Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистика - Скопје

Насока: Гастрономија,исхрана и диететика

Проектна активност по предметот:

Патнички агенции

Тема на проектната активност:

Tуристичко-агенциското работење во Република Македонија

Ментор: Изработилa :

Доц. Д-р Никола Цуцулески Тамара Ивановска 176419

Скопје, декември 2018


Содржина
Апстракт............................................................................................................................3
Вовед.................................................................................................................................5
1. Појава на туристичките агенции во Република Македонија.................................6
2. Работење на туристичките агенции во Република Македонија...........................7

2
Апстракт

Во овој семинарски труд ќе биде обработена темата за агенциското


работење на туристичките агенции во Македонија. Најпрво е развиено прашањето
за појавата на првите туристичките агенции, која е нивната функција, како тие
придонесуваат за развојот на туризмот и која е позитивниот исход од појавата на
туристичките агенции.Како продолжение на тоа следува анализа на Македонија и
работата на туристичките агенции во Македонија, како и развојот на туризмот
преку нив. Како заклучен дел од семинарскиот труд е дадено мислење што
недостасува во агенциското работење во Македонија и која е главната алка за
максимално профитирање и развивање на туризмот преку туристичкото
посредување.

Клучни зборови: туристички агенции, агенциско работење

Key words : tourist agency , agency work

3
Abstract
In this seminar labor will be processed the subject of agency working of the tourist
agencies in Macedonia. Firstly it is developed the question about the appearance of the
first tourist agencies, which is their function, how they contribute about the tourism
development and which is the positive outcome from the appearance of the tourist
agencies. As a continuation on that follows an analysis on Macedonia and the tourist
agencies' work in Macedonia, as the development of the tourism through them. As a
conclusion part of the seminar labor there is an opinion given which is missing in the
agency working in Macedonia and which is the main link for maximal profiting and
developing of the tourism through the tourist mediation.

Key words: travel agencies, agency work , tourist

4
Вовед

Со развојот на туризмот во Македонија така се основале и туристичките


агенции во Македонија. Туристичките агенции се основале со цел нудење услуги
за патување и услуги за престој .Туристичките агенции соработуваат со авио
компании со превозни агенции за потребите на патувањата потоа соработуваат и
со хотелите кој склучуваат договор за краток и или подолг период кој агенциите
имаат добивка. За да бидат успешни туристичките агенции тие треба да имаат
добри и разновини понуди за секој потрошувач да се добро рекламирани преку
флаери реклами и друго.

5
6
1. Појава на туристичките агенции во Република Македонија.

Појавата на туристичките агенции во Република Македонија датира уште


пред Втората светска војна, уште во рамките на кралството Југославија.
Општествено-економските услови во Македонија во тоа време биле мошне
неповолни. Луѓето тешко ги подмирувале основните егзистенцијални потреби, а за
туристички движења не можело да стане збор. Поради тоа туризмот почнал да се
развива подоцна отколку во европските земји.

Првата организирана туристичка дејност во Македонија се јавува во 1927


година, кога во Скопје е основано првото туристичко друштво „Југ”. Својата
туристичка-агенциска активност ова друштво ја започнало во 1930 година, кога
станало акционер во патничката агенција „Путник”.

Со осамостојувањето на Република Македонија, туристичките агенции се


приватизирале и трансформирале во самостојни туристички агенции, а се
појавиле и нови на туристичкиот пазар. Некои од нив се самостојни, а некои се
регистираат во рамките на други претпријатија.

Од 1991 година до денес во Македонија се отвараат голем број туристички


агенции, но генерален заклучок е дека тие претежно се занимаваат со
иницијативен туризам, а занемарливо е нивното учество во развојот на
рецептивниот туризам.

Слика 1. Прва туристичка агенција

7
2. Работење на туристичките агенции во Република Македонија.

Во Македонија денес оперираат 519 туристички агенции низ целата


држава. Од нив 250 туристички агенции имаат А лиценца, а 269 туристички
агенции имаат Б лиценца.

Туристичките агенции во Македонија ги вршат следниве услуги:

- организирање продажба и реализирање на туристички пакет-


аранжмани;

- продажба и посредување на продажба на угостителските и други


туристички услуги;

- посредување и давање на услуги на патувања и престој и други


услуги врзани со нив;

- организирање продажба на билети и спроведување на излетнички


програми;

- прифаќање и превоз на патници;

- продажба и посредување во продажба на билети или резервација на


места за сите видови превозни средства;

- резервирање на сместување и други услуги во угостителските


објекти;

- застапување на домашни и странски туристички агенции;

- давање на туристички информации и туристички промотивни


материјали за свои аранжмани, туристички и други настани;

- посредување во добивање на визи потребни за аранжмани во


странство, како и потребни дозволи за лов, риболов, нуркање и други дозволи
потребни за организирање и спроведување на различни видови туризам;

8
- организирање и посредување во продажба на услуги на
стационираниот, селски, бањски, здравствен, конгресен, спортски, ловен и други
видови туризам;

- организирање на служба на туристички придружници, како и


прифаќање на гостите при доаѓање и заминување од местото во туристичката
дестинација, како и придружување на малолетни лица во рамките на туристичките
аранжмани;

- организирање на давањето на услуги од страна на туристичките


водичи и

- осигурување на патниците и предметите во случај на репатријација,


несреќа и болест.

Туристичката агенција вршат и комерцијални туристички информативно-


советодавни и промотивни активности, и тоа:

1) промовирање на давателите на услуги;

2) промовирање на деловните партнери;

3) промовирање на туристичките аранжмани;

4) издавање туристички публикации;

5) користење на информативни и промотивни средства;

6) давање информации и совети во врска со патувањето за можните


превозни средства, возниот ред, цените, прописите, формал- ностите и
пропратните услуги;

7) давање информации во врска со престојот;

8) давање информации за карактеристиките на туристичките дестинации, за


условите на сместување и исхрана, за општествено-политичкиот систем, за
политичката состојба, за цените на услугите, за природните и антропогените

9
атрактивности, за спортскиот, културниот и забавниот живот, за јазиците на кои се
зборува и за временската состојба и

9) давање на други информации: околу осигурувањето и полисите, патните


исправи, банкарските и валутните односи, условите на плаќање и здравствените
услуги.

Во Македонија постои агенција за промоција и поддршка на туризмот во


Македонија, којашто е владина организација и нејзини цели се:

- Активно унапредување и промоција на туризмот и професионално


презентирање на сите сегменти и региони од туристичката понуда, како и
изготвување на анализа за потенциалите на домашниот и странскиот туристички
пазар;

- Подготвување и реализиција на програмата и обезбедување


информативен пропаганден материјал за промоција и поддршка на туристичките
вредности;

- Формирање и развивање единстевн туристичко информативен систем и


негово поврзување со други информативни системи;

- Активно промовирање на вкупниот туристички потенцијал на Република


Македонија во земјата и во странство и соработување со светски познати
туроператори за привлекување на што поголем број туристи;

- Поттикнува и ги координира сите туристички организации, комори,


асоцијации, здруженија и други институции од областа на туризмот и
угостителството, со цел за унапредување и промоција на туризмот;

- Иницира и насочува меѓуопштинска , регионална и меѓународна


соработка за промоција на туризмот;

10
- Учествува во привлекување инвестициии во туризмот во Република
Македонија.

3. Придонесување на туристичките агенции во развојот на


туризмот.

Туристичките агенции освен тоа што претставуваат самостоен систем завземаат


место во организационите системи во туризмот. Организационите системи во
туризмот претставуваат дел на поширока организација на општествено –
политичкиот и стопанскиот систем. Организацијата на туризмот се јавува како
средство за реализација на целите на туристичката политика.

Сложеноста на туризмот упатува на ставот дека организацијата на туризмот е


сложен систем со бројни елементи и чинители. На зголемениот опфат на цели во
туризмот им одговараат зголемен број на задачи, а тоа претпоставува и сложена и
ефикасна организација. Организацијата во туризмот ја сочинуваат различни
видови на организација.

Повеќето автори кои се занимаваат со оваа проблематика се согласни со фактот


дека во смисла на организацијата на туризмот се вклучуваат рамноправно
организации кои изразуваат активен однос на туристите и сите заинтересирани за
развој на општествените функции на туризмот, потоа организациите носители на
понудата во сферата на стопанските дејности на туризмот и на крајот тука се
основните носители и извршители на туристичката политика – органи и
организации на државните туристички организации.

11
Организационите системи во туризмот остваруваат меѓусебна соработка, така
што како резултат на својата успешност во работата и вклопеност во туристичкиот
организационен систем ги определуваат резултатите на туристичкиот развој на
една земја.

Но и покрај ваквата меѓузависнот и кооперативност во туризмот треба да ги


диференцираме следниве туристички организациони системи:

 Невладини организации
 Организација на државни органи
 Организација на стопански и
 Општествени дејности

12
4.Туристички агенции во Република Македонија.

Денес има многубројни активни туристички агенции низ Република Македонија кои
нудат безбројни многу патување и разновидни услуги се со цел да ги задоволат
потребите на потрошувачите .

Сведоци сме дека туризмот како дејност постои од дамнешни времиња , а со тоа и
посредници како агенциите кои се тука за организирано патување .

Покрај услуги од само патување тие подготвуваат и пакет аранжмани каде се


вклучени престој јадење посета на значајни места и слично .

Во прилог следува набројување на неколку успешни и претпознатливи агенции во


Македонија :

 Туристичка агенција САВАНА


 Туристичка агенција ФИБУЛА
 Туристичка агенција АТЛАНТИС
 Туристичка агенција СКАУТ
 Туристичка агенција АУРОРА

13
Заклучок :

Со заклучокот на проектот по патнички агенции видовме повеќе за


туристичките агeнции и агенциското работење во Македонија. Во
Македонија има доволно туристички агенции кој нудат добри понуди за
патувања . Исто така некои агенции издаваат и ваучери за шопинг
купување тоа певекето го прават преку нивните веб страни .
Туристичките агенции освен што даваат понуди за патувања и престој
нудат и информативно промотивни понуди кој се наведени во самиот
проект.

14

You might also like