Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Јазикот и говорот

-Јазикот е систем од знаци за општење меѓу луѓето.


-Самиот човек при општење одбира свои знаци од јазикот и
правила за нивното комбинирање, при што тој го
употребува јазикот во различни ситуации со некој други
единки во една општествена заедница.
-Употребата на јазикот од страна на човекот во конкретните
ситуации се вика говор.
-Со тоа, согледуваме дека јазикот и говорот се меѓусебно
поврзани и претставуваат едно неделиво единство.Така,
единството од јазикот и говорот се нарекува јазична
дејност.
-За сите единки на една заедница, јазикот е една
општествена појава која претставува и заеднички систем кај
единките. Bo jазикот, всушност се систематизирани во една
целина заедничките јазични навики, а додека преку говорот
се изразуваат личните пројави на единките кои го
употребуваат јазикот како средство за општење меѓу луѓето
и како средство за искажување на сопствените мисли на
различни рамништа.Исто така како систем од знаци, јазикот
е стабилен и постојан, односно постојано се стреми да биде
организирана целина во која секој знак има свое место.
Како начин на остварување на јазикот, говорот пак е
динамичен и променлив, кој може да ги менува односите
меѓу знаците во системот.
-Но сепак, важно е да се знае дека јазикот и говорот се во
непрекинато заемно дејство, односно говорот е јазик во
акција.
Јазичен знак
-Како што спомнавме веќе јазикот, значи се остварува преку
говорот. Говорот пак, се јавува во вид на звучни слики и на
нервно-физиолошки процеси во мозокот на зборувачот и во
неговиот говорен апарат, па во вид на звучни бранови се
пренесува до слушниот апарат и до мозокот на слушачот.
-При општењето, употребуваме соодветни знаци кои со
помош на јазикот се нарекуваат јазични знаци. Секој од
овие знаци, всушност се наоѓа во човековиот мозок и
одговара на предметите и на појавите од стварноста.
-Како и сите други видови на знаци, и јазичниот знак е
единство од две нешта, од кои едното е поимот и ја
претставува содржинската страна на јазичниот знак, а
другото нешто е звучната слика односно материјалната
страна на јазичниот знак.
-Јазичните знаци, односно зборовите се основни елементи
на системот на јазикот и од нив зависи фукнкционирањето
на јазикот како систем и негова употреба во самото
општење.

You might also like