Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Македонски јазик и литература VIII одд.

Синтаксичка анализа на сложена реченица

Објаснување: Синтаксичката анализа значи да се пронајдат сите делови на


реченицата: подмет, прирок, предмет: директен, индиректен, предлошки,
додатоци, да се поделат дел-речениците и да се определи видот на сложената
реченица, зависносложена или независносложена реченица.

Најпрвин се бараат прироците. Така определуваме од колку реченици е


составена сложената реченица. Потоа ги делиме речениците онаму каде што
се сврзниците или запирките и секогаш еден прирок претставува една
реченица.

Го определуваме видот на реченицата.

Ги разгледуваме другите реченични членови и поставуваме прашања поврзани


со прирокот (кој чита?- Ана –подмет; што чита?-книга - директен предмет; каде
чита?-во собата - прилошка определба за место итн.)

Направи синтаксичка анализа на следните реченици


1. Денес ќе одам кај неа, а утре ќе дојдам кај тебе.
2. Кога заврна, на улиците немше веќе луѓе.
3. Тој има толку чевли што нови не му се потребни.
4. Ако останеш, ќе направиме вечера.
5. Му кажав на Зоки да купи овошни карамели,моите омилени бонбони.

You might also like