ПРАВИЛА ЗА ПРИМЕНА НА БОНТОН МЕЃУ МАЖИ И ЖЕНИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ- СКОПЈЕ

НАСОКА- БАНКАРСТВО, ФИНАНСИИ И ОСИГУРУВАЊЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ

НА ТЕМА: „ПРАВИЛА ЗА ПРИМЕНА НА БОНТОН МЕЃУ МАЖИ И ЖЕНИ“

Ментор Кандидат

Проф. Д-р Јован Пејковски Стефани Петковска

Број на индекс 082634

Скопје, ноември 2013


СОДРЖИНА

ПРАВИЛА ЗА ПРИМЕНА НА БОНТОН МЕЃУ МАЖИ И ЖЕНИ- наслов на


семинарска;

Апстракт и клучнизборови.....................................................................................3

Вовед..........................................................................................................................4

Значење на терминот бонтон..............................................................................5

Деловен бонтон меѓу мажи и жени.....................................................................6

Правила за примена на бонтон меѓу мажи и жени.........................................8

Факти кои произлегле од многубројните истражувања за мажите и жените


во деловниот свет.................................................................................................11

Заклучок..................................................................................................................12

Користена литература..........................................................................................13

2
Апстракт

Во деловниот бонтон не постојат полови разлики, односно и мажите и жените


се сметаат за еднакви. Тие се сметаат како колеги, односно луѓе
специјализирани и усовршени во одредена област и за одредени нешта кои
треба да ја извршуваат својата должност, небитно дали припаѓаат на машки
или женски пол. Така што манирите на добри и учтиви господа не се
задолжителни и пренагласени.

Клучни зборови

Деловен свет, добро однесување, џентлмен, одговорност, доверливост,


ракување, колеги, спротивен пол.

3
Вовед

Несомнено е дека сите до сега се имаме сретнато со поимот „бонтон“, кој


потекнува од францускиот збор „бон тон“ и значи добар тон и убав начин на
изразување на добро воспитани и образовани луѓе.

Доброто однесување е потребно бидејќи најважен е првиот впечаток. Поради


тоа, ако сакате што подобро да се покажете, не е доволно само убаво и уредно
да седите на состанокот. Покрај сето тоа, многу е важно и како зборувате и
како гестикулирате. Кога станува збор за рамноправноста меѓу половите, жените
навистина „имаат поминато долг пат“. Статистиките покажуваат дека сè повеќе
жени се здобиваат со највисоки академски титули и сè поголем е бројот на
вработени жени. Значи надминати се половите разлики, односно во деловниот
бонтон мажите и жените се третираат еднакво. Честопати мажите сакаат да се
покажат како џентлмени и кавалери, па и помагаат на жената во носење
материјали, и го придржуваат палтото, дури и го плаќаат и ручекот. Меѓутоа сите
овие манири не се задолжителни.

Во деловниот бонтон некои манири се сосема природни, т.е. се подразбира дека


прв ќе ја отвори вратата оној кој ке стигне до неа, или доколку мажот се
приближува кон вратата со две зафатени раце, правилно е да се помогне при
отварањето. Но и покрај тоа постојат определени правила, пр. кога маж и зена
одат по улица, тој секогаш треба да оди од надворешна страна поблиску до работ,
при слегување со ескалатор мажот треба да оди прв а жената по него, а при
качување со ескалатор правилно е мажот да ја пушти жената да оди пред
него.....итн.

4
Значење на терминот бонтон

фино
однесување

бонтон отмено
добар тон (француски однесување и
збор) став

убав начин на
изразување

5
Деловен бонтон меѓу мажи и жени

Со лошите манири, деловните луѓе можат да остават лош впечаток на


соработниците, колегите и партнерите, а со тоа можат да си го загрозат
бизнисот, небитно дали деловните луѓе се мажи или жени. Токму затоа денес
бонтонот е неопходен во деловниот свет. 

Всушност, во деловниот бонтон мажите и жените се третираат едни со други


како колеги, односно еднакво.

Што значи дека не се задолжителни и пренагласени манирите на добри и


учтиви господа, односно џентлмени и кавалери. Како што и не е задолжително
мажот да и помага на жената во придржување на палтото, носење на
материјали (помош), мажот да ја отвори вратата и да и даде предност на
жената, или пак да мажот да ја плати нејзината сметка за ручек. Иако ова е
вообичаено, но сепак како во горенаведеното е незадолжително.

Мажите и жените имаат еднаков третман кога станува збор за


рамноправноста меѓу половите. Жените навистина имаат поминато долг пат.

6
Статистиките покажуваат дека сè повеќе жени се здобиваат со највисоки
академски титули, сè поголем е бројот на вработени жени, а истите навистина
успешно се качуваат нагоре по корпоративните скалила.

Но без разлика дали се работи за деловни партнери од спротивен пол или не,
некои работи се природни односно се подразбираат, како на пример прв да ја
отвори вратата оној кој ке стигне до неа. Во случај кога маж или жена се
приближува до вратата со две зафатени раце правилно е да се помогне при
отварањето.

7
Сепак постојат определени правила за примена на бонтон меѓу мажи и
жени:

Кога мажот е во друштво на


жена, тој секогаш треба да оди
од надворешна страна,
поблиску до работ на улицата,
ходникот, скалите и сл.

При качување
нагоре со
ескалатор
правилно е мажот
да ја пушти жената
да се качи пред
него.

8
При слегување
надолу со
ескалатор,
мажот треба да
оди прв, а
жената по него.

При влегување на
врата која автоматски
се отвара, мажот треба
да ја пушти жената да
влезе прва

9
За време на
деловен ручек со
жена, мажот
може и пожелно
е да го повлече
столот и да и
помогне да
седне.

Ракувањето
може да биде
иницирано и од
страна на мажот
и од страна на
жената.

10
Факти кои произлегле од многубројните истражувања за мажите и жените
во деловниот свет

Кони Глесер, водечки експерт за рамноправност во комуникацијата, смета дека


девојчињата уште од својата предшколска возраст учат дека ќе бидат
препознати и наградени доколку прават добри дела.

За жал, успехот во деловниот свет не доаѓа на тој начин. Доколу сакате да


напредувате, вистинските луѓе мора да дознаат за вашите успеси. Жените би
требало да се трудат околу својата „видливост“, да пишуваат објави за
медиуми за своите неодамнешни достигнувања, да се поврзат со влијателни
луѓе во компанијата и да ги информираат клучните луѓе за своите успеси,
советува Глесер и ја објаснува својата дефиниција за поимот „спонзор“ во
деловното окружување.

Вашиот „корпоративен спонзор“ е сличен на ментор, но е на доволно високо


ниво во компанијата за да го осигура вашето напредување. На жените им е
потешко да пронајдат „спонзори“ заради половите стереотипи. Имено, тешко е
да се оствари близок однос со машки колеги на висока позиција, а тоа да не
изгледа сомнително. Сепак, обидете се да го следите примерот на однесување
на вашите машки колеги.

Д-р Луис Франкел, авторка на книгата „Nice Girls Don’t Get The Corner Office“,
пишува дека жените би требало да престанат толку внимателно и фокусирано
да работат во текот на целото работно време и дека мора да посветат дел од
времето на градење на интерперсонални односи внатре во компанијата. Д-р
Френкел препорачува дека треба најмалку два пати дневно да поразговарате
со колегата во канцеларијата или да издвоите доволно време за ручек на кој ќе
се „зближувате“, и тоа без чувство на вина.

Превземено од http://www.idividi.com.mk/stil/woman/712798/

11
ЗАКЛУЧОК

Во минатото жените всушност и не биле еднакви со мажите, гледајќи од


деловен аспект. Тие потешко наоѓале работа, а кога ке се вработеле, имале
навистина пониски плати од мажите. Но денес сето тоа е променето, односно
се оди во нагорна линија. Дури жените се сметаат за повнимателни и
попрецизни во извршување на некои работи со кои придонесуваат за поголема
продуктивност во фирмата.

Деловниот однос меѓу мажите и жените доведува за напредок на компанијата,


затоа што тие едни со други се сметаат за еднакви, односно колеги.

12
Користена литература

 Деловно комуницирање и етика – Марија Зарезанкова-Потевска,


Ангелина Танева-Вешовска;
 http://mk.wikipedia.org
 www.idividi.com.mk
 www.crnobelo.com.mk

13

You might also like