Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 36

ООУ „Киро Глигоров“ Скопје

Годишен глобален план за VI одд за учебната 2020/21 год.

Наставник:
Јана Трајковска
Директор:
Билјана Билбиловска
Годишен глобален план за VI одд за учебната 2020/21 год.

Нов материјал
Ред.б Наставни теми Вр на реализација

повторување
р

Вкупно
1 Вовед 4 4 8 Октомври 2020

2 Праисторија 5 4 9 Ноември 2020

3 Речни 4 3 7 Декември 2020


цивилизации на
Стариот Исток
4 Балканот во 6 5 11 јан.-февруари 2021
стариот век
5 Македонија во 6 5 11
Март-април 2021
стариот век
6 Стар Рим 5 4 9
Април-мај 2021
7 Влијанието на 5 4 9
Римската Мај-јуни
Империја на 2021
Балканот
вкупно 35 29 64
Тематски план тема бр.1 Вовед

Цели на темата:
Да ги знае причините за проучување на историјата;
Да се запознае со предметот и поимот историја, нејзините задачи;
Да ги знае историските извори и нивното значење за осознавање на минатото (
материјални, пишани и усни ) ;
Да ги определува и објаснува историските периоди ( стар век. среден век, нов и
најнов век ) ;
Да ги знае различните начини на сметање на времето кај старите народи;
Да сфати кои историски извори се најверодостојни ;
Да ги разликува историските извори;
Да ги анализира историските извори според нивната веродостојност.
Да развива љубов и интерес кон историјата, како наука со која за прв пат се
среќава во наставата , како посебен наставен предмет

Реде Наставни единици Време на реализација


н
број
1 Запознавање на учениците со материјалот за Прва сед.октомври
VI одд.

2 Историјата и нејзиното значење Прва сед.октомври

3 Историски извори и нивното значење Втора сед.октомври

4 Повторување за историјата и нејзиното Втора сед.октомври


значење и историски извори

5 Сметање на времето Трета сед.октомври

6 Поделба на историјата Трета сед.октомври

7 Повторување за сметање на времето и Четврта сед.октомври


поделба на историјата

8 Тематско повторување Четврта сед.октомври

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа.
 Наставни средства:
Учебник, компјутер, карта, енциклопедии, историски читанки, текстови,
илустрации, атлас, и други електронски и печатени материјали.
 Оценување на постигнатите резултати:
Начинот на проверување и оценување на учениците треба да има стимулативен
карактер, да мотивира и да се темели на континуирана систематска работа.
Проверување на знаењата треба да се врши во сите фази на наставниот
процес, при реализација на нова содржина, повторување, систематизација и
сл.
Проверка на стекнатите знаења ќе се врши преку инструменти за проверување
на знаењата, усни и писмени одговори, изведбени активности како историски
албум, домашни задачи, учество во дискусии.

 Забелешки од реализација на темата:

Темата ќе се реализира преку платформа за далечинско учење и


наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1, 2, 3, 4
Наставна единица 1: Запознавање со материјалот за 6 одд.
Наставна единица 2: Историјата и нејзиното значење
Наставна единица 3: Историски извори и нивното значење
Наставна единица 4: Повторување за историјата и нејзиното значење
Наставна единица 5:Сметање на времето
Наставна единица 6: Поделба на историјата
Наставна единица 7:Повторување за сметање на времето и поделба на
историјата
Наствана единица 8:Тематско повторување

Цели:
Да знае зошто се учи историјата
Да се запознае со предметот и поимот историја, нејзините задачи
Да ги знае историските извори и нивното значење за осознавање на минатото (
материјални, пишани и усни )
Да ги определува и објаснува историските периоди ( стар век. среден век, нов и
најнов век )
Да ги знае различните начини на сметање на времето кај старите народи
Да сфати кои историски извори се најверодостојни
Да ги компарира и анализира историските извори според нивната
веродостојност
Да ги споредува и анализира различните начини на сметање на времето

Очекувани исходи: развивање љубов и интерес кон историјата, како наука со


која за прв пат се среќава во наставата како посебен наставен предмет ; сфаќа
кои историски извори се веродостојни; опишува периодизација на минатото ;
објаснува различните начини на сметање на времето ; анализира историски
извори

Поими: историски извори, историографија, ера, век, стар век, праисторија,


историја , национална историја, општа историја

Активности, методи и форми, наставни средства :


Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга
дополнителна литература. Наставникот ги запознава со поимите кои треба да
ги изучуваат .Бидејќи се работи за прв час кога учениците за прв пат се
среќаваат со предметот историја наставникот поттикнува бура на идеи за
историјата како наука и наставен предмет. Наставникот објаснува за поделбата
на историјата ( општа и национална ) . Ги објаснува историските извори
( материјални,пишани, усни), ја потенцира разликата во веродостојноста на
изворите.
Наставникот ги објаснува различните начини на сметање на времето кај
старите народи. Христијанскиот начин на сметање на времето го објаснува на
временска лента и поделбата на историски периоди ( стар, средн нов и најнов
век ) на лента на времето.
На часовите за повторување наставникот ги повторува поимите кои се
работени на претходниот час, чита текстови и бара од учениците да
споредуваат и препознаваат кои се од светска а кои од национална историја.
Им дава задача индивидуално во тетратките да изработат лента на времето и
на неа да внесат некои настани од национална и општа историја. Во тетратките
пополнуваат табела со дадени временски мерки да ги подредат точно за
мерење на времето.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни и писмени одговори, изведбени активности како историски
албум, домашни задачи

Тема бр.2 Праисторија

Цели на темата:
Да ги знае теориите за настанокот на човекот
Да ја сфати улогата на работата во настанувањето и развојот на човекот и
улогата на огнот во начинот на живот на праисторискиот човек
Да го знае значењето на откривањето на металите и и нивната употреба
Да ги споредува и анализира придобивките на човекот од камено и метално
време
Да ги сфати поимите и начинот на живот во орда , род, братство , племе
Да се запознае со основните карактеристики и причини за распаѓање на
првобитната заедница и појава на државата
Да ги знае причините за појава на првите верувања кај луѓето
Да знае кои се првите форми на верувања кај луѓето во разни натприродни
сили и други верувања поврзани за нивниот живот
Да ги знае најважните археолошки локалитети во Македонија
Да се запознае со артефктите: изворите, археолошките и историските податоци
од предисторијата на Македонија

Реден Наставна содржина Време на реализација


број
1. Настанок на човекот Прва сед.ноември

2 Повторување за настанок на човекот Прва сед.ноември

3 Животот на човекот во камено време Втора сед.ноември

4 Животот на човекот во метално време Втора сед.ноември

5 Повторување за животот на човекот во камено и Трета сед.ноември


метално време

6 Верувањата на човекот во најстарите заедници Трета сед.ноември

7 Балканот и Македонија во праисторија Четврта сед.ноември

8 Повторување за праисторија Четврта сед.ноември

9 Тематски тест Прва сед.декември

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа
 Наставни средства:
Учебник, компјутер, карта, енциклопедии, текстови, илустрации,
читанка,историски атлас,и друга дополнителна литература
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни и писмени одговори, домашни задачи, наставно ливче

 Забелешки од реализација на темата:


Темата ќе се реализира преку платформа за далечинско учење и
наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1 и 2
Наставна единица ( 1 час ) : Настанок на човекот
Наставна единица ( 2 час ) : Повторување за настанок на човекот

Цели :
Ученикот/ученичката :
Да се запознае со теориите со настанокот на човекот
Да ја сфати улогата на работата во настанувањето и развојот на човекот и
улогата и огнот во начинот на живот на праисторискиот човек

Очекувани исходи : знае за теориите за настанокот на човекот, опишува


религиозна и научна теорија, разбира значењето на огнот за животот на
праисторискиот човек.
Поими : прачовек, еволуција

Активности, наставни методи и форми, наставни средства :


Активностите се остваруваат преку индивидуална работа ,истражувачка
работа, со примена на текст метода ,илустративен метод. Наставникот ги
запознава учениците со поимите со кои тие прв пат се сретнуваат. Ги објаснува
теориите за настанок на човекот и го објаснува еволутивниот развој на човекот
со постојано користење на илустративен материјал. Чита текст за
„ Користењето на огнот „ отвора дискусија, ја води и насочува. Ја објаснува
улогата на работата и улогата на огнот во развојот на човекот. За домашна
работа ги поттикнува учениците да истражуваат за праисторискиот човек и
неговиот развој.
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се
работени на претходниот час, бара од учениците да го објаснуваат
еволутивниот развој на човекот и ги презентираат усно резултатите од нивните
истражувања.

Оценување на постигнатите резултати: Проверка на стекнатите знаења


преку инструменти за проверување на знаењата, усни и писмени одговори,
домашни задачи.

Интегрирање на часовите 3 , 4 и 5
Наставна единица ( 3 час ) : Животот на човекот во камено време
Наставна единица ( 4 час ) : Животот на човекот во метално време
Наставна единица ( 5 час ) : Повторување

Цели :
Ученикот/ученичката:
Да го осознае значењето на откривањето на металите и и нивната употреба;
Да ги споредува и анализира придобивките на човекот од камено и метално
време;
Да ги сфати поимите и начинот на живот во орда , род, братство , племе ;
Да ги знае основните карактеристики и причини за распаѓање на првобитната
заедница и појава на државата
Да компарира и анализира како од родовските заедници настанала државата

Очекувани исходи: споредува и анализира придобивки на човекот од камено


и метално време ; објаснува причините за распаѓањето на родовската
заедница и создавањето на државата

Поими : род, братство, племе , родовско уредување, наколни живеалишта ,


матријархат, општини, робови

Активности, методи и форми и наставни средства :


Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга
дополнителна литература. Часовите се изведуваат со примена на ИКТ,
односно учениците ќе користат wikipedija и други посочени интернет страници и
линкови. Наставникот ги запознава учениците со поимите со кои тие прв пат се
сретнуваат. Го објаснува животот на човекот во камено време и придобивките
на човекот и ги објаснува првите човечки заедници, Наставникот чита текст за
улогата на жената во првобитната заедница, отвора дискусија , ја води и
насочува.
Објаснува за појавата на првите метали,го потенцира нивното значење во
промена на начинот на животот на луѓето и ги објаснува другите придобивки
од металното време Објаснува како од родовските заедници настанале
државите.Чита текст за првите рудари ,отвора дискусија , ја води и насочува .
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се
работени на претходниот час, го проверува знаењето на учениците со примена
на наставно ливче и ( т- табела за придобивките на праисторискиот човек од
камено и метално време )

Оценување на постигнатите резултати: Проверка на стекнатите знаења


преку инструменти за проверување на знаењата, усни и писмени одговори,
домашни задачи., наставно ливче.

Наставна единица ( 6 час ) : Верувањата на човекот во најстарите заедници

Цели :
Ученикот/ученичката :
Да се запознае со причините за појава на првите верувања кај луѓето;
Да ги запознае првите форми н верувања кај луѓето во разни натприродни сили
и други верувања поврзани за нивниот живот и со објснување за нивното
потекло
Очекувани исходи: знае за причините за појавата на првите верувања; го
објаснува потеклото на верувањата во натприродни сили

Поими : дух, тотем, тотемизам

Активности, методи и форми ,наставни средства :


Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга дополнителна
литература. Наставникот ги запознава учениците со поимите со кои тие прв пат
се сретнуваат. Објаснува за првите верувања на праисторискиот човек, за
добри и лоши духови, разликата меѓу тотеми и божества. Го објаснува
тотемизмот. Го чита текстот за пештерската уметност на праисториските луѓе.
Ги мотивира и поттикнува учениците кон самостојно истражување за женски
ликови фигури Венера ( домашна работа ). Учениците се активни, правилно
насочени кон реализација на содржините.

Оценување на постигнатите резултати: Проверка на стекнатите знаења


преку инструменти за проверување на знаењата, усни одговори, домашни
задачи.

Интегрирање на часовите 7 и 8
Наставна единица (7 час ) : Балканот и Македонија во праисторија
Наставна единица (8 час): Повторување за Балканот и Македонија во
праисторија

Цели :
Ученикот/ученичката :
Да ги знаат природните и географски услови на Балканот
Да ги знаат најзначајните остатоци на праисториски наоѓалишта и остатоци од
материјалната култура во Македонија

Очекувани исходи: знае за местата за остатоци на материјалната култура ;ги


опишува остатоците од материјалната култура во Македонија

Активности, методи и форми, наставни средства :


Активностите се остваруваат преку индивидуална и групна работа, со
примена на текст метода, учениците усвојуваат знаења кои подоцна треба да
ги користат за повторување на наставните содржини, да ги изложуваат своите
мислења и водат дискусија. Наставникот ги запознава учениците со поимите
со кои тие прв пат се сретнуваат.Ги објаснува природните услови во
Македонија и Балканот.Особено внимание посветува на материјалните
остатоци и подводна археологија. Часот се изведуваа со примена на ИКТ,
односно учениците ќе користат wikipedija и други посочени интернет страници и
линкови
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се работени
на претходниот час, бара од учениците поделени во групи, на нема карта на
Република Македонија да ги внесат местата каде се пронајдени материјалните
остатоци.

Оценување на постигнатите резултати: Проверка на стекнатите знаења


преку инструменти за проверување на знаењата, усни одговори, домашни
задачи.

Наставна единица ( 9 час ) : Тематски тест

Цели :
Потврдување и систематизација на знаењата на учениците;
Проверка на знаењата на учениците

Активности , наставни средства


Наставникот им дели тестови на учениците. Учениците внимателно ги читаат
упатствата за работа на тестот.
Одговараат на прашања од повеќе типови (заокружи го точниот одговор,
дополни ги зборовите кои недостасуваат во реченицата, подвлечи ги точните
одговори, објасни ги одговорите на поставените прашања.)

Тема бр.3 Речни цивилизации на Стариот Исток

Цели на темата:
Учениците да ги именуваат најпознатите речни цивилизации и држави што се
појавиле во стариот век во Далечниот, Средниот и Блискиот Исток;
Да ги наведуваат географските карактеристики и погодностите на подрачјата
на кои се формирани првите држави: Кина, Индија, Месопотамија, Египет ;
Да го објаснуваат градењето на иригационите системи ;
Да ги наведуваат занимањата на луѓето во Египет ;
Да го идентификуваат општественото уредување во Египет;
Да го објаснат обединувањето на египетската држава;
Да ги објаснуваат верувањата и нивните спцифичности кај одделни народи и
да ја истакнуваат улогата на религијата во тоа време во општественото
уредување кај секој држава на речните цивилизации
Да ги компарира карактеристиките на државите од Стариот Исток

Ред. Наставна содржина реализација


број
1. Најстарите цивилизации Прва сед.декември

2 Значењето на водата за најстарите цивилизации Втора сед.декември


(интеграција на еко содржина)

3 Старата египетска држава Трета сед.декември

4 Повторување за Египет Трета сед.декември


5 Културата и верувањата на народите на Стариот Исток Четврта сед.декември

6 Повторување за културата и верувањата на народите од Четврта сед.декември


Стариот исток

7 Тематско повторување Петта сед.декември

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа
 Нагледни средства и помагала
Ќе се користат компјутери, историски атласи, карти, историски читанки,
илустрации, енциклопедии, цртежи и друга дополнителна литература,
документарен филм за египетската држава ( “Нефертити“)
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, наставни ливчиња.

 Забелешки од реализација на темата:

Темата ќе се реализира преку платформа за далечинско учење и


наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1 ,2,3


Наставна единица 1 : Најстарите цивилизации
Наставна единица 2: Значењето на водата за најстарите цивилизации

Цели :
Учениците да ги именуваат најпознатите речни цивилизации и држави што се
појавиле во стариот век во Далечниот, Средниот и Блискиот Исток;
Да ги наведат географските каракеристики и погодностите на подрачјата на
кои се формирани првите држави: Кина, Индија, Месопотамија ;
Да го објаснат настанувањето на робовите

Поими : цивилизација, Стар Исток, роб, ропство, иригација

Активности, методи и форми, наставни средства :


Активностите се остваруваат преку индивидуална и групна работа , со примена на
текст метода, дијалошки метод, демонстрација. Од наставни средства ке се
применуваат учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга
дополнителна литература. Наставникот ги запознава учениците со поимите со кои тие
прв пат се сретнуваат. Ги објаснува причините поради кои најпознатите цивилизации и
држави се појавиле по долината на големите реки. Ги наведува географските
каракеристики и погодностите на подрачјата на кои се формирани првите држава, ги
запознава учениците со карактеристиките општественото уредување на државите на
Стариот Исток .
За домашна работа : да ја изработат пирамидата за поделба на населението.
Наставникот чита текст за исхраната на Асирците.Ги поттикнува и насочува учениците
на разговор за исхраната и навиките на луѓето во државите на Стариот Исток.
Вториот час се изведува со примена на еко стандардите, заштеда на вода. Наставникот
и учениицте дискутираат околу значењето на водата за најстарите цивилизации.
Наставникот ги прашува ученицте и дискутираат околу тоа зошто најстарите
цивилизации се појавиле покрај реките. Учениците искажуваат свои размислувања,
ставови и сл. Дискутираат околу иригационите системи и нивното значење. Вршат
актуелизација на наставата, поврзувајќи се со денешното значење на водата,
недостигот од вода и потребата од заштеда на вода.

Оценување на постигнатите резултати: Проверка на стекнатите знаења


преку инструменти за проверување на знаењата, усни одговори, домашни
задачи.

Интегрирање на часовите 3, 4
Наставна единица 3: Старата египетска држава
Наставна единица 4 : Повторување за Египет

Цели :
Да знаат за местоположбата на египетската држава
Да го објаснат градењето на иригационите системи
Да ги наведуваат занимањата на луѓето во Египет
Да го идентификуваат општественото уредување во Египет
Да го опишат обединувањето на египетската држава
Да ги знаат основните карактеристики на Египет

Поими: фараон, пирамида, саркофаг

Активности, методи и форми, наставни средства :


Активностите се остваруваат преку работа со програмиран материјал. Ќе се
применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки метод,
демонстрација, текст метода. Од наставни средства учебник, карта, атлас,
читанка, илустрации, текстови и друга дополнителна литература.
Учениците се активни, правилно насочени кон реализација на содржините. На
крајот на часот учениците го презентираат изработениот материјал.
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се работени
на претходниот час: Бара од учениците во табела да ги опишат и објаснат
карактеристиките на државите од Средниот Исток :

ЕГИПЕТ МЕСОПОТАМИЈА ИНДИЈА КИНА


Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, презентација

Забелешки од реализираниот час :

Интегрирање на часовите 5,6,7


Наставна единица 5 :Културата и верувањата на народите на Стариот Исток
Наставна единица 6 : Повторување за културата и верувањата на народите на
Стариот Исток
Наставна единица 7:Тематско повторување

Цели :
Да знаат за почетоците на писменоста и писмото;
Да ги разликуваат видовите писма;
Да ги објаснат почетоците на појава на науката кај сите речни цивилизации на
Стариот Исток
Да ги опишат верувањата и нивните спцифичности кај одделни народи и дада
ја истакнуваат улогата на религијата во тоа време во општественото
уредување кај секој држава на речните цивилизации

Поими : мумија, балсамирање, сликовно писмо, хиероглифи, еп, многубоштво,


храм, свештенство

Активности, методи и форми , наставни средства:


Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки метод,
демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат учебник, карта,
атлас, читанка, илустрации, текстови и друга дополнителна литература. Наставникот
објаснува за достигнувањата кај народите од Стариот Исток од областа на писменоста и
појавата на писмото ( сликовно, хиероглифи ), книжевноста, градежништво ( пирамиди,
сфинги , кинески ѕид ) , уметност, науки, верувања и религии постојано користејќи
илустративен материјал. На крај на часот чита текст и заедно со учениците го
анализираат. На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се
работени на претходниот час: Бара од учениците во табела да ги опишат и објаснат
достигнувањата на народите од од Стариот Исток од областа на културата

ЕГИПЕТ МЕСОПОТАМИЈА ИНДИЈА КИНА

Часот се изведуваа со примена на ИКТ, односно учениците ќе користат wikipedija и други


посочени интернет страници и линкови

Тематското повторување се спроведува преку индивидуална работа и примена на


наставно ливче кое ќе се оценува според бодовна скала

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, презентација, наставни ливчиња
Забелешки од реализација на темата:

Тема бр.4 Балканот во Стариот век

Цели на темата
Да се запознае со природните услови, местоположбата и населението во
Хелада,Спарта, Атина,
Да знае за Хомеровото време и почетоците на Хеленската колонизација;
Да се воочат разликите во државното и општественото уредување меѓу Спарта
и Атина;
Да се запознаат со верувањата на хелените, нивната религија и митологија;
Да го разбере значењето на Олимписките игри во животот на Хелените
Да се запознае со секојдневниот живот на Хелените и богатата духовна и
материјална култура
Да се запознаат со природните услови, местоположбата, потеклото на Илирите
и процесот на создавањето и развојот на Илирските кралства на Балканот
Да се запознаат со карактеристиките на секојдневниот живот кај Илирите

Ред.бр. Наставни единици Време на реализација


1. Хелада Трета сед.јануари 2021

2. Повторување за Хелада Четврта сед.јануари

3 Спарта и Атина Четврта сед.јануари

4 Повторување за Спарта и Атина Прва сед.февруари

5 Културата на Хелените Прва сед.февруари

6 Повторување за култура на Хелените Втора сед.февруари

7 Илири Втора сед.февруари

8 Илирски Кралства Трета сед.февруари

9 Култура на Илирите Трета сед.февруари

10 Повторување за Илирите Четврта сед.февруари

11 Тематско повторување Четврта сед.февруари

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа и работа во парови
 Нагледни средства и помагала
Ќе се користат компјутери, историски атласи, карти, историски читанки,
илустрации од споменици од хеленската архитектура, цртежи, печатени
материјали како прилози, документи и др.
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, наставни ливчиња.

 Забелешки од реализација на темата:


Доколку темата се реализира преку платформа за далечинско учење и
наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1 и 2
Наставна единица 1 час : Хелада
Наставна единица 2 час : Повторување за Хелада

Цели :
Да знае за најстарата историја на хеленската цивилизација;
Да знае за Хомерово време и неговите обележја;
Да се запознае со природните услови , местоположбата и населението во
Хелада

Активности, методи и форми , наставни средства:

Активностите ќе се остваруваат преку фронтална работа, монолошки,


дијалошки, текст метода. Се користат информациите од учебникот, компјутер,
историска карта, наставно ливче. Часот се изведува со примена на ИКТ,
односно учениците ќе користат wikipedija и други посочени интернет страници и
линкови
Наставникот поттикнува дискусија за појавата на првите речни цивилизации во
светот. Зошто таму се создадоа првите држави?Кои беа карактеристиките на
првите држави, уредување....? Наставникот соопштува дека на часот ќе се
запознаеме со првите држави,население, култура која за прв пат се создала на
Европскиот континент. Наставникот демонстрира на карта со Power Poinit за
местоположбата на Хелада, Критско-Микенската култура. Преку презентацијата
на фотографии, слајдови, историски карти учениците ќе се запознаат со првата
европска цивилизација. споменува за Хомер и неговите дела Илијада и
Одисеја како најголеми историски извори за ова време. Наставникот дава
задача да се прочитаат деловите за колонизација и бара од нив одговори
пр:Што подразбираш под поимот колонии? Зошто хелените ја напуштале
Хелада?
Наставикот потоа црта на табла шема за државното уредување на градовите-
држави(полиси), ја објаснува разликата помеѓу државите на Стариот Исток и
градовите-држави .
На часот за повторување наставникот доставува за секој ученик наставно
ливче со следните барања:
1)Каде се наоѓа Хелада?
2)Која била најстарата култура на Хелада?
3)Зошто времето од 7-12 впне го нарекуваме Хомерово?
4)Објасни го поимот колонизација и наведи ги причините за појавата на
колонизација?
5)Што претставувале полисите?
6)Објасни кој управувал со полисите?

Средства и постапки за оценување на постигнатите резултати:

Наставникот ќе ги оценува со чек листа и пишана повратна информација за


постигањата на часот. Листата ќе ги содржи следниве барања:
Ученикот знае каде се наоѓа Хелада.
Ученикот наведува која била најстарата култура на Хелада.
Ученикот знае кое е Хомерово време.
Ученикот го разбира поимот колонизација и наведува причини за појавата на
колонизација.
Ученикот разбира што се полиси.
Ученикот објаснува кој управува со полисите.

Забелешка за реализираните часови.

Интегрирање на часовите 3,4,


Наставна единица 3 : Спарта и Атина
Наставна единица 4: Повторување за Спарта и Атина

Цели :
Да ги научи основните карактеристики на општествениот и политичкиот живот
на Спарта и Атина;
Да се воочат разликите во државното и општественото уредување меѓу Спарта
и Атина ;
Да ги сфатат почетоците на демократијата во Атина

Активности, методи и форми , наставни средства:


Активностите се изведуваат преку фронтална работа, индивидуална, дијалог,
демонстративен метод, илустративен, примена на историска карта,
компјутер ,атлас, текстови и друга дополнителна литература ,наставно ливче.
Учениците се запознаваат со нивната местоположба, општествено и државно
уредување. Наставникот им демонстрира на карта и го користи и историскиот
атлас. Наставникот им објаснува за спротивностите меѓу овие две градови-
држави, го објаснува поимот демократија, спартанското воспитание.
На часот на повторување за преку употреба на комјутери учениците , групно ,
истражуваат за спартанското воспитание и атинската демократија. ќе користат
wikipedija и други посочени интернет страници и линкови
На крајот на часот го презентираат истражувањето .
- наставникот ја следи целокупната работата на учениците, кординира по
потреба помага без да го наруши текот на часот
 Кратка усна дискусија

Средства и постапки за оценување на постигнатите резултати:


Чек листа за истражувачки проект, дискусија

Интегрирање на часовите 5,6


Наставна единица 5 :Културата на Хелените
Наставна единица 6 : Повторување за култура на Хелените

Цели :
Да се запознаат со верувањата на хелените, нивната религија и митологија
Да го разбере значењето на Олимписките игри во животот на Хелените
Да се запознае со секојдневниот живот на Хелените и богатата духовна и
материјална култура

Активности, методи и форми , наставни средства:


Активностите се изведуваат преку фронтална работа, индивидуална, дијалог,
демонстративен метод, илустративен, примена на историска карта,
компјутер ,атлас, текстови и друга дополнителна литература. Часот се
изведува со примена на ИКТ. Наставникот подготвува Power Point презентација
за културата на хелените. На крајот на часот учениците самостојно
истражуваат: ќе користат wikipedija и други посочени интернет страници и
линкови
Наставникот ги наведува учениците да размислуваат што е првата помисла
кога ќе се спомне терминот култура. Наставникот ќе ги запознае учениците со
највискоите достигнувања на луѓето од овој период и нивниот придонес во
човековата цивилизација. Ќе објасни дека литературата,театарот,уметноста,
градежништвото, филозофијата се основата на европската цивилизација. На
часот ќе се користат фотографии, цртежи, историски текст за митологијата од
историска читанка. Учениците за наредниот час добиваат задача да соберат
информации за античките и современите олимписки игри.
На часот за повторување ќе се повторат новите поими и ке се презентираат
податоците донесени од учениците за олимписките игри и грчката митологија.

Оценување на постигнатите резултати:


Усни одговори, домашна задача

Интегрирање на часовите: 7,8,9,10


Наставна единица 7: Илири
Наставна единица 8: Илирски кралства
Наставна единица 9: Култура на Илирите
Наставна единица 10 Повторување за Илирите

Цели:
Да се запознаат со природните услови, местоположбата, потеклото на Илирите
и процесот на создавањето и развојот на Илирските кралства на Балканот
Да се запознаат со карактеристиките на културата кај Илирите

Активности, методи и форми , наставни средства:


Активностите се изведуваат преку фронтална работа, индивидуална, дијалог,
демонстративен метод, илустративен, примена на историска карта,
компјутер ,атлас, текстови и друга дополнителна литература. Часот( илирски
кралства) се изведува со примена на ИКТ, односно учениците ќе користат
wikipedija и други посочени интернет страници и линкови
Наставникот ја опишува и покажува на карта местоположбата на територијата
на Илирите и илирските кралства. Ги посочува илирските племиња и
племенски сојузи. Ја посочува првата илирска држава, илирско кралство, ги
наведува најпознатите илирски владетели.
Ги запознава учениците со култовите и религијата на Илирите,нивниот начин
на живеење и материјалните остатоци. Учениците читаат извадоци од текстови
за животот и културата на Илирите и племињата , ги анализираат.
На часот за повторување се повторуваат новите поими. Доколку има потреба
ги дообјаснува новите поими.

Оценување на постигнатите резултати:


Усни одговори, домашна задача, учество во дискусии

Наставна единица 11: Тематско повторување

Цели:
Потврдување и систематизација на знаењата на учениците;
Проверка на знаењата на учениците, оспособување на учениците за
самооценување

Активности, методи и форми , наставни средства:


Активностите се остваруваат преку индивидуална работа учениците .Секој
ученик добива наставно ливче поделено на три колони .Спарта, Атина, Илири.
Во секоја колона треба да ги наброи најзначајните карактеристики за дадените
поими кои се изучени во темата. Времето е определено на 20 мин. Потоа
добиваат повратна информација со точни одговори . Учениците ги разменуваат
наставните ливчиња и ги проверуваат со чек листа

Средства и постапки за оценување на постигнатите резултати:


Наставно ливче со чек листа за проверка
Тема бр.5 Македонија во стар век

Цели на темата:
*да знае за најстариот период од македонската историја,нејзината територија,
природни услови и население;
*да го објасни формирањето на државата
*да го објасни потеклото на името Македонија
*да го сфати значењето на реформите на Филип II, во јакнењето на
Македонската држава
*да знае за ширењето на македонската држава во време на Александар III,
неговите походи;
*да ја знае личноста на Александар III (образование, воспитание,
издигнувањето на Александар во голем владетел)
*да ја сфати визијата на Александар Македонски за рамноправност,
толерантност и заедничко живеење на народите
*да ја идентификува посебноста на македонската култура ,јазик, обичаи, начин
на живеење
*да ги знае причините за распаѓањето на Македонската држава на Александар
Македонски и создавањето на Хеленистички држави
*да го сфати поимот хеленизам и достигањата на хеленистичка култура

Ред. Наставни содржини Време на реализација


број
1. Македонската држава до Филип II Прва сед.март

2 Македонската држава во времето на Филип II Прва сед.март

3 Повторување за македонската држава во времето на Втора сед.март


Филип II
4 Македонската држава во времето на Александар III Втора сед.март
Македонски

5 Александар III Македонски Трета сед.март

6 Повторување за македонската држава во времето на Трета сед.март


Александар III Македонски

7 Културата на Македонците Четврта сед.март


8 Повторување за културата на Македонците Четврта сед.март

9 Хеленистички период Петта сед..март

10 Повторување за Хеленистички период Петта сед.март

11 Тематски тест: Македонија во Стариот век Прва сед.април

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа и работа во парови.
 Нагледни средства и помагала
Ќе се користат компјутери, учебник, историски атласи, карти, историски
читанки, илустрации од спомениците на хеленистичката култура, цртежи,
текстови од Документите на македонскиот народ и други печатени материјали
како прилози, документи , (извадоци од Филипиките на Демостен) и др.
По можност и во зависност од условите се организира теренска настава,
посета на музеј, археолошки локалитет, архиви, изложби и др.
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на знаењата,
усни одговори, писмени одговори, домашни задачи, самостојни истражувања,
наставни ливчиња.

 Забелешки од реализација на темата:


Доколку темата се реализира преку платформа за далечинско учење и
наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според условите
на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1, 2,3


Наставна единица 1: Македонската држава до Филип II
Наставна единица 2: Македонската држава во времето на Филип II
Наставна единица 3: Повторување за Македонската држава до Филип II

Цели :
Да го осознае најстариот период од македонската историја, нејзината
територија, природни услови и население
Да се запознае со формирањето на државата;
Да ги наведе племињата и начинот на формирањето на државата
Да знае за јакнењето и проширувањето на македонската држава во време на
Филип II;
Да ги знае реформите на Филип;
Да го сфати значењето на реформите на Филип II, во јакнењето на
Македонската држава
Поими:
Горна Македонија, Долна Македонија, Македон, хетајри, Народно собрание,
династија

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, со употреба на историска карта,
читанка, атлас, текстови и друга литература.
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува на учениците кои се
целите на часот. Им задава задача преку ,,бура на идеи,, да ги набројат
државите и народите кои досега сме ги изучиле на Балканскиот Полуостров.
Наставникот ја покажува на карта местоположбата на Македонија, ги посочува
најпознатите и најстарите племиња кои ја населувале. Наставникот отвара
дискусија за територијата и населението. Објаснува за основањето на
државата, наведувајќи ја првата престолнина, владетели сл., ги посочува
најзначајните владетели до времето на Филип Втори и ги објаснува нивните
најкарактеристични обележја при владеењето. Им се остава простор на
учениците да прашаат за нејасните поими во врска со новата наставна
содржина. Учениците читаат од историска читанка, анализираат и дискутираат.
Третиот час ќе се користи за повторување и оценување на претходните
наставни содржина. Наставникот ги објаснува и посочува помалку познатите
историски поими. Учениците ги посочуваат на карта границите на државата во
време на Филип, ги наведуваат војните кои ги водел за ширење на државата.
Одговараат на кратки и есејски прашања, учествуваат во дискусијата околу
значењето на Филип за македонскат историја

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, демонстрации, презентација

Интегрирање на часовите 4,5,6


Наставна единица 4: Македонската држава во времето на Александар ///
Македонски
Наставна единица 5 : Александар Македонски
Наставна единица 6: Повторување за Македонската држава во времето на
Александар /// Македонски

Цели на часот:
Да знае за доаѓањето на Александар /// Македонски на чело на државата и
неговото владеење,
Да знае за ширењето на македонската држава;
Да ги знае најзначајните походи на Александар;
Да знае за личноста на Александар, неговото образование, воспитание, и
издигнување во голем владетел;
Да ја сфатат идејата на Александар за заедничко живеење и меѓусебно
почитување на различните народи и култури;
Да развијат чувство на почит кон културите на другите народи
Историски поими и термини:
Поход, Граник, Дариј III, Гавгамела, Пор, Суза, Свет град, Гордиевиот
јазол,Букефал

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, со употреба на учебник, историска
карта, читанка, атлас, текстови и друга литература. Се читаат текстови од
интернет и историска читанка за : Митот за Букефал. Животот на Александар ,
Македонското сонце и др.
Во воведниот дел од првиот час преку бура на идеи учениците ги наведуваат
своите предзнаења за Александар /// Македонски. Наставникот им го опишува
доаѓањето на Александар за крал, неговите подготовки за поход на Исток. Ги
опишува најзначајните битки во текот на походот. Им ги покажува на историска
карта, исцртувајќи ги границите на македонската империја.
Учениците одговараат на прашања, дискутираат, разменуваат мислења,
запишуваат нејасни поими и термини во тетратка за да знаат да ги објаснат
на наредните часови. Тие самостојно работат, изработувајќи хронологија за
животот на Александар /// Македонски. Податоците заеднички се проверуваат
помеѓу учениците.
Третиот час од оваа наставна содржина се користи за читање на домашните
задачи на учениците кои се однесуват на значењето на Александра за
светската и македонскат историја. Се читаат и текстови од интернет донесени
од наставникот и од историската читанка, и се дискутира околу истите.
Се разгледуваат фотографиии и се препознаваат истите.
Учениците изработуваат грозд за старата Македонска држава.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, демонстрации.

Интегрирање на часовите 7 и 8,
Наставна единица 7: Култура на Македонците
Наставна единица 8: Повторување за култура на Македонците

Цели на часот:
Да ги знае основните обележја на македонската култура и религија
Да ја идентификува посебноста на македонската култура ,јазик, обичаи, начин
на живеење

Историски поими и термини:


божества Диос, Зеирена, Херакле, светиот град Дион, каусија, кралска дијадема

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, текстови и друга дополнителна
литература. Бидејќи се зборува за културата, на првиот час се употребуваат
најголем број слики и фотографии кои ќе се искористат учениците на полесен
начин да ги совладаат поимите и термините од овој период. Наставникот ги
објаснува, опишува најзначајните култови, обичаи на Македонците, ги наведува
обележјата на македонската култура, ја потенцира посебноста на
македо.култура, јазик и сл.
Учениците според истражувањето што го правеле за начинот на живеење на
Македонците и материјалните остатоци, како домашна задача, ги искажуваат
сознанијата а наставникот ги надополнува истите.
Вториот час се користи за повторување на новата наставна содржина. Преку
повторување учениците ги утврдуваат и систематизизраат своите знаења.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, самостојни истражувања.

Интегрирање на часовите 9,10


Наставна единица 9 Хеленистички период
Наставна единица 10: Повторување за хеленистички период

Цели:
Да ги знае причините за распаѓањето на Македонската држава и создавањето
на Хеленистички држави
Да го објасни хеленистичкиот период и неговите карактеристики;
Да ги знае културните достигнувања од хеленистичкиот период.

Историски поими и термини:


Хеленизам, дијадоси, Антигониди, Селевкиди, Птоломеиди, Александрија

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга
дополнителна литература. На првиот час наставникот објаснува за причините
за распаѓањето на македонската држава а потоа ги дели учениците во три
групи, им дели текст за трите кралства кои се создале по распаѓањето на
државата на Александар /// Македонски. Учениците внимателно ги читаат
текстовите, а потоа се одредува ученик кој ќе врши презентација од
одредената група за поединечното кралство. Учениците ќе користат wikipedija и
други посочени интернет страници и линкови (www.makedonskosonce.com,
www.mn.mk
Наставникот ги посочува достигнувањата на хеленистичката култура,
истовремено покажувајќи илустрации од истите.
Вториот час се користи за повторување на новата наставна содржина.
Учениците одговараат на наставно ливче преку кое наставникот ги следи
постигањата на секој ученик пооделно и ги бележи нивните резултати.
Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, наставно ливче

Наставна единица 11: Тематски тест за Македонија во стариот век

Цели на часот:
Учениците да ги повторат и утврдат своите знаења за темата

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Наставникот им дели тестови на учениците. Учениците внимателно ги читаат
упатствата за работа на тестот.
Одговараат на прашања од повеќе типови (заокружи го точниот одговор,
дополни ги зборовите кои недостасуваат во реченицата, подвлечи ги точните
одговори, објасни ги одговорите на поставените прашања.)
Секој ученик работи индивидуално.
Наставникот изготвил бодовна листа за бодирање на точните одговори, а
истата се наоѓа на самиот тест.

Тема бр.6 Стар Рим

Цели на темата:
Да знае за територијата, населението и настанокот на градот Рим и римската
држава ;
Да знае какво било општественото и државното уредување и внатрешните
борби во римската држава;
Да знае за подемот и проширувањето на државата на три континенти;
Да ги воочи разликите во положбата и начинот на живот на различните слоеви
на населението;
Да го запознае начинот на живеење на луѓето ( улогата на жената,
образованието на децата, занимавање, исхрана облекување, лекување)
Да знае за реформите на браќата Грах и граѓанските војни во империјата;
Да знаат за причините, текот и последиците од Спартаковото востание;
Да ги сфати причините за слабеење на државата и нејзино распаѓање;
Учениците да ги знаат основните обележја и карактеристики на римската
култура, наука, книжевност, архитектура;
Да знае за појавата и ширењето на христијанството во римската држава,
односот на државата кон христијаните и прифаќање на христијанството за
државна религија

Ред. Наставна единица реализација


бр.
1 Основање на римската држава Прва сед.април

2 Јакнење и проширување на римската држава Втора сед.април

3 Повторување за основање,јакнење и ширење на Втора сед.април


римската држава
4 Внатрешни борби во римската држава Трета сед.април

5 Повторување за внатрешни борби во римската држава Трета сед.април

6 Римската култура Четврта сед.април

7 Повторување за римската култура Четврта сед.април

8 Појава на христијанството Прва сед.мај

9 Тематско повторување Прва сед.мај

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа и работа во парови.
 Нагледни средства и помагала
Ќе се користат компјутери, учебник, историски атласи, карти, историски
читанки, илустрации, цртежи, текстови и други печатени материјали како
прилози, документи и др.
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, писмени одговори, домашни задачи, самостојни
истражувања, наставни ливчиња, чек листа за следење на учениците.

 Забелешки од реализација на темата:


 Доколку темата се реализира преку платформа за далечинско учење и
наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата
Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1,2,3

Наставна единица 1час : Основање на римската држава


Наставна единица 2час : Јакнење и проширување на римската држава
Наставна единица 3 : Повторување за основање, јакнење и проширување на
државата

Цели :
Да се запознае со територијата, населението и настанокот на градот Рим и
римската држава;
Да знае за општественото и државното уредување на римската држава;
Да ги воочи разликите меѓу патрициите и плебејците.
Учениците да знаат за јакнењето и проширувањето на римската држава и
нејзиното прераснување во империја; да ги наведат римските освојувања на
трите континенти и најпознатите владетели; да знае како римската држава
станала царство.

Поими: патриции,плебејци, сенат, народно собрание,

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, текст метода. Од наставни средства ке се применуваат
компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и друга
дополнителна литература. Наставникот преку усно поставени прашања за
најстарите држави ги воведува учениците во новата наставна содржина. По
добиениот одговор од страна на учениците,наставникот пристапува кон
излагањето на новата наставна содржина. Ја опишува територијата
покажувајќи на карта и користејќи го атласот, го посочува населението, го
објаснува настанувањето на градот Рим според легендата и науката.
Општественото уредување го објаснува преку споредување на спротивностите
меѓу патрициите и плебејците. Со помош на историска карта на учениците им
се објаснуваат територијалните проширувања на римската држава. ,читаат
извадоци од текстови (од атласот) за Пунските војни и ги анализираат. Ги
анализираат илустрациите од учебникот и атласот. Одговараат на прашањата,
учествуваат во дискусија. Прават анализа на римските освојувања. Го
анализираат изгледот на римскиот војник.
Добиват домашна задача: споредба меѓу македонската и хеленската
војска( фаланга- легија)
Третиот час ќе се користи за повторување на поимите работени на
претходниот час. Доколку има потреба наставникот ги објаснува поимите кои се
нејасни. На часот ќе бидат презентирани најдобрите домашни задачи. За
наредниот час добиваат задача да истражат за гладијаторите и
гладијаторските борби
Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, т табела со листа за меѓусебно
оценување, чек листа за следење на учениците.

Интегрирање на часовите 4 и 5
Наставна единица 5 : Внатрешни борби во римската држава
Наставна единица 6 : Повторување за внатрешни борби во државата

Цели :
Учениците да знаат за положбата на селаните и робовите во римската држава;
Да ги воочуваат причините за незадоволството на селаните;
Да ги знаат реформи на браќата Грах;
Да знаат за причините, текот и последиците од Спартаковото востание;
Да го опишат слабеењето на државата и појава на колонат.

поими: гладијатори, колонат,

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и
друга дополнителна литература. Часот се изведува со примена на ИКТ,
односно учениците ќе користат wikipedija mk.wikipedia.org/wiki/Гладијатор и други
посочени интернет страници и линкови(www.istorijskabiblioteka.com). Самостојно
истражуваат за гладијаторските борби во Рим и положбата на гладијаторите.
Наставникот им ја објаснува на учениците положбата на селаните и робовите
во Римската држава, положбата на гладијаторите , причините, текот и
последиците од Спартаковото востание. Им објаснува за појавата на
колонатот. Учениците активно учествуваат во дискусијата за гладијаторските
борби откако претходно истражувале од интернет.
Им се објаснуваат нејасните поими и историски личности(Гладијатори,Спартак,
востание, колонат)
Вториот час наставникот го користи за повторување на наставната содржина.
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се работени
претходниот час. Учениците се активни,читаат извадоци од текстови и ги
анализираат. Ги анализираат илустрациите од учебникот и атласот. Одговараат
на прашањата, учествуваат во дискусија. Доколку има потреба ги објаснува
поимите кои се нејасни. Секој ученик добива наставно ливче на кое работи 15
минути.

Оценување на постигнатите резултати:


Домашни задачи, усни одговори, наставно ливче со чек листа за оценување.
Наставникот ќе ги оценува индивидуално со чек листа и пишана повратна
информација за постигањата на часот. Листата ќе ги содржи следниве барања:
Ученикот знае каде се наоѓа римската држава
Ученикот наведува кои го сочинувале населението во државата
Ученикот знае за проширувањето на државата
Ученикот ги објаснува внатрешните борби во римската држава
Ученикот го разбира поимот колонат и колони

Интегрирање на часовите 6 и 7
Наставна единица 6: Римската култура
Наставна единица 7 : Повторување за римската култура

Цели:
Учениците да ги знаат основните обележја и карактеристики на римската
култура, наука, книжевност, архитектура;
Да ги знаат најважните римски богови;
Да ја препознаваат архитектурата и ликовната уметност во стариот Рим;
Да го истакнуваат придонесот на оваа култура кај другите народи.

поими: форум, терми,говорништво, Колосеум, Пантеон....

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, текстови и
друга дополнителна литература. Часот е планиран да се реализира со примена
на ИКТ. Учениците самостојно ќе истражуваат со користење на wikipedija,
https://mk.wikipedia.org/wiki/римска_митологија и други посочени интернет
страници и линкови. Наставникот го објаснува создавањето на римската
култура односно римската религија, книжевност, ги посочува најпознатите
градби на Римјаните... Учениците истражуваат за римската религија,
книжевност, говорништво, градежништво ,наука и друго. Ја опишуваат
римската архитектура. Анализираат илустрации и текстови од посочените
интернет страни. Наставникот настојува да ги вклучи поголемиот дел од
учениците во работата при што се допринесува за динамичноста на часот.
Учениците се активни,одговараат на прашања, учествуваат во дискусија.
На часот за повторување наставникот ги повторува поимите кои се работени
претходниот час. Доколку има потреба ги објаснува поимите кои се
нејасни.Учениците се активни,читаат извадоци од текстови и ги анализираат. Ги
анализираат илустрациите од учебникот и атласот. Одговараат на прашањата,
учествуваат во дискусија.
Учениците прават споредба, преку т табела, на хеленска, македонската и
римската култура што е заедничко а што различно.
Им се остава простор да се протолкува мислата ,,Рим ја покори Хелада, но
Хелада го покори Рим,,.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, т табела за споредба, чек листа за
темата, дневен формулар за следење на учениците.
Интегрирање на часовите 8,9
Наставна единица 8 : Појава на христијанството
Наставна единица 9: Тематско повторување

Цели:
Учениците да се запознаат со појавата и ширењето на христијанството;
Да знаат за христијанството како државна религија, учењето ,светото писмо и
апостолите;
Да знаат да го објаснат односот на римската држава кон христијанството;

поими:Исус Христос, Библија, апостоли

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат компјутер, учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, Библија.
Воведниот дел од новата наставна содржина за Појавата на христијанството се
користи методата ,,бура на идеи,, учениците посочуваат се што слушнале за
христијанството. Тие идеи наставникот ги користи како дел од новата наставна
содржина кои се дебатираат и образложуваат преко дијалози со учениците. Им
објаснува за верувањето во еден бог, за Светото писмо, апостолите,
христијанската ера, симболите на христијанството. Им се објаснува на кој начин
христијанството станало државна римска религија. Од наставните средства се
надополнува и Библијата како најстар пишан извор за христијанството. За
домашна задача се дава истражување за Исус Христос, Апостол Павле и
Константин Велики.
Вториот час се користи за повторување на Појава на христијанството. На часот
за повторување наставникот ги повторува поимите кои се работени претходниот
час. Доколку има потреба ги објаснува поимите кои се нејасни. Учениците се
активни,читаат извадоци од текстови и ги анализираат. Ги анализираат
илустрациите од учебникот и атласот. Одговараат на прашањата, учествуваат во
дискусија. Се читаат текстови за христијанството и домашните задачи се
анализираат.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи, чек листа за следење на учениците.

Тема бр.7: Влијанието на Римската Империја на Балканот

Цели на темата:
Учениците да се запознаат со ширењето на Римската Империја на Балканот и
Македонија;
Да знаат како се воспоставува римската управа во Македонија;
Да знаат каква била положбата на Македонија под римска управа
Да објаснат што претставува римска провинција
Да се запознаат со отпорот на балканските народи против римската власт;
Да знае за појавата и ширењето на христијанството во Македонија и на
Балканот;
Да ги осознае вредностите на римската култура на Балканот ( начин на
живеење, религија, градежништво...)
Да ги знае најзначајните археолошки локалитети од Македонија од римскиот
период;
Да ги знае причините за опаѓањето и пропаѓањето на римската империја.

Ред.бр. Структура на темата Вр. на реализација


1 Ширењето на Римската Империја на Балканот и
Македонија Втора сед.мај

2 Отпорот против римската империја од страна на


народите на Балканот Втора сед.мај

3 Повторување за ширењето и отпорот на балканските


народи Трета сед.мај

4 Појава и ширење на христијанството на Балканот и


Македонија Трета сед.мај

5 Културата во време на римското владеење


Четврта сед.мај

6 Истражување за најзначаните локалитети од


Македонија од римскиот период Четврта сед.мај

7 Пропаѓање на римската држава


Прва сед.јуни

8 Повторување за пропаѓањето на римската империја


Прва сед.јуни

9 Тематско повторување Втора сед.јуни

 Наставни методи
Ке се користи монолошка и дијалошка метода, текст метода, илустративен
метод, демонстративен метод, дискусија, истражувачка активност и
презентација.
 Наставни форми
Од формите на работа ќе се применуваат фронтална работа, индивидуална,
групна работа и работа во парови.
 Нагледни средства и помагала
Ќе се користат компјутери, учебник, историски атласи, карти, историски
читанки, илустрации, цртежи, текстови и други печатени материјали како
прилози, документи и др.
По можност ќе се организира посета на археолошките локалитети од римскиот
период во Македонија.
 Оценување на постигнатите резултати:
Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, писмени одговори, домашни задачи, самостојни
истражувања, наставни ливчиња.

 Забелешки од реализација на темата:


 Доколку темата се реализира преку платформа за далечинско учење и
наставните методи, форми, средства ќе бидат модифицирани според
условите на платформата

Тематско процесно планирање

Интегрирање на часовите 1 ,2,3


Наставна единица 1: Ширење на Римската Империја на Балканот и Македонија
Наставна единица 2: : Отпорот против римската империја од страна народите
на Балканот
Наставна единица 3: Повторување за ширење и отпорот против римската
империја

Цели:
Учениците да се запознаат со ширењето на Римската Империја на Балканот и
Македонија;
Да знаат како се воспоставува римската управа во Македонија;
Да знаат каква била положбата на македонија под римска управа
Да објаснат што претставува римска провинција.
Учениците да знаат за отпорот на Илирите против римската власт и
последиците од истиот;
Да знаат за отпорот на Македонците;
Да знаат каква била положбата на Македонија под римска власт;
Да знаат за воспоставувањето на провинциската управа во Македонија;
Да се запознаат со животот на Македонците под римска власт
поими: Денар, романизација, провинција

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, избрани текстови за
римско -македонските војни, избрани текстови за востанијата на Батон и
востанието на Андриск. Наставникот објаснува за ширењето на римската
Империја на Балканот, ги опишува илирско -римските војни, римско-
хеленските а посебен акцент ќе биде ставен на македонско -римските војни и
потпаѓањето на Македонија под римска власт. Наставникот ги објаснува текот и
последиците од војните, посочувајќи ги последните македонски владетели.
Учениците читаат извадоци од текстови за римско-македонските војни, заедно
со наставникот ги анализираат, наставникот поттикнува и насочува дискусија.
Им објаснува нејасни поими, како провинција и романизација. Им ја опишува
римската управа во Македонија.
Вториот час е планиран да се реализира со примена на ИКТ. Учениците
самостојно ќе истражуваат со користење на wikipedija и други посочени
интернет страници и линкови www.makedonskosonce.com, www.mn.mk.
На часот за повторување наставникот им ги дообјаснува нејасните поими и
преку поставување прашања и усни одговори учениците ја повторуваат и
утврдуваат новата содржина.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори, домашни задачи.

Наставна единица 4 Појава и ширење на христијанството во Македонија и


Балканот

Цели:
Учениците да знаат за појавата на христијанството во Македонија;
Да знаат за улогата на апостол Павле во ширењето на христијанството во
Македонија;
Да знаат во кои градови најпрво се шири христијанството.

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат учебник, карта, атлас, читанка, илустрации, избрани текстови за
апостол Павле и неговата посета во Македонија. Наставникот им објаснува за
појавата и ширењето на христијанството во Македонија, улогата на апостол
Павле и неговата мисија во Македонија. Ги посочува најстарите христијански
центри во Македонија. Објаснува за ширењето на христијанството на Балканот.
Наставникот избира текстови , учениците ги читаат и заедно ги анализираат.
Наставникот отвора дискусија , ја води и насочува истата. Учениците
поставуваат прашања за нејасни поими, термини, одговараат на поставените
прашања. Вториот час е час за повторување каде учениците ги утврдуваат и
систематизираат своите знаења. Преку одговори на кратки и есејски прашања
наставникот добива информација колку учениците ги усвоиле новите знаења.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори на кратки и есејски прашања, презентации.

Интегрирање на часовите 5,6


Наставна единица 5: Култура во време на римското владеење
Наствана единица 6: Истражување за најзначајните локалитети од Македонија
од римскиот период, икт

Цели:
Да ги осознае вредностите на римската култура на Балканот( начин на
живеење, религија, градежништво...)
Да ги знае најзначајните археолошки локалитети од Македонија од римскиот
период;
Да ја објасни ромеизацијата на Македонија;
Да ги идентификува најзначајните остатоци од римски градби на Балканот и
Македонија;
Да ги знае карактеристиките на римските градби во Македонија.

Поими: ромеизација, колонии, денар, аквадукт, базилика, амфитеатар

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат учебник, карта, атлас, читанка, илустрации од остатоците од
римски градби во Македонија, избрани текстови. наставникот им ја објаснува
ромеизацијата на Македонија и воспоставувањето на римска управа во
Македонија. Ги опишува карактеристиките на римските градби (плоштади,
бањи, аквадукти) ги посочува најпознатите римски градови во Македонија.
Учениците ги анализираат илустрациите, прават споредба на сличностите и
разликите на остатоците од Стоби, Хераклеја, Скупи.
Вториот час е планиран да се реализира со примена на ИКТ. Учениците
самостојно ќе истражуваат за Стоби, Хераклеја, Лихнид и Скупи, со користење
на wikipedija и други посочени интернет страници и
линкови(www.makedonskosonce.com, www.mn.mk)
Наставникот ги дели на четири групи и секоја група на вториот час го
презентира самостојното истражување. Преку дискусија на крајот на часот,
наставникот ги искажува слабите и јаките страни на истражувањата со насоки
кон подобри изработки.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори на кратки и есејски прашања, самостојни истражувања
и презентации.

Интегрирање на часовите 7,8


Наставна единица 7: Пропаѓање на римската држава
Наставна единица 8: Повторување за пропаѓање на римската држава

Цели:
Учениците да знаат за причините за пропаѓање на римската Империја;
Да знаат за поделбата на државата;
Да знаат за конечното пропаѓање на Западното римско Царство

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
Ќе се применуваат индивидуална, групна и фронтална работа, дијалошки
метод, демонстрација, презентација, текст метода. Од наставни средства ке се
применуваат учебник, карта, атлас, читанка, илустрации. Часот се изведува со
примена на ИКТ, односно учениците ќе користат wikipedija и други посочени
интернет страници и линкови. Наставникот ги објаснува внатрешните и
надворешните причини за пропаѓањето на Империјата, ги посочува
најпознатите варварски племиња, ја посочува поделбата на држава на два
дела. Го објаснува текот на пропаѓањето на Западното римско Царство.
Наставникот избира текстови за поделбата на римското царство и Хуните ,
учениците ги читаат и заедно ги анализираат. Наставникот отвора дискусија, ја
води и насочува истата. Учениците поставуваат прашања за нејасни поими,
термини, одговараат на поставените прашања. Вториот час е час за
повторување каде учениците ги утврдуваат и систематизираат своите знаења.
Преку наставно ливче за пропаѓањето на Империјата наставникот согледува
колку учениците ги постигнале очекуваните исходи.

Оценување на постигнатите резултати:


Проверка на стекнатите знаења преку инструменти за проверување на
знаењата, усни одговори на кратки и есејски прашања, наставно ливче за
пропаѓање на римската империја.

Интегрирање на часовите 9
Наставна единица 9: Тематско повторување

Цели:
Учениците да ги повторат,утврдат и систематизираат своите знаења за темата

Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни


средства:
На часот се врши повторување на материјалот.е. Темата преку кратки и есејски
прашања и дискусија околу одредени прашања..

You might also like