Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Кога престанав да размислувам за Чоко, беше ден.

Не рано
наутро, сигурен сум. Веќе одамна го имав испиено првото
утринско кафе, го измив лицето, вратот, ушите и забите. Со мраз-
студена вода. Пломбата, горе четворка десно, почна се’ побрзо
да се олабавува. Кога ми ставија пломби на 5 заба истовремено,
јас и Чоко се сретнавме по втор пат. Беше сосема тивко, а ние
бевме толку високо, горе, над градот. Толку високо што,
чудесија, не можевме да видиме ниту една птица.
Кога престанав да размислувам за Чоко, веќе го имав
разлистано дневниот весник и во главата правев планови за тоа
кои артикли би биле достојни да ми го одземат времето,
посветувајќи им малку повеќе внимание од потребното.
Воглавно, тоа беа теми поврзани со црната хроника. Имаше
некој мазохизам во процесот на читањето. Како да сакав да се
соживувам со проблемите, болките и загубите на другите жители
од мојата држава. Не знам, можеби така само сам себе си
потврдував дека не сум сам никогаш, па дури и тогаш кога
мислам дека сум. Сите нешто ги боли. Си имав додадено млеко
во филџанот со кафе, предоцна сфаќајќи дека сум ставил
премногу. Очекувано, потребниот вкус беше излитен. Повеќе
пиев млеко отколку кафе. Знаејќи дека е недела, знаев уште
нешто: додека престанувам да размислувам за Чоко, имам
време да испијам уште неколку кафиња. Строго турски. Ниту
едно друго не може така да ме воскресне, како што тоа го може
турското кафе.
Кога престанав да размислувам за Чоко, бев облечен во
пижами. Ги прелистував последните пораки кои таа ми ги
испрати и по кој знае кој пат не можев да им поверувам на
сопствените очи. Чоко мене ме сакаше. Чоко рече дека, дури и
кога би се разделиле, ние двајцата ќе останеме најдобри
пријатели. Нашето необично запознавање измешано со нашите
неверојатно уникатни средби, нашите конверзации длабоко во
ноќта се’ до рани зори, нашите љубовни искажувања... Сетоа тоа
ми беше потврда за нашето вечно постоење. И ниту еднаш не
помислив дека, можеби, се лажам.
Чоко беше млада. Имаше 18 години. Седум години бев
постар од неа. Не ѝ сметаше. Ѝ бев можност за потпора, нешто
како сигурност. „Искусен си“ ми рече еднаш, „А јас не сум.
Потребен ми е некој како тебе. Башка, зборуваш англиски. Имаш
брада. Одлична смисла за хумор. Убави очи и тие... Ах, тие твои
усни би ги изела за појадок, па би побарала репете, плус желба
да ги имам и за ручек и вечера. Мислам... Совршено се
бакнуваш, исто така. Кога ме допираш, со врвовите од прстите
испишуваш географски карти за местата каде што сакам некогаш
да отидам. И, да не заборавам дека ти имаш цел. Јас немам. Тоа
ми се допаѓа. Башка, имаш вкус. За се’ имаш вкус. Слушаш добра
музика. Користиш неодоливо магичен парфем. Во тренд си со
технологијата. Убаво размислуваш и внимателно ги одбираш
темите за кои тоа го правиш. Широкоградоста, исто. Љубезноста.
Внимателноста. Образованието! Уникатно, пак! Планираш да се
вработиш на место каде што со сигурност би заработувал многу
пари. А не како оние, другите... Што работат по конфекциите
надвор од градот. Мивки. Мивки, да! Не чуди се! И мажите, за
мене, можат да бидат мивки. И, еј: се запознавме на интернет,
на местото кај што најмалку очекуваш... Не, не, ова е
дефинитивно тоа што ми треба. Колку ми е мило што се
пронајдовме. Ожени се со мене!“
Чоко беше наивна. Имаше крупни, црни очи. Убави, прави
нозе. Исполнети усни, особено долните. Румени обравчиња и
дебели веѓи. Ситно виткана, кратко потстрижена коса. Неуредни
нокти, зашто имаше лоша навика постојано да ги грицка. Брзо
трепкаше и пишуваше со десниот показалец во воздухот пред
неа. Кога ќе направеше грешка – бришеше и одново пишуваше.
Никогаш ништо не ми прочита, ама знаев дека е нешто особено
важно. Чоко беше срамежлива, а глумеше дека е храбра. Првиот
пат дојде онака како што ѝ бев кажал дека сакам да биде
облечена. Рече, ненамерно било. Детиште. Се сеќавам, во
меѓуножјето, врз нејзините џинс-фармерки уште веднаш се
појави влажна дамка, онака како што ѝ се појавуваше откако ќе
се испотеше. Нашите средби секогаш беа под ведро небо,
додека силното сонце ги печеше карпите околу нас, а сите луѓе
ги бркаше во нивните домови. Постоевме само јас и Чоко. Чоко и
јас. „Веќе?“ – прашав. Ме погледна со прашален поглед. Малку
ги затвори очињата, ги спои веѓите и ги напрчи усните. Не ме
праша, но јас ѝ одговорив: „Сврши?“. Подоцна, после десет дена
ми призна дека сум бил во право. Јас тогаш не продолжив да
навалувам зашто, се разбира дека бев сигурен во она што го
мислам. Впрочем, како и секогаш. Ме праша дали смее да ме
бакне а јас не сакав. Имаше нешто во Чоко што како магнетна
сила ме оддалечуваше. Беше за две глави повисока од мене,
некако несмасна. Премногу лигава за мојот вкус. Пееше песни од
Бритни и зборуваше англиски, особено оние новите,
компјутерски изрази кои, ако сум искрен, понекогаш не ги
разбирав. Морав да ги гуглам за да не испаднам демоде. Чоко
беше убедена дека сме на иста фреквенција.
Додека престанував да размислувам за Чоко, некои
ластовички нешто сакаа да ми кажат. Не бев расположен за
контакт со било какво живо суштество, па го затворив
прозорецот. Беше премногу жешко. Се испотив исто онака како
кога со Чоко се искачувавме по високиот рид. Таму, некој, на
сред асвалт со бела креда имаше нацртано машки и женски
полов орган. Едниот беше покрупен од другиот. „Ти си ова. Јас
сум ова.“ – рече Чоко. Се смеев како дебил. Интелигенцијата што
понекогаш излегуваше од таа чудна глава, знаеше да ме
изненади во вистинскиот момент. Продолживме да се смееме и
започнавме да правиме пародија на познати светски хитови,
заменувајќи им ги зборовите со нашиот, македонски јазик. Чоко
се откажа после само пет минути. „Премногу си креативен. Ова
не е фер. Ти не си нормален! Еј, чукнат еден! Знаеш ли колку
умееш да ме расположиш? Па дури и сега, кога умирам од
жештина. Еј, а ако ме удри нешто по глава? Мозочен? Срцев? Ќе
ме носиш на душа?“. Јас молчев и дишев се побрзо и побрзо. Бев
сигурен и во тоа дека, ако некој воопшто мораше да умре во
следните минути, тоа ќе бев јас. Бизарноста на тематиката ни ги
убрза чекорите и, откако кажавме уште една шега, нешто за тоа
дека не би знаеле на која страна би тргнале ако одеднаш, пред
нас би се појавила некоја змија, стигнавме на нашето место.
Највисоката точка од ридот над градот. Всушност, високиот крст
стоеше малку погоре од скалилото на кое имавме обичај да
седиме. Почнавме да се бакнуваме. Јазиците како змии ни се
испреплетуваа. Го сакав вкусот на Чоко и ѝ реков дека ме
потсетува на праска. „Јагода!“ , вресна Чоко а јас продолжив да ѝ
ја грицкам брадата, движејќи се нагоре со врвот од јазикот кон
нејзините усни, кратко задржување на носот, по еден бакнеж во
секое око и мижи, затвори ги, Чоко, очите, сакам да те бакнувам
таму кај што можеш да ме видиш. Чии очи, Чоко, така би ме
гледале, да не си ти? Дишеше Чоко во брз ритам, седум осмини
или уште поситно. Можев да заиграм оро, да потскокнувам, да
направам еден склек но – не: со врвот од јазикот буричкав во тие
очи. Таму, уште првиот пат, успеав да ги видам сите места на кои
никогаш не сум бил, а отсекогаш сум сакал. Со врвовите од
прстите поминував врз кожата на мојата нова љубов и почнав да
го бројам секое влакненце, секоја пора да ја гледам како шанса
да пропаднам во бесознание. Не се онесвестив, многу јасно.
Чоко имаше темен тен. „Чоколадо мое. Мокачино.
Чокомоколадо мое си ти!“ – шепотев. Ги повторував тие зборови
сто пати и пак до нула. Чоко уживаше, влажно меѓу нозете,
сонцето печеше, облаци немаше, до нас имаше црква, горе крст,
религија со ѓаволештини кај се видело да се меша, студени
скалилата, нечија матка лесно може да настине, како ли ќе роди
дете, еден човек џогираше и Чоко се штрекна (подоцна ми кажа
дека токму тоа е една од причините поради кои ме оставила). Се
слушаше звук од автомобил, Јин и Јанг доаѓаа љубов да водат,
не’ видоа мене и Чоко, па се откажаа, Чоко спомна нешто околу
состојбата на блискиот Исток, јас продолжив да го притискам
телото до другото тело, ЗЕМИ МЕ, слушнав, ЗЕМИ МЕ ТУКА И
СЕГА, рече, седум часот е, ќе ни заминат автобусите, следниот
пат повторно да дојдеш во оваа облека, види, сами сме, ќе си
купиме и пиво, јас честам кутија скапи цигари, јас честам и пиво,
ќе ти го платам и превозот, утре? Задутре? Кога можеш пак да
дојдеш? Јас можам секогаш.
Додека престанував да размислувам за Чоко, болката во
забот ме убиваше. Тивко но сигурно. Немав пари за нови пломби
а, плус тоа, кој пак ќе го слуша брмчењето на стоматолошките
алатки, и тогаш, кога неколку заби одеднаш ми поправија, тогаш
со Чоко се видовме по втор и последен пат и ми течеше крв и таа
ме праша дали имам ХИВ а јас се насмевнав на нејзиниот
идиотизам зашто, по ѓаволите, ХИВ не се пренесува така, дури и
да имам, а ти, ти дали имаш некаква зараза, прашав, Чоко се
насмевна но веднаш се смири, рече што ти е, што ти е тебе, се
слушаш ли што зборуваш? Се оддалечив неколку метри, длабок
здив во градите, задржувам, земам залет со раширани раце
трчам кон Чоко, со брзина на светлината прегрнувам тело што е
мое, само мое, го туркам право, напред кон карпата и го
залепувам телото кое е само мое, додека Чоко воздивнува, во
шорцеви е, пинк, многу кратки, сега нозете се подолги, имаш
акна над коленото, реков, аман, сите тоа ми го рекоа, најди
нешто друго. Јас тебе те најдов, не сфаќаш ли? Престани, рече,
затни си ја устата, океј? Оди, погледни дали се тука Јин и Јанг а
јас реков не, нема никој, па ТЕ САКАМ, О БОЖЕ КОЛКУ ТЕ САКАМ
рече Чоко а јас уште посилно притиснав, со отворени очи
бакнував и се прашував зошто, о, зошто бакнувам вака, зарем
бакнувањето не треба да биде со затворени очи, заљубен ли сум,
воопшто, јас, што правам, зошто, Чоко не е за мене, или за мене
е, каков хаос, Чоко, се` е хаотично, ЕБИ МЕ, слушнав, ЕБИ МЕ,
ЕБИ МЕ, ЕБИ врескаше Чоко а јас свршив и се потсетив дека тоа
не го прават само незрелите и неискусните. Беше седум часот и
Чоко рече дека газ не сака да одлепи од клупата во чекалната но
со тажен звук рече дека мора, зашто седум е часот и автобусот
само што не заминал, кондуктерот викаше да влезат сите зашто
ќе се тргнува, јас седев како замрзнат, а беше август, уште само
еден месец, имаше речено Чоко, ама каков месец, што ти е,
ништо. Ми љубомориш, прашав, малку, да, рече. Само малку.
Никогаш нема да сакам нешто друго освен тебе, само тебе, во
ред? Штипкање на образот и Чоко едвај се насмевнува, не носи
куфер, нема ниту ранец, а пари, пари за билетот? Еве ти сто
денари, и денеска, додека престанувам да мислам за Чоко се
преколнувам за тие пари, требаше двесте и педесет, Чоко беше
детиште, можеби парите за билетот биле украдени, во каква ли
каша Чоко сега поради мене ќе влезе и тогаш се затворија
вратите на автобусот, возачот свирна три пати, или само еднаш,
тетката со цигара од билетарницата на расипан микрофон ми
објави војна, рече АВТОБУСОТ ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ГРАД
ЗАМИНУВА. Јас останав на клупата, ми мирисаше на Чоко, баш
онака ко што сега ми мириса во левата нозда, а во десната
ноздра стои празнина, таму, кај што треба да биде полно како
никогаш досега. Каде е Чоко, каде е?
Погледнувам на часовникот и сфаќам дека, додека
престанувам да размислувам на Чоко, денот отишол и веќе е
време да почнам нова љубов да барам. Почнувам да плачам и
знам дека тоа не е поради дваесет и петтата цигара, не е дека
претерувам со тутунот, плачам поради Чоко, мистерија е, каде
замина, со кого, зошто замина, никогаш не ми кажа. Беше
недела ноќе кога ми ја покажа новата белегзија од дрво па
соопшти дека утре ќе се врати дома а јас реков супер, ќе
изнајмам соба во хотел, уау, рече, ќе ме ебеш со љубов, не
насилно, како другите, се разбира, будалче, нема да те ебам,
љубов ќе водиме, знаеш што е тоа? Не знам, рече, утре ќе ти
пишам. И дојде утре, осамна понеделник. Чоко не ми пиша.
Прашував зошто, како, што. Чоко не се предаваше, не личеше на
себе. Рече доста е, доста! Остави ме, не сме на иста фреквенција.
Не сакам да те видам, престани на мене да размислуваш. Можев
да си фатам зајак за љубовник а јас те избрав тебе, ме научи да
пушам, не сакав, сега треба да дишам со црни гради, поради
тебе, а нараквицата, реков, нараквицата не е подарок за мене?
И, што е со хотелот, собата е скапа... Кажа, колку е кул што си
трошел пари за мене, идиоту, хаха, многу ми е мило што за мене
правиш сенешто, чао, не си здрав, болен си во главата, полиција
ќе ти викнам ако уште еднаш ми се јавиш, глупост ќе направам,
ќе видиш...
Сега е недела, реков еднаш. Се спушти ноќта и јас водам
љубов со прстите од лвата рака. Тие прсти ја допираа кожата на
Чоко. Утре е понеделник, време е за нова шанса. Рано наутро ќе
одам да си купам мокачино, зашто Чоко е тоа, моето
Чокомоколадо. Попатно, може ќе ја видам таа фигура, ќе ја
препознаам по мирисот на праска, сега веќе можеби скапана, ќе
ѝ плукнам во лице на таа скапаница од овошје и, не знам,
можеби ќе добијам удар. Мозочен, срцев, сеедно. Мој е редот за
умирање. Чоко допрва ќе се мачи. Кармата, Чоко. Кармата... Ја
заборави ли ти неа?

You might also like