Глаголски Конструкции Со Има, Нема

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Домашна задача

Глаголски конструкции со ИМА/НЕМА

1. Кои сложени глаголски форми со сум им соодветствуваат на конструкциите со има


во следните примери?

Којзнае колку лошо го има удрено студот, си мислам. Може право в срце го има удрено.
–Па таа ниту има родено, ниту има доено, ниту има повиено, ниту пелени има
фатено, а камо да испере, да мие, да чешла... –Сите пари што му ги имаа испратено ги
имаше потрошено, па мораше да позајмува од други. –Сите се имаа фатено за рамо, ја
имаа исполнето целата ширина на улицата...

Има удрено: сум имал удрено (форма на минато неопределено време), бев имал удрено
(форма на предминато време), ќе сум имал удрено (форма на идно прекажано време).

Има родено: сум имал родено (форма на минато неопределено време), бев имал родено
(форма на предминато време), ќе сум имал родено (форма на идно прекажано време).

Има доено: сум имал доено (форма на минато неопределено време), бев имал доено
(форма на предминато време), ќе сум имал доено (форма на идно прекажано време).

Има повиено: сум имал повиено (форма на минато неопределено време), бев имал
повиено (форма на предминато време), ќе сум имал повиено (форма на идно прекажано
време).

Има фатено: сум имал фатено (форма на минато неопределено време), бев имал фатено
(форма на предминато време), ќе сум имал фатено (форма на идно прекажано време).

Имаа испратено: сум имал испратено (форма на минато неопределено време), бев имал
испратено (форма на предминато време), ќе сум имал испратено (форма на идно
прекажано време).

Имаше потрошено: сум имал потрошено (форма на минато неопределено време), бев
имал потрошено (форма на предминато време), ќе сум имал потрошено (форма на идно
прекажано време).
Имаа исполнето: сум имал исполнето (форма на минато неопределено време), бев имал
исполнето (форма на предминато време), ќе сум имал исполнето (форма на идно
прекажано време).

2. Замени ги подвлечените глаголски форми со имам-конструкции:

Од нив научил многу работи. –Дотогаш никој од нив не видел толку убав, строен и брз
коњ. –А таа веќе преживеала неколку разделби, така што веќе расчистила со
мажачката. –Уште пролетта го загради дворот, а пред неколку дена насади неколку
украсни дрвца.

Научил: имам научено, имав научено, сум имал научено, ќе имам научено, ќе имав
научено, ќе сум имал научено, бев имал научено.

Не видел: немам видено, немав видено, сум немал видено, ќе немам видено, ќе немав
видено, ќе сум немал видено, бев немал видено.

Преживеала: имам преживеано, имав преживеано, сум имал преживеано, ќе имам


преживеано, ќе имав преживеано, ќе сум имал преживеано, бев имал преживеано.

Расчистила: имам расчистено, имав расчистено, сум имал расчистено, ќе имам


расчистено, ќе имав расчистено, ќе сум имал расчистено, бев имал расчистено.

Загради: имам заградено, имав заградено, сум имал заградено, ќе имам заградено, ќе имав
заградено, ќе сум имал заградено, бев имал заградено.

Насади: имам насадено, имав насадено, сум имал насадено, ќе имам насадено, ќе имав
насадено, ќе сум имал насадено, бев имал насадено.

3. Од набројаните именки образувај глаголи: боја, граница, крст, сведок, снег, сонце,
лето, цар, слуга, чувство, бетон, шок, терор.

Боја-бои, бојосува, граница-ограничува, крст-крсти, сведок-сведочи, снег-снежи, сонце-


сонча, лето-летува, цар-царува, слуга-служи, чувство-чувствува, бетон-бетонира, шок-
шокира, терор-тероризира.

4. Од која зборовна група се образувани следниве глаголи: храбри, полни, ведри,


лути, милува, мудрува, зеленее, слабее, дивее, дуплира, модернизира?

Храбри-храбар (придавка), полни-полн (придавка), ведри-ведар (придавка), лути-лут


(придавка), милува-мил (придавка), мудрува-мудар (придавка), зеленее-зелен (придавка),
слабее-слаб (придавка), дивее-див (придавка), дуплира-дупло (придавка), модернизира-
модерно (придавка).

5. Неколку од наведените глаголи се образувани од ономатопејски зборови: нервира,


кукурига, крека, штрака, цути, брои, мјаука, квичи, влече, збогати, крцка, блее.

Кукурига, крека, штрака, мјаука, квичи, крцка, блее.

6. Издели ги глаголите со префиксно-суфиксно образување: здогледа, закрпи,


заработува, обезличува, стопи, премостува, размекне, избелее, пропее, гостува.

Заработува, премостува, размекне, избелее.

Сара Петрушевска II-5

You might also like