Merenje Belodroben Kapacitet

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Мерење белодробен капацитет

1. Белите дробови се сместени во градниот кош и се дел од респираторниот


систем, а во нив се одвива размената меѓу јаглеродниот диоксид и кислородот. Оваа
размена на гасови се нарекува дишење. Секој од нас може да вдиши и да издиши
различен волумен на воздух кој зависи од висината, тежината, полот, дали редовно
спортуваме или не итн.
2. Експериментална активност: мерење на волуменот на белите дробови
а) Потребен прибор и материјали за работа
• Балони
• Поголем сад од 10 L (пр. кофа) во кој што може да собере надуван балон
• Помал сад со познат волумен (пр.чаша од 250 ml, шише од 500 ml, може да се
користи и кујнска мензура)
• Водоотпорен маркер
• Прибор за пишување и пресметка на измерените резултати
б) Претходна подготовка за експериментот
Големиот сад треба да се обележи на следниот начин: се става ознака на нултата
(почетна) точка за мерењето отприлика на средина на садот (цртичка или точа со
водоотпорен маркер).
Кофата се полни со вода до висина на ознаката. Потоа се додава одреден волумен
на вода со помалиот сад со познат волумен, така што по секое додавање на вода
повторно се додава ознака на големиот сад. На овој начин се обележува целиот сад.
Откако ќе го обележиме садот, се отпразнува водата до нултата (првата) ознака. Ако
користиме чаша од 250 ml при обележувањето, разликата во висината на двете
цртички е еквивалентна на 250 cm3 (1ml=1cm3).
в) Мерење на волуменот на белите дробови
Постапка
Секој од учениците добива балон во кој треба да дувна еднаш, по полнење на
белите дробови. Вака надуваниот балон се подврзува со спирално движење за да
не издише и се потопува во водата во садот.
Набљудување
Се забележува подигнувањето на нивото на водата. Според бројот на цртичките за
кои се подигнало нивото на водата при потопувањето на балонот, се забележува
волуменот на воздух од белите дробови.
Резултати
Доколку има време треба да се повторат мерењата за секој ученик и се пресметува
средна вредност. Се прави споредба на вредностите кај различни ученици.
Резултатите може да се претстават табеларно и со столбест дијаграм. Се
пресметуваат и споредуваат средните вредности за мерењата за момчињата и
девојчињата. Се прави график на зависност на волуменот на белите дробови со
тежината и висината на учениците.

Видео линк за експеримент од стр. 47 од учебникот:


https://www.youtube.com/watch?v=MCEUW8moLeI&ab_channel=GlasgowScienceCentre

Видео линк за поинаков експеримент за мерење на белодробен капацитет со балон:


https://www.youtube.com/watch?v=Lvmh2QnzrBs&ab_channel=KatieWelty

You might also like