Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Критички осврт на повеста „Смртта на Иван Илич“ од Толстој

Реализмот е етапа во човештвото која ја покажува суровата реалност и која ја


открива вистината за општеството. „Смртта на Иван Илич“ е дело напишано до
Лав Николаевич Толстој во време на реализмот, дело во кое се покажува
секојдневието на еден човек.

Во повеста за животот на Иван Илич се опфатени лицемерието, женачката без


љубов, односите во семејството, изборот на вистинскиот пат во животот-дали
да се биде алтруист и да се живее за другите или да се биде егоист и да се
живее за себе, здравјето и болеста, соочувањето со смртта и бесмислата на
животот. Всушност преку претставувањето на еден „обичен живот“, Толстој
дава одговор на сите животни прашања, а преку крајната разочараност на
животот на главниот лик на крајот-тој суптилно ни го дава одговорот-ако
ништо не е добро во животот на Иван Илич, значи дека не треба да живееме
така.

Иван Илич е амбициозен и жеден за знаења и признанија од општеството.


Благодарејќи на познатото потекло и своето образование, тој со текот на
времето успева да стекне углед меѓу богатите и добро ситуирани сограѓани.
Станува судија, се жени со убава и добра девојка со која имаат две деца.
Неговиот живот е совршен, има добра работа, круг блиски пријатели и
просечно добро семејство, односно се што му е потребно на еден човек. Но,
како што велат: „Ништо совршено, не трае долго“, па еден ден Илич се здобива
со повреда, но на тоа не му придава огромно значение. Сепак, од тој ден нему
му станува се полошо, станува пречувствителен за се што се случува, не трпи
никој во своето друштво и се чувствува изнемоштен и папсан. Станува
хипохондрик и почнува да ја сфаќа смислата на животот кога е на работ на
смртта. Домашните не знаат што се случува со него, му нудат различен вид
помош, која тој ја одбива цинички. Изморен е од се, од болеста што го напаѓа,
од секојдневната борба за живот и од лекарските совети, при што сфаќа дека:
„Се умира сам, но се живее со луѓето“.

На крајот, Иван не успева да го купи совршениот живот со пари, но и да


успеел, сепак на смртната постела би си го поставил прашањето-„Дали го
живеев животот како што треба?“.

Сара Петрушевска III-2

You might also like