперка), грав и соја, јаткасти плодови, кафе, чај, црно вино и црна чоколада.

Индустриски обработена храна содржи помалку антиоксиданси. Поради намалена


конзумација на свежо овошје и зеленчук доаѓа до намалено внесување на
антиоксиданси преку храна, па е потребно дополнително да се внесуваат како
додаток во исхраната.

Внесувањето на антиоксиданси е потребно да се зголеми при патолошки состојби,


зголемено загадување на околината, нередовна и неквалитетна искрана.

You might also like