Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Ахил наспроти Хектор во Илијада

,, Илијада” е најголемото епско дело напишано во стихови, составено од 24 пеења.


Ова прекрасно дело е напишано од страна на грчкиот писател Хомер, кој оваа книга ја
темели врз настани од Тројанската војна. Низ книгата, во која опишува мал период од
десетата завршна година од војната, се забележува и значењето на боговите во тој
период.
Покрај со војната, Хомер во ова дело не запознава и со многуте богови како и
најголемите јунаци во делото Ахил и Хектор. Ние на почетокот Ахил го запознаваме како
еден од ахајските владетели, но подоцна дознаваме дека тој е всушност јунакот околу
кого се одвиваат настаните во епопејата. Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во
борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е јунакот со
кој ова дело започнува, и завршува. Покрај Ахајците, во ова дело голема улога имаат и
Тројанците, особено кралот на Троја - Хектор. Хектор e најславниот јунак и војсководец
на Тројанците, кој заради честа на брат му Парис, и заради честа на татко му Пријам, го
жртвува својот живот. Него можеме да го опишеме како чесен човек, силен и достоен
борец, добар сопруг и безстрашен бранител на својот град. Клучната борба меѓу овие два
непобедливи борци ќе се случи како резултат на умирањето на Патрокле, кој e
најблискиот пријател на Ахил. Тој сакајќи да им помогне на Ахајците се преправа како
Ахил и тргнува во војната, каде и го губи својот живот. Кога за оваа вест дознава Ахил, во
него се јавува толкав гнев и упорност, што тој ветува дека ќе го убие Хектор, и тргнува во
војна. Кога на бојното поле Хектор го здогледува Ахил, тој е многу изненаден и исплашен
па затоа почнува да бега.
Но, Ахил предводен од неговата одмазда и гнев бргу го стигнува и убива, но се
уште не се задоволува. Затоа го зима неговото беспомошно тело и го врзува за неговата
двоколка, и врти три круга околу ѕидините на Троја со цел да ја види тагата и болката на
Тројанците. По овој не мил настан, Ахајците победуваат и Ахил се враќа дома како
победник.

You might also like