Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ТАРТИФ

Од 1664 кога Молиер ја напишал драмата Тартиф, зборот започнал да се употребува и


во англискиот и во францускиот јазик за да се однесува на лицемер кој намерно и
претерано се преправа дека е доблесен, особено во религиозна смисла.  Со самото
тоа што поимот добил форма на именка која е препознатлива по своето значење,
сосема е евидентно влијанието и резултатот кој во светски рамки го има ова дело,
односно неговиот насловен лик.
Скоро веднаш после првата изведба, кралот Луј 14ти, веројатно под влијание на
парискиот епископ, го цензурира делото, со објаснување дека деликатноста на
религиозната тема, толкавата блискост и непрепознатливост помеѓу гревот и доблеста
што овозможува да се згреши во проценката или да се заменат едното за другото, го
присилила на таквиот чекор, затоа што иако самиот ќе се казнел со тоа што ќе си го
одземел задоволството да ужива во него, мора да спречи тоа да биде злоупотребено
од другите, кои не се во состојба да направат правилна проценка.
Измамникот, лицемерот Тартиф e никаквец и подлец кој може да ја заземе секоја
улога и да ја одигра совршено. Тој успева да ги убеди Оргон и Мадам Пернел дека е
посветен и набожен човек иако неговото лицемерие е очигледно за читателите.
Неговата супериорност лежи во способноста прецизно да ги анализира слабостите на
неговите жртви и да ги искористи за постигнување на своите цели. Не е тој обичен,
неук шарлатан, туку спремен и вешт хипокрит кој го користи секое средство за да успее
во своите намери.
И покрај целосната маска, вештиот приказ за совршено побожно битие, зад кое
умешно се крие нечовечко суштество кое манипулира со сите, Молиер го враќа својот
лик во човечките рамки, давајќи му една маана од која на крај ќе биде предизвикан
неговиот пад. Похотата, сладострастието кон туѓата жена ќе го доведе до целосно
разоткривање и распаѓање на долгокреираната визија.
Јазичната моќ на Тартиф е неговото главно оружје при покорувањето на другите пред
неговиот скроен лик на совршенство од човек. Неговите пресметани трикови, како
гласното молење во црквата, повратната психологија која ја користи при убедувањето
и комплетната појава што ја создава за себе доведуваат до крајна пропаст на тие кон
кои неговите интереси се насочени. Пропаст која е избегната само со моќта на кралот
да ги поништи и отповика сите неморални и незаконски дејства на Тартиф.

You might also like