Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 42

ПРВ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТ - Ф О Н

ФАКУЛТЕТ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ И ДИПЛОМАТИЈА

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД

“Надворешна политика на Унгарија со посебен осврт на соработката


со Руската Федерација“

Ментор: Кандидат:

Проф. Др. Назми Маличи Џулиа Костадиновска

1|Страна
ИЗЈАВА

За изработка на специјалистичкиот труд на тема со наслов “Надворешна


политика на Унгарија со посебен осврт кон соработката со Руската
Федерација“

Сите реченици, фрази и идеи од литература на други автори користени во


овој труд се цитирани со референци со јасна и директна врска со авторот,
јасно назначени и на други извори од користената литература.

По секое цитирање на користената литература, дадов свое мислење и


објаснување.

Моја е мораланата и правната одговорсност ако не сум ги почитувала


Законот за авторски права и методолошките постапки со стандардите за
користење на литература при изработката на специјалистичкиот труд.

Скопје, Декември 2019 година

Џулиа Костадиновска

________________

2|Страна
Содржина:

Изјава 2
Содржина 3
Хипотеза 4
Вовед 6
Структура на трудот 8
Користени кратенки 9
Унгарска надворешна политика пред проментата на режимот......................................................10

Унгарската дипломатија во времето на политичката транзиција....................................................12

Унгарската надворешна политика од „времето на транзицијата“ до денес..................................17

Корените на Унгарско-Руските односи..............................................................................................21

Развој на политичките односи 1989-2019..........................................................................................23

Политиката на Антал (1990-1993) – Барош (1993-94) кон Русија.....................................................24

Политиката на Хорн Ѓула кон Русија (1994-1998)..............................................................................27

Политиката кон Русија првата влада на Орбан (1998-2002)............................................................28

Политиката кон Русија на Владата на Медѓееши (2002-2004)........................................................30

Политиката на Владата на Ѓурчањ кон Русија (2004-2006) (2006-2009).........................................31

Политиката на Владата на Гордон Бајнаи кон Русија (2009-2010).................................................34

Политиката на втората, третата и четвртата Влада на Орбан кон Русија (2010-2014) – (2014-2018)
(2018- на власт)..................................................................................................................................36

Сумирање...........................................................................................................................................39

Библиографија....................................................................................................................................40

3|Страна
Хипотеза

Присилното учење на рускиот јазик, советската идеологија, политика па се до


културата која непрекинато вршеше притисок на унгарскиот народ доведе до
токму спротивниот ефект од оној кој беше планиран, крајниот производ од
режимот беше омразата кон рускиот народ и култура. Тривијална констатанцаји
би била да се каже дека Советскиот Сојуз е ист со Руската Федерација, но пред
се од лично искуство би можела да констатирам дека голем број унгарци од
една страна имаат длабоко врежани негативни историски и фамилијарни
искуства, но од друга страна пак непознавањето на реалните факти, до ден
денес се користат синонимите “Русија“, “Советски Сојуз“ и како трето поимот
“Комунизам“ коии кај унгарскиот народ не ретко се сведува на едно исто
значење.
Токму од оваа причина сметам дека е потребно да се обрне големо внимание
на темата Унгарско –Руските односи, за да не се дозвили историските
збиднувања да ја креираат сликата на денешната реалност, поготово кај
помладата генерација и кај генерациитте во иднина, а со тоа Унгарско –
Руските односи ќе можат да се стават на здрава профитабилна основа.
Избраната тема за Специјалистичкиов труд која ги истражува односите на
двете земји сметам дека е исклучително возбудлива и комплексна тема. Како
„железната завеса“ влијаела и влијае на Унгарија и нејзината надворешна
политика во годините после промената на системот па се до 1989 година,
политички, економски и културно... колку навистина имаше влијание
„русофобијата“ која во 1990 година стана екстремно раширена... Колку сето ова
навистина имаше и има реално влијание на Унгарската економија и култура?
Целта на моето истражување во овој труд е да се добие една јасна,
недвосмислена слика за тоа со какви проблеми требаше и сеуште треба да се
справаат двете земји после нивното трансформирање и ‘’осамостојување’’. Ќе
барам одговор и на прашањето, зошто практично до 2002 година односите, со
мали исклучоци беа официјално скоро сведени на нула, односно таа стагнација
каква улога играше во отварање на Унгарија со раширени гради кон западот.
Понатаму интересно прашање е какво влијание имаа настаните на Руската
надворешна политика, особено во однос на надворешно-политичките
размислувања на Централна и Источна Европа.. како успева Русија да се

4|Страна
справи со фактот дека од една регионална супер-сила стана земја која почна да
гради надворешно-политички односи како една ново-настаната држава, па се
до времето на “Путиновата консолидација“ и после тоа..!?
Во трудов ќе пробам да ја доловам целокупната слика од историјата и развојот
на Унгарско – Руските односи во трите свери, политика, економија и култура, кој
се различни теми но тесно поврзани меѓусебно.
Иако темата на трудот се однесува на односите помеѓу Унгарија и Руската
Федерација, односно после промената на државното уредување во Унгарија,
сметам дека е неопходно да се даде еден краток освтр на периодот пред 1990
година каде ќе биде накратко опфатено каква политика воделе Унгарија и
Русија пред да тргнат “напред во промени“.

5|Страна
ВОВЕД

Крајот на Втората светска војна резултираше во чудна ситуација за Централна


и Источна Европа, како и за Унгарија, бидејќи овој регион, вклучително и
Унгарија, беше под советско влијание. Заедно со Црвената армија, во Унгарија
се појави и идејата за комунизам развиен од Сталин и „донекаде
преинтепретиран“, водејќи - како и другите држави во регионот - до радикална
трансформација на унгарскиот државен поредок и социо-политичката
структура. Диктаторскиот систем, покрај појавата на необична социјална
структура, резултираше и со лојалност и целосна соработка со Советскиот
Сојуз, како и во другите области на политиката, како еден од основните
елементи на унгарскиот концепт за надворешна политика.

Ова главно се објаснува со марксистичкиот (правен) концепт, кој се засновал на


принципот на апсолутен суверенитет1. Се разбира, ова толкување на
суверенитетот всушност се однесуваше само на Советскиот Сојуз, а не на
другите земји од Советскиот блок. Како резултат на настаните од 1956 година,
стана очигледно дека, за да се одржи и функционира ефикасно, комунистичкиот
режим требаше да направи одредени отстапки надвор од својата лојалност кон
Советскиот Сојуз.

Засилувањето на де-сталинизацијата и прогласувањето на принципот на мирен


соживот на меѓународно ниво создадоа можност за зближување со Западот.
Сепак, покрај советската надворешна политика, промената беше
забележителна и во унгарската дипломатија. Првиот значаен чекор кон Запад е
дипломатското решавање на односите на Унгарија со ОН (Обединети Нации),
што се случи во 1962 година. Освен овој дипломатски потег, насоката на
унгарската надворешна политика продолжи да се определува со лојалност и
посветеност кон Советскиот Сојуз. Ова делумно се објаснува со потребата за
развој на западните економски односи, а делумно и со стравот на Брежњев

1
Dr. Kovács Péter: A rendszerváltozás hatása a magyar nemzetközi jogi doktrínára. In: A magyar jogrendszer
átalakulása 1985/1990- 2005 (szerk. Jakab András- Takács Péter). Gondolat, ELTE-AJTK, Budapest, 2007. 898.o

6|Страна
(тогашен Генерален Секретар на Руската Комунистичка Партија дека западното
пријателство на крајот ќе доведе до олабавување на идеолошкиот однос меѓу
Советскиот Сојуз и “неговите домаќини“, или до неверство кон Советскиот
Сојуз. Како резултат на ова откритие, социо-економскиот развој во Унгарија е
привремено блокиран, со изговор дека не се потребни дополнителни реформи.
Како што дојде на власт Михаил Горбачов - слично на другите држави во
регионот - постојната социо-политичка структура во Унгарија се промени
радикално, бидејќи стана јасно дека (странскиот) политички концепт заснован
на лојалноста кон Советскиот Сојуз веќе не може да се одржи. Најважниот
елемент на промената, амбицијата на Горбачов за воспоставување економски
односи меѓу ЕЕЗ (Европска Економска Заедница) и СВЕП (Совет за Взаемна
Економска Помош), беше постигнат со декларација потпишана од двете
организации во јуни 1988 година. Набргу потоа, Унгарија го потпиша
Економскиот и трговскиот договор со ЕЕЗ, што беше првиот чекор кон
независна унгарска надворешна политика. Во истата година Јонош Кадир
поднесе оставка, а една година подоцна во Унгарија се случи промена на
режимот, отворајќи го патот за воспоставување демократска држава

7|Страна
СТРУКТУРА НА ТРУДОТ

Во овој специјалистички труд, имам намера да го анализирам процесот што е


наведен погоре и неговото влијание во денешно време од сложена и објективна
перспектива.

Затоа, овој труд е поделен на три главни битни дела, секој еден дел
претставува еден времески период.

Првиот дел од мојата работа се занимава со надворешната политика пред


промената на режимот.

Вториот дел се однесува на ефектите од надворешната политика на промената


на режимот.

Додека третиот и последниот дел се однесува на односот помеѓу современата


унгарска надворешна политика, Русија и Европската унија.

8|Страна
Користени катенки:

ЕЕЗ – Европска Економска Заедница

СВЕП – Совет за взаемна економска помош

СРГ – Сојузна Република Германија

СДС – Слободен Демократски Сојуз

МСЗМП – Унгарска Социјалистицка Работничка Партија

МОТ – Меѓународна организација на трудот

ГДР – Германска Демократска Република

НАТО – Севетоатлантска алијанса

ЕК – Европска Комисија

ЕУ – Европска Унија

ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка во Европа

9|Страна
Унгарската надворешна политика пред промената на режимот

Како што споменав погоре, најважната карактеристика на унгарската


надворешна политика пред 1989 година - и дипломатијата - беше посветеноста
кон Советскиот Сојуз, нејзината лојалност и обврската да ги задржува на ум
сите советски интереси во секое време. За да ги разбереме особеностите на
унгарската надворешна политика пред промената на режимот, треба детално
да го испитаме марксистичкиот концепт на меѓународното право. Во срцето на
овој концепт се наоѓаше апсолутната природа на суверенитетот 2 и желбата
меѓународното право да се појави само во рамките на регионалната соработка
помеѓу државите на комунистичкиот блок. Ова главно беше отелотворено во
принципите на взаемна помош изразена од комунистичката идеологија и
братското пријателство и соработка, што резултираше со други необични,
тоталитарни ликови, покрај минимализирањето на ограничувањето во
суверенитетот. На пример, т.н. Дефинирање на обемот на „резервираната или
задржана надлежност“, аверзија кон меѓународните контролни механизми,
аверзија кон телеологицки толкување на правилата на меѓународното право,
големиот број на меѓународните договори, специфичното толкување на
одредени дефиниции итн. Овие фактори служеа за заштита на апсолутен
суверенитет од западните влијанија и исто така придонесоа за стабилизирање
на политичко-социјалната структура создадена од комунистичката диктатура.
Настаните од 1956 година му даде на знаење на Јанош Кадар дека
одржувањето и работењето на комунистичкиот систем е можно само преку
отстапки.3

Иако Јанош Кадар ги толерираше реформите, но под услови тоа да не доведе


до слабеење на лојалноста и посветеноста кон Советскиот Сојуз. Овој концепт
на Kадар е само делумно уникатен, бидејќи потребата од рафинирање на
методите стана појасна за Советскиот Сојуз како што се интензивира де-
сталинизацијата. Во оваа рамка, на меѓународно ниво беше прогласен
принципот на мирен соживот, отворајќи го патот за отворање кон Западот 4

2
Kovács: i.m. 898- 904.o. , valamint Kardos: i.m. 909-910.o.
3
Békés Csaba: A kádári külpolitika, 1956-1968
4
Békés Csaba: A kádári külpolitika, 1956-1968

10 | С т р а н а
Контактите на Унгарија со западот беа инспирирани од потребата да се научи
за западното законодавство, што исто така влијаеше и на надворешната
политика. Воспоставувањето на односите беше олеснето со позитивната
западна перцепција за Унгарија како резултат на реформите. Сепак,
Обединетите нации ги осудија и Унгарија и Советскиот сојуз за настаните од
1956 година. Проблемот не беше решен до 1963 година, се до првата посета на
тогашниот генерален секретар на ООН. Дипломатските односи со некои
западни земји (Англија, Белгија, Шведска, итн.), исто така, беа надградени на
амбасадорско ниво. Само во 1973 година се воспоставија дипломатски односи
со СРГ (Сојузна Република Германија или тогашна Западна Германија). Овие
настани не само што и помогнаа на економијата, туку и на развојот на
културните и социјалните односи. Дипломатските односи меѓу Соединетите
држави и Унгарија беа прилично необични, што беше комплицирано од голем
број фактори.5 Така, првичните позитивни контакти беа остварени дури во 1968
година. И покрај овие успеси, Унгарија ја задржа својата лојалност кон
Советскиот Сојуз, бидејќи Брежњев веруваше дека западното пријателство
може да биде опасно за нејзината лојалност кон Советскиот Сојуз.

Така, главната цел на надворешната политика беше да се одржи рамнотежа


помеѓу лојалноста кон Советскиот Сојуз и пријателството со Западот.

Како резултат на горенаведеното, односите на Унгарија со другите држави од


регионот се развија на необичен начин: полско-унгарскиот однос
традиционално го одржуваше својот добар карактер, додека романско-
унгарските односи се карактеризираа со прикриена аверзија кон Унгарците.
Советско-унгарските односи се карактеризираа и со консензус. Потребата за
дипломатски односи со Јужна Кореја и Израел, организирање на
Конференцијата за безбедносна политика од 1972 година, приклучувањето на
Унгарија кон конвенциите на ГДТЦ (Генерален Договор за Трговија и Царина) и
ММФ, потребата за членство во Советот на Европа и НАТО, јасно ја
сигнализираат растечката симпатија на Унгарија кон западот.

5
. Békés Csaba: A kádári külpolitika, 1956-1968.

11 | С т р а н а
Во овој период, може да се види зголемено внимание на заштитата на
малцинствата, придржување кон конвенциите за човекови права и решавање
на проблемите со животната средина. Гледајќи ги овие резултати, дури и во
периодот на перестројка, Кадир сметаше дека надминувањето на ова ниво на
реформи е веќе опасно и непотребно, ниту сакаше да го примени концептот во
пракса. Сепак, ова доведе до крајот на режимот на Кадир, а во исто време ја
даде основата на новиот режим кој веќе беше на повидок.

Унгарската дипломатија во времето на политичката транзиција

Кога разговараме за политичката транзиција, не смееме да заборавиме на


временскиот континуитет на настаните во унгарската надворешна политика,
бидејќи ова е „политичка пресвртница“ како еден мал дел од долг процес.

На крајот на краиштата, унгарската надворешна политика се здоби со еден вид


релативна независност од доцните седумдесетти па наваму, која се обидуваше
да го искористи најдобро во околностите. Ова беше многу олеснето со желбата
да се пополни просторот за маневрирање и ограничувањата на надворешниот
долг. Затоа, унгарската дипломатија имаше важна епоха, не само во
подготовката на промена на режимот, туку и во поголемите европски процеси.
Тоа исто така значеше и отворено преориентирање на унгарската надворешна
политика. Овој процес дополнително беше засилен со необичната
западноевропска политика на Горбачов. Како резултат на доаѓањето на власт
на новиот Советски Претседател, Москва се заложи за градење и развој на
односите помеѓу СВЕП и ЕЕЗ. Овој обид беше направен во рамките на
декларацијата потпишана во 1988 година од двете организации со кои се
укинува забраната за меѓурегионални односи. Во септември истата година, во
Брисел беше потпишан Договор за трговија и економски развој со ЕЕЗ.

Освен што е прв договор меѓу Брисел и земја од источна Европа, исто така
стана јасно дека билатералните договори може да се сметаат за многу
6
ефикасни во развојот на економските односи меѓу Истокот и Западот .

6
Kiss J. László: A kádárizmustól az EUtagságig: a magyar külpolitika metamorfózisa. In: Magyar külpolitika a 20.
században (szerk. Gazdag Ferenc-Kiss J. László). Zrínyi, Budapest, 2004.49. o.

12 | С т р а н а
Следствено на ова се покажа дека политиката на Горбачов имаше многу
позитивно влијание, а дополнително со овој вид на политика се оправдаат и
предходно направените реформи. Во 1988 година беше постигнат договор меѓу
Унгарија, Полска и Советскиот Сојуз, чии учесници посакуваа да ги
координираат своите идеи за економски и политички реформи билатерално, со
цел да извршат притисок врз комунистичкиот блок предводен од
конзервативците за развој на заедничка позиција на државите во рамките на
Варшавскиот пакт и СВЕП.

Како и да е, ова исто така имаше свои недостатоци, заради заедничката


позиција, советското раководство понекогаш бараше од Унгарија согласност за
позиција што веќе беше надвор од конзервативните идеи, но, по својата
природа, не беше во согласност со интересите на Унгарија. 7 Можеме да кажеме
дека најважниот аспект за Советскиот Сојуз во тоа време беше да се зачува
централизацијата на моќта. Важноста на овој зафат во советската надворешна
политика е илустрирана со фактот дека Советскиот Сојуз прилично ја поддржа
оставката на Јанош Кадир на партиската конференција во 1988 година, и покрај
тоа што беше свесен за улогата на Кадир во појавата и развојот на реформите
во Унгарија и се смета за една од најистакнатите фигури во односите во
Западот. По оставката на Кадир, споменатото преориентирање на унгарската
надворешна политика значително се засили, што доведе до релевантни
промени во односот на Унгарија со Варшавскиот пакт и СВЕП, како и на
нејзините односи со Западот. Потребата да се модернизира механизмот за
соработка на Варшавскиот пакт веќе се појави кога дојде на власт Горбачов.
Советскиот лидер сметаше дека е потребно да се формира постојано
политичко тело, но тоа не се случи сè додека Варшавскиот пакт не беше укинат
во 1991 година. Главната причина за тоа беше спонтаната демократизација на
државите членки како резултат на советската политика насочена кон градење
на односите со Западот, бидејќи во тоа време сите земји-членки се обидуваа да

7
Erre jó példa az 1988-as magyar-román konfliktus kezelése. Ezzel kapcsolatban Gorbacsov azt mondta Grósz
Károlynak, hogy a szovjet vezetés ezen konfliktusban nem képviselheti hivatalosan a magyar álláspontot
mondván, ez ártana a Szovjetunió belső stabilitásának és belső tekintélyének, így csak „baráti alapon” beszélte
rá a magyar főtitkárt a Ceaucescuval való találkozóra, melyet önálló magyar külpolitikai döntésként próbált
tekinteni. Ennek legjobb magyarázata a Varsói Szerződés és a Szovjetunió központi szerepének fenntartása volt.
Ld. Békés Csaba i.m.

13 | С т р а н а
ги застапуваат своите интереси. Затоа, предлогот на Горбачов, дискутиран
погоре, не беше прифатен од унгарското раководство до 1988 година.

Организацијата на Варшавскиот пакт беше значително погодена од


поднесувањето на романскиот предлог за нејзина трансформација исклучиво во
воен сојуз.

Една година подоцна, поради промените во домашната политика во Унгарија,


истата година СДС (Слободниот Демократски Сојуз) советуваше земјата да
аплицира за посебен статус во Варшавскиот пакт без да се вклучи во воени
активности, а на 16 април истата година ја прогласи својата неутралност. Од 1
јануари 1989 година Унгарија не само што не сакаше да учествува во воени
активности, туку и забрани на Варшавскиот пакт да спроведува воени вежби во
Унгарија. Сепак, неутралноста беше повеќе симболична позиција отколку
унифицирана политичка позиција, но MSZMP сепак исто така ја потпиша
декларацијата. Политичкото раководство во исто време го разгледуваше и
фактот дека укинувањето на Варшавскиот пакт и СВЕП може да доведат до
реализација на неутралноста на краток рок, што пак се закануваше на мирната
транзиција. Ова беше поддржано и од фактот дека и Советскиот сојуз и
западните држави кои ја поддржуваат трансформацијата ја предупредуваа
Унгарија дека неутралноста и брзото повлекување на воените и политичките
блокови може да доведат до намалување или елиминација на меѓународната
поддршка за унгарската кауза.

Во тој поглед, периодот се сметаше за прилично прагматичен, сметајќи дека


организацијата продолжи да ја гарантира безбедноста на Унгарија и дека
добронамерноста покажана од Советските власти досега дозволи мирна
транзиција, така што главната задача на унгарската дипломатија беше да се
реализира националниот суверенитет во дадената рамка. Зачувувањето на
советската добронамерност стана централен елемент во формирањето на
унгарската позиција во тоа време и, според тоа, главната тактика на унгарската
надворешна политика беше да се работи ефикасно со другите конзервативни
земји членки заедно со Советскиот сојуз и Полска. Како резултат на тоа, една
од главните цели на унгарската надворешна политика беше поддршка на
предлози, како што се зајакнување на политичкиот карактер на организацијата,

14 | С т р а н а
зголемување на ефикасноста на соработката, демократизирање на
донесувањето одлуки и елиминирање на принципот на консензус. како мерка за
успешни односи со Западот.

Во рамките на оваа епоха, можеме да споменеме и голем број настани. Во


1988-89 година, Унгарија ги обнови дипломатските односи со Израел, како и
првата од државите на комунистичкиот блок, која го иницира процесот на
трансформација или распаѓањето на “Железната завеса“, побара членство во
Советот на Европа, воспостави односи со Северноатлантското собрание и
парламентот. На 25 јуни 1988 година, претставниците на ЕЕЗ и СВЕП потпишаа
во Луксембург изјава за укинување на забраната за контакт меѓу двете
организации, а 3 месеци подоцна беше склучен трговски и економски договор
помеѓу ЕЕЗ и Унгарија.

Унгарија се обиде да воспостави добри односи не само со ЕУ, туку и со други


меѓународни организации. Што се однесува до овластувањата што претходно и
беа резервирани на државата, унгарската дипломатија изјави дека државата
може да ги ограничи само на прагматична основа, во согласност со нејзините
економски и политички интереси, и да го пренесе својето право на
меѓународните институции.

Концептот и изразот на “граѓански права“ е заменет со човекови права а


надлежноста за истите е прифатен да биде Европскиот суд за човекови права.

Во согласност со ова, во 1990 година смртната казна беше прогласена за


неуставна.

Што се однесува до обврските за меѓународни спогодби, токму заради


флексибилната природа на нивната категорија, донесени се нови одредби на
местото на дотогашните тука се вклучуваат Европската социјална повелба и
многу конвенции на МОТ (Меѓународната организација на трудот).

Унгарија играше најактивна улога во развојот на новиот систем на правила за


заштита на малцинствата, исто така беше вклучена во изготвување на голем
број закони за заштита на малцинствата (на пр. Европската повелба за
регионални или малцински јазици) и побара склучување на неколку

15 | С т р а н а
билатерални договори за заштита на малцинствата со соседните држави, иако
тие не донеле до очекуваните резултати.

Зголемувањето на бројот на изборни поднесоци исто така беше чекор напред.


Како и да е, најважниот момент, при донесувањето на случајот „Бињагимарос“
до Меѓународниот суд на правдата е јасен одраз на повторното појавување на
судското решение и потребата за решавање на односите со соседните земји. 8

Тоа исто така позитивно се одрази и вкулчувањето на Унгарија во


меѓународните Подрегионален договори во кој покрај Унгарија бипе вклучени и
Австрија и Југославија, што дополнително ги ослабнаа односите со Советскиот
Сојуз. Додека ова се случуваше во Унгарија, некои земји од комунистичкиот
блок (ГДР, Чехословачка, Романија, Бугарија) сè уште ја претставуваа тврдата
верзија на комунизмот.

Посетата на Миклош Немет на Москва во март 1989 година е пресвртница во


промената на режимот. Во овој контекст, унгарскиот премиер го извести
Горбачов дека сака да ги елиминира политичките и социјалните проблеми
предизвикани од комунистичката диктатура, воедно ја истакна и неговата желба
да се повлечат советските нуклеарни ракети и да ги повлечат советските трупи
од Унгарија, но сето ова истовремено со воспоставување на повеќепартиски
систем. Во исто време Горбачов го известил својот унгарски колега дека
доктрината на Брежњеев, која е во основата е ограничување на суверенитетот,
е завршена. Во август 1989 година се случи голема промена во внатрешната
политика, која конечно обезбеди независност за унгарската надворешна
политика.Како резултат на договорот постигнат на Националната тркалезна
маса, во Унгарија беа исполнети условите за слободни и повеќепартиски
избори. Осамостојувањето на Унгарската надворешна политика најдобро би
можело да се огледа во преку на отворањето на австро-унгарската граница на
11 септември 1989 година, со што не само што се олесни заминувањето на
бегалците од источна германија во Сојузна Република Германија, туку исто
така, во извесна смисла, придонесе за пропаѓање на ГДР. Сепак, помошта што
ја даде Унгарија на бегалците од источна Германија да можат да се вратат во

8
Dr. Kovács Péter: A rendszerváltozás hatása a magyar nemzetközi jogi doktrínára. In: A magyar jogrendszer
átalakulása 1985/1990- 2005 (szerk. Jakab András- Takács Péter). Gondolat, ELTE-AJTK, Budapest, 2007. 898.o

16 | С т р а н а
Сојузна Република Германија предизвика дипломатски судир помеѓу Унгарија и
ГДР. Осврнувајќи се на Законодавната уредба 31, од 1969 година, ГДР побара
од Унгарија да ги екстрадира источногерманците во нивната земја но Унгарија
одби да го стори тоа. Обидите за помирување со Источните Германци не
успеаја, па двете страни видоа решение само во помирувањето на двете
германски страни. Состојбата конечно се реши во текот на средбата меѓу
Миклиш Немет, Хорн Ѓула, Хелмут Кол и Ханс-Дитрих Геншер на 25 август 1989
година. Најголемото значење на оваа средбе е дека до тогаш такви преговори
не биле возможни без Советскиот Сојуз. Сепак, овој настан покажува дека
унгарската надворешна политика и Унгарија го отвориле патот кон демократија
и Европа.

Унгарската надворешна политика од „времето на транзицијата“ до


денес

Во 1989 и 1990 година, скоро сите поранешни држави од Централна и Источна


Европа кои припаѓале на комунистичкиот блок започнале или биле во процес на
обнова на постојните социјални и политички структури. Поради својата
сложеност, овој процес е одложен речиси една и пол деценија. Промената се
случи на две нивоа: сеопфатна социјална и економска трансформација, и
другиот беше промената во геополитичката состојба на државите во регионот и
пристапувањето во западниот политички систем. Нивната надворешна
политика се карактеризираше со потрага по евроатлантска ориентација
испреплетена со националните потреби и цели. 9 Најважните цели на
надворешната политика на Унгарија биле да ги елиминираат разликите помеѓу
државните граници и регионалните области, како и да ја подигнат земјата на
европско ниво, да развиваат односи со соседните држави. Надворешната
политика на владата на Антал, која дојде на власт преку демократските избори
во 1990 година, се соочи со многу меѓународни предизвици, бидејќи падот на
комунистичкиот систем и распадот на мултиетничките државни структури го
прецртаа соседството на земјата, што резултираше во преиспитување на
состојбата на малцинствата. Од воспоставувањето на надворешната политика
9
Dr. Terényi János: 1989-2009: húsz év a magyar külpolitikában.

17 | С т р а н а
заснована на трите приоритетни концепти на европска интеграција,
добрососедски односи, заштита на малцинствата, прогласени од Владата на
Антал, се истакнаа две прашања: обезбедување на местото на земјата во
рамките на западните институции; дефинирање на позицијата на Унгарската
држава и нација во регионот.10

Овие аспирации го илустрираат почетниот пат на независна унгарска


надворешна политика. Ова се гледа и во фактот дека примарна задача на
надворешната политика на владата на Антал беше да се врати независноста на
земјата за реализација на нејзините приоритети. 11 Првиот чекор во процесот на
враќање на независноста и интеграцијата во Европа беше прекинувањето на
Варшавскиот договор во 1991 година.

Унгарската дипломатија исто така одигра улога со елиминацијата на


прашањето за неутралност и принципот на троен приоритет развиен од
Министерството за надворешни работи беше еден од првите чекори кон
европизација на Унгарија, која сега стана целосно независна. Покрај
укинувањето на односите со Советскиот блок, Унгарија беше во првите редови
на патот кон интеграција.

На 6 ноември 1990 година, се приклучи на Советот на Европа, а во декември


1991 година премиерот го потпиша Унгарскиот договор за асоцијација на ЕК. На
овој начин, ЕК не само што го отвори својот пазар кон Унгарија, туку и го
прошири својот систем за финансиска помош. Проблемот беше, меѓутоа,
западните сили да замислат повторно обединување на Европа со помош на
разни организации за земјите во транзиција. Еден важен чекор кон
интеграцијата беше фактот дека во 1991 и 1999 година, НАТО презеде голем
број задачи во рамките на еден сложен процес на трансформација. која
вклучува, покрај глобалната безбедносна политика, социјални, економски и
услови на животната средина и колективна одбрана на земјите членки,
потребата да се одговори на нови видови предизвици (пролиферација,
тероризам, меѓународен криминал), што доведе до реорганизација на
надлежностите на НАТО и соработка со други меѓународни организации.

10
Dr. Terényi János: 1989-2009: húsz év a magyar külpolitikában.
11
Dr. Terényi János: 1989-2009: húsz év a magyar külpolitikában.

18 | С т р а н а
Развојот на источните односи е илустриран со склучувањето на договор со
голем број на источноевропски земји. Студијата за проширување на НАТО во
1995 година, во која се утврдени условите за пристапување, е фундаментална
промена. Условите за проширување утврдени во документот вклучуваат
демократско правило, пазарната економија и граѓанска контрола врз
вооружените сили.

НАТО најпрво одлучи во јули 1997 година да вклучи три земји од Централна
Европа, Унгарија, Полска и Чешката Република. Од 12 март 1999 година,
Унгарија стана полноправна членка на НАТО. По распадот на Европа,
потребата за пристапување во земјите во транзиција и потребата од источно
проширување придонесоа за брзо забрзување на европскиот процес на
градење. Договорот од Мастрихт за воспоставување на ЕУ беше потпишан во
1992 година, Договорот од Ница 10 години подоцна, се создаде Заедничката
надворешна и безбедносна политика, Европската безбедносна и одбранбена
политика и Европската соседска политика и се создаде единствената валута,
Шенгенскиот систем за укинување на внатрешните граници и Лисабонската
агенда за зголемена конкурентност ќе биде формиран и во 1993 година. Со тоа
ќе бидат утврдени политичките, економските, правните и институционалните
услови за пристапување. Една година подоцна, Унгарија аплицираше за
пристапување, што се случи на 1 мај 2004 година. Со пристапувањето на
Унгарија во ЕУ, другите области на надворешната политика, исто така,
претрпеа значителни промени. Треба да се напомене дека европското
ограничување на Конвенцијата за азил беше укинато само во рамките на
усвојувањето на Шенгенското законодавство, додека пристапувањето во
Дополнителните и амандманските протоколи на Европската социјална повелба
е резултат на усогласената позиција вкоренета во солидарноста на Европската
унија. Пристапувањето кон санкциите на ЕУ се случи во рамките на владината
одлука, која исто така ги утврди и обврските. По пристапувањето, Унгарија се
стекна со одговорност да ги следи патеките договорени во рамките на
Заедничката надворешна и безбедносна политика.12 Иако промената на
режимот се случи во 1989 година во Унгарија а влезот во Унијата во 2004
година, тоа сè уште не значи целосна интеграција, земјата да биде конкурентна

12
https://europa.eu/european-union/about-eu/countries/member-countries/hungary_hu

19 | С т р а н а
во Унијата, потребни се многу промени за да успее во регионот и да биде
одговорна држава во светот, потребни се многу надворешни и економски
чекори. Заштита и поддршка на унгарските малцинства кои живеат надвор од
државните граници, и во овој контекст преиспитувајќи го концептот на нација-
држава, градење на добри односи со соседните држави, промовирање на
развој и пристапување на државите што не се членки на ЕУ и ефикасно
работење со други меѓународни организации за решавање на меѓународните
прашања; Зајакнувањето на односите со Соединетите држави и Соединетите
држави за безбедносна политика, одржување дијалог и соработка со
неевропски региони и решавање на економската криза внатре во земјата, во
овој контекст, за целосна реализација и кулминација на процесот на
европеизација што се одвиваше по промената на политичкиот систем, со цел
да го консолидира своето место и да се создаде поуспешна Унгарија и Европа
како резултат на соодветниот социјален и политички консензус.

20 | С т р а н а
Корените на Унгарско – Руските односи

Согласно некој пишани извори датираат уште од пред 12 века, но за почетоците


сега веќе се останати само некој легенди и митови кој можат да се најдат во
книгите во архивите на библиотеките. Интензивната соработка започнува за
време на татарските војни а продолжуваат со ослободителните војни на
унгарија и со војните на север, а познато е и дека Цар Петар Велики страствено
го обожувал токајското вино. XIX.-XX. секако остави повеќе негативни одколку
позитивни слики во оснос на односите помеѓу двете земји, а Советскиот Сојуз
го стави својот негативен печат на и така расипаните односи.
Во 1980-тите, во Источна Европа, веќе не беше можно да се игнорираат
растечките напори на дезинтеграцијата на земјите кои беа во сферата на
влијание на Советскиот сојуз.
Реформите што ги иницираше Михаил Горбачов во Советскиот Сојуз во 1985
година, како што е престројката која го промовира закрепнувањето на
економијата и слободата на изразување, доведоа до спротивен ефект од она
што го очекуваше Горбачов, како само доведоа и до натамошно слабеење на
Советскиот Сојуз. Дури и во 1988 година, на пример, во советско-
југословенската заедничка изјава од Горбачов можеше да се чуе дека "некој
држави имаат право на независност и суверенитет, како што и (комунистичките)
партиите во изборот на патот на општествениот развој" 13 и дека "недопустливо
е мешањето во внатрешните работи без разлика на темата на која се
повикуваат. "14

И покрај фактот дека првиот човек на Советскиот Сојуз уште на самиот почеток
беше го согледа ризикот од колапс, ниту реформите, ниту изјавите кои се
13
Bíró Zoltán (1999): Oroszország és Kelet-Közép-Európa in: Kelet-Közép-Európa az ezredfordulón, 114.страна.
14
Bíró Zoltán (1999): Oroszország és Kelet-Közép-Európa in: Kelet-Közép-Európa az ezredfordulón, 114.страна.

21 | С т р а н а
чинеше дека олеснуваат и зближуваат не вродиа со успех. Источно-европските
земји кои се бореа со ниското економско ниво, особено оние близу до
западните држави, го гледаа излезот во контактот со забранетите држави и во
економскате соработка со нив. Во тоа време, првиот а воедно и последниот
претседател на Советскиот Сојуз залудно размислуваше за можноста за
полабава државна заедница, а последиците од аспирациите за независност
што започнаа во 1989 година, не исчезнаа.
Од 1991 година, советските републики ја прогласија својата независност до тој
степен што во септември 1991 година Советскиот Сојуз се распушти.

Горбачов си поднесе оставка на 31-ви декември 1991 година а со тоа и


Соетскиот Сојуз од правна гледна точка престана да постои. На негово место
дојде Сојузот на Независни Држави 15. Истата година и друга заедница, Советот
за взаемна економска помош, престана да постои, чија одлука беше донесена
на состанокот одржан во Будимпешта, а во исто време беше формирана и
најголемата држава наследничка – Руската Федерација на чие чело застана
Претседателот Борис Елцин. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз, луѓето во
Русија добиа многу но во исто време и загубија многу. Руската Федерација
наследи 76% од територијата на Советскиот Сојуз, 51% од нејзиното население
и 59% од нејзиниот економски потенцијал. Една третина од светските гасни
природни резерви, 5% од нафтените резерви. Не земајки ги во предвид
балтичките држави, од економска гледна точка Русија беше најголемиот
победник на распаѓањето на Советскиот Сојуз. 16

Унгарија се впушта во релативно брза реакција на промените, веќе на 23


октомври 1989 година ја прогласува така наречената III. Унгарска Република, а
во март 1990 година со договор го регулира повлекувањето на руските трупи од
нејзината територија за веќе на 19 јуни 1991 година да замине и последниот
руски војник.17

15
Krausz Tamás (2003): Lenintől Putyinig. Tanulmányok és cikkek 1994-2003. La Ventana, Будимпешта.
16
Deák András (2005): Az orosz külpolitikai gondolkodás története. Издавачка куќа Академиа. Будимпешта.
2005. 39-40.страна.
17
Zsebvilág (1999). Kelet-Európa tíz éve. HVG . 1999. Будимпешта.

22 | С т р а н а
РАЗВОЈ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ОДНОСИ 1989 – 2019

23 | С т р а н а
Политиката на Антал (1990-1993) – Борош (1993-94) кон Русија

Со прогласувањето на независната трета Унгарска Република започна и


изградбата на новата надоврешна политика кон Русија на чело со Антал и со
Борош, на 6 декември 1991 година кога сеуште формално постоеше Советскиот
Сојуз се потпиша „Договорот за пријателски односи и взаемна соработка помеѓу
Република Унгарија и Руската СССР“18. Договорот меѓу двете земји беше
потпишан од унгарскиот премиер Јозеф Антал и од рускиот претседател Борис
Елцин. Според договорот, страните се еднакви, ниту една земја не е подредена
на другата страна. Новиот однос се базира на демократијата и на правичните
принципи. Пријателскиот статус значи дека двете земји работат во согласност
со условите на меѓународното право и не се мешаат во внатрешните работи на
која било земја. Со цел да се задржи новиот однос, основниот договор ја игра
главната улога во одржувањето билатерални средби и консултации на повисоко
ниво19. Сепак договорот кој се сметаше дека е од витално значење за
отпочнување на нова страна во взаемните односи, од потпишување до
ратификација, помина долг пат. Со цел неговите одредби да стапат на сила,
Унгарија мораше да чека четири години, па така истиот стапи на сила дури во
1997 година. Во Русија, поднесоците мораа да бидат доставени до
Парламентот неколкупати за Домот на претставници конечно да го
ратификуваат во 1995 година. По потпишувањето на договорот, за кратко
време се одржува и првата официјална средба на највисоко ниво, Борис Елцин
ја посети Будимпешта во ноември 1992 година. Заедничките преговори со
Јозеф Антал се покажаа како ефективни, бидејќи двајцата водачи за време на
официјалната посета на Елцин потпишаа девет договори. Меѓу договорите
беше регулиран и државниот долг, договор за културни добра како прашањето
околу судбината на малцинствата.

18
Magyar Külpolitikai Évkönyv (1997): 245.страна.
http://www.mfa.gov.hu/kum/hu/bal/Kulugyminiszterium/Kiadvanyaink/Kulpolitikai_evкonyvek/
19
Magyar Külpolitikai Évkönyv (1997): 245.страна.
http://www.mfa.gov.hu/kum/hu/bal/Kulugyminiszterium/Kiadvanyaink/Kulpolitikai_evкonyvek/

24 | С т р а н а
По потпишувањето на договорите, Елцин одржа говор во парламентот каде што
негативно зборуваше за советската инвазија на Унгарија во 1956 година, но
како што додаде, "(...) тоа произведе еден чуден ефект, и се надевам дека
ослободени од товарот од минатото, ќе ги креираме основите на нашата
врска"20
Руската внатрешно-политичка ситуација предизвика криза во 1993 година,
Елцин кој постојано беше изложен на отпор од страна на Руската Дума, во
октомври 1993 година нареди опсада на рускиот парламент и во исто време
распиша нови избори каде рускиот народ покрај парламентарните избори
имаше можност да глас и за новиот устав. Согласно изгласаниот устав Русија
од начелото на 1994 година стана Претседателска Република, односно воведе
претседателски систем на управување.
Јесенски Геза, тогашниот министер за надворешни работи а по него и Фур
Лајош тогашен министер за одбрана во 1993 година ја посетиа Москва, чија
посета воедно и беше да се даде поддршка на Елцин. Во тоа време со цел да
се одржи и развие економската соработка Москва ја посети и тогашниот
министер за индустрија и трговија Јанош Латорчаи како и министерот за
земјоделие Јанош Сабо, а одржувањето на односите ги поткрепи и посетата на
Рускиот министер за меѓународни економски односи Михаил Фодорков на
Будимпешта.
Претседателот на Унгарија, Антал Јожеф почина на 12 декември 1993 година, а
неговата позиција како следен на листата до одржување на следните избори ја
превзема Борош Петер. За време на краткиот мандат на Борош не оствари
официјална посета на Кремљ, но затоа Рускиот Премиер Виктор Черноморогин
ја посети Будимпешта во 1994 година каде се потпишаа неколку договори
вклучувајќи го и уредувањето на взаемните долгови. Покрај тоа, потпишани се и
разни економски договори, кои помогнаа економските односи да се развиваат
во вистинска насока, но затоа во политиката, оваа ситуација беше далеку од
идилична, не само затоа што Унгарија не обрна доволно големо внимание за
унапредувањето на билатерални средби на највисоко ниво (Унгарски премиер
последен пат ја имаше посетено Москва во 1991 година), но исто така, бидејќи

20
Magyar Külpolitikai Évkönyv (1997)

25 | С т р а н а
Унгарија во меѓувреме ги започна пристапните преговори со
Северноатлантската алијанса (НАТО).

Ширењето на НАТО беше многу загрижувачко за Русија, нејзиното постоење и


проширување имаше големо влијание врз формирањето и развојот на
односите. Овие настани дадоа слика на едно целосно пристојни односи, но
(особено политички) во исто време одржаа и една дистанца помеѓу Унгарија и
Русија.

26 | С т р а н а
Политиката на Хорн Ѓула кон Русија (1994-1998)

Начинот на размислување на демократската влада, ослободена од


социјалистите, која дојде на власт во Унгарија во 1994 година, е целосно
ревитализирана во однос на унгарско-руските односи. Владата на Ѓула Хорн
потврди дека, покрај интеграцијата на Европската унија, одржувањето на
односите со Истокот особено со Русија, е исто така многу важно за
понатамошниот развој на Унгарија, особено во економскиот развој на земјата.
Така, Ѓула Хорн, во својата посета на Москва во 1995 година направи чекор
напред во дотогашните заладени односи со Русија што веќе се сметало за
дипломатска грешка. За време на посетата во март беа потпишани четири
договори, вклучувајќи го и решавањето на воените злосторства и валидноста
на поранешните унгарски-советски договори. Преговорите се одвиваат на база
на две кардинални прашања, рускиот суверен долг и пристапот во НАТО. На
посетата на унгарскиот премиер му претходеше посетата на министерот Пал,
министерот за индустрија и трговија, а министрите за земјоделие на двете
земји разменија посети. Иако владата на Антал-Борос не беше во позиција да
постигне голем напредок исто како и Владата на Хорн, фактот дека односите
меѓу двете земји не беа оптоварени со непотребни конфликти и дипломатски
скокови веќе се сметаше за голем напредок. Сепак, четиригодишното владеење
е мал временски период да се постигне напредок и поголеми промени за
внатрешната политика, а камоли пак во обликувањето на надворешно-
политичките односи . Новиот унгарски-руски однос кој сѐ уште бил "во повој",
доведе до брзо и радикално влошување на надворешната политика кога на
сила дојде владата на Орбан во 1998 година.

27 | С т р а н а
Политиката кон Русија на првата влада на Орбан (1998-2002)

Елцин беше реизбран во 1996 година, но неговата популарност, меѓу другото,


драматично падна поради неуспехот на битката во Чеченија. (Во 1995 година
на декемвриските избори, комунистите победија на изборите, но истражувачите
на јавното мислење велат дека поддршката на Елцин се намалила за 5 отсто.) 21
Сепак самата институција Претседател не ја изгуби својата популарност.

Ова исто така се докажа со фактот дека кога Елцин неочекувано поднесе
оставка во 1999 година, Путин кој беше предводник на премиерската функција
само една година, беше избран за Претседател и остана на истата функција
максимално. Додека целиот свет го призна статусот на големата сил Русија,
Владата на Унгарија ги продолжи и така веќе заладените односи, кој и воопшто
не ги сметаа за дипломатска грешка. Фактот дека меѓу двете земји речиси и
целосно ги елиминира посетите на највисоко ниво е само еден од проблемите,
само за споредба, првата година од доаѓањето на власт на Путин, Англискиот
премиер Тони Блер и рускиот претседател се сретнаа пет пати. Речиси сите
земји во Европа воспоставија политички, економски, културни и други видови на
соработка со Русија, дури и Франција, која најгласно се противеше на војната
во Чеченија. Виктор Орбан беше само неколку месеци на власт кога го даде
скандалозното интервју за Њусвик: "На нас не ни се допаѓа тоа дека Примаков
стана премиер"22 – коментирајки го фактот дека во Русија за Премиер беше
избран поранешниот министер а надворешни работи Евгениј Примаков. На
"Путиновата" Русија (на пример кон франција) подготвеност да соработуваат ја
возврати со повеќе од десетици милијарди долари во гас бизнисот со гас 23. И
покрај политичките и економските промени унгарската влада почна нов

21
Asmus (2003): „A NATO kapunyitása. Az új korszak és a szervezet átalakítása.“ Зрињи издавачка куќа.
Будимпешта. 2003
22
Szvák Gyula, 2005: A magyar-orosz kapcsolatok tizenkét évszázada(2005): 89.страна.
23
Szvák Gyula, 2005: A magyar-orosz kapcsolatok tizenkét évszázada(2005): 89.страна.

28 | С т р а н а
вербален напад. Премиерот Виктор Орбан во мај 2001 година повторно даде
интервју но овој пат за New York Times, во кое го отслика "повторното доаѓање
на власт на Источниот гигант"24. мислејќи на Руската слика во очите на Унгарија.

Сепак, изјавата дадена неколку дена пред 11-ти септември 2001 година од
страна на заменик-државниот секретар на Министерството за надворешни
работи на Унгарија, Золт Немет најверојатно се смета за еден од најбруталните
дипломатски инциденти. На конференција на лидерите на партиите од
десниочарскиот блок во Талин, Унгарскиот висок претставник ја дели Европа на
два дела, на западна која ја спореди “со иднината“ и на источна “со минатото“.
Сериозната дипломатска грешка не направи проблем само со Русија, туку и со
секоја земја која беше источно од Унгарија.

На само одредена "лоша среќа" за Унгарската влада, времето на дадената


изјава се поклопи со терористичките напади на 11-септемвриските кој
резултираше со првиот чекор на создавањето на еден нов светски систем каде
што САД и Русија "ќе се најдат една со друга". Меѓу другото, благодарение на
фактот дека Путин беше меѓу првите што ја понудија својата поддршка на
претседателот на САД, Џорџ Буш.

24
Szvák Gyula, 2005: A magyar-orosz kapcsolatok tizenkét évszázada(2005): 89.страна.

29 | С т р а н а
Политиката кон Русија на Владата на Медѓееши (2002-2004)

Во 2002 година дојде до целосен пад на унгарско-руските односи, надежта за


подобрување на односите се гледаше во унгарските парламентарни избори,
каде повторно победи социјал-либералнта коалиција. Новиот премиер на
Унгарија, Петер Медѓееши ја призна погрешно водена политика кон Русија и
изјави дека ќе одговори на новите предизвици, и ќе се обиде повторно да ги
заживее односите меѓу двете земји. Медѓееши помина малку повеќе од две
години на чело на Владата на Унгарија, при што за тој период четири пати
оствари средба и преговараше со рускиот претседател. По првиот состанок на
самитот на НАТО-Русија во Рим одржан во мај 2002 година, Путин го покани во
Москва унгарскиот премиер. "Медѓееши Петер тогаш изјави дека, по брзото
решавање на отворените прашања од минатото, треба да се даде поголема
перспектива на односите помеѓу Унгарија и Русија’’ 25, воедно Унгарскиот
Премиер изјави дека се согласиле со Рускиот шеф дека заостанатиот Советски
долг од над 400 милиони долари ке биде регулиран без посредници и ќе биде
исчистен до крајот на годината. Путин и Медѓееши им ја довериа
понатамошната разработка на деталите на двајцата претседатели на
парламентот.
За време на средбата се постигна да се потпишат релативно принципиелни
договори кој се однесуваа на артефактите кои во текот на Втората светска
војна биле на територијата на Советскиот Сојуз како и за нивно враќање, меѓу
другото било утврдено дека “за лесно спроведување и решавање на
отворените прашања, Русија чекаше само да се донесат соодветни законски
регулативи во Унгарија“.26
Реагирајќи на ‘стравот од Русија’ кој се прошири за време на владеењето на
владата на Орбан, беше констатирано дека, доколку се почитуваат

25
http://www.kim.gov.hu/tevekenyseg/tevekhirek/putyin20021220.html
26
http://www.kim.gov.hu/tevekenyseg/tevekhirek/putyin20021220.html

30 | С т р а н а
меѓународните и унгарските правни норми и не се однесува на превземање на
непријатескиот пазар, Унгарија со задоволство ќе ги прифати руските
инвестиции на својата територија.
Тогаш унгарскиот премиер Петер Медѓееши не само што го посети Кремљ, туку
оствари средби со раководството на Гаспром и со Градоначалникот на Москва,
Јуриј Лужков. Согласно изјавата на тогашниот Министер за надворешни работи
Ласло Ковач, “жагриженоста“ за пристапниот процес кон НАТО може да се
намали, бидејќи тогаш на веб страната на Министерството за надворешни
работи беше објавено „(...) шефот на државата ги увери дека идното членство
на Унгарија во НАТО и ЕУ не претставува загрижувачки фактор за развојот на
односите.“

Политиката на владата на Ѓурчањ кон Русија (2004-2006) (2006-2009)

Путин и покрај неговата апсолутна автократска власт во март 2004 година по


вторпат беше реизбран на претседателските избори. Додека Петер Меѓеши си
поднесе оставка во Унгарија по неуспехот на изборите за Европскиот
парламент, Ференц Ѓурчањ беше тој кој го замени и го зазема Премиерското
место во Унгарија. Новиот премиер првпат ја посети Москва во февруари 2005
година. Новиот Премиер Ѓурчањ во секоја смисла се трудеше да ја продолши
политиката на Медѓеши, организираше средби на високо ниво, како и среби со
потенцијални локални инвеститори а во исто време остваруваше лични
консултации со сртучњаци од областа на економијата. Соодветно на
планиранотот, првата посета ја направи на саем за храна а воедно и оствари
средба со Рускиот премиер Михаил Фрадков со кого потпиша и договор за
економска соработка. За време на посетата се одржа и економски форум на кој
присуствуваа Унгарски и Руски претприемачи. На крајот од посетата оствари
средба и со Рускиот Претседател Владимир Путин, кој за прв пат јавно го
истакна значењето на Унгарската политика за Русија, додавајќи дека Унгарија е
една битна алка во процесот на доближување на односите помеѓу Русија со
Европската Унија и НАТО.

31 | С т р а н а
Втор битен момент од посетата на Ѓурчањ во Русија е тоа што за време на таа
посета отпочна и руско-унгарската културна сесија 27, а во знак на идната
соработка од областа, Путин го вети враќањето на книгите од Шарошпатак кој
беа одземени и однесени за Русија пред повеќе од 60 години, а истите се
сметаат дека се од непроценлива вредност а меѓу нив се најде и Библијата на
Лорандфи. За исполнување на ветенотот сега само беа потребни измени на
Руското законодавство, додека Унгарскотот со скратена постапка беше
изгласано во Парламентот. Руската Дума во 1 Јули 2005 година го помина
првотот читање на законот со кој се регулираше барањето од Република Унгари
за враќање на збирките од Шарошпатак, второто читање беше изгласано
декември 2005 како и третото во јануари 2006 година. Веќе во фебруари истата
година законот беше потпишан од страна на Путин а збирката од 136
примероци од вкупно 170 беше испратена за Будимпешта. После овој чекор
зачестија и средбите на највисоко ниво, а прв оствари средба Препиерот
Фрадков кој ја посети Будимпешта.

Унгарскиот премиер во својот говор за време на седницата одржана во


Унгарскиот Парламент во октомври 2005 година, со следните зборови ја
дефинира политика на Унгарија кон Русија: „(...) после 2002 година повторно ги
изградивме на високо ниво унгарско-руските односи, бидејќи за Унгарија Русија
и понатаму е онаа која влијае на светската политика и е битен фактор во
креирањето на истата (..).“ „(...) На Унгарија потребна и е Русија, како за
партнер кој има глобално влијание во зачувување на глобалната безбедносна
политика така и за нивниот пазар. И најверојатно и од тие причини во
последните три години, пробувајќи да го надоместиме испуштеното а воедно и
да ги корегираме добрите неколку грешки, се остварија повеќе средби на
највисото билатерално ниво.“28

Во фебруари 2006 година, на заедничка официјална покана од страна на


Претседателот Шојом Ласло и Премиерот Ѓурчањ Ференц, во официјална
посета на Будимпешта дојде Рускиот Претседател Владимир Путин, кој за
време на својата официјална посета ја посети и изложбана на вратените книги
од Шарошпатак кој се одржуваше во Националниот Музеј.

27
https://kki.hu/
28
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium

32 | С т р а н а
Гунц Кинга, Министерката за надворешни работи во едно интервју дадено на
почетокот од 2006 година во врска со политиката на Унгарија кон Русија
истакна: „Како што германците, французите па и италијаните одржуваат цврсти
и стабилни врски со Русија врз основа на многу слични размислувања како
нашите, така и ние знаеме дека по промената на системот и распадод на
Советскиот Сојуз, Русија и економски беше многу ослабена и многу тешко се
созема. Денас и економски е многу појака, а основата на економијата јасно е
дека е енергијата. Треба да се земе во предвид дека за Унгарија, Русија е многу
голем пазар. Сличен немаме во близина, па затоа треба да бидеме свесни дека
нашата геополитича положба го дефинира овој однос помеѓу двете држави. А
меѓу другото и Европската Унија ги продолжува преговарачките односи со
Русија. И ние сме за истото. А од тоа веќе ги има и ефектите: има голем развој
во економската и трговската соработка.“29

На парламентарните избори во 2006 година, повторно довербата ја добива


дотогашната влада на Ѓурчањ, па така продолжува и дотогашната
воспоставена надворешна политика на Унгарија со Руската Федерација. Кратко
по добивањето на вториот мандат, Ѓурчањ повторно ја посети Москва, но овој
пат успеа да се сретне како со Премиерот на Русија, така и со Претседателот
Путин, кој наместо во својата канцеларија во Кремљ, Путин сакајќи да го
истакне пријателството и близината со Унгарија, го кани Ѓурчањ во својата
приватна резиденција близу Москва каде што и се одржува средбата.

Уште истата година Рускиот претседател на владата, Виктор Зубков пристигна


во Унгарија да присуствува на меѓувладината консултација која се одржа во
Будимпешта, на која главни теми беа економијата и енергетиката. За неполна
година дена подоцна се одржа и втората меѓувладина консултација, но овој пат
со проширен дневен ред, каде се разгледуваа и прашања од областа на
образованието и културата.

Па така сумирано, може да се заклучи дека за време на владеењето на


Владата на Ѓурчањ, не само што се покачи нивото на дипломатските односи
меѓу двете земји, туку и односите во целина, а поготово добро влијаеше на
економските и културните односи.

29
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium

33 | С т р а н а
Политиката на владата на Гордон Бајнаи кон Русија (2009-2010)

Една година пред одржувањето на редовните парламентарни избори, во


Парламентот ја изгласаа конструктивната недоверба која беше поднесена
против Ференц Ѓурчањ, а воедно со поддршка на социјалистичкиот блок во
Парламентот за нов Претседател на Владата на Унгарија беше избран Гордон
Бајнаи, дотогашниот Министер за национален развој и економија. Сега веќе
новиот Пермиер, официјално на функцијата стапи на 14 април 2009 година, во
повеќето од својте изјави кој ги даде по стапувањето на функција го
потенцираше фактот дека смета дека е потребно да се влезе во една нова
политичка ера, алудирајќи на фактот оти се потребни промени во внатрешната
политика на државата, а истото би се постигнало со поставување на нови
темели на надворешната политика. Владата на Бајнаи во извештајот од првите
„100 дена Влада“ во делот кој беше за „побитни меѓународни односи“ Русија ја
беше ставиле под трета точка. Согласно тоа, Владата на Бајнаи, Унгарско-
Руските односи ги базираат на две основи, и тоа, првата зависи од тоа Унгарија
чија се членка е во глобални рамки а другата е прашањето на заеднички
национален и стратешки интерес помеѓу двете земји. Дотогашниот Министер за
надворешни работи Кинга Гунц, во јуни 2009 година ја замени Балаж Петер кој
првата средба со својот руски колета Сергеј Лавров ја оствари на
неформалниот состанок на министрите за надворешни работи организирам од
страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) каде
што и начелно е договорена повторна средба во Москва. За време на разговорт
од страна на Унгарскиот Министер на надворешни работи, Балаж беше
нагласено дека Русија е многу битен партнер на Унгарија и ги поздрави Руските
инвестиции во Унгарија, додавајќи дека руските инвестиции го имаат и ќе го

34 | С т р а н а
имаат истиот третман како и сите останати кој доаѓаат во Унгарија и се
согласно унгарските закони.
Но и покрај сите напори кој се правеа, Владата на Бајнаи неможе да се каже
дека беше една од поактивните кога станува збор за Руско-Унгарските односи,
на пример Премиерот Бајнаи за време на својот мандат не се сретна со Путин
ниту еднаш, и покрај наводните „ургенции“ од страна на неговиот предходник.
Но фактот дека Бајнаи на Премиерската функција беше помалку од една година
може да се земе како ‘’олеснителна’’ околност во однос на тоа прашање, но од
друга страна пак средбите кој се од економска гледна точка не заостануваа, за
што говори и фактот од средбата на Бајнаи со Претседателот на државната
комисија за надворешни работи на Руската Дума, Константин Косачов на која
биле договорени повеќе пакети за финансиска помош како би се подобрила
економската и трговската размена на двете земји додека трае светската
економска криза.

35 | С т р а н а
Политиката на втората, третата и четвртата Влада на Орбан кон
Русија (2010-2014) – (2014-2018) – (2018- на власт)

Орбан Виктор стапи на Премиерската функција по втор пат на 29 мај 2010


година, и покрај тоа што претставниците на десниот блок уште пред изборите
почнаа да покажуваат наклонетост кон Русија, неговата политика по
стапувањето на Премиерската функција релативно изненади, имајќи ја во
предвид ладната политиката која ја водеше за време на својот прв манадат.
„Ако сегашниот унгарски премиер се состане со рускиот претседател или
премиер, тој може да биде поздравен од политичар од опозицијата“, рече Жолт
Немет, претседател на Комисијата за надворешни работи на парламентот од
Фидес. Така, перцепцијата за важноста на билатералните состаноци се смени
во толкувањето на десничарскиот политичар, барем во споредба со упатствата
на првата влада на Орбан.
Владеачката опозиција покрена две основни грижи кон Русија, една во врска со
концентрацијата на моќност и антидемократските елементи на Путин и втората
за високите цени на нафтата што руското раководство ги генерираа а истите
доведуваа до антидемократски и анти-пазарни процеси. Во пракса, тој ја
докажа својата блискост со поранешната „непријателска земја“ кога го посети
Сент Петербург на конгресниот состанок на партијата Обединета Русија
(Јогиинаја Росија) и се сретна со Владимир Путин. Иако немаше значајна
дискусија помеѓу двајцата, Орбан се обидуваше да го направи гестот за
повторно затоплување на односите. И околу една година подоцна, тогаш веќе
како премиер, застапуваше политика на „отворање кон Исток“. „Летаме под
западното знаме, но источниот ветер дува во глобалната економија“, рече

36 | С т р а н а
премиерот30 на состанокот на „Унгарска Постојана Седница“ во ноември 2010
година.
Осврнувајќи се на новата стратегија за надворешна политика на втората влада
на Орбан. Дури и овој месец, во предавањето во Францускиот институт за
меѓународни односи во Париз, тој објасни: „(...) не постои момент на историско
помирување меѓу ЕУ и Русија.„31 кои Унгарија може да го поддржи само под
одредени услови “. како што се енергетска независност, воена безбедност,
транспортна инфраструктура или економска транспарентност, бидејќи областа
не може да биде единствената жртва на компромис. “) 32 И покрај тоа што 2011
година започна со состаноци на високо ниво, конкретни детали сè уште
недостасуваа. Јанош Мартони и неговиот колега, министерот за надворешни
работи, Сергеј Лавров, се состанаа во Москва во февруари, каде не напредуваа
за суштински прашања, но Мартоњи во неколку форуми рече дека „руско-
унгарските односи се во тек“. отворањето кон Исток е секако дел од нејзината
надворешна политика. Сепак, за жал, сè уште не бев во можност да ги испитам
и анализирам конкретните чекори кон „Исток“ и ова прашање веројатно ќе биде
предмет на иден труд. Во секој случај, нема да биде лесно да се разбере,
прифати и анализира „новото“ размислување за надворешна политика на
новата влада на Орбан во Русија.
Нема ништо повеќе да го докажеме ова од „ситните и случајни“ кодоши кои
одвреме-навреме се појавуваат во рускиот печат. Размислувам, на пример,
кога руската новинска агенција ИТАР-ТАСС го поврза името на унгарскиот
премиер, (кој веќе во тоа време повеќе од половина година не е на функција) со
фотографијата на Ференц Ѓурчањи. Сепак, рускиот печат ретко прави грешка.
Веројатно не случајно беше дека на блиц средбата во 2009 година на рускиот
премиер со Виктор Орбан немаше новинар присутен, средбата не беше
фотографирана, па дури и портпаролот на Путин не можеше да го потврди
фактот повеќе од еден час. Како што веројатно не е случајно, фотографиите и
информациите ги поплавија и владините и порталите за вести за вечерата на
Путин со Ференц Ѓурчањи и неговата сопруга два дена подоцна. Втората влада

30
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium
31
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium
32
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium

37 | С т р а н а
на Орбан, според тоа, се справуваше со лошите врски со руското раководство и
непријатните спомени од првата влада на Орбан, и како што знаеме од
светската историја, тоа секогаш е сериозен тест за нациите.
Но кога една Влада ќе се посвети на градењето на односите, а тоа пред се од
интерес за напредок на државата, очигледно се појавува поговорката „што се
мора- не е тешко“.
Интензивираните средби на релација Унгарија- Русија помеѓу највисокиот
политички врв вроди со плод во интерес на двете страни.
И покрај загриженоста на Европа, Унгарија не се откажа ни во втората Влада на
Орбан од “добрите“ односи со Русија.
Во 2018 година Министерот за надворешни работи на Унгарија, Сијарто Петер
во своето годишно излагање (веднаш по формирањето на четвртата влада на
Орбан) изјави:
„Во наредните четири години целта, должноста и обрската на унгарската
надворешна политика е да се заштити суверенитетот и безбедноста на
Унгарија и да се одржува и постојано да се подобрува конкурентноста на
Унгарија.„33
Во своето излагање за време на свеченото отворање на Националениот
универзитет за јавни услуги (NKE), истакна дека ова нема да биде лесна
задача, но досега се постигнати значајни резултати. Тој истакна дека заштитата
на суверенитетот и безбедноста и понатаму ќе бидат важна цел во иднина и
дека и понатаму ќе биде предмет на конфликти, правни и политички битки.

33
https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium

38 | С т р а н а
Сумирање

Значи, што ја одредува или влијае целокупната унгарска руска политика?

Според мене, пред сè и најважно, членство на Унгарија во Европската унија е


највлијателниот фактор. Но, ова не може да биде добро во сите околности. Не
само затоа што очигледно односот на Европската унија со Русија е нејасен. ЕУ
нема добро развиена политика кон Русија и секако не ја олеснува ситуацијата
на земјите-членки, вклучително и Унгарија. И иако постојат основни упатства,
јас верувам дека билатералните односи со Русија се сè уште приоритет за
земјите-членки. За жал, оваа билатерална политика честопати се заснова на
историски поплаки и спомени од минатото во однос на земјите од Централна и
Источна Европа, особено Полска и Чешка, а понекогаш и Унгарија. Сепак,
статусот на голема моќ на Русија е признаен од Европската унија, и покрај
честите критики на „путинските методи“ и постоењето на демократија во Русија.

Еволуцијата на политичкиот однос јасно влијае на развојот на економските


односи, вклучително и енергетската политика.
Европската недоверба и несигурност кон Русија, според мое мислење, треба да
биде а и е „експлоатирана“ од страна на Унгарија, и го искористи своето
единствено „оружје“, нејзината идеална географска локација и да игра водечка,
фокусна улога во регионот, и економски, така и политички.

39 | С т р а н а
Интересот на Унгарија за Русија, очигледно не е само стратешко партнерство
со голема сила, но јасно е дека се вложуваат максимални напори да се одржат
уредни, урамнотежени, економски функционални врски.

Библиографија:

Dr. Kovács Péter: A rendszerváltozás hatása a magyar nemzetközi jogi doktrínára. In: A magyar
jogrendszer átalakulása 1985/1990- 2005 (szerk. Jakab András- Takács Péter). Gondolat, ELTE-
AJTK, Budapest, 2007. 898.o.

Dr. Kardos Gábor: A nemzetközi jog megváltozott képe. In: A magyar jogrendszer átalakulása
1985/1990 -2005 (szerk. Jakab András- Takács Péter). Gondolat, ELTE-AJTK, Budapest, 2007.
909.o.

Békés Csaba: A kádári külpolitika, 1956-1968.

http://www.rev.hu/portal/page/portal/rev/tanulmanyok/kadarrendszer/kadar_kulpolitika (2009.04.29.)

Kovács: i.m. 898- 904.o. , valamint Kardos: i.m. 909-910.o.

Békés Csaba: A kádári külpolitika, 1956-1968

Dr. Terényi János: 1989-2009: húsz év a magyar külpolitikában.

http://www.kulugyiintezet.hu/szempont/Terenyi_Janos-huszev.pdf (2009.04.15.)

Kiss J. László: A kádárizmustól az EUtagságig: a magyar külpolitika metamorfózisa. In: Magyar


külpolitika a 20. században (szerk. Gazdag Ferenc-Kiss J. László). Zrínyi, Budapest, 2004.49. o

Erre jó példa az 1988-as magyar-román konfliktus kezelése. Ezzel kapcsolatban Gorbacsov azt
mondta Grósz Károlynak, hogy a szovjet vezetés ezen konfliktusban nem képviselheti hivatalosan a
magyar álláspontot mondván, ez ártana a Szovjetunió belső stabilitásának és belső tekintélyének, így
csak „baráti alapon” beszélte rá a magyar főtitkárt a Ceaucescuval való találkozóra, melyet önálló
magyar külpolitikai döntésként próbált tekinteni. Ennek legjobb magyarázata a Varsói Szerződés és a
Szovjetunió központi szerepének fenntartása volt. Ld. Békés Csaba i.m.

40 | С т р а н а
Dr. Kovács Péter: A rendszerváltozás hatása a magyar nemzetközi jogi doktrínára. In: A magyar
jogrendszer átalakulása 1985/1990- 2005 (szerk. Jakab András- Takács Péter). Gondolat, ELTE-
AJTK, Budapest, 2007. 898.o

Dr. Terényi János: 1989-2009: húsz év a magyar külpolitikában.

http://www.kulugyiintezet.hu/szempont/Terenyi_Janos-huszev.pdf (2009.04.15.)

Magyar Külpolitikai Évkönyv (1997): 245-250. страна.

http://www.mfa.gov.hu/kum/hu/bal/Kulugyminiszterium/Kiadvanyaink/Kulpolitikai_evкonyvek/

Póti László (1997): From Subordination to Partnership: Hungarian-Russian relations, 1990-1997.


In:Külügyi Szemle. No.7, Унгарски Институт за надворешни работи, Будимпешта

https://europa.eu/european-union/about-eu/countries/member-countries/hungary_hu

Bíró Zoltán (1999): Oroszország és Kelet-Közép-Európa in: Kelet-Közép-Európa az ezredfordulón,


114.страна.

Krausz Tamás (2003): Lenintől Putyinig. Tanulmányok és cikkek 1994-2003. La Ventana,


Будимпешта.

Deák András (2005): Az orosz külpolitikai gondolkodás története. Издавачка куќа Академиа.
Будимпешта. 2005. 39-40.страна.

Zsebvilág (1999). Kelet-Európa tíz éve. HVG . 1999. Будимпешта.

Magyar Külpolitikai Évkönyv (1997): 245.страна.

http://www.mfa.gov.hu/kum/hu/bal/Kulugyminiszterium/Kiadvanyaink/Kulpolitikai_evкonyvek/

Asmus (2003): „A NATO kapunyitása. Az új korszak és a szervezet átalakítása.“ Зрињи издавачка


куќа. Будимпешта. 2003

Szvák Gyula, 2005: A magyar-orosz kapcsolatok tizenkét évszázada(2005): 89.страна.

http://www.kim.gov.hu/tevekenyseg/tevekhirek/putyin20021220.html

https://kki.hu/

https://www.kormany.hu/hu/kulgazdasagi-es-kulugyminiszterium

41 | С т р а н а
42 | С т р а н а

You might also like