Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Фетален развој

1. Делба на клетките
Зиготот движејќи се низ јајцеводот почнува да се дели при што бројот на
клетките постојано се зголемува и се добива топче од клетки наречено морула.
Таа претставува зачеток на ембрионот. Кога морулата ќе пристигне во матката,
таа се зафаќа и се вгнездува, процес наречен имплантација, во веќе
подготвениот, доста дебел ендометриум на матката.

2. Развивање на плодот (фетусот) и формирање на плацента

Со самото вгнездување во матката, продолжува процесот на делење на


клетките. Во текот на овој период се создаваат сите системи во организмот.
Срцето и мозокот се меѓу првите органи кои што се развиваат. Срцевите и крвните
садови се создаваат во текот на втората недела, а првото отчукување на срцето
се случува во текто на четвртата недела. Паралелно со развојот на ембрионот,
надворешните клетки што го прекриваат со ѕидот на матката и крвните канали од
мајката создаваат кружен орган исполнет со крв и ресички наречен плацента.
Фетусот се поврзува со развиената плацента преку ткивно стебло кое преминува
во папочна врвца, која има две артерии што носат крв од фетусот до плацентата и
една вена што носи крв од плацентата до фетусот. Преку папочната врвца и
плацентата се остварува врската помеѓу крвотокот на плодот и крвотокот на
мајката. Фетусот го опкружува водена обвивка или плодова вода што е исполнета
со чиста течност, во која фетусот плива и слободно се развива. Најинтензивното
растење се случува за време на вториот триместар, (4-6 месец). Во тој период се
чувствуваат и првите движења на плодот, а 'рскавичното ткиво постепено се
заменува со коскено. Во периодот од 6-9 месец фетусот целосно се оформува и
се подготвува за раѓање.

3. Времетраење на бременоста
Жената која носи фетус е нарчена трудница или бремена жена. Целиот период на
бременоста, од оплодувањето до на јајце клетката до раѓањето , трае 280 дена,
односно 40 недели.
https://www.youtube.com/watch?v=W_twYPeBSRg&ab_channel=WiseWanderer

You might also like