Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

Универзитет „Св.

Климент Охридски“ – Битола


Факултет за туризам и угостителство – Охрид

Воздушни бањи во Република Македонија

Ментор: Изработил:
Проф. д-р Катерина Ангелевска Методија Костовски
- Најдеска
1
Содржина:

Вовед ............................................................................... 3
Воздушни бањи во источна Македонија ....................... 4
Воздушни бањи во централниот дел на Македонија ... 6
Воздушни бањи во западна Македонија ....................... 9
Заклучок .......................................................................... 13
Користена литература ................................................... 14

2
Вовед

Што е воздушна бања? Воздушни бањи претставуваат места кои поседуваат


големи количини на чист воздух.
Овие места се погодни за сите луге кои имаат респираторни проблеми, но и за
сите оние луге кои живеат во густо населени места каде се јавува недостиг на
чист воздух.
Под поимот воздушни бањи исто така се среќаваат и третманите кои се
добиваат во бањи со топол воздух, но ние во оваа прилика ке пишуваме за
местата со чист воздух.
Воздушните бањи во глобала, најчесто се лоцирани покрај мориња или во
планинските предели, бидејќи таму, струењето на воздухот од отворено море и
густата вегетација од планините создале изобилство од чист воздух.
Република Македонија како планинска земја, може да се пофали со бројни
вакви места ширум својата територија. Поголемиот дел од овие воздушни
бањи се стационирани во запаниот дел на земјата, додека нешто помал е
бројот во источниот дел и делот на вардарската котлина.
Изминативе години, за жал, во Република Македонија во пораст е
аерозагадувањето во повеќе градови. Како резлултат на оваа појава, лугето
чувствуваат потреба од чист воздух и спремни се дел од своите средства да ги
потрошат во таа намена. Тоа доведува до популаризација на селата низ
државата кои располагаат со чист воздух, како викенд дестинации, а некогаш и
како дестинации за подолг одмор.
Во понатамошниот текст ќе зборуваме токму за овие воздушни бањи во нашата
земја.

3
Воздушни бањи во источна Македонија

Во источна Македонија, како најпознат и туристички најпосетуван предел со


чист воздух претставува делот околу беровското езеро (слика 1). Точно овој
регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите
воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород,
претворајќи го пределот во беспрекорно чиста воздушна бања.

Слика 1 – Беровско езеро

Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото


се изградени голем број на туристички капацитети. Најголем и најмодерен е
ресортот Аурора кој е сместен на надморска височина од 1100м и поседува
world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет
ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа
и богати и интересни планински содржини. Понатаму следуваат туристичкиот
комплекс „Малешево“, потоа хотелот „Манастир“, кој има 40 кревети, и во
„Ловниот дом“ во месноста Јуовец, кој располага само со десетина легла,
додека пак во атрактивните излетнички места Абланица и Суви лаки може да
се ноќева само во приватните вили и викендички.

Доста позната туристичка дестинација кога е во прашање чистиот воздух,


претставува и туристичкиот центар Пониква (слика 2). Пониква претставува
туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во
источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на
надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и
разновидна вегетација. Поради поволната клима Пониква претставува
извонредно место за летен и зимски туризам. Зацртан како еден од 34-те
зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија.
Пониква завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот
развој на Осоговијата.

4
Пониква во текот на летниот период нуди и викенд-куќи (единечни и
двојни), автокампови, бунгаловии, терени за спорт и рекреација, хотели,
одмаралишта, угостителски објетки и тн.
На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско
одморалиште со капацитет од 220 легла.

Слика 2 – Пониква

Кога сме во источниот дел на Македонија, неизбежно е да се спомене и


Пехчево со своите бројни убавини и знаменитости.
Пехчево е сместено на 1000м надморска височина. Она што оваа мала
планинска Општина ја прави голема во очите на секој посетител е имагинарнта
убавина и прикриените страсти, парче земја полно со контрасти. Во
непосредна близина на првите Пехчевски водопади во идиличен амбиент е
распослана туристичката населба Равна река.
Во непосредна близина се наоѓа и излетнчкото место „Бараки“ кое нуди
простор за одмор и рекреација, дрвени летниковци и друга инфраструктура и
опрема. Овој локалитет располага и со приватни вили за сместување, спортско
игралиште за фудбал и кошарка, базен во рамките на мотелот Идила, место за
пикник (летниковци), патеки за велосипеди и пешачки патеки.
Во Кривопаланечко пак, најпозната воздушна бања е селото Трново.Планинска
идила од борова и дабова шума, ливади, студени кладенци и свеж воздух го
прават кривопаланечкото село Трново место за вистински одмор за душата и
очите, каде што пронаоѓаат мир и релаксација посетителите кои сакаат да
побегнат од стресното секојдневие. Во ова село, скромен е бројот на приватни
сместувачки капацитети, но на туристите на располагање им е црковниот
комплекс „Свети Никола“. Инаку Трново е оддалечено 15-ина километри од
Крива Паланка и се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина.
Понатаму, во јужниот дел на источна Македонија ја имаме планината
Беласица. На планината Беласица, најпознати туристички места со чист воздух
се пределите околу четирите водопади кои таа ги поседува. Во околината на

5
овие водопади има и неколку пешачки и велосипедски патеки и неколку
планинарски домови, каде туристите можат да се сместат и уживаат во чистиот
воздух.
Ни територијата на општина Гевгелија не останала посиромашна од
остананите општини кога се во прашање воздушните бањи. За оние кои
наместо море, претпочитаат планина, селото Серменин е вистинскиот избор.
Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата
на општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на
планината Кожуф. Планинско, сместено на надморска височина од 540 метри е
познато уште и како воздушна бања. Околу селото има многу извори на вода,
патеки за пешачење, а од неодамна е направено и параглајдинг
полетувалиште. Од неодамна може да преспиете во новоизградената етно-куќа
Серемнински чардак и да уживате во природните убавини и традиционалната
храна. Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него
преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари.

Воздушни бањи во централниот дел на Македонија

Во северниот дел, во близина на главниот град Скопје, се наоѓа планината


Скопска Црна Гора (слика 3). Скопска Црна Гора, според туристичко-
географската положба и орографските карактеристики, прошарана со многу
живописни долини и водотеци, буен растителен и животински свет,
благопријатна клима, богата со селски населби што како венец се наредени
едно до друго со автентична традиционална архитектура, убаво обработени
лозја, овоштарници, ливади и бавчи, многубројни бачила и воденици, покрај
кои се изградени нови и модерни станбени објекти за сместување, претставува
простор што заслужува внимание. 

Слика 3 – Скопска Црна Гора

6
Се движиме кон југ. Општина Велес, дом на доста убави места со чист воздух.
Во областа Азот во западната страна на велешката околија, сместено на 1.000
метри надморска височина, каде што орлите се гнездат под врвот Солунска
Глава, на падините на планината Јакупица се наоѓа мијачкиот „остров“ во
централна Македонија – селото Папрадиште (слика 4).Престојот во ова село е
задоволство, било да е лето или зимa.Со отворањето на планинарскиот дом
(обновен пред неколку години), селото живее во текот на целата година,
бидејќи е попатна станица за планинарите кои одат да ги освојуваат врвовите
Чеплес и Солунска Глава. Папрадиште е прекрасно преку целата година. Тука
човек за само неколку денови ја надополнува енергијата што ја троши во град и
на работа. Во самото село може да се бере и капини, малинки, боровинки и
планински чај.

Слика 4 – Село Папрадиште

Понатаму, селото Белица во областа Порече, е едно од најубавите во


Македонија. Лоцирано во подножјето на планинскиот масив „Мокра“ на
планината Јакупица, опколено е со прекрасна природа чија што убавина ја
надополнува Беличка река. Пред две години Еколошката групација „Грин
пауер“ од Велес, маркираа планинарска патека која ја поврзува Белица со
Папрадиште. Патеката е во должина од 18 километри, тешка е, но е преубава
бидејќи се поминува низ недопрената шума и природа на Поречието. Се
поврзуваат две општини Македонски Брод и Велес. Борче Миленковски од
Долна Белица развива локален рурален туризам така што куќите што го има ги
нуди како сместувачки капацитети за планинари од државата и странство. Така
да, кога би го посетиле ова село, би имале прилика да престојувате во куќа во
оригинален ретро стил.
Село Богомила (слика 5) се наоѓа во централниот дел на Република
Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Оваа
ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и претставува

7
вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот
метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи
ливади и секако бистрите и брзи води на река Бабуна, која тече низ селото. Од
вас зависи кое годишно време ќе изберете за посета. Може да изберете речно
капење и да ги испробате пливачките способности во студените води на
„Тасески вир“ место веднаш до реката Бабуна. За излет може да изберете
некоја од околните ливади со дабови сенки во непосредна близина на селото.
Но, Богомила нуди благопријатни услови и за лов и риболов. Сместување може
да се најде во самото село во рамките на некогашниот интернат.

Слика 5 – Село Богомила

Во јужните делови од централна Македонија, се наоѓа планинскиот масив


Кожув. Кожув (слика 6) е доста развиена туристичка дестинација. Без разлика
дали ќе дојдете на скијање и сноубординг или на планински велосипедизам,
планинарење, јавање коњи, риболов, висински спортски подготовки или за наб-
људување птици, на Кожуф ќе се чувствувате како џинови, поради недопрената
природа – шуми измешани од букови и од елови дрвја. Во скијачкиот центар
Кожув, може да се сметите во некој од шестнаессетте апартмани.
На Кожуф постојат и два извора на минерална вода. Најпосетуваниот
туристички локалитет во општината е Смрдлива Вода, каде живописната
природа не ви дава да здивнете. Локалитетот се наоѓа на надморска височина
од 850 м, на оддалеченост од 24 километри од Гевгелија. Познато е по
минералната вода и нејзината лековитост за стомачни заболувања и
заболувања на желудникот и на бубрезите. Пределот нуди рекреација, чист
воздух и посетеност во текот на целата година.

Слика 6 – Кожув

8
Селото Зовиќ (слика 7)се наоѓа во средишниот дел на областа Мариово.
Припаѓа на Општина Новаци и со тоа влегува во рамки на пределот на
битолско Мариово. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над
самиот лев брег на Градешка Река. Се наоѓа на надморска височина од 725
метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата
црквичка Свети Атанасиј, во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако
куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови,
според надморската височина Зовиќ е ридско село. Во селото има новоотворен
етно ресторан кој во својот склоп има и мал музеј од Првата Светска Војна, а
нуди и соби за сместување.

Слика 7 – Зовиќ

Воздушни бањи во западна Македонија

Како едно од попопуларните села во западниот дел дел на Македонија, кое


гласи за воздушна бања е селото Галичник (слика 8). Селото Галичник се наоѓа
во западниот дел на Република Македонија, на југоисточните падини на
планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион. Лежи на надморска
височина од 1300-1600 м под карпестите сртови на врвот Говедарник кој е со
височина од 2011 м. Галичник е убаво во сите годишни времиња од годината, а
ги фасцинира посетителите и со својата автентична архитектура, богатото
културно наследство и восхитувачките пејзажи. Во селото има ресторан и
неколку приватни сместувачки капацитети. Во Галичник може да одите на
планирење, велоспедизам, јавање на коњи, пикник на некоја од прекрасните
падини...

9
Слика 8 – Село Галичник

Селото Гари. Гари го населиле храбри и гостопримливи луѓе. Се чувствувате


добре дојдени во секое време. Особено им е задоволство да слушнат дека сте
прошетале во планината, сте ги посетиле тие интересни места што се гордост
за гарци. Свеж и чист воздух, температура многу пониска од таа во урбаните
средини, жубор на вода и неверојатна вегетација – убавина што ја нуди Маке-
донија, а малкумина ја користат.

Лазарополе (слика 9) претставува една од највисоките (1350 м) и најубавите


селски населби во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во
југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон
долината на Мала (Гарска) Река и планината Стогово. Лазарополе е познато
како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Од неодамна, во
селото е отворен хотел од висока категорија – Калин Хотел, кој располага со 16
пространи и вкусно уредени соби, како и одличен ресторан со вкусна храна.
Посетителите можат да се рекреираат, да пешачат и планинарат по бројните
патеки кои водат низ шумите и високите делови на Бистра, потоа до соседните
прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на
манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. Освен тоа, овој предел е одличен
за планински велосипедизам, јавање на коњи, параглајдерство и едноставно
набљудување и уживање во природата. Како дополнение се и неколкуте
културно-уметнички манифестации што се организираат главно во летниот
период, а меѓу нив позната стана Лазарополе Фест што се одржува на крајот на
јули.

Слика 9 - Лазарополе

Вевчани (слика 10). Вевчани е лоцирано на 14км оддалеченост северозападно


од Струга и Охридското езеро, на надморска височина од 800м. Архитектурата
10
во селото е особено привлечна со многуте стари куќи и градби во различни
стилови и форми. Со амбиентот на комбинација на дрво и камен,старите
традиционални артефакти и старите огништа,ќе го почувствувате вистинското
традиционално добредојде на Македонија.Звукот на водата може да се
слушне, течејќи низ каналите преку селото. Водата доаѓа од познатите
Вевчански Извори, чиј тек се движи од 400 до 4000 литри во секунда.
Вевчанските извори се едни од најпознатите извори што постојат во
Македонија.
Тие се наоѓаат на 936м надморска височина. Заштитени се како споменик на
природата и се најпознато и најпосетено излетничко место. а љубителите на
пешачењето, привлечни дестинации се и излетничкото место Јанков камен и
глечерското езеро Вевчанска локва.
Поради изобилната понуда на природни убавини во околината како и познатиот
Вевчански карневал, туризмот и угостителството се многу значајна стопанска
гранка во сè поголем подем и пораст во Вевчани.
Туристите можат да престојуваат во аутентични приватни
домови/пансиони.Има повеќе традиционални ресторани и и пансионски куќи во
Вевчани,како: „Вила Алула“, пансион „Кутмичевица“, „Пупинова куќа“,
апартмани „Во Извор“, апартмани „Шутиноски“, „Виа Игнација“, „Домаќинска
куќа“, „Пелвец“. Во Вевчанските ресторани можете да уживате во
традиционални специјалитети и одлични македонски деликатеси.

Слика 10 – Вевчани

Кога човек ќе посака да си ги смири умот и душата, некаде понастрана од градската


врева, во некое убаво селце, а притоа и да биде угостен со сите нишани, невозможно
е, а да не помисли на Брајчино (слика 11).Во преспанскот регион, под падините на
Баба планина со врвот Пелистер, се наоѓа селото Брајчино. Брајчино е сместено во
долината на Брајчинска река, која селото го дели на два дела, а атарот на селото го
опфаќа сливот на реката. Селото се наоѓа на Надморска висина од 1000 метри.
Располага со неколку ресторани, приватни сместувачки капацитети и конаци за
сместување при манастирот Св.Петка. Во селото има неколку планинарски патеки,

11
велосипедски и мото патеки.

Слика 11 – Брајчино

Од другата страна на Пелистер,пак, се наоѓа селото Маловиште (слика 12). Селото е


специфично по традиционалната и автентична архитектура и сочуваните калдрмести
улици. Може да се каже дека бисер на архитектурата во ова село и поширокиот регион
е црквата Св. Петка, која е сместена врз вештачки оформено плато, во централниот
дел на селото. Изградена во 1856 година црквата плени со сочуваниот
фрескоживопис, дрвениот иконостас изработен во длабока резба и богатата галерија
на икони. Маловиште е прогласено за рурална споменичка целина.

Слика 12 – Маловиште

Во пазувите на Бушева планина, заобиколен со густа шума, на надморска височина од


1250 метри, се наоѓа еден од најстарите и најубавите градови во Македонија,
Крушево. За градската историја и култура и денес сведочат типичната архитектура на
градот, градбата на старите куќи, носиите и културното наследство. Сонцето го грее
Крушево околу 2300 часа годишно, со просечна температура од 22.50С. Преку зима
температурата е околу -30С и паѓа снег просечно 43 дена во годината, со височина на
снежната покривка до 150 сантиметри, кој се задржува и до доцна пролет. Во текот на
зимата, Крушево наликува на гратче од некоја бајка. Овој град покрај другото,
претставува и воздушна бања.

12
Заклучок

За воздушните бањи во Република Македонија има уште многу да се пишува. Бројни


места и села останаа неспоменати во горенапишаниот текст, иако мала земја, за
многу вакви места не сме ни слушнале ни прочитале никаков текст.
Како што наведовме, во секој дел од земјата, поради присуството на големите
планински масиви, поседуваме големи количини на чист воздух. Основена причина
поради која сиве овие места поседуваат чист воздух е големата надморска височина и
помалата населеност и урбанизираност на овие простори. Затоа, тие се родени да му
служат на „урбаниот човек“, како места за одмор и релаксација, односно полнење на
батериите.
Република Македонија има развиен туризам кога се во прашање посетите на ваквите
воздушни бањи. Сепак, огромен е потенцијалот за ваквиот вид на туризам во иднина
се развива и шири уште повеќе. На повеќето од споменатите места им е потребна
некаква си помош од државата, било дали инфраструктурна, промотивна или некоја
останата која би им придонела за понатамошен полесен развој. Странските проекти и
средтва, ите како имаат улога во развојот на алтернативниот селски туризам, за кој
највеќе се врзуваат воздушните бањи. Затоа, државата и населението, заедно треба
да се здружат и да припомогнат за остварување на овие потенцијали.

13
Користена литература:

1. www.wikipedia.org
2. www.auroraresort.mk
3. pehcevo.gov.mk
4. moepp.gov.mk
5. igeografija.mk
6. tvnova12.mk
7. istrazijamakedonija.com.mk
8. vistina.com.mk
9. frontorient14-19.org
10. 365.com.mk
11. ruraltourismstruga.com
12. www.brajcino.com
13. mkd.mk

14

You might also like