Малите бизниси делуваат во сите сектори и произведуваат најразлични добра и услуги.
1. Во традиционалниот сектор (земјоделието, занаетчиството, ситната трговија и угостителството) малиот бизнис е најзастапен. Вработува од 1 – 5 лица, најчесто членови од семејството и е наречен семеен или фамилијарен бизнис. Во овој сектор, малиот бизнис задоволува локални потреби, но има големо значење во самовработувањето. 2. Во преработувачкиот сектор – субконтракторски претпријатија ги задоволуваат потребите на големите корпорации, произведуваат најразлични ситни и резервни делови. Карактеристично за овие бизниси е тоа што немаат голем ризик во работењето. 3. Во секторот на услугите а) Традиционални: трговија на големо, хотели и ресторани, сообраќај и градежништво. б) Модерни: компјутерски софтвери, маркетинг, развој на човечки ресурси.