Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Софтвер

СИСТЕМСКИ И АПЛИКАТИВЕН СОФТВЕР

1. Системскиот софтвер е неопходен за работа на компјутерот; секогаш е


присутен во компјутерот и овозможува негово полесно, поедноставно и
поефикасно користење.
2. Системските програми се делат на:
- оперативен систем
- услужни програми
- управувачки програми и комуникациски софтвер
- програмски систем

3. Оперативен систем – множество од програми кои ја контролираат и


координираат работата на хардверските единици и овозможуваат
извршување на кориснички програми. Дел од оперативниот систем секогаш
е во внатрешната меморија кога компјутерот е вклучен. Оперативниот
систем се однесува како посредник помеѓу корисникот, програмите и
хардверот. Оперативни системи се: Windows (Windows 95, Windows 98,
Windows Me, Windows NT, Windows 2000, Windows XP, Windows 2003,
Windows 7. Компанијата која го произведува овој ОС е Microsoft. Друг
популарен оперативен систем е Unix и неговата јавно достапна верзија
Linux чија предност е во отвореноста – секој може да го види и да го менува
својот ОС.

4. Услужни програми – му овозможуваат на корисникот управување со


податоци и со хардверски компоненти; извршуваат работи како што се:
форматирање, чистење и одржување на хард диск, сортирање, копирање и
пренесување на датотеки, организирање и наоѓање на податоци,
компресија на податоци, инсталирање на софтвер, заштита од вируси и др.

5. Управувачки програми и комуникациски софтвер – се грижат


програмските инструкции да се пренесат до соодветните хардверски
единици и да се извршат и овие програми овозможуваат комуникација
помеѓу компјутери.

6. Програмски систем – го сочинуваат програми кои им помагаат на


програмерите како подршка во изработка на апликативен софтвер. Тоа се
всушност едитори кои наредбите напишани во некој од програмските јазици
ги претвора во бинарни кодови разбирливи за процесорот.

7. Апликативен софтвер – го сочинуваат програми кои овозможуваат


компјутерот да изврши конкретни задачи. Ова уште се нарекува кориснички
софтвер. Може да биде деловен софтвер, едукативен софтвер, софтвер за
канцелариско работење и др. Во апликативните програми спаѓаат.

- обработка на текст
- работа со табели
- обработка на слики и цртежи
- работа со бази на податоци
- изработка на презентации
- обработка на звук и видео записи – мултимедија
- пресметка во науката , во техниката и во статиситиката
- работа со интернет
- игри

*прогами кои извршуваат слични работи се групираат во програмски пакети;


најкористени се пакетите за канцелариско работење и програми од областа
на компјуерската графика

УЛОГА И ФУНКЦИИ НА
ОПЕРАТИВНИОТ СИСТЕМ

1. Улогата на ОС е да контролира и да управува со компјутерот со помош


на наредбите од корисникот. Тој ги обединува сите делови на
компјутерот во складна целина и ги сокрива од корисникот деталите за
нивното функционирање со што на корисникот му е олеснето
користењето на компјутерот.
2. Програмите кои го сочинуваат оперативниот систем се групирани во
модули. Секој модул остварува една функција на оперативнот систем.
Модулите се надополнуваат еден со друг.
3. Постои модул, наречен јадро, кој координира со сите останати модули и
се грижи тие исправно да ја извршат својата функција.
4. Основни функции на оперативниот систем се:
- управување со процесорот
- управување со меморијата
- управување со влезни/излезни единици
- управување со податоците

5. Управување со процесорот подразбира решавање на следниве


прашања: кој процес да се изврши, колку време му е потребно да
процесорот да изврши одреден процес, колку процеси може да чекаат на
извршување и сл.
6. Управување со меморијата подразбира грижа за ефикасно користење
на оперативната меморија. Модулите кои ја реализираат оваа функција
водат сметка колку и кои делови на меморијата се слободни или
зафатени и како правилно да се распредели расположливата меморија
на секој процес
7. Управување со влезни и излезни единици се однесува на целокупната
работа на влезните и излезните единици. Модули задолжени за оваа
функција одлучуваат кога и кои единици можат да се доделат на поедини
задачи и процеси.
8. Управување со податоците подразбира ракување со податоци, начин
на чување на податоците на надворешните мемории, пристап до
податоците, запишување и читање на податоците, креирање, чување и
бришење на датотеки и др.
9. Структура на оперативен систем: јадро како најважна компонента,
драјвери, програмски алатки и кориснички интерфејс.
10. Јадро – основа на оперативниот систем; модул кој ги надгледува и ги
контролира другите модули и се обидува тие оптимално да ги извршат
своите функции; јадрото често се поистоветува со оперативниот систем
иако тој претставува само една негова компонента.
11. Драјвери – специјализирани програми кои овозможуваат користење
на одредени уреди (картички, печатач, скенер); можат да бидат дел од
јадрото на оперативниот систем, дел од програма, или двете; драјверите
се испорачуваат со самиот оперативен систем за поедноставните и
стандардните уреди; се испорачуваат самостојно за останатите уреди.
12. Програмски алатки – им обезбедуваат на корисниците пристап до
функциите на оперативниот систем; пример (програми за навигација по
системот на датотеки, како и програми кои овозможуваат основна
обработка на податоци.
13. Кориснички интерфејс – оперативните системи се испорачуваат со
кориснички интерфејс преку кој се ракува со оперативниот систем;
корисничкиот интерфејс не влијае на можностите на ОС.
14. Корисничките интерфејси се делат на: текстуални и графички
- тексуален кориснички интерфејс подразбира употреба на тастатура за
пишување и задавање на наредби. DOS е пример на оперативен систем
со текстуален кориснички интерфејс.
- графичките кориснички интерфејс се појавиле во 70те години и тие се
засноваат на комуникација со корисникот преку знаци (користење
тастатура) и слики и користење на глувче за избор на наредби кои треба
да се извршат.
СИСТЕМ НА ОРГАНИЗАЦИЈА
НА ПОДАТОЦИТЕ

1. Датотека е логичка целина од податоци кои имаат некоја конкретна


смисла на употреба
2. Има повеќе типови на датотеки во зависност од тоа какви податоци се
зачувани: дподатоци врзани за текст – текстуална датотека, датотеки
во кои се зачувани слики, цртежи итн – графички датотеки, датотеки
со музика – аудио датотеки
3. Името на датотеката се состои од име кое корисникот го доделува и
укажува на конкретната содржина, а вториот дел е наставката или
екстензија која укажува на типот на датотеката. Овие два дела на
името се оддлеуваат со точка.
-корисничкото име на датотеката може да има најмногу 256 знаци и не
може да содржи специјални знаци
- наставката е различна за различни типови на датотеки и се состои
најчесто од три знака.

4. Датотеките на надворешните мемории се организирани на различни


начини во зависност од оперативниот систем. Најчесто се користи
хиерархиски систем на организација на датотеки, во кој датотеките се
организирани во целини наречени папки. .
5. Единица на надворешна меморија се смета основна папка наречена
корен. Хиерархиската структура на папки и потпапки потсетува на
дрво.
6. Патеката е определна со имињата на папките преку кои корисникот
треба да се движи од основната папка за да дојде до саканата
датотека или папка. Имињата на папките се одделуваат со коси црти.
Кај графичките оперативни системи тоа се прави со отварање на
папките една по една.
7. Програмите за управување со папки и датотеки се File manager во
Windows и Nautilus во Edubuntu. Овие програми овозможуваат да се
организираат датотеки во папки и врз нив да се извршат други
активности како што се:
- креирање и прикажување на датотеки и папки
- пребарување и класифицирање на датотеки
- пристап на компјутерот до локалната мрежа
- снимање на податоци на CD или DVD.
АРХИВИРАЊЕ И КОМПРЕСИРАЊЕ
НА ДАТОТЕКИ

1. Архива е множество од датотеки кои се спакувани заедно во една


датотека со цел правење на резервна копија, пренесување на друг
компјутер, чување на друго место, праќање преку електронска
пошта, поставување на сервер и сл.
2. Процесот на намалување на потребниот физички простор за
зачувување на податоцисо користење на различни методи на нивно
запишување се нарекува компресија на податоци.
3. Експанзија или декомпресија е инверзна операција, која има за
цел да ја врати оригиналната содржина на датотеките.
4. Со компресија се постигнува:
- заштеда на простор на надворешниоте мемории
- заштеда на време при пренесување на податоци преку мрежите

5. Постојат два вида на компресија:


- компресија без губење на податоците
- компресија со губење на дел од податоците

6. Од типот на датотеките зависи кој вид на компресија ќе се примени


и колкаво ќе биде намалувањето. Кај графичките и музичките
датотеки компресијата е многу помала, додека кај видео датотеките
заштедата е незначителна – кај овие датотеки се врши компресија
со загуби.
7. На компјутерите со оперативен систем Windows најпознати
програми за архивирање и за компресија на податоци се: ARJ, ZIP,
RAR.
- ARJ овозможува чување на една или повеќе датотеки во
компримиран формат. Компримираната датотека има наставка
компримираната датотека има наставка .arj.
- ZIP датотеки се архиви кои се користат за дистрибутирање и
чување на датотеки. Датотеките кои се архивирани во ZIP се
компримирани заради заштеда на простор. ZIP датотеките
овозможуваат полесен пренос на група датотеки.
- WinRAR е моќна алатка за компресија. Овие датотеки во просек
имаат 8 до 15% поголема компресија од ARJ i ZIP. WinRAR ги
подржува сите познати типови на компримирани датотеки.

8. Винзип е програма која овозможува брз пренос на податоци и


архивирање на податоци кои не се користат, но можеби еден ден ќе
ни бидат потребни.
- нова ЗИП датотека може да се креира со кликнување на копчето
new (File  New archive). Во лентата File name се запишува има на
архива која се креира и потоа се кликнува копчето ОК. Се појавува
нов прозорец во кој се бираат и означуваат датотеки кои ќе се
компресираат и додадат во архивата. Полесен начин е во Windows
Explorer да се означат саканите датотеки и со десното копче да се
избере Add to archive.

9. Постоечката ЗИП датотека може да се отвори со кликнување на


копчето Open ili со повикување на наредбата File  open archive, па
во полето File Name се запишува името на датотеката која се
отвара
10. За да се отпакува Зип датотеката на компјутер, се притиска копчето
Extract или се повикува наредбата Actions  Extract. Во прозорецот
не смее да биде означена ниту една датотека од архивата, затоа
што тогаш само таа датотека ќе се ископира на компјутерот. Ќе се
отвори прозорецот Extract во кој во полето extract to се пишува име
на папка во која ќе се отпакува архивата.

You might also like