Мотив

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Мотив

Основната мисла или водилка, поттикот на авторот да ја создаде творбата, се


нарекува мотив.

Во лириката мотив е сознанието на поетот за нешто што поттикнало чувства кои


тој ги опеал (радост, тага, болка, љубов и сл.).

Според мотивот, песните може да бидат:

-родољубиви (патриотски),

-пејзажни (описни),

-љубовни ,

-социјални,

-хумористични...

Честопати во лирските песни може да се сретне и преплетување на мотивите.


Така во пејзажните и во патриотските песни можат да се сретнат и љубовни
мотиви и обратно.
Бисера– Константин Миладинов
Бисеро моме, Бисеро,
Шчо носиш бисер на грло?
Твоето грло хубаво
И од дробнаго бисера
Хилјада п’ти побело.

Бисеро моме, Бисеро,


Зашчо со бисер покриваш
Твоето грло хубаво?
Ја нејќу бисер да баца
Тук сака твоето грло.—

Бисеро моме, Бисеро,


За кого низиш бисер?
За кого готвиш дарој?
Ја дарој бисер не сака
Тук сака мома Бисера.

Љубовна лирска песна е онаа песна чиј мотив е љубовта .Во неа се изразуваат
љубовните чувства, љубовни копнежи, тага и болка поради разделба, се опева
убавината на саканата личност и се истакнуваат позитивните страни на
нејзиниот карактер.

Мотив: Љубовта кон момата (девојка) Бисера;

Идеја: Љубовта е поскапоцена од бисерот;

Литературен род: лирика;

Литературен вид: уметничка лирска песна,љубовна;

Литературна форма:3 строфи,15 стихови.

You might also like