Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Семинарски труд на тема:

Staphylococcus aureus

Предмет: Прехранбена микробиологија


Вовед..........................................................................................................................................................3
1. Staphylococcus aureus ............................................................................................................................4
2. Стафилококен ентеротоксин.................................................................................................................5
3. Улога на Staphylococcus aureus во болести..........................................................................................6
3.1. Биофилмови...................................................................................................................................6
3.2 Инфекции на коски и зглобови.......................................................................................................6
3.3 Инфекции кај животни....................................................................................................................6
3.4 Инфекции на кожа...........................................................................................................................7
4. Стафилококни пигменти .......................................................................................................................8
5. MRSA……………………………………………………………………………………………………9

6. Третман на инфекции предизвикани од S.aureus…………………………………………………....10

7. Заклучок...............................................................................................................................................11
8. Користена литература.........................................................................................................................12

Вовед

2
Стафилококите ( род Stapholococcus, семејство Micrococcus ), се типични
претставници на топчеститe Gram – позитивни бактерии. Патогените стафилококи можат
да се изолираат од голем број прехранбени продукти, посебно продукти од животинско
потекло. Особено многу ги има во млекото добиено од крави со стафилококна инфекција
на вимето ( маститис ). Исто така ги има во белото меко сирење кое што е произведено во
домашни услови од непастерисирано млеко, ги има во месо ( најчесто свинско, пилешко ),
сувомесни производи и други производи кои во текот на самата подготовка не се доволно
термички третирани, односно обработени.

Присуството на патогени соеви на стафилококите во прехранбените продукти не значи


истовремено и опасност од труење, затоа што во повеќето продукти овие соеви не можат
да станат доминантни поради присуството на други видови на бактерии. Така, некои
истражувања покажале дека стафилококите во свежа и смрзната храна не се способни да
ја навладеат нормалната микрофлора.

Од родот Stapholococcus најважни се видовите: S. epidermidis, S. saprophiticus и S. aureus.

Сл .1 S.epidermidis
Сл .2 S.aureus

1. Staphylococcus aureus

3
S.aureus е факултативно анаеробна, Грам-позитивна кока, позната како златен
стафилоко. Тие се неподвижни и не формираат ендоспори. На микроскоп се гледаат како
големи, тркалезни топчиња аранжирани во неправилни, гроздовидни структури со златно-
жолта боја. Култивирани на крвен агар прават хемолиза. S.aureus се репродуцира
бесполово со бинарна фисија ( проста делба ). За комплетно одделување на клетките-
ќерки потребен е автолизин, и во негово отсуство или инхибиција, клетките - ќерки
остануваат поврзани една со друга при што формираат кластери.

S.aureus е каталаза-позитивен затоа што го произведува ензимот каталаза. Тој го


разградува водород пероксидот ( H2O2 ) на вода и кислород. Затоа каталаза - тестовите се
користат да се направи разлика на стафилококи од ентерококи и стрептококи. Порано, S.
aureus бил разликуван од другите стафилококи со помош на коагулаза тестот. Сепак, не
сите S.aureus соеви се коагулаза - позитивнии неточната идентификација влијае на
ефикасен третман и спроведување на мерките за контрола. S.aureus има способност за
природна генетска трансформација, но со мала фреквенција под експерименталните
услови кои биле применети.

Кај луѓето S.aureus е дел од нормалната микрофлора која што е присутна во горниот
респираторен тракт, на кожата и слизници и во дигестивниот систем. Оваа бактерија
заедно со сличните нејзини видови кои се дел од микрофолората и се оденецуваат
симбиотски, предизвикуваат болест ако почнат да ги инфицираат ткивата.

Сл. 3 S.aureus

2. Стафилококен ентеротоксин

4
Труење со храна инфицирана со бактерии од родот на стафилококи е последица на
лачењето на екстрацелуларен токсин ( ентеротоксин ). Постојат неколку типови на овој
токсин: α, β, γ и δ кои ги лачат различни типови на бактерии. Поголем број на патогени
стафилококи создаваат α – токсин. Соевите бактерии од анимално потекло лачат β –
токсин.

Стафилококниот ентеротоксин е пептид со 18 аминокиселини. Се одликува со добра


термостабилност, за целосно уништување е неопходно загревање на прехранбениот
продукт на 100 степени целзијусови за време од два часа. За разлика од токсинот,
термичката отпорност на самите бактерии е помала.

Стафилококното труење настанува главно преку внесување на храна во која бактериите се


развиле и излачиле ентеротоксин, но има и случаи кога симптомите на труње се
појавуваат како резултат на растење на токсикогени соеви на бактериите во дигестивниот
тракт. Труењето се манифестира по околу четири часа по земањето на инфицираната
храна. Најчести симптоми се гадење, повраќање, грчеви во стомакот, дијареа, главоболка
и потење. Овие симптоми обично исчезнуваат по 24 – 48 часа.

Сл. 4 Инфекција предизвикана


од Стафилококен
ентеротоксин

3. Улога на Staphylococcus aureus во болести

5
3.1 Биофилмови

S.aureus често може да се најде во биофилмови формирани на медицински


уреди имплементирани во телото. Често се среќава заедно со Candida albicans
во биофилмовите. Се смета дека Candida albicans му овозможува на S.aureus да
навлезе во човековото ткиво.

3.2 Инфекции на коски и зглобови

S.aureus е одоговрна и за сите поголеми инфекции на коските и зглобовите.


Овие инфекции се јавуваат во форма на остеомиелит, септички артритис или
инфекции при ортопетски интервенции.

Сл. 5 Септички артритис Сл. 6 Остеомиелит

3.3 Инфекции кај животни


S.aureus се среќава кај кучињата, мачките и коњите и може да предизвика
болест на нозе кај птици и глодари.

3.4 Инфекции на кожа

6
Најчести инфекции со S.aureus се инфекции на кожата. Можат да се
манифестираат најчесто како: фоликулит, импетиго, целулит, фурункули, апсцеси и други
тешки инвазивни мекоткивни инфекции. Исложени на овој вид на инфекции се лица кои
веќе имаат некое нарушување на кожата, како на пример атопичен дерматит. Присуството
на S.aureus кај лица со атопичен дерматитис не е секогаш индикација за третман со орални
антибиотици и најчесто лечењето започнува со зајакнување на кожната бариера.

Кај новороденчињата, оваа бактерија може да доведат до тешко заболување кое што е
наречено стафилококен ексфолијативен дерматит.

Сл. 7 Фоликулит Сл. 8 Импетиго

Сл. 9 Апсцеси

4. Стафилококни пигменти

7
Некои соеви на S.aureus се способни за синтеза на стафилоксантин – златно
обоен каротеноиден пигмент. Овој пигмент делува како фактор на вируленција,на тој
начин што како антиоксиданс ги неутрализира реактивните кислородни видови
кои имуниот систем ги создава за да го убие патогенот. Лековите за инхибирање на
синтезата на стафилоксантинот ја ослабнуваат бактерија и ја зголемуваат нејзината
осетливост кон антибиотици. Поради сличностите во биосинтетските патишта на
стафилоксантинот и човековиот холестерол, пронајден е еден лек за намалување на
нивото на холестерол во крвта кој што е способен да ја инхибира пигментацијата
на S.aureus.

Сл. 10 Стафилоксантин

8
5. MRSA

MRSA претставува метицилин резистентен Staphylococcus aureus, бактерија од


видот на S.aureus која развила отпорност кон метицилин ( тип на пеницилин ) и
други антибиотици кои најчесто се користат за лекување на стафилококни
инфекции. Ако MRSA успее да навлезе во телото, и тоа најчесто преку исекотини
или други рани и таму почне да се размножува, ќе предизвика инфекција
пропратена со различни симптоми во зависност од местото на инфекцијата. Може
да се манифестира како инфекција на кожата ( пропратена со мозолчиња и
чиреви ), воспаление на белите дробови до сепса. Инфекција со MRSA не е закана
за здравите луѓе, вообичаено предизвикува инфекција кај лицата со ослабен
имунолошки систем.
MRSA е присутна најчесто во болниците и здравствените установи со подолг
престој ( домови за стари лица, центри за хемодијализа ).  Доколку луѓето имаат
MRSA на своите раце, тие може да ја пренесат на други луѓе или на предметите
што ги допираат.

Сл. 11 Инфекција со MRSA

9
6. Третман на инфекции предизвикани од S.aureus

Третманот за инфекции предизвикани со S.aureus се постигнува најчесто со


пеницилин. Пеницилинот го инхибира формирањето на вкрстени врски
кај пептидогликанот, кои обезбедуваат ригидност и јачина на
бактерискиот клеточен ѕид. Четиричлениот β - лактамски прстен на пеницилинот се
врзува за ензимот DD - транспептидаза, кој, кога е функционален, ги синтетизира
вкрстените врски на пептидогликанот кој го формира ѕидот на бактериската клетка.
Врзувањето на β - лактамот за DD - транспептидазата ја инхибира
функционалноста на ензимот, кој повеќе не може да го катализира формирањето на
вкрстените врски. Како резултат на тоа, формирањето и деградацијата на
бактерискиот клеточен ѕид стануваат неусогласени процеси, што резултира со смрт
на бактеријата. Меѓутоа, во повеќето земји, резистентноста кон пеницилин е многу
честа, а прв избор за терапија најчесто е β - лактамски антибиотик резистентен
на пеницилиназа.

Исто така како третман, односно како превенција најчесто се препорачува: миење
на рацете со сапун и вода или антибактериски средства, изолација на пациентите
кај кои е идетификувана MRSA, редовна дезинфекција и бандажирање на раните,
антибиотска терапија пред хируршка интерверенција на пациенти носители на
S.aureus, барање на медицинска помош при постоење на било каков симптом на
инфекцијата.

10
7. Заклучок

Не сите соеви на S.aureus се патогени, односно создаваат токсини. Токсин


создаваат т.н. коаголаза позитивни соеви, одноосно соеви кои ги коаголираат
протеините на крваната плазма. Најчест извор на патогени стафилококи е човекот.
Најмногу ги има во носната шуплина од каде што се пренесуваат на кожата и во
различните рани каде што предизвикуваат инфекции.

11
8. Користена литература

 Микробиологија со микробиологија на храна второ издание


( Проф. Д – р Ацо Димитровски )
 Достапна: https://mk.wikipedia.org/wiki/Staphylococcus_aureus ,
( посетена: 13.01.2021 )
 Достапна: https://nfic.ff.ukim.edu.mk/merki-za-prevencija-i-
namaluvanje-na-prevalenca-na-infekcii-predizvikani-od-
staphylococcus-aureus/, ( посетена: 14.01.2021 )

12
13

You might also like