Professional Documents
Culture Documents
БОГОМИЛСКО ДВИЖЕЊЕ
БОГОМИЛСКО ДВИЖЕЊЕ
БОГОМИЛСКО ДВИЖЕЊЕ
Тоа почнало во 10 век во време на бугарски цар Петар. Основач бил попот Богомил и така се
нарекувале бидејќи биле мили на бога. Родно место на Богомил било селото Богомила, а се
криеле кај селото Нежилово во Велес . Богомилите верувале во две сили во природата, и тоа
едната била добрата сила односно господ Бог, а другата била лошата сила односно ѓаволот.
Црквата ја сметале за дело на ѓаволот. Не ги признавале иконите, крстот црквите и
манастирите ниту верските празници. Против државата проповедале непослушност.
Тие учеле дека животот треба да биде скромен и јаделе само растителна храна.
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Тој заедно со другите ученици на Методиј, односно заедно со Наум, Горазд и Ангелариј биле
протерани од Моравија и побегнал во бугарското кнежество. Таму тој бил во судир со грчките
свештеници па во 886 година побегнал во областа Кутмичевица во охридско деволската
област. Таму христијанството било многу проширено па продолжил да проповеда на
словенски јазик.
Исто така ги подучувал да пишуваат со словенско писмо, преведувал црковни книги, градел
училишта, цркви и манастири и се сметал за прв словенски епископ. Ја основал Охридската
книжевна школа. Таа била од големо значење за ширење на слвоенската писменост во
Македонија и јужна албанија. Таму се подготвувале свештениците за богослужба, но и се
учеле луѓето за хигиена, обработка на земја, калемење овошки. Таму биле описменети 3500
ученици. Таа се нарекувала и прв словенски универзитет и климентов универзитет.
КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Тие ја создале првата словенска азбука глаголица од 38 букви. Потоа почнале да преведуваат
на словенски јазик од грчки јазик и тоа црковни книги на солунски дијалект бидејќи од таму
потекнувале
МОРАВСКА МИСИЈА
ОПСАДАТА НА СОЛУН
ПРВА ОПСАДА БИЛА ВО 584 ГОДИНА но таа не успеала. Потоа ги викнале на помош Аварите но
исто така не успеале , па аварите се повлекле зад Дунав а словените се раселиле низ
Македонија. Во 7 век кнезот Хацон го држел солун под опсада 2 години. Во 618 година
почнала големата опсада на солун, па словените бидејќи мислеле дека ќе успеат овој пат тие
ги земале и своите семејства. Но поради големите црврсти ѕидини на Солун не успеале. Во
втора половина на 7 век се обединиле во голем племенски сојуз на чело со кнез на Ринхините
Пребонд па така обединети сакале да создадат своја држава откако ќе ги отстранат
Византијците. Но тој бил фатен и убиен, а неговата склавинија Ринхинија се распаднала.