„ФОЛКЛОРОТ КАКО ДЕЛ ОД МУЗИЧКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ"

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

М-р Мелита ИВАНОВСКА; ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје

dmbuc.milievska@gmail.com
ФОЛКЛОРОТ КАКО ДЕЛ ОД МУЗИЧКАТА ЕДУКАЦИЈА ВО
ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

РЕЗИМЕ

Образованието е во постојана колерација со фолклорот или традиционалната


култура и континуирано взаемно надополнување Во текстот истражувањето е
насочено кон важноста и потребата за вметнување и изучување на фолклорт во
основното и средното музичко образование преку образложување на неколку
сегменти. Образованието подразбира постојано следење на промените во
општеството, дури и создавање на истите, а фолклорот, како традиционална
култура на народот ја содржи културната меморија и искуството од истите.

КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: фолклор, едукација, основно образование

Фолклорот или традиционалната музичка уметност е создадена како одраз


на народната творечка сила и е директниот носител на националниот идентитет.
Според тоа изучувањето на традиционалната уметност допринесува за
оформувањето на младата личност и нејзиното себеспознавање во
националниот израз. Токму од тие причини нам, на наставниците во областа на
изучувањето и истражувањето на традиционалната музика и игра
(етномузиколози, етнокореолози и етноорганолози), ни се наметнува
неприкосновена одговорност и задача фолклорот-традиционалната уметност да
биде опфатена во образовниот систем уште од најмалата возраст.

Покрај изучувањето на сопствената национална култура кое го овозможува


образованието каде се изучува фолклорот, децата уште од најмалата возраст се
стекнуваат со вештините кои ги подобруваат нивните психо-моторни функции.
Изучувањето на ората и на вокалната изведба во група ја развива нивната
социо-емоционална состојба, ги потикнува нивните осети и перцепции.
Изложеноста на ритмичко-танцови и музички обрасци, во репетативна форма го
подобрува вниманието, мислењето и помнењето. Бенефитот е еквивалентен на
истражувањата поврзани со влијанието на општото музичкото образование и
танцот врз развитокот на детската личност.

Според педагозите, изучувањето на музиката, има влијание врз развитокот


на музичките способности, естетските чувства, способност за разбирање и
доживување на музиката, поттикнување на позитивните емоции, креативноста,
самостојноста, тимската работа и одговорноста, музичкото изразување,
стекнување култура на однесување, подготвување за активно вклучување во
музичкиот живот во општествената средина. (Талевски,2018 :41).

Истите ове заклучоци можеме да ги примениме и за влијанието кое го


извршува изучувањето на фолклорот во основното образование. Се смета дека
образованието каде се вклучени традиционалните танци/ора, најмногу влијаe
врз развитокот на моторните способности кај учениците како и врз нивната
меморија- „Во музичките игри музиката го одредува карактерот на движењата,
нивната брзина и прецизност. Таа влијае и на правилното држење на телото,
координација на движењата на рацете и нозета, квалитетот на одењето и
трчањето“. (Манастериоти, 1982:19, види кај Талевски, 2018:42). Потчинувајќи
ги своите движења на музиката, учениците ги усогласуваат нејзините
карактеристики, движејќи се по принципите на поставениот играчки образец.
(Талевски, 2018:42)

Истражувањата одат во прилог на изучувањето на инструментите, кое


влијае и на формирањето, односно на менувањето на дадени лични особини кај
децата. „Колективните музички активности влијаат позитивно на развитокот на
самодовербата кај учениците кои се срамежливи, интровертни, несигурни.
Слушањето музика влијае врз нивното расположение, смирувајќи ги и
ослободувајќи ја нивната енергија. Кога свират на некој музички инструмент, ќе
чувствуваат задоволство, ако нивното свирење им се допадне на другите деца.“
( Талевски, 2018:48)

Македонската традиционална музика изобилува со детски песни и и игри,


залагалки, детски брзозборки кои низ вековите се оформувале за да ги
престретнат потребите уште од најмалата возраст за учењето на, пред се,
македонскиот јазик, а оттука и на македонската духовна култура и
сочувувањето на македонсиот идентитет. Тие преку забавен начин успевале да
го развијат детскиот когнитивен развој и придонесат кон воспитување и
образување на најмладите. „И покрај едноставноста на формите во детскиот
фолклор (детски куси песнички, залагалки, брзозборки) тие имаат намена да
делуваат врз развитокот на евфоничната култура, на убавиот и мелодичен
изговор да придонесат да се развие способноста за воспоставување на жив
дијалог на детето со надворешниот свет, да се обучи да го развива чуството на
естетика. “(Величковски, 2011 :26)

Вклучувањето на фолклорот во основното образование – пеење на песни,


свирењето на народните музички инструменти, слушањето на традиционалната
музика, изучувањето на народните ора, ќе придонесе во воспоставување на
целосна претстава за традиционалното македонско творештво и ќе обезбеди
развивање на младата детска личност во правец на формирање и зачувување на
националниот идентитет.

Започнувањето на изучување на фолклорот уште во осовното музичко-


балетско образование би им отворило можност на учениците да ја продолжат
својата едукација во средното музичко-балетско образование, каде би ги
дооформуавле своите интереси подлабоко, насочувајќи се кон изучување
поспецифични техники во пеењето, во свирењето инструментите како и
изведувањето на традиционалните ора.

Преку наставата по народни ора во основното училиште, учениците ќе


можат да сe оспособат за сценско изведување на традиционалните ора на
Северна Република Македонија, како и ората и нејзиние малцинства, развивање
на вештини за експлицитно техничко изведување како и стилскиот начин на
интерпретацијата на истите.

Преку наставата за изучувањето на народни песни, може да бидат опфатени


изучување на песни прилагодени на детската возраст кои можат да бидат
изведувани како солистички или групни песни. Песните можат да бидат
поделени во групи од солистички, потоа изучувањето на ороводни песни( при
изведба на ората), пеењето во помала група како и пеење во поголема група.
При изучувањето се спроведваат посебни техники за подобрување на на
изведбата на песните. Тоа подразбира технички вежби за зголемување на
јачината на произведениот тон, изедначување на бојата во тонот при пеењето,
во целиот гласовен регистар на пејачот т.е. на неговите природни способности,
како и афинитети. Наставта би можела да биде формирана за запознавање на
учениците со начинот на учење, меморирање и повторување на извесни
мелодиски вокализи, кои можат да бидат едногласни и повеќегласни,
запознавање со карактерните особености на песните, а со тоа и на вистинскиот
начин на изведба на песната.

Учениците ќе го изучуваат музичкиот и орскиот фолклор, најразличните


форми во кои се сретнува фолклорот како и неговата поврзаност со одредената
музичка култура во одредено време и простор. Ќе ги изучуваат обредите и
обичаите поврзани со избраните примери (песни или ора) за изучување. Сите
материјали треба да се поткрепени со што повеќе нотни и звучни записи,
визуелни алатки, како и опис и поврзаност на областите.

Заклучок:

Во македонската традиционална музика постои веќе формиран фонд на


песни и игри за секоја возраст, почнувајќи од најмалата. Нам истражувачите на
фолклорот ни преостанува само прецизно формирање на едукативна програма
која може да се вметне во основното музичко образование и на тој начин да
учествуваме во зачувувањето но и инјектирањето на најмладата популација со
традиционална култура.

Искуствата придобиени од сопствените залагања за едукација на деца, кои


изучуваа традиционална македонска музика и игра, ми дозволува да забележам
дека овој вид на едукација беше широко прифатен и прилично популарен и
успешен. Вниманието и интересот на децата беше од големо значение и се
покажа со значаен успех.

Од тие причини подржувањето на предлогот за изучување на фолклорот


како дел од музичката едукација во основното музичко-балетско образование е
од големо значење за негувањето и очувувањето не само на македонскиот
национален идентитет, туку допринесува и кон целосното оформување и
развивање на детската личност.

Користена литература:

1. Талевски, Владимир, (2018), Методика на музичкото образование,


одделенска настава, Скопje.

2. Music Teaching and learning syllabus, Primary and lower secondary


Implementation starting from (2015), Primary One and Two Cohorts, Ministry of
education Singapore.

3. Величковски, Боне, (2011) Македонскиот детски фолклор, Институт за


фолклор „Марко Цепенков“ , Скопје.

4. Пенушлиски, Кирил,( 2003), Македонски фолклор-студии и прилози, Матица


Македонска, Скопје.

5. Стоичковски, Благој (1992) Македонски народни умотворби од Кичевско,


Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Собрание на општина Кичево, Кичево.

6. Николова, Е. Атанасова-Вукова, А, (1984), Книга за музикалния рьководител


в детската градина, част втора, Дьржавно издателство, Народна Просвета,
София,

7. Попдучевски, Васил, (1983) Детето, музиката и ние, прирачник за работа со


деца од предучилишна возраст, Просветно дело, Скопје,

8. Damiana L.Eugenio, (1987),Folklore in Philippine Schools, Philippine studies


Vol.3. No.2, 175–190.

You might also like