Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 19

ВОЛШЕБНИ ОМЕГА 3 (W-3) НЕЗАСИТЕНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

(Н.М.К.)
                Е П А  (EPA) и ДХА (DHA) и OMEGA 6 (W-6) АРА (ARA)
                  (Вонвременска – „cover story“ за сите возрасти)
Краток времеплов :
Иако W-3 н.м.к. се познати уште од 1930-та година, но тие се прифатени како
неопходни –есенциелни н.м.к. за нормален раст и развој на плодот, новороденото
– доенчето пред се во првите две години но и покасно, па дури и во текот на
целиот човечки живот, за добро и квалитетно здравје. Пред 40-тина години околу
1980-та година нивната важност е драматично зголемена. Меѓу првите земји, кои
званично ја прифатија и објавија и започнаа да ја спроведуваат во програмата за
бремената жена и доенчињата, беше Канада. Од тогаш наваму направени се
преку 1000стручни и научни студии од најрелевантни институции и здруженија,
како што се : ФДА (food and drug agency) , Институтот за јавно здравје на САД,
СЗО,
ЕФСА  (Европската агенција за безбедност во исхраната), како и Америчкото
кардиолошко здружение, потоа Здружението на гинеколози и акушари и многу
други ширум светот.
Постојат три (3) големи групи – видови  масни киселини : заситени, едноверижни
(моно) незаситени и повекеверижни (поли) незаситени масни киселини. Постои и
посебна група : транс-незаситени масни киселини. Тие настануваат со хемиски
процес  (хидрогенација), со делумно заситување, по пат на додавање на водород,
на повекеверижни незаситени масни киселини. Во пракса тоа се случува при
производството на храна (процесирањето) . Во помали количини тие природно се
навоѓаат во ферментираната (прежваканата) храна, кај стоката т.н. преживари,
под дејство на присутните бактерии во системот за варење на храната.
Заситенитемасти воглавно се навоѓаат во животинското и месото од живина,
потоа во млекото и млечните производи, сирењето, кашкавалот, кајмакот, путерот,
потоа во маслото од палма, кокос, како и во пекарските  и кондиторски преработки
(кекси, бисквити, колачи, буреци, пити, торти идр.Нив човечкиот организам може
да ги синтетизира и затоа не се неопходни да се внесуваат со храната. Сите
масни киселини кои се навоѓаат во природните липиди, имаат по правило права
верига, низа или  синџир и парен број јагленородни атоми. Заситените масни
киселини имаат повисока точка на топење во однос на незаситените. Термините
заситени и незаситени м.к. се однесува на бројот на водородните атоми поврзани
за јагленоводородните молекули во споредба со бројот на двојните врски помеѓу
јагленородните атоми. Нивните вериги се прави и цврсти на собна температура.
Незаситените масни киселини, поради двојните вериги , нивната верига е
свиткана под агол и затоа се течни на собна температура.  З.М.К. имаат
биолошко-физиолошки но и структурни функции  Едноверижните незаситени
масти се навоѓаат воглавно во растителната храна и маслата добиени од нив, а
повеке верижните незаситени масти се навоѓаат воглавно кај рибите (морски,
речни или од рибници), потоа кај раковите, школките кои се хранат со алги и
планктони. Главна моно незаситена масна киселина, со само една незаситена
двојна врска е олеинската. Таа се навоѓа воглавно вомаслинките, ладноцедените
масла, потоа во јаткастите плодови : бадемите, оревите, кикириките и др. Овие

1
масти човечкиот организам може да ги синтетизира. Повекеструко незаситените
масни киселини, содржат две, три па се до пет и шест двојни незаситени вериги.
Тие се означуваат како омега (W – 3, 6, 9). Знакот омега е синоним за незаситени
вериги или врски, т.е. незаситени масни киселини, превземен  како последна 24-
та  буква од грчката азбука. Веригата на н.м.к. има почеток (глава) каде се навоѓа
карбоксилната група (CO) и крајната метилна група (NH3) или опашката. Па,
према тоа зависно на која позиција од крајот на низата се навоѓа двојната врска, и
н.м.к. се номинираат пр. како omega (W) 3, 6, 9 и сл.
Најзастапена w-6 н.м.к со 2 (две) двојни врски елинолната или линолеичната
(L.A.). Таа се навоѓа во ладноцедените растителни масла ( од маслинка,
сончоглед, пченка, шафран, меко варени јајца идр. Друга битна w-6 н.м.к. со 4
двојни врски е арахидонската (ARA). Таа се навоѓа во месото,живината, јајцата и
др. намирници. Таа е особено битна, бидејки претставува субстрат (прекурзор) за
создавање на многу битна група на субстанции слични на хормони, парахормони,
со локално дејство, наречени еикосоноиди или докосоноиди. Омега 6 и омега 3 се
натпреваруваат за исти ензими. Затоа односот на омега 6 : омега 3 има значајно
влијание врз создавањето на овие хормони. Оваа група биохемиски материи е
слична на хормоните, и се тесно поврзани со воспалителните и хомеостатските
метаболни процеси, тоа е состојба на стабилност на телесните течности (крф,
лимфа и ткивна течност). Во оваа група спаѓаат :простагландините,
леукотриените,тромбоксанот и др, Еикосоноидите имаат краткотрајно дејство. Тие
се создаваат од W-3 н.м.к. и завршуваат со разградба од специфични ензими.
Процесот на создавање и разградба обично е во равнотежа. Доколку продукцијата
ја надмине разградбата, може да има штетни последици, и процесите наместо да
завршат со заздравување, тие можат да продолжат во хроницитет. Покрај
создавањето на еикосоноиди, во поретки случаи и во помали количини може да се
создадат и докосоноиди (од ДХА). Од односот на W-3 и W-6 н.м.к. директно зависи
типот и концентрација на еикосонаидите и докосоноидите, према тоа и
биохемиските реакции и клиничките симптоми.

Дали може знакот за ОМЕГА W да се замени со грчкиот знак-буква за омега ? и


шемата во три бои за балансираност на зас, : незас.м.к. да оди пред табелата за
извори на омега – 3 масни киселини ?

2
Нивото на морските ОМЕГА-3 (ЕПА и ДХА) потребно е да бидат над 8 % (зелената
графа) од вкупните масти. Ако нивото падне под 4 % (црвената графа), човечкиот
организам може да има потешкотии во одржувањето на хомеостазата на клетките
и ткивата. Ако тој сооднос е под 8 %, (црвена или жолта графа), вие ќе имате
корист доколку го корегирате тој сооднос, со зголемен внес на ОМЕГА-3 од морско
или речно потекло. Повеке информации за користа од почитувањето на научните
препораки или штетноста по здравјето на децата пред се но и на возрасните, но и
за штетата од непочитувањето, ќе најдете во скоро сите поглавија на оваа тема
обработени и презентирани во оваа сеобухватна сторија, која денес е врвот на
стручните списанија, семенари меѓународни конгреси.

Извори на omega-3 масни кисленини


Производ/100г ALA EPA DHA
лосос 2506 mg 898 mg 1401 mg
скуша 2670 mg 862 mg 1104 mg
харинга 1729 mg 709 mg 862 mg
сардина 1480 mg 473 mg 509 mg
бакалар 195 mg 64 mg 120 mg
рибино масло 19736 mg 6899 mg 10967 mg
масло од микро зависи од врстата >35000 mg
алги

Omega-3 од растително потекло


Чија семе 5785 mg 17552 mg 5060 mg
Ленено семе 5330 mg / /
ореви 9079 mg / /
Референтни вредности на најважните масни киселини од Synlab
(Adrialab) – Германија
ОМЕГА 7 и 9 :
•    ПАЛМЕТИНСКА КИСЕЛИНА :  48 мг. /л. До 124 мг./л.
•    ОЛЕИНСКА КИСЕЛИНА : 593 мг./л. До 916 мг./л.
•    НЕРВОНИЧНА КИСЕЛИНА : 24 мг./л. До 41 мг./л.

ОМЕГА 6 :
•    ЛИНОЛНА КИСЕЛИНА                : 781 мг./л. До 1167 мг./л.
•    ГАМА ЛИНОЛНА КИСЕЛИНА    : 8 мг./л. До 25 мг./л.
•    ХОМОЛИНОЛНА КИСЕЛИНА    : 37 мг. /л. До 75 мг./л.
•    АРАХИДОНСКА КИСЕЛИНА      : 188 мг./л. До 343 мг./л.

ОМЕГА 3 :

3
•    АЛФА ЛИНОЛЕИЧНА  (АЛА)      : 13 мг./л. До 33 мг./л.
•    ЕПА ( eicosi pentanoic acid)          :16 мг./л. До 61 мг./л.
•    ДХА (docosi hexanoic acid )          : 44 мг./л. До 111 мг./л.
ИНТЕРКОНВЕРЗИЈА НА НЕЗАСИТЕНИТЕ МАСНИ КИСЕЛИНИ

Молам сликата да се
зголеми, да биде видлива.
Слика од биохемиските
реакции на метаболизамот
на ОМЕГА-6 (ЛА)
линолеична киселина во
ОМЕГА-6 арахидонска
киселина (АРА) и ОМЕГА-3
алфа-линолеична киселина
(АЛА) од растително
потекло во ОМЕГА-3 ЕПАи
ДХА од морско потекло.

Концентрациите на н.м.к. се однесуваат на внесените со храната како и на


биолошките процеси во организмот. Човечкиот род, може да синтетизира W – 6 и
W-3 н.м.к. од есенциелните масни киселини со пократка верига  ЛА (линолна) во
W-6 и АЛА –( алфа линолеична) во W-3 со подолги вериги (ЕПА и ДХА). ЛА и АЛА
се натпреваруваат за исти ензими (elongasa i desaturasa). Капацитетот да се
создадеповеке ДХА од АЛА, е поголем кај жените отколку кај мажите. Кај мажите
околу 8 %  од АЛА се претвара во ЕПА а околу 0-4 % во ДХА, додека кај младата
жена во фертилниот период, околу 21 %  од внесената АЛА се претвара во во
ЕПА, а околу 9 % во ДХА. (Извор : Институт Linus Pauling). Вероватно природата
била мудра, бидејки жената треба директно да го продолжи човечкиот род
(поради бременост, раѓање), па направила еволутивна позитивна
дискриминација. 

Шематски приказ  :Хемиска структура на eicosapentaenoic acid -EPA (ЕПА) и


Хемиска структура на docosahexaenoic acid -DHA (ДХА)

АЛА (алфа липоична или линолеична), се смета за есенциелна W-3 н.м.к. бидејки
не може да биде синтетизирана од човекот. Постои докажан генетски
полиморфизам за ензимите кои се натпреваруваат за W-6 и W-3 н.м.к. од кој

4
произлегува и до 30 % различни вредности во крвта на индивидуите, при еднаков
внес на ЛА и АЛА . ДХА може да се ретроконвертира во ЕПА за околу 9 %.
  АЛА има посебна улога во заштита на мозочното ткиво. Таа е мал молекул кој
лесно поминува низ хематоенцефалната бариера. Таа директно им притекнува во
помоќ на нападнатите мозочни клетки од страна на слободните радикали. Таа е
единствен антиоксиданс кој лесно и брзо стигнува до мозочните структури. Таа е
единствен антиоксиданс кој се самобновува истовремено може да регенерира
други важни антиоксиданси, како што се : глутатионот, ензимот Q-10 и др. АЛА ја
зголемува ефикасноста на митохондриите (клеточни фабрики за енергија), Таа
истотака ја помага контролата на шекерот и инсулинот во крвта, исто така го
запира пропаѓањето на невротрансмитерските системи (преносувачи на импулси –
сигнали, а со тоа се подобруваат и когнитивните капацитети. Хармонизирајки
гометаболизамот на шекерот со помоќ на мастисте истовремено се хармонизира и
метаболизамот на мастите  и обратно (Кребсов циклус), услов за хармонизирано
здравје.
Спанаќот е најдобар извор на АЛА, потоа брокулата, доматот, грашокот,  џигерот
и др. Дневно се препорачува 10 до 15 мг. Ако не се внесува доволно со храната,
тогаш се препорачува да се внесува како суплемент.
Практични препораки како би внесот на омега-6 масните киселини, би бил
поблиску до внесот на омега-3, тоа може да се постигне и со : намалување на
внесот на житарките, намалување на внесот на растителните масла, намалување
на внесот на црвеното месо од животни хранети со пченка (товени), истовремено
зголемување на внес на морски риби, и/или внес на омега-3 суплементи.
Прелиминарни студии покажуваат дека ЕПА,  може да се зголеми, доколку се
намали внесот на ЛА, а ДХА може да се зголеми , ако се зголеми внесот на АЛА.
Затоа квантитативниот и квалитативниот однос на W-6 и W-3 е многу битен.
Воглавно животните кои пасат на отворен простор, т.е. се хранат со трева ,
акумулираат повеке W-3 н.м.к. отколку оние кои се затворени, товени и се хранат
со житарици, тие акумулираат повеке W-6 (АРА – арахидонска н.м.к.).
Метаболитите од W-6 повеке се воспалителни. Затоа се препорачува односот на
W-3 и W-6 да биде балансиран. Има препораки дека тој однос би бил идеален кога
се движи од 1 : 1 до 1 : 4 па се до 1 : 6. Постојат зачудувачки информации на
поедини амерички истражувања каде тој однос во поедини држави се движи дури
во размер од 1 : 30. На пример, тој однос кај најупотребуваното маслиново масло,
е околу 13 : 3, кај лененото масло тој однос е 1 : 3. (најдобро), додека
сончогледовото не содржи W-3 н.м.к.
Необичен податок : Конверзијата од АЛА во ЕПА и ДХА е двоструко и повеке, кај
вегетеријанците отколку кај тие што консумираат риби и месо. Природата на
чуден начин ги штити и исклучоците во навиките во исхраната.

Подетален преглед илустриран со  графички табели  во боја !

5
Историски гледано, разноврсната храна, добиена на природен органски начин од
растенија, зеленчук, овошје, житарици и од домашни животни, одгледувани на
отворен простор во природа – пасени не товени на фарми, воглавно
обезбедувала доволни количини н.м.к. Али, современиот  индустриски начин на
чување и хранење на домашни животни и хранети со житарици, за индустриско
производство на месо и месни производи и со додавање на разни адитиви,
витаминм и хормони и антибиотици на стоката и живината, како и разни
стабилизатори и конзерванси на преработеното месо, во што подолг период,
доваѓа до значително намалување на н.м.к. бидејки во тие процеси тие
оксидираат и се претвараат во полунезаситени, па дури во заситени, а со тоа
н.м.к. стануваат дефицитарни.

Од голема важност е и внесот на храната од растително потекло, која содржи


доминантно ОМЕГА-6 (АРА) масни киселини, во однос на морската храна која
содржи доминантно ОМЕГА-3 (ЕПА/ДХА) масни киселини. Тој однос треба да биде
балансиран.Клиничките анализи покажуваат дека тој сооднос помеќу ОМЕГА -6
(АРА) : ОМЕГА-3 (ЕПА/ДХА), би требало да изнесува од 3:1 до 1:1.
Омега-6 (ЛА) и ОМЕГА-3 (АЛА) неопходно е да се внесуваат со храната. ЛА-
ОМЕГА-6 масна киселина во организамот се претвара ОМЕГА-6 арахидонска
(АРА) киселина. ОМЕГА-6 и ОМЕГА-3 масните киселини се депонираат во
мембраните на клетките. При нивното ослободување од мембраните, тие се
трансформираат во моќни локални „хормони“ т.н. ЕИКОСОНОИДИ.Тие ги
контролираат локалнитевоспаленија, контракцијата на глатката мускулатура,
следователно се регулира и крвниот притисок, коагулабилноста на крвта,
имунолошкиот и/или алерголошкиот одговор, тоа значи дали вашата
балансирана исхрана во однос на овие есенциелни масни киселини ќе биде
стабилизирачка или проинфламаторна.

6
ПРЕПОРАКИ ЗА ВНЕС НА Н.М.К, (W-6 i W-3), ВО ИСХРАНАТА
СУПЛЕМЕНТИ

Дневните па и неделните препорачани дози за возрасното население, се уште не


се доволно усогласени од страна на релевантните институции, институти,
агенции, здруженија и организации, како што се : ФДА (Агенција за храна и лекови
на САД), Институт за јавно здравје на САД, Национална Академија за медицина
на САД , СЗО (Светска здравствена организација), ЕФСА ( Европска агенција за
безбедна исхрана), Светска организација за перинатална медицина (ВАПМ),
Америчко кардиолошко здружение и др. Постојат следните термини : препорачани
дози, адекватни дози,  минимални, максимални и оптимални дози. Потоа постојат
препорачани дози за одредена возраст на машки женски деца, за мажи и жени, и
за жени во бремена состојба, дури и дози зависни од телесна тежина (маса).
За АЛА препорачани дози за мажи 1,6 гр. дневно, за жени 1,1 гр. дневно.
Прифатливи дози :  0,6 % до 1,2 % од тоталната енергија.
ФДА препорачува безбедно консумирање до 3 гр. дневно вкупно ЕПА+ДХА, а во
вид на капсули до 2,0 гр. дневно.
Америчкото кардиолошко здружение препорачува  1000 мг. Или 1,0 гр. дневно.
ЕФСА (Европската Агенција за безбедност во исхраната) препорачува минимум
250 мг. дневно па се до 5.000 мг. (5,0 гр.) ЕПА +ДХА. СЗО препорачува минимум  1
до 2 порции риба (250 до 300 гр.) неделно.
Вредностите во приложената табела се релативни, но сепак блиски до
препорачаните оптимални вредности. Меѓу препаатите во форма на суплементи
спаѓа и маслото од ленено семе, во форма на капсули, кое содржи W-3, W-6 и W-
9, во блиску до оптимален препорачан сооднос и обезбедена и посакувана
чистота во однос на загадувачи, кои ги има во морските риби, како што е живата и
др. хемиски материи од распаднати пластични материи (ПСБ).
Препорака : Бидејки секое, дете, секоја жена, секој човек, се единствени и
неповторливи единки (убавината на диврзитетот на се во природата па и на
лугето) се препорачува секој случај да се третира како единствен – уникатеан,
согласно парадигмата на СЗО : Персонализирана медицина, т.е. медицина
базирана на докази и идивидуален прстап
Се препорачува : состојбата со АЛА, ЕПА и ДХА н.м.к. W-3 во серумот, да се
испитува нагладно.Потоа, да се води сметка за возраста, полот, за жените дали е
бремена или дали дои, потоа исхраната, телесна тежина (маса), хормоналниот
статус, здравствената состојба, употреба на лекови, изложеност на загадувачки
материи и токсини како и генетскиот код како и наследните предиспозиции.
Ваквиот пристап е најрациоален, најефикасен и најоправдан. Сепак овој начин
мал е процентот на особи кои можат да си  го дозволат, зато кај најголемиот
процент на луге се применуваат најоптималните стандардни препораки од
бројните меѓународно признати релевантни институции, институти, здруженија и
организации. Препораките за бремената жена, неопходно е да започнат уште од
првиот ден на бременоста, уште подобро шест месеци до година дена пред
планирање на семејство од страна на двата родители, потоа тоа треба да стане
навика односно стил на живот што претставува една од најбитните варијабли на

7
културата на еден човек, што ќе обезбеди здравје за целио живот, што
претставува една најдобрите препораки од времето на Платоновата школа до
денес.
Децении уназад, после сознанијата за важноста и улогата на н.м.к. W-3, 
истражувачите широм светот, имаа тенденција и преќутна согласност, да
препорачуваа помали безбедни дози на овие волшебни н.м.к. и покрај се
почестите истражувачки информации, дека повисоки дози од препорачаните се
сосема безбедни, добро толерирани и се во состојба да го постигнат ако не
очекуваниот максимален ефект, тогаш барем оптималниот а не минималниот.
Таков случај на високо стручна одважност има постигнато д-р на науки Џина Јегер
(Gina Jeger ph.d. Reserch writer for Nordic naturalis and children cognitive
development). Нејзините децениски истражувања и сознанија и даваат за право
дека дозите – концентрациите на н.м.к.W-3, можат безбедно да се оптимизираат и
применат во пракса, се разбира почитувајки ја парадигмата на СЗО, за медицина
базирана на докази и индивидуален прстап.
Во прилог на ставот и препораките на д-р сци. Gina Jeger, оди и спектакуларното
откритие на нобеловецот Hans Krebs (1953 за медицина и физиологија), за
совршеноста на природата и за постоењето на „зачараниот биохемиски круг“ ,
наречен КРЕБСОВ ЦИКЛУС (по името на пронаѓачот), човекот може во секое
време по потреба ( при интензивен спорт, при болест или при не почитување на
навиките или стандардите за здрава исхрана) , трите основни прехранбени
материи : јаглените хидрати – шекерите, мастите и белковините, да ги претвара
од една во друга или трета, зависно од потребите во вид на енергија во форма на
(АТП) или во вид на резервна енергија. Тоа значи природата се погрижила
евентуалната наша негрижа да ја стави под контрола за одредено време.Тоа
значи дека препорачаните дози на н.м.к. (масти) можеме повремено да ги
прекорачуваме, особено во форма на храна (риби, морски плодови па и рибино
масло и сл.), но со суплементите, уште повеке со н.м.к. во ампуларна форма
потребна е консултација и препорака од лекар специјалист. Човек со здрави
навики, здрав животен стил, секогаш ќе биде внимателен и нема да ја
предизвикува природата на долг период.
Во пракса, може да се комбинираат сите три извори на н.м.к. : риби, рибино масло
и суплементи или перли. Но во таков случај сепак се препорачува консултација со
матичниот педијатар или семеен лекар.
Сепак, минималните дози за сите возрасти и пола се задолжетелни, со препорака
да тежнеат кон оптимални дози. Нема стручни и научни докази дека максималните
дози можат да имаат некакви несакани дејствија, но не и битно подобри
резултати.
КРЕБСОВИОТ ЦИКЛУС, бидејки е од огромно значење за разбирање на
совршеноста на природата, да биде прикажан изборот на македонски.

8
   
ГЛОБАЛНА СТУДИЈА за W-3 ЕПА (EPА) и ДХА  (DHA)
во крвта на здрава популација

Глобалната стратегија е со намерада се креира глобална мапа, за потрошувачка


на морска храна, идентификувајки различни земји и региони од 1980 год. За
таацел се спроведени 298 студии во 54 земји ширум светот.
Н.м.к. W-3 ЕПА +ДХА, се испитувани кај здравата популација,  во 54 земји на
неколку континенти, во плазмета, во еритроцитите и во целокупната крв. Од секоја
фракција резултатите се претварани во тежински процент (% ) на ЕПА + ДХА, од
вкупната количина на масти. Така добиените резултати се класифицирани во 4
групи : = 4 %, > 4 – 6 %, > 6 % -8 % и > 8 %. На графичкиот приказ вредности до 4
%, се сметаат за многу ниски исе обоени црвено. Вредности од 4 – 6 % се сметаат
за ниски, портокалово се обоени. Вредности од 6 – 8 % се сметаат за средни и се
обоени жолто и вредности > 8 % се сметаат за високизелено се
обоени.Држави со високи вредности на Е
ПА + ДХА (> 8 %) се : Јапан, приобална Скандинавиа, Норвешка, Данска,
Гренланд, Аљаска, Јужна Кореја, регионот на Источно сибирско море,
Филипини, Тајван и домородното население од крајбрежните региони на Јужна
Америка и Африка.
Не случајно во врвот на :  „10-те НАЈПАМЕТНИ ДРЖАВИ НА СВЕТОТ“ се
вбројуваат ЈАПАН потоа ЈУЖНА КОРЕЈА ЗА ДЕНЕС И ЗА УТРЕ.  Критериуми :
број на Нобелови награди, коефициент на интелегенција и научно-истражувачки
достигнувања кај учениците, ефектуирани преку : БДП и распределба по
становник.
Во држави со многу ниски вредности на ЕПА + ДХА до 4 %,  спаѓаат :  Северна
Америка, Централна и јужна Америка, Европа, блискиот исток, јужна Азија и
Африка. Другите варијации на ниски и средни вредности, може да ги погледнете
на графичкиот приказ во боја.
Презентираната глобална студија, покажува дека постојат значителни варијации
на наодите на ЕПА И ДХА во крвта, во светот, што се должи пред се на
традицијата и културата на исхраната, односно користењето на морската риба и
др. морски плодови но и суплементи во разни форми. Резултатите се прилично
разочарувачки, бидејки кај најголем процент на анализирани земји, вредностите
се движат од многу ниски до ниски. Овие н.м.к се од особено значење за здравјето
на човекот, а овие ниски вредности, говорат дека населението во светот е
сериозно загрозено од незаразни хронични заболувања, поради што не само што
го деградира квалитетот на животот, туку и скапо ги чини не само лугето
поединечно туку и државите глобално.
                     

9
г р а ф и ч к и  п р и к а з

Има статистички показатели кои говорат дека во светот годишно умираат од


незаразни хронични заболувања околу 38. Милиони луге. Најзасегнати се земјите
во развој со низок личен доход и нездрав режим на исхрана, при тоа се мисли
пред се многу нискиот внес на W-3 n.m.k.
Истражувањата покажуваат дека околу 20 % од светското население, користи
околу 250 мг. и помалку  ЕПА + ДХА дневно, во некои земји неделно или месечно.
Ниските вредности на W-3 тесно се поврзани со кардиоваскуларните заболувања,
покачени заситени масти, триглицериди, холестерол, покачена коагулација на
крвта, покачен крвен притисок, зголемен ризик од инфаркт, мозочен удар, разни
видови на когнитивни пореметувања, проблеми со меморијата, перцепцијата па се
до деменција и Алцхајмерова болест. Во овие студии беа исклучени бремените
жени, доилките, малите деца и децата до 14 год. и болни особи и под терапија или
на клинички испитувања, но беа обфатени особи со ризични фактори од разна
природа.
За земјите од источна Европа, централна Азија, централна и јужна Америка,
бидејки нема доволно податоци, со оглед на соседните земји за кои има податоци,
и овие земји би припаднале во категоријата со ниски или многу ниски вредности за
W-3 ЕПА + ДХА. Крајбрежните земји и региони се очекува да имаат повисоки

10
вредности. За Русија и Индија нема доволно студии. За жал поради сеуште не
востановен т.н. златен стандард за ЕПА + ДХА од релевантни институции,ја
отежнува можноста за глобална проценка, прифатен е релативниот тежински 
процент на W-3 ЕПА/ДХА во вкупните масти во испитуваните фракции на крвта.
Генотипските студии на ДНК, покажуваат дека постои полиморфизам, во прилог
на ефикасноста на трансформација т.е. производство на W-3 ЕПА и ДХА од
претходниците н.м.к. АЛА и ЛА. Овие податоци одат во прилог на хипотезата дека
ДХА била особено важна за еволуцијата на човечкио мозок. Во земји со традиција
на најмногу користење на „ морска“ храна ( риби и морски плодови, спаѓаат
пацифичките острови, медитеранскиот базен, Исланд, Аљаска, јужна Кореја и
Јапан.
Земјите со ниски вредности на ЕПА/дха во крв, се очекува дека внесувале 250 мг.
и помалку дневно, тие со средни вредности вероватно внесувале до 500 мг.
дневно а тие со високи вредности внесувале над 750 мг. до 1.500 мг. дневно. Не
постојат исто така официјални статистички податоци за количините користена
морска храна, неделно месечно ниту годишно. Сепак постојат неофицијализирани
податоци дека земјите со многу ниски вредности на ЕПА/ДХА, користат по 1-2 кг.
риби по човек годишно. Тие со ниски вредности, 2-5 кг. годишно, тие со средни
вредности 5-10 кг. атие со високи вредности од 10 до 20 кг.и повеке, годишно по
човек.
Во прилог на претходната анализа, ќе ви презентираме пресек од , статистички
податоци од Европската лабораторија за рибарство (EUMOFA), по случаен избор
од 18 земји, пред се од Балкаот и пошироко од Европпа, Америка и Австралија.

ДНЕВЕН ВНЕС НА РИБИ


Европска опсерваторија за рибарство (E U M O F A)

Европа Кг/ по Европа Кг/по жител


жител/годишно годишно
Франција 34.6 Чешка 9.5

Австрија 25.5 Словачка 8.1

Белгија 25.1 Бугарија 6.6

САД 21.7 БИХ 6.0

Хрватска 19.7 Македонија 5.7 -5x помалку !!!

Грција 19.6 Албанија 5.7

Англија 19.0 Србија 5.4

Австрија 13.3 Унгарија 5.3

Словенија 11.2 Препорачан дневен внес е 400-500 г/неделно, т.е 24 кг

11
годишно
Црна Гора 9.7 Податоците се од 2013 години, и многу малку е променето
до денес.

Од статистичките податоци на табелата, јасно се гледа дека Македонија, заедно


со Србија, Албанија, БиХ, Бугарија и Унгарија, имаат 4 до 5 пати (400 до 500 %), а
во споредба со Францијадури и 6 пати (600 %) помала потрошувачка на риби, во
споредба со воспоставените оптимални стандарди на релевантни институции и
агенции од Европа, САД и Светската здравствена организација.
Тоа значи дека населението едвам ги задоволува минималните потреби.
Следователно кога би направиле скрининг серумски тестови на ОМЕГА-3 и Де
витамин, на вкупното население, би очекувале минимални вредности, дури И под
минималните, на овие витални субстанци, и би констатирале „ендемски“ ниски
вредности на национално ниво. Од таквата состојба, последиците би биле
ненадокнадиви за плодот во текот на брееменоста, особено после 6-от месец од
бременоста но после 6-от месец во денечката возраст, кога потребите од
мајчиното млеко се недоволни и треба да се додаваат во форма на суплементи,
но и кај тие бебиња кои се на млечна формула, потребно е да бираат млека со
највисок % на ДХА, бидејки и тие содржат околу 50 % од потребите на доенчето.
Исто така додавањето на ОМЕГА-3, особено на ДХА, неопходно треба да
продолжи до крајот на првата и втората па се до третата година. Научните
сознанијаза значењето и улогата на ОМЕГА-3 масните киселини и Де витаминот
во исхраната, се со многу , висок степен на веродостојност, и неопходно е да ги
прифатат, следат и препорачуваат во континуитет, пред се гинеколозите од
првиот ден на бременоста, потоа педијатрите одма после раѓањето и семејните
лекари. Се очекува овие високо стручни и научни сознанија, чиј резултати во
функција на време се достапни за проверка и потврда, преку тестовите за
интелегенција, психомоторните тестови, потоа скрининг на видот, нo и плодноста
на жената но и на мажот, почнувајки од предшколската, потоа во школската
возраст, а кај возрасната популација преку следење на инциденцата и
преваленцата на масовните незаразни акутни, особено хроничните заболувања,
кои имаат не само огромно здравствено значење, туку и економско. Поради овие
бројни причини, неопходно е препораките, веднаш да бидат прифатени без
резерва пред се од стручната фела а потоа од вулнерабилната категорија мајки и
деца а потоа и од целокупното население за негова добробит. Овие препораки во
почетокот ќе прејдат во навики а потоа, се очекува да прераснат во култура на
исхрана и стил на живот.
Интересна е корелацијата помеѓу потрошувачката на морска храна и степенот на
незаразни хронични заболувања, должината на векот, годишните приходи,
стандардот и културата и потрошувачката на морска храна. Оваа корелација и
нејзината важност би требало да претставува предизвик за наукатаа,

12
социологијата но и за економијата, со единствена цел, севкупна благосостојба на
народот.

МОЖНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕНАВРЕМЕН И НЕДОВОЛЕН ВНЕС НА


АРА, АЛА, ЕПА и ДХА

Постојат податоци дека ниски вредности на ЕПА/ДХА, поради недоволен внес со


исхраната, клинички се манифестира со сува кожа, склоност на инфекции, бавно
заздравување на рани, зголемен ризик од алергични и автоимунолошки појави,
рани дегенеративни појави на  леќата, покачување на лдл фракцијата, на вкупниот
холестерол, како и на триглицеридите. Неконтролираниот и пореметен
метаболизам на мастите а индиректно и на шекерите, страда пред се
кардиоваскуларниот и мозочниот васкуларен систем. При покачени триглицериди
> 200 мг. %, се препорачува внес на 2 гр. (2000 мг.) W -3. За превенирање на
кардиоваскуларни заболувања, ненадејни фибрилации, ангина пекторис,
покачување на крвниот притисок, па се до појава на инфаркт. Кардиолошкото
здружениа на САД, препорачува внес на 400 – 500 мг./ дневно W-6, од растително
потекло за заштита од ненадејни фибрилации на срцето , покачување на крвниот
притисок, па се до појава на инфаркт. Поради зголемена склоност кон
тромботичнаактивност и таложење на плаки на мозочните артерии, влошената
ендотелна функција,, зголемени воспалителни процеси (покачен ЦРП), води  кон
склеротични промени,  и конечно може да доведе и до исхемичен  мозочен удар. 
Во САД постојат релевантни студии кои укажуваат, дека селективниот
недоастаток на ДПА (dokosipentanoicna – DPA) W-3 н.м.к. во 47 % е одговорна за
појава на исхемичен мозочен удар. Исто така може да има последици врз
менталниот, емоционалниот икогнитивниот статус на постари години, па се до
Алцхајмер. Примената на W-6 и W-3, кај пациентите со Реуматоиден артритис, ги
намалува дозите на нестероидните лекови, ги намалува отоците и болките.Кај
Астмата и Обструктивниот бронхитис, зголемен внес на АРА, преку создавањето
на Леукотриените и воспалителните медијатори, ја влошува состојбата. Поука :
внимателно со внесот, треба да е усогласе ата состојба на секој пациент. 
Постојат студии према кои кај Депресиите, примената само на ЕПА дава подобри
резултати.
За улогата, користа и последиците  во текот на бременоста, доенечкиот период до
втората година и покасно, ќе биде изложено и образложено во посебен осврт.
Ево, еден „куриозитетен економетриски“ податок  од Фондот за здравствено
осигурување на Австралија : Правени се селективни анализи, со примена на
оптимални и или максимални дози на ЕПА/ДХА кај бремените жени од првиот ден
на бременоста, установено е дека јавниот болнички систем може да заштеди до
50 милиони долоари годишно. Економетрија на дело.

13
Исто така постојат релевантни информации дека постојано се зголемува во светот
бројот на рибници во однос на дивиот морски лов. Рибиното масло и
суплементите околу 80 % се произведуваат од риби од рибниците.

ОМЕГА  3 Н.М.К. (W – 3 ),  ДХА (DHA) и ЕПА (EPA) и ОМЕГА 6 н.м.к.   


(W-6) АРА (ARA), КАЈ БРЕМЕНАТА ЖЕНА,  ДОИЛКАТА
и ДОЕНЧЕТО

ВНЕСОТ НА ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНЕ ОД ПРВИОТ


ДЕН НА ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ, УШТЕ ПОДОБРО И НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПОРАНО

Предиграта започнува со почетокот на пубертетот, за девојчињата во најголем


процент од 10 – та до 13 – та година а за момчињата од 12 – та до 15 – та, но и кај
двата пола постојат исклучоци поврзани со најразлични причини, од генетски па
до географското поднебје, исхраната има важно место, но постојат и др. причини.
Тогаш се појавува првиот мензис (менарха),кај девојчињата со првото јајце клетка
(ovulum – Графов фоликул) од околу 30.000 јајцеклетки, од кои созреваат само
околу 350 до 500  во текот на плодниот (фертилниот) период, кој трае
индивидуално се до 40 - 50 -та година. Хормоналната активност постепено се
намалува и дефинитивно престанува и започнува менопаузата. 
Еден ејакулат (машкото семе) содржи околу 180.000.000 до 300 милиони
сперматозоидии, со возраста, тој број постепено се намалува, сепак трае до крајот
на животот. Создавањето, структурирањето и функционирањето скоро е
невозможно без постоење и внесување на волшебните w-3 н.м.к. Поконкретно тие
учествиваат во создавањето – структурирањето, пренесувањето на нервни –
генетски сигнали (месенџери) до јадрото на клетката и истовремено служат како
извори на активна, или и депонирана енергија со помош на  посредникот - АТП
(ATP) – adenozin tri fosfat  („швајцарска“ енергетска валута на клетките). Секоја
молекула АТП се рециклира 2-3.000 пати за 24 сати. Истата улога ја имаат и при
соединувањето на јајцеклетката и сперматозоидот, при што треба да се создаде
нов живот, тоа вистинско чудо на природата, како би продолжила репродукцијата,
т.е. одржувањето на човечката врста.
Девојките и момчињата, пред пубертетот, независно од тоа, дали, како и во
која форма и концентрации ги внесувале есенциелните н.м.к. со почетокот
на пубертетот неопходно е редовно да продолжат да ги внесуваат во
препорачаните дневни дози барем од ЕФСА или СЗО. Но, ако се планира
семејство, тогаш е неопходно, барем 6 месеци пред планираната бременост
да се направи лабораториска анализа за Де витаминот и особено за н.м.к.
омега 3 во крвата, бидејки доколку се најдат ниски или многу ниски
вредности, за постигнување барем на средни оптимални посакувани

14
вредности, потребни се од 6 месеци до година дена. Истовремено се
препорачува да се направи контрола и на фолната киселина,  витамините
Б1, Б6 и Б12. Фолната киселина има е комплементарна на Омега-3
н.м.к.воразвојот на мозочното и неуралното ткиво, затоа е неопходно да
биде внесувана со храната или како суплементи.Неопходно е да се знаат
потребите од фолната киселина : за бремени жени : 600 микро гр./дневно, за
доилки :500 микро.гр./дневно, за деца 3-13 год. 300 микро.гр./дневно и за над
13 год. По400 микрогр./дневно.Истото се однесува и за идните татковци во
врскасо  W-3 н.м.к. познато е во народот дека без здраво семе нема здрав плод.
Советите за здрав плод се прошируваат и се забранува активно пушење но и
пасивно (престојување во просторија на пушачи), потоа се забранува секаков вид
жесток алкохол, ниту ферментирани вина, се дозволува во вид на сок од : грозје
(шира), боровинки,малини, капини и рибизли. Дозволено се умерени количини
пиво. За бремените жени кои живеат во загадени градови – средини, се
препорачува, поради сеуште недоволно испитаните трајни последици особено врз
плодот на т.н. П.М. 10 и 4 честичките, ако е можно да се избегнува периодот на
најголема загаденост во поголемите градови. Се препорачува што почесто да се
престојува во повисоките излетнички места на градовите,  покрај езерата и на
планините. Треба да и благодариме на природата што овие волшебни W-3 н.м.к.
ни ги стави на располагање во форма на езерска, речна и морска храна, али во
тањирот треба сами да ги ставиме, и да тоа претставува наш стил и култура на
здрава исхрана.
•    Многу кофеин за време на бременоста, може да го оштети црниот дроб на
плодот.  Sciens news, socaety for Endokrinology. March 2019.
Дали W-3 н.м.к. можат да ни помогнат да бидеме совршени, генијалци ?НЕ, не
можат, дали можат да не поштедат од можни спонтани т.н. генетски
полиморфизми, кои се зависни W-3 н.м.к. во критичниот период, при зачнувањето,
во текот на целата бременост, особено во третиот триместар од бременост ?, ДА,
добар дел од несаканите последици, можат да ги спречат, или барем да ги  сведат
на минимум. Од тие мутации  и генетски полиморфизми, зависат бројни витално
битни  функции, кои остануваат за цел живот. Затоа наша обврска е се што знае
науката и праксата и се препорачува, должни сме да не ги потценуваме, туку да се
придржуваме и да ги спроведуваме, на тој начин барем совеста ќе ни биде чиста,
а се друго што ќе се случува, должни сме да го разбереме, да го прифатиме и да
се бориме со сите сили, некои непосакувани последици да ги сведеме на најмала
можна мера. Тоа е наша морална одговорност. Голема е вероватноста, доколку ги
спроведуваме научните совети, нашите деца можат да го достигнат максимумот
или барем оптимумот на својот генетски предодреден когнитивен, интелектуален
и секаков друг капацитет, за целиот живот. Има ли поголем благодет и среќа за
секој родител од оваа ? Не, нема.

Развој на плoдот од зачнувањето па се до крајот на бременоста и неговите


потреби, пред се од внес на ОМЕГА 3 и ОМЕГА 6 н.м.

Нема ништо повозвишено од создавањето на еден нов живот.Поетите го


споредуваат со раѓање на една нова звезда на небото, а пак за бремените жени

15
тие девет долги месеци, таа волшебна животна епопеја, велат дека им била
најубавиот дел од животот.
Новороденчето доваѓа на свет со т.т. (маса) просечно околу 5 – 7  % од т.т. на
возрасниот, а додека големината т.е. масата на мозокот изнесува просечно оклу
70 % од масата на мозокот на возрасниот. Тоа јасно говори кој орган е најважен и
најбезо и најмногу се развива во текот на бременоста. За време на последниот
триместар , мозокот расте околу 260 % и има просечна тежина околу 400 гр. при
раѓање. Мозокот продолжува да расте во текот на првата година за уште 175 %.
До крајот на втората година мозокот расте за уште 18 % (уште околу 218 гр.). За
време на раното детство и адолесценцијата расте за уште околу 21 %. Тоа значи
дека значаен дел од развојот на мозокот на бебето се случува за време на
бременоста, особено во последниот триместар, т.е. додека е ембрион. Научно е
докажано дека развојот на мозокот во овој период претставува основа за целиот
когнитивен развој, интелегенцијата, перцепцијата од страна на сетилните органи,
меморијата и сите останатите мозочни функции.
Развој на мозокот на новороденчето : Мозочните – нервните клетки се формираат
уште во текот на првиот триместар и мозокот продолжува експоненцијално да
расте. Бебето се раѓа со 200 милијарди мозочни клетки наречени неурони и ги има
за цел живот. Мозокот расте по 1,7 гр. дневно во текот на првата година. Бебето
за рст на мозокот користи 60 % од енергијата преку внесената храна. Во овој
период дури и незначителен недостаток или дизбаланс на одредени W-3 и W-6
н.м.к. и есенциелни аминокиселини и др. неопходни витамини и минерали и други
неопходни нутриенти, или поради акутен или хроничен стрес, пушење, земање
алкохол или од друга природа настанат биохемиски дизбаланс, може да остави
трајни последици врз когнитивниот, интелектуалниот како и врз перцептивниот
развој на бебето за цел живот.
Околу 60 % од внесената енергија преку храната се користи за раст и развој на
мозокот. Младите родители треба да знаат дека на бебињата колку што им треба
храна исто толку ако не и повке им треба, емоционална „храна“, осмех,  допир и
интерактивна ( дајми – нати) љубов. Во текот на првата година бебињата да
разбираат и да научат околу 60 до 80 зборови а изговараат само десетина  (една
шака) од нив. Комуникацијата помеѓу разните региони на мозокот во развој, која се
огледа во постојано воспоставување на меѓусебни врски (синапси) е најбрз во
првите две години од раѓањето. Со навршени две години мозокот на детето
постигнува скоро 75 % во однос на возрасниот мозок. Омега -3 н.м.к. особено ДХА
(DHA) и холинот, претставуваат неопходни и критични  нутриенти, т.е.
прехранбени базични столбови, без кои не можен нормален раст и развој на
мозокот, нашата звезда ДЕНИЦА во текот на целиот живот. Во  овој период, во
мозокот веке се воспоставени околу 100.000 милијарди, меѓусебни  нервни врски
(синапси), и структурата на мозокот наликува на таа на возрасниот човек.
Синапсите кои се воспостават во овој период,и колку повеке се создадат во овој
период, тие остануваат за цел живот и толку повеке ќе биде вкупниот
когнитивиен , интелектуален и емоцианален капацитет, во иднина и на возрасниот
човек, кој се разбира ќе треба постојано да се одржава и надградува. Во ово
период бебињата, постепено стануваат значително понезависни и радознали, со
широко отворени очи – поглед, за нови нешта и предмети. Квалитетната исхрана

16
на мајката се претвара преку мајчиното млеко во добра храна и за бебето.
„Бебето сака да јади се што сака да јади и мајката “. Таквата исхрана води кон
добро расположение на мајката и на бебето. Тоа му овозможува постојано да го
зголемува вниманието, перцепција и меморијата. Околу 18 – от месец говорниот
речник на бебето почнува да „експлодира“. Тие додаваат по еден нов збор на
секој два будни саати. Постојаната грижа и љубов што му ја пружате на бебето, да
ги разликува постапките, кои му претставуваат задоволство или незадоволство и
постепено се развива и емпатија кон другите особи, покрај мајка, татко, сестриче
и/или братче. На две годишна возраст, децата нучуваат околу 300 збора, и се во
состојба да поврзуваат по два збора. Тие исто така почнуваат да  ги имитираат
лицата во нивната околина, да се подсмеваат, да се накашлуваат и слични
гестикулации и „керефекии“.
Во текот на бременоста, особено во третиот триместар, Светската Асоцијација за
перинатална медицина како и Фондацијата за здравјето на детето, препорачуваат
бремените жени, особено во последните три месеци, задолжително да примаат
најмалку по 200 мг. ДХА дневно. Бидејки постојат бројни причини за индивидуален
пристап, се препорачува секоја бремена жена , уште при забременувањето, а
задолжително во 6-от месец, лабораториски да ја испита концентрацијата на Де
витаминот, фолната киселина и W-3 н.м.к. ДХА, ЕПА, АЛА и w-6 АРА во крвта.
Според тие наоди да се препорачаат дневните дози, бидејки, доколку се многу
ниски тие вредности, за нормализирање на состојбата и достигање на оптимални
вредности, потребни се од 4 до 6 месци, најмалку, и таа реституција ќе биде
индивидуална. Внесените W-3 н.м.к. 70 % ќе бидат трансферирани во плодот а
околу 30 % за потребите на мајката. Недостатокот на ДХА, пред се ќе ја поремити
трансмисијата – преносот на нервните сигнали низ мембраната во мозочните
клетки, бидејки миелинската обвивка е претежно составена од ДХА.

ДРУГАРСКА, КОЛЕГИЈАЛНА И ХИПОКРАТОВА МОЛБА ДО САШО ДА ГО


ЗБОГАТИ ТЕКСТОТ ЗА РАЗВОЈОТ НА БЕБЕТО СО НЕКОИ ОД НЕГОВИТЕ
ПРЕКРАСНИ ИЛУСТРАЦИИ, И НЕКА НАВЕДЕ ДЕКА СЕ ПОЗАЈМЕНИ ОД ДР СЦИ
САШО! БЛАГОДАРАМ ВО МОЕ ИМЕ НО И ВО ИМЕ НА ОНИЕ НА КОИ ИМ
НАМЕНЕТ.

КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ЛОНДОН,, ПРИ


ПРИМЕНА НА ИНДИВИДУАЛНО ВИСОКИ ДОЗИ ОМЕГА-3 (ДХА+ЕПА) И ОМЕГА-6
– АРАХИДОНСКА КИСЕЛИНА (АРА) И ПОСТИГНАТИ ЗНАЧАЈНИ ПОЗИТИВНИ
ПРОМЕНИ НА СЕТ ПСИХОСОЦИЈАЛНИ СОСТОЈБИ, ПРЕЗЕНТИРАНИ НА
ДИЈАГРАМОТ .
Анализирани се следните состојби : црвените столбови ја прикажуваат состојбата
кај следените чколски деца пред третманот а зелените столбови после третманот
соW-3 и W-6.
Следени се : лутината (бесот),стравот, малаксалост, депресија, збунетост и
енергичност.

ДИЈАГРАМОТ подоле, да се подигне и постави ОВДЕ !

17
P.S.ВО ПРИЛОГ НА ПРЕЗЕНТИРАНАТА СТОРИЈА, ВО ВРСКА СО УЛОГАТА НА
НЕЗАСИТЕНИТЕ ОМЕГА-3 МАСНИ КИСЕЛИНИ И ВИТАМИНОТ ДЕ, СО
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА И РЕЗУЛТАТИ ОД ПРИМЕНАТА..
Студијата за витаминот ДЕ веке е презентирана во порталот ПЕДИЈАТАР МК
од истиот автор.
Студија е правена во 2016 год. во Австралија и во 1918 год. во Шведска
поврзана со СТЕРИЛИТЕТ КАЈ БРАЧНИ ПАРОВИ.

Следени се брачни парови со стерилитет, и меѓу другите објективни причини


за стерилитет, кај 70 до 90 % установени се ниски и многу ниски вредности
на витаминот Де 3 и Омега-3 масни киселини кај жените и кај околу 50 % кај
мажите. После една година, покрај другите превземени активности,
специфични за секој брачен пар посебно, спроведена е и суплементација со
високи дози Де 3 витамин и Омега-3 масни киселини, како кај жените така и
кај мажите. После година до година и половина, кајповеке од 30 % дошло до
забременување и одржување на бременоста.
Би требало да биде сериозен стручен предизвик и за нашите гинеколози, да
спроведат слични иследувања на состојбата со витаминот Де 3 и Омега-3
масните киселини во крвта. Повод, податоците од ЕФСА во однос на внесот
на морските риби во исхраната, каде што се гледа дека се навоѓаме на дното
со уште неколку балкански земји.

СУМАРЕН ПРИКАЗ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА


ДЕТЕТО ПОРАДИ

18
НЕДОВОЛЕН ВНЕС НА ОМЕГА-3 и 6 МАСНИ КИСЕЛИНИ

Дефицитот на есенциелните W-3 ДХА, ЕПА и АЛА и W-6 АРА , може да доведе
до низа патолошки состојби :
•    Когнитивни и интелектуални пореметувања,
•    Намалување на капацитетот за меморија, како трајна последица,
•    Намалување на регенерацијата на родопсинот, кој што има критична улога на
ретината до центарот за вид во мозокот.
•    Намалување на капацитетот за неутрализација на слободни радикали во
процесот на биолошкото саморегулирање (аутофагија),
•    Намалување на капацитетот за неутрализација на актуелните т.н. П.M. 4 и П.M.
10 честички, кои се навоѓаат во загадениот воздух,
•    Намалување на клеточната и васкуларната инфламација на мозокот,
•   Намалување на продукцијата на серотонинот и ендорфинот (хормони на срќа, 
задоволство и добро расположение,
•    Зголемување на ризикот од артеријална хипертензија, и други
кардиоваскуларни заболувања во текот на целиот животен век,
•    Пореметувања во однесувањето (бихевиорални),
•    Хиперактивност, како единствен синдром,
•    АДХД (недостаток на внимание и хиперактивно пореметување,
•    Дизлексија ( пореметување во говорот),
•    Дизпраксија (нарушување на моторната координација),
•    Депресивни форми кај деца,
•    Некои форми на аутистички појави,
•    Развојни и трајни пореметувања на видот, острина и фокус,
•    Намалувањето на серотонинот, води кон намалено расположение,
•    Постпарталан депресија, и други недефинирани состојби.
•    Зголемен ризик од алергии и инфекции на кожата и респ.систем.

Европската Агенција за безбедност и храна (EFSA), кај новороденчиња и


доенчиња до 24 месеци, за заштита на растот и развојот на мозочните функции
како и на визуелниот развој, генерално препорачува по 100 мг. ДХА/ЕПА дневно.
За деца после 2-та година до 18 год. препорачува 250 мг. дневно.
СЗО/ФАО за деца од 0 – 6 месеци  : ДХА : 0,1 – 0,2 мг. / кг.тт.
За деца од    6 – 24 месеци ДХА : 10 – 12 мг./кг. тт.
За деца од  2 – 4 год. ЕПА + ДХА : 100 – 150 мг.
За деца  од 4 – 6 год. ЕПА + ДХА :  150 – 200 мг.
За деца од 6 до 10 год. ЕПА + ДХА : 200 – 250 мг.
За деца од 10 до 18 год. ЕПА + ДХА : 250 – 300 мг.
За поголема веродостојност и подобри резултати, согласно парадигмата
МЕДИЦИНА БАЗИРАНА НА ДОКАЗИ и ИНДИВИДУАЛЕН ПРИСТАП, од СЗО и од
неколку други релевантни институции, се препорачува претходна лабораториска
анализа .

19

You might also like