Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

АВТОМАТИКА И СИСТЕМСКО ИНЖЕНЕРСТВО

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ТЕМA: Вртлив момент кај асинхрон мотор и енергетски дијаграм

Ментор: Кандидат:

Проф. Д-р Василија Шарац Ристе Колев

Број на индекс:20597

Штип,Мај 2019
Содржина

1.Вовед

2.Енергетски дијаграм

3. Вртлив момент кај асинхрон мотор

4. .Анализа на равенката на моментот

5.Формула за пресметка на вртливиот момент

6.Влијанието на вишите хармоници на врливиот момент

7.Mерење на моментот

8.Примери

9.Заклучок

10.Користена литература
Вовед
Асинхрони машини ги нарекуваме оние машини кај кои брзината на вртење на
роторот n,при одредена фрекфенција на струјата во мрежата се менува во
зависност од товарот.

Асинхроните машини се делат на:безколекторски и колекторски.

Безколекторските асинхрони машини наоѓаат голема примена главно како


мотори додека колекторските асинхрони машини се специјален тип на машини
кои имаат ограничена примена.Безколекторските асинхрони машини уште се
нарекуваат само и асинхрони машини.Основен тип на овие машини се
трифазните асинхрони мотори кои можат да бидат во две главни изведби:со
намотан ротор(ротор со прстени),краткоспоен ротор(кафезен ротор).Овие
машини се одликуваат со сигурност при работа,голем степен на искористување
и ниска цена на чинење во однос на другите мотори.Додека недостатоци се тоа
што го намалуваат факторот на моќност cosꝬ,имаат мала можност за
рамномерна регулација на брзината и имаат лоша карактеристика при
пуштање во работа.

Асинхроните мотори се составени од два основна дела :

-неподвижен дел статор

-вртлив дел ротор

Статорот преставува индуктор бидејќи го создава основното магнетно


поле.Магнетниот флукс кој го создава статорот преку воздушниот процеп
навлегува во роторот.Магнетната врска помеѓу статорот и роторот ќе биде
подобра доколку воздушниот процеп е помал.Роторот преставува
индукт,бидејќи во проводниците од роторот се индуцираат електрични сили.

Номиналните величини се означени на посебна табличка. Тоа се :

-Номинална моќност којашто се изразува во W и кW, а тоа е всушност


механичката моќност што моторот ја развива на својата оска при номинален
напон и номинална фреквенија,при температура на околината не поголема од
400C и при надморска височина до 1000 m.Номиналниот напон се изразува во
волти (V),и го претставува напонот за кој е конструиран асинхрониот
мотор.Дозволено отстапување од номиналниот напон е±5%,а номиналната
моќност да остане непроменета. Номеналната фреквенција се изразува во Hz
,а дозволеното остапување е ±5%.Други номинални величини,исто така
се:номинална струја во ампери(А),номинална брзина на
вртење(vr/min),номинален фактор на моќност(cosꝬ),степен на
искористување,спрегите на намотките,тежината на моторот,типот на моторот и
др.
Енергетски дијаграм
Кога асинхроната машина работи како мотор,доведената електрична моќност
мора да биде поголема од механичката моќност што ја предава моторот,за
вредноста на загубената моќност:Процесот на претворање на моќноста
наједноставно се прикажува со помош на енергетскиот дијаграм прикажан на
слика 1.

Сл.1 Енергетски дијаграм на асинхрон мотор

Доведената електрична моќност на статорот е:

P1=3*U1*I1*cosꝬ

Каде што U1 е доведениот фазен напон,I1 фазната стурја на статорот,cosꝬ е


факторот на моќност на моторот.

Електричната енергија доведена во статорот,делимично се троши во


статорот,првенствено на загубите во бакарот во статорката намотка
∆ Pb 1 =3 I 21∗R 1,a потоа на загубите поради хистереза и виорни струии во
магнетнто јадро во статорот ∆ P Z.Преостанатата моќност PM се предава на
роторот по магнетски пат и затоа се нарекува електромагнетска.Од наведеното
следува:

P M =P1−(Pb 1+ P z )

Моќнста предадена на роторот делемично се губи во него на губитоците во


бакарот(алуминиумот) во неговата намотка ∆ Pb 2 .Преостанатиот дел од
моќноста се претвора во механичка моќност на моторот Pmeh и се нарекува
полна механичка моќност.Па така :

Pmeh =P M −∆ Pb 2

Конечно користната моќност предадена на товарот P2 се добива така што од


Pmeh се одзема механичките губитоци Pmeh и додатни загуби ∆ Pd .Првите се
составени од губитоци при триење,вентилациски губитоци,а другите се
составени од површински загуби кои се појавуваат во зупчениците на статорот
и роторот при врење на роторот,губитоци поради вишите хармоници на
магнетниот напон при оптеретување. Па од тука следува :

P2=Pmeh −(∆ Pmeh +∆ Pd )

Вртлив момент кај асинхрон мотор


Сметаме дека брзината на вртење на моторот е константна.Во тој случај од
условот за рамнотежа на моментот следува:

M =M 0 + M 2 каде што:

1.M е вртлив момент кој го развива моторот;

2.М0 е моментот на празен од;

3.M2 e корисен момент или момент на оптоварување

4.М0+М2 е статички момент на вртилото на моторот

Моментот М2 е моментот кој моторот го предава на товарот.Корисната моќност


на моторот Р2 која одговара на моментот М2 се одредува со равенката :

P2 9,55∗P 2 vrt
P2=M 2∗ω=M 2∗2∗π∗n од каде следува М 2= M 2= [ ]
2∗π∗n n2 min

f ∗60 vrt f vrt


*n2-брзина на врење на роторотn= [ ]
p min
n= [
p sec
]

Моментот на празен од М0 одговара на моќноста:

P0=∆ Pmeh +∆ Pd =M 0∗ω=M 2∗2∗π∗n

Од енергетскиот дијаграм следува:

Pmeh =P 2+ ( ∆ Pmeh + Pd )=M 2∗ω+ M 0∗ω=( M 2 + M 0 )∗ω=M ∗ω=M∗2∗π∗n

Вртливиот момент на моторот M настанува како резултат на взаемно


дејствување на врливото магнетно поле Ф и струјата во роторот I2 .Полето Ф се
f
врти со брзина на врење n1 = .Според ова развиената електромагнетна
p
моќност ќе биде:

P M =M∗ω 1=M∗2∗π∗n 1

Од друга страна:

P M =Pmeh + ∆ P b2 =P2+(∆ Pmeh + ∆ Pd + ∆ P b 2)

Од тука следува:

P M −Pmeh=M ∗ω1 −M∗ω=M∗( ω1∗ω )=∆ Pb 2

Или:

M∗ω 1∗ω1 −ω ω 1−ω


од каде М ∗ω1=P M и =s па следува дека ∆ Pb 2=P M∗s
ω1 ω1

∆ Pb2
Од каде што s=
PM

Ќе сметаме дека роторот е редуциран(сведен) на статор.Во општ случај во


роторското коло може да биде додаден и дополнителен отпор Rd’(кај асинхрон
мотор со намотан ротор).Така да вкупниот отпор во роторското коло се
одредува со сумата R'2' =R'2 + R'd .

Од тука следува:

m2∗I '22∗R'2'
∆ P b 2 m1∗I '22∗R '2' s
∆ Pb 2 =M∗( ω 1−ω ) → M = = = … … … … (2)
ω1−ω ω1∗ω ω1
∗ω 1
ω1

*m1=m2 кај мотор со намотан ротор


Сл.2 Модифицирана еквивалентна шема

Да го преуредиме овој израз,колото на магнетезирање со стујата I2 ја


приклучуваме на надворешен напон од мрежата U1 (сл.2).При тоа треба:а)во
колото на магнетезирање да се внесе отпор R1 и X1 во серија со отпорностите
Rm и Хм и б)да се изменат параметрите на работното коло R1 ,X1,R2’ и X2’.Tие
измени се обично мали и можат да се занемарат.Од тука:

U1
I '2= … … … … … … … ..(3)
R'22 2
√ (R1+
s
) +( X❑1 + X '2 )2

Со замена на равенката (3) во равенката (2) се добива:

m1∗U 21∗R '2 /s


M=
ω 1∗¿ ¿

Односно,бидејќи:

2∗π∗p∗n1 2∗π∗f
ω 1=2∗π∗n1= =
p p

m1∗p∗U 21∗R'2'
s
M= 2 2
2∗π∗f [( R❑1 + R '2' ) + ( X 1 + X '2 ) ]

Важно е да се напомене дека во горната формула U1 е фазен напон,R'2' =R'2 + R'd


,моментот се добива во њутни на метар(Nm;kp=9,81N)ако се напонот престави
во волти,отпорот во оми,фреквенцијата во херци,а лизгањето во облик од
децимален број(на пример наместо s=4%,туку s=0,04).

Анализа на равенката на моментот


Најпрво ќе испитаме како моментот M зависи од лизгањето s,ќе претпоставеме
дека R'd =0 и да се зададени сите параметри кој се влегуваат во равенката за
момент,едните кој потекнуваат од конструкцијата на моторот
' '
: p , m1 , R1 , R2 , X 1 ,и X 2 a другите потекнуваат од условите за работа на мрежата:
U 1 и f .Во моментот на приклучување на моторот на мрежа при што n=0 и
s=1.Моторот развива момент кој се нарекува почетен момент на машината
Mp,кои можеме да го одредиме ако во изразот за момент вметнеме s=1.Тогаш
следува дека:

m 1∗p∗U 21∗R'2
M P= 2 2
'' '
2∗π∗f [ ( R❑
1 + R2 ) + ( X 1+ X 2 ) ]
Ако тој момент е доволен да се совлада статичкиот момент М 0 + M 2,тогаш
почнува залетот на моторот односно моторот тргнува во работа со некое
забрзување и ја зголемува брзината на вртење се додека моментот М не стане
еднаков на моментот М 0 + M 2.Од тука вредноста на лизгањето ќе се намалува
од вредноста s=1 до одредена вредност.Со оглед дека обично X 1 + X '2> R 1+ R '2
тоа при намалување на s ќе предизвика зголемување на броителот и
именителот.При поголемо s ,поголем е броителот,затоа моментот M се
зголемува,а потоа при лизгање,s=0,12….0,20 поголем е именителот,во кој
R '2
соодносот влегува во квадратот.Тоа доведоува до тоа да моментот M,кога
s
постигне максимална(пресвртна) вредност Mm почнува да се намалува и при
s=0 моментот M е еднаков на нула(сл.3).

Сл.3 Кривата М=f(s)

Да можеме да го одредеме Мм претходно мораме да го најдеме лизгањето


sM,при кој моторот го развива тој момент.За тоа треба да се пресмета изводот
∂М
и да се изедначи со 0.При што добиваме:
∂s
2 2
R'2 R'2 m1∗p∗U 21∗R '2 R '2
2∗π∗f
[( )❑
R +
1
SM
❑ ' 2
] 2
+ ( X 1 + X 2 ) ∗m 1∗p∗U 1∗
sM

( )
SM

∗2∗π∗f ∗ R 1 +
[( )
SM ]
2
+ ( X ❑1 + X '2 ) ∗s ' =0

Или:

R '2
[( )
− R 1+
sM ]
2
+ ( X 1+ X '2 ) ∗R'2
R'2 2∗R1∗R'2 2∗R '22
S 2M
+
SM
❑∗
( S 2M
+ 2 =0
SM )
Со средување на равенката се добива конечната равенка која гласи:
R'2 R'2 R'2
SM= 2 ≈ '
=
√ R 1+( X ❑1 + X '2)2 X 1 + X 2 X k
Кога ја вметнеме вредноста за sM во равенката за момент добиваме равенка за
максималниот момент која гласи:

p
∗m1∗U 21
2∗π∗f
M m=
[ √
2∗ R1 + R21 + ( X ❑1 + X '2 )
2
]
Разгледувајќи ја равенката за максималниот момент и лизгањето се
забележува дека максималниот момент:

R'2
1)e постигнат при што поголемо лизгање,ако е поголем соодносот ;
XK

2)е пропорционален со квадратот на доводениот напон на моторот U 21;

3)независи од додатниот отпор во роторското коло R2’;

4)e помал,ако R1 и Xk се поголеми;

Сега ќе го испитаме влијанието на другите променливи величини,имено


R'2' =R'2 + R'd (во мотор со намотан ротор).

При тешки начини на покренување(на пример покренување со големо


оптоварување)пожелно е почетниот момент биде еднаков на максималниот.За
тоа треба да се задоволи условот sM=1;од тука следува:

R'2' ''
≈ 1 или R 2 ≈ X K
XK

Т.е. моторот при стартување развива максимален момент тогаш кога


дополнителниот отпор во роторското коло е еднаков на индуктивниот отпор на
моторот Xk .Нормално е отпорот R2’ да е помал од Xk.Затоа при пуштање на
работа на мотор со намотан ротор во роторското коло се става отпорник за
пуштање,што е отпорот Rp одберен така што R'2 + R p =R '2' = X k
R ''2
Сл.4 Кривата М=f(s) при разни соодноси ' и векторски дијаграм на
R2
секундарното коло на моторот при пуштање во работа

Ако е R'2' < X k тогаш М P < M m .На пример ако R'2' =0,65∗X k ,моментот постигнува
максимум при sM=0,65.Тоа одговара на сл4. кривата означена со 2 и точка на
стабилено работење b.При R'2' =0,40∗X k добива се кривата 3 и точка на
стабилно работење c.Конечно,за моторот без регулационен отпор ,каде што
R'2' =R'2 ,добива се кривата 4 и точка на стабилно работење d.

Овој збир на криви на моментот во зависност од лизгањето овозможува да се


разјасни како може да се изведе операцијата на пуштање во работа на
моторите.Чекајќи лизгањето да се намали до s≈ 0,75 исклучуваме дел од
отпорниците т.е.поминуваме на другиот степен кое одговара на кривата
2.Потоа s≈ 0,50 поминуваме на третиот степен кој одговара на кривата
3.Конечно целосно исклучување на отпорниците кое одговара на кривата 4.

Покрај тоа што го зголемува почетниот момент,отпорникот овозможува да се


намали почетната струја Ip.Очигледната контрадикција помеѓу зголемувањето
на моментот и намалувањето на струјата во моторот со намотан ротор лесно
може да се објасни на дијаграмот на слика 4.Во суштина,при дадена брзина на
вртење моментот M пропорционален е со моќноста P=U∗I∗cosφ т.е. не зависи
од целата стурја I,туку само од aктивната компонента I a=I∗cosφ.Во моторот без
отпорник струјата во роторот I2’ e голема,но фазно поместена во однос на
индуцираниот напон E2’ ,бидејќи R2’<X2,па активната компонента на стујата I a е
мала.Со вклучување на отпорник ја намалуваме струјата I2’,но нејзината
активна компонента се зголемува,што доведува до зголемување на
моментот.Понатамошното зголемување на активниот отпор во роторското коло
може уште малку да ја намали струјата I2 ’ па така нејзината активна
компонента и моментот почнуваат да се намалуваат.Од тука следува дека
воведувањето на активниот отпор во роторското коло погодно е само да се
одредат границите.
Формула за пресметка на вртливиот момент
При пресметка на моментот погодно е да се има формула за вртливиот момент
која ќе ја содржи струјата а не лизгањето.За таа цел ќе сметаме дека Ra’=0;Па
така:

1
∗m1∗I '22 ∗R'2
ω1
M=
s

Од дијаграмот на слика 4 следува:

R '2 ' '


∗I = E2∗cos φ2
s 2

Каде што φ 2 e аголот помеѓу напонот E2’ и струјата I2’.

Според тоа:

m1∗I '2 '


M= ∗E 2∗cos φ2
ω1

Каде што :

2∗π∗f
E'2=4,44∗f ∗N 1∗k m 1∗Ф m и ω1=2∗π∗n1 =
p

Во конечен облик за моментот имаме:

m 1∗4,44∗f ∗N 1∗k m 1∗p∗Ф m '


M= ∗I 2∗cos φ 2
2∗π∗f

1
M= ∗m1∗N 1∗k m 1∗I '2∗cos φ2∗p∗Фm=C M∗I '2∗Фm∗cos φ 2
√2
Каде:

m1∗N 1∗k m 1∗p


CM=
√2
Од овде гледаме дека вртливиот момент кај асинхрониот мотор е
пропорционален од вкупниот магнетски напон предизвикан од активната
компонента на секундарната струја и магнетскиот флукс.

При промена на товарот од празен од во номинален, cos φ2 приближно е


единица и малку се менува.Затоа се формулата за моментот често се пишива
во поедноставен облик:

M ≈C M∗I '2∗Фm
Влијанието на вишите хармоници на врливиот момент
Да можеме да го разбереме влијаниео на вишите хармоници на магнетскиот
напон врз вртливиот момент,ќе ги спомнеме нивните својства.Сите виши
хармоници на магнетниот напон создадени од синусната струја пулсираат со
една и иста фрекфенција f,која е еднаква на фреквенцијата на струјата.

Во трифазните машини вишите хармоници на магнетниот напон создаваат


исто така како и магнетниот напон,вртливи магнетски полиња.Но брзината на
тие полиња е помала од брзината на основното,бидејќи ако се полето на
основниот хармоник врте со брзина на врење n=f/p,тогаш за петиот хармоник
на магнетскиот напон имаме n5=f/5*p за седми хармоник n7=f/7*p итн.Исто така
треба да се напомене дека на пример седмиот хармоник на магнетскиот напон
се врти во ист правец како и основниот додека петиот хармоник се врти во
спротивен правец.Го разгледуваме вртливиот момент создаден од седмиот
хармоник на магнетскиот напон.Бидејќи се неговото поле врти во ист правец
како и основното поле,при стартување на моторот седмиот хармоник создава
момент кои има иста насока со моментот на основното поле.Во продолжение
седмиот хармоник подложен е на исти промени како и моментот на основниот
хармоник.Кога при брзина на роторот e n1/7,каде n1 е синхрона брзина на
вртење на основното поле,тогаш тој во однос на полето на седнмиот хармоник
има веќе синхрона брзина,соодветно моментот кој се развива при таа брзина
на седмиот хармоник е еднаков на нула.При понатамошно зголемување на
брзината на врење на роторот почнув да го стигнува полето на седмиот
хармоник,при што моментот на тој хармоник станува негативен.

Сл.5. Крива М=f(s) кога се присутни вишите хармоници

Со собирање на моментите створени од првиот и седмиот хармоник можеме да


приметиме дека во добиената крива се јавуваат засеци.Aко се тие засеци толку
големи да почетниот момент на моторот не е доволен да се совлада
статичкиот момент Mo+M2(тоа на сликата 5 е преставено со испрекината
линија),тогаш моторот неможе да ја помине точката а и ќе се врте со брзина
која е приближно седум пати помала од номиналната.

Mерење на моменот
dM
Моментите на моторот можат да бидат стационарни =0 и нестационарен
dt
M (t ) ≠ 0. Со испитување на мерениот динамички момент добиваме опис на
видот на оптеретувањето на испитуваниот ротирачки дел кое може да биде :
рамномерно, периодично и импулсно. Тој податок е многу важен во случај на
дијагностицирање и одредување на техничката состојба на системот. Врз
негова основа се врши отстранување на настанатите потешкотии. Посебно
внимание се посветува на мерење на моментот на роторот. Моментот М
помножен со аголната брзина ω представува механичка моќност која моторот
ја пренесува на товарот. Мерење на моментот најчесто се врши со помош на
т.н мерни кочници.

На сл.6 можеме да видиме индуктивен претварач за мерење на момент. Се


состои од две осовини кај кои едната страна е слободна а другата е црвсто
врзана за вратилото. На слободната страна осовините се намотани во намотај.
Кај свивањето на еластичниот дел на вратилото на индуктивниот претварач
има четири намотки поврзани во Винстонов мост кој делува како
диференцијален трансформатор. Поради вртењето се јавува напон директно
непропорционален на вртежниот момент кој го мериме со инструментот.

Сл.6 Индуктивен претварач

Од сл.6 гледаме

1. Осовина
2. Калем
3. Торзиски елеастичен елемент
4. Носач на осовина
5. Вратило

Мерење на мемонтот често се врши исто така со помoш на мерни ленти. На


површината на вратилата кои се оптеретени со момент на виткање се јавуваат
големи тангенцијални напони.

Сл.7 Мерење на деформација на вратило оптеретено со момент на свиткување

Мерење на деформација на свиткување на вратилата е прикажана на сл.7


Мерната лента со должина AB=S се лепи под агол α во однос на влакно на
вратилото кое е најмногу одалечено од центарот на оската. При момент на
свиткување лентата ја менува должината, така да од должина S се зголемува
на S+ ∆ S= AB ', при што левиот дел од лентата останува непоместен. Два
пресеци кои се могусебно одалечени се свиткуваат за одреден агол.

На слика бр.7 е прикажано поврзување на мерните ленти со лизгачки прсени


како и Винстонов мост за мерење на вртежен момент. Четири мерни ленти се
залепени под агли од 45⁰, 135⁰, 225⁰ и 315⁰. При извивање на две мерни
ленти, R2 и R3 се издолжуваат, а лентите R1 и R4 се скратува.

Со метод со помош на мерни кочници можеме директно да го мериме моментот


на осовината. Лабараториска Динамо-вага заедно со потстолјето за монтажа
на испитуваната машина и уред за управување е многу сложен и скап уред.
Динамо-вага е електричен генератор чие куќиште е монтирано да лежаи така
што не може да се движи. Силата на повеќето ја мериме со обична вага и ја
претвараме множејќи ја со силата на тежата.
Со множењето на износот на моментот и механичката аголна брзина ја
добиваме механичката моќност на осовината, која можеме да ја одредиме и од
мерниот број на вртежи. Изведбата на Динамо-вагата е таква да може да служи
и за испитување на генератор. Често не сме во можност да го доставиме
моторот во лабараторија за да го испитаме, посебно ако се работи за голем
мотор, па ни останува само мерење со помош на посебни уреди кои се
нарекуваат мерни осовини или со помош на индиректно мерење.

Моментот на осовината можеме да го мериме со директна или индиректна


метода. Индиректно моментот го добиваме така да моторот го оптоваруваме со
некоја одговарачка машина за оптеретување која најчесто е генератор, ја
мериме влезната електрична моќност и од неа ѓи добиваме сите загуби.
Моментот го добиваме со делење на добиената снага на осовината со
аголната брзина. Овој начин на мерење е помалку точен од директниот метод
на мерење на момент, но е многу полесен бидејќи не ни е потребен посебен
уред.

Пример
Да се пресмета моментот M на трофазен мотор со краткоспоен ротор кој ѓи има
следниве номинални податоци: Pn=11,9 kW ; U jn=220V ; I jn =25 A ; f =50 Hz
,статорот е во врска ѕвезда.Конструктивни и пресметани податоци:m1=3 ; 2 p=6 ;
губитоците во статорската намотка ∆ Pb 1 =745W ;во алуминиумот ∆ Pb 2 =480 W ;
во железото∆ P z=235 W ;механичките загиби се ∆ Pmeh =180 W ;a дополнителните
∆ Pd =60 W ;струјата I '2=20,25 A ; X k = X 1+ X '2=2,18 Ω

Брзината на вретење на полето на статорот:

f 50 vrt vrt
n1 = = =16,67
p 3 sec [ ]
=1000 [
min
]

Електромагнетната моќност на моторот е:

P M =11900 W +180 W +60 W + 480 W =12620 W

Koристејќи ја формилата за момент добиваме:

PM 12620
M= = =120,6 Nm ( ¿ 12,3 kpm )
2∗π∗n1 2∗3,14∗16,67
Лизгањето на моторот се одредува како:

∆ Pb2 480
s= = =0,038
PM 12620

Отпорот во статорската намотка изнесува:

∆ Pb 1 745
R 1= 2
= =0,398 Ω
m1∗I 1 3∗(25)2

А сведениот отпор во роторската намотака изнесува:

∆ Pb2 480 W
R'2= '2
= =0,39 Ω
3∗I 2 3∗(20,25)2

Во тој случај за моментот имаме :

3∗3∗220 2∗0,39
0,038
M= =131 Nm
0,39 2
2∗3,14∗50∗ 0,398+
0,038 [(
+2,18 2
) ]

Заклучок
Асинхрони машини ги нарекуваме оние машини кај кои брзината на вртење на
роторот n,при одредена фрекфенција на струјата во мрежата се менува во
зависнос од товарот.

Кога асинхроната машина работи како мотор,доведената електрична моќност


мора да биде поголема од механичката моќност што ја предава моторот,за
вредноста на загубената моќност:Процесот на претворање на моќноста
наједноставно се прикажува со помош на енергетскиот дијаграм.

Формули за пресметка на моментот се:

m1∗p∗U 21∗R'2'
s
M= 2 2
2∗π∗f [( R❑1 + R '2' ) + ( X 1 + X '2 ) ]

Равенка за максималниот момент гласи:


p
∗m1∗U 21
2∗π∗f
M m=
[ √ 2
2∗ R1 + R21 + ( X ❑1 + X '2 ) ]

Разгледувајќи ја равенката за максималниот момент и лизгање се забележува


дека максималниот момент:

R'2
1)e постигнат при што поголемо лизгање,ако е поголем соодносот ;
XK

2)е пропорционален со квадратот на доводениот напон на моторот U 21;

3)независи од додатниот отпор во роторското коло R2’;

4)e помал,ако R1 и Xk се поголеми;

Друга равенка за моментот е :

1
M= ∗m1∗N 1∗k m 1∗I '2∗cos φ2∗p∗Фm=C M∗I '2∗Фm∗cos φ 2
√ 2

dM
Моментите на моторот можат да бидат стационарни =0 и нестационарен
dt
M (t ) ≠ 0. Со испитување на мерениот динамички момент добиваме опис на
видот на оптеретувањето на испитуваниот ротирачки дел кое може да биде :
рамномерно, периодично и импулсно. Тој податок е мнофу важен во случај на
дијагностицирање и одредување на техничката состојба на системот. Мерење
на моментот најчесто се врши со помош на т.н мерни кочници.

Користена литература

1.Електрични машини-Пиотровски Л.М.

2.Иван Иличич-Мерење на моментни карактеристики на мали


мотори

You might also like