Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Ликовите во драмата Вујко Вања - Чехов

Вујко Вања - ликовитеАнтон Павлович Чехов, рускиот новелист и драматичар, човекот кој во
неговите новели ги обработува изгубените и оттуѓените ликови . Ликовите на Чехов потполно се
препознаваат. Тој на свој начин се служи со изобилни пејзажи и лирски дигресии. Во ликовите на
Чехов постои несфатлива пријатност во која ликовите се карактеризираат како живи и непосредни
луѓе.Чехов во драмата Вујко Вања на еден свој симболичен начин нанижан со секојдневни
доживувања од секојдневието на село, го опишува животот.Главниот лик во драмата Вујко Вања е
Војницки, односно Иван Петрович. Тој во четириесет и седмата година ја спознава празнината на
својот живот. Тие живеат во типично руско село од тоа време, на имотот на покојната сестра на
Вујко Вања.Тој е човек без свои жена и деца и се грижи за доброто на својата внука Соња. Вујко
Вања е човек кој работи неуморно, грижлив и чувствителен. Соња е мила девојка , и како лик не
подлегнува на трагизмот од кој повеќето се плашат.Вујко Вања не се грижи што поголемиот дел од
приходите ги троши неговиот зет, Серебјаков. Работливиот и скромен Војницки смета дека мирот
и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Пари, пари, пари, се се врти околу
парите..Од нив произлегува и трагичноста кај ликовите . Преку ликот на лена е преставен лико на
една убава, млада , згодна жена, која ги привлекува туѓите мажи. Со нејзините 27 години се
согласила да се омажи за вдовец, одлука која нема никаква смисла..Наспроти Вујко Вања
застанува Серебјаков љубителот на развратниот живот, самобендисаниот егоист и внесува
огромен немир. Неговата трагичност се состои во тоа што со својот егоизам и честите ноќни
пирови , без грижа на совеста легнува и запива оставајќи ги сите будни.Ликовите во драмата
,,Вујко Вања” напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот ќе бидат
наградени за својата добрина. Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов , се
отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонирана лирика е испеано тажното умирање
на еден свет на крајот на стариот и почетокот на новиот , можеби подобар век.

You might also like