Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

“Russian ark”- Alexander Sokurov

Руска арка (Руски: Русский ковчег, Рускиј ковчег) е едноставно извонредно,


фантастично дело, со големо историско значење склопено во буквално еден замав од
страна на рускиот режисер Александар Сокуров. Филмот е снимен во некомпресиран HD,
долг е цели 96 минути, лоцирани во Зимскиот дворец, Ермитаж во Санкт Петербург,
Русија. Она што е импресивно и тема на расправа секогаш кога станува збор за „Russian
Ark” е токму фактот дека целиот филм е снимен во еден непрекинат кадар, со што станува
најдолгиот long shot во историјата на уметничкиот филм.
Идејата на режисерот веројатно била да го прикаже движењето на времето низ
историјата на Русија и конкретно владетелите во Санкт Петербург на некој начин во еден
здив и се разбира успева во тоа. Почнувајки од Петар I, преку Екатерина Велика,
влегувајки им во нивните животи без тие да се свесни за тоа. Тоа го постигнува со наратор
кој го води дејството на филмот, меѓу другото тој е мртов и како дух се впротнува низ
палатата. Во секоја соба и во секој дел од дворецот тој среќава луѓе и зданиа од различни
периоди на 300-годишната историја на градот. Придружуван е од „Европјанинот“, кој како
таков го претставува Маркус де Кустин кој биј француски патувач од 19ти век.
Како средство за зголемување на чувството за филм снимен во еден кадар во
голема мера се користи т.н. четврт ѕид кој повремено е кршен и повторно поставуван каде
нараторот и неговиот придружувач на моменти се во интеракција со другите ликови,
додека во други случаи не се.
Зашеметувачкото количество на богатство и раскош, привилегии, ред и начинот на
кој се претставени истите може да ја истакне носталгијата на авторот, но верувам и
денешните негови руски сограѓани према тој предреволуциона ера, со што комплетно би
се сложил, но ова извонредно парче уметност уште помоќно го провоцира слепилото кое
се појавува во врска со оваа Руска елита која некогаш сјаела.

Драгиша Стојанов,
ноември 2018

You might also like