Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

АВТОМАТИКА И СИСТЕМСКО ИНЖЕНЕРСТВО

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Oснови на дигитални телекомуникации

ТЕМA:Мултиплексирање

Ментор: Кандидат:

Проф. Д-р Тодор Чекеровски Ристе Колев

Број на индекс:20597

Штип,Мај 2020
Содржина

1.Вовед

2.Мултиплексер

2.1Дигитален мултиплексер

3. Видови на мултиплексирање

3.1Временско мултиплексирање

3.2Фреквенциско мултиплексирање

3.3 Комбинација на фреквенциското и временското


мултиплексирање

4.ALOHA протокол

4.1CSMA/CA метода на детекција на носителите и избегнување


на преклопување на сигналите

4.2RTS/CTS метода

5. Истовремено пренесување на повеќе оптички сигнали преку едно


оптичко влакно (оптичко мултиплексирање по бранови должини)

6.Заклучок

7.Користена литература
1.Вовед
Во телекомуникациите и компјутерските мрежи,мултиплексирањето е процес
каде што повеќе аналогни сигнали или дигитални податоци се комбинираат во
еден сигнал и се пренесуваат преку заеднички медиум.Целта е да се сподели
скап ресурс.На пример во телекомуникациите неколку телефонски повици
може да бидат услужени со една жица.Таа потекнува од телеграфијата,и сега
широко се применува во комуникациите.

Мултиплексираниот сигнал се пренесува преку комуникациски канал,кој може


да биде медиум за физички пренос.Мултиплексирањето го дели капацитетот
на комуникацискиот канал во повеќе логички канали,по еден за пренесување
на секоја порака или проток на податоци.Обратниот процес познат како
демултиплексирање,може да се направе од страна на примачот на
оригиналниот канал.

Уредот што врши мултиплексирање се нарекува мултиплексер (MUX),а уредот


што го врши обратниот процес се нарекува демултиплексер (DEMUX).

Oбратното мултиплексирање (IMUX) има обратна цел од


мултиплексирањето,да се раздели еден проток на податоци на повеќе протока
на податоци,да се префрлат истовремено на повеќе комуникациски канали,и
повторно да се создаде оригиналниот податочен проток.

Видови на мултиплексирање:

1.Мултиплексирање со распределба на простор

2.Мултиплексирање со распределба на фреквенции

3.Мултиплексирање со распределба на време

4.Мултиплексирање со распределба на код


2.Мултиплексер
Мултиплексер е уред којшто како влез прима повеќе аналогни или дигитални
сигнали,а како излез дава еден единствен сигнал.Покрај влезните линии за
податоци,кај мултиплексерот постојат и т.н. влезни селекциони линии(n) со кои
се врши избор на конкретната влезна линија чија логичка состојба треба да се
пренесе на излезот.Mултиплексерот главно се користи за да се зголеми
количината на податоци која се пренесува преку мрежата во определен
временски период и определена ширина на фреквенциски
опсег.Мултиплексерите можат исто така да се користат за реализација на
Буловите функции од повеќе варијабли.Односот помеѓу бројот на влезните
линии за податоци (N) и бројот линии за селектирање (n) е дадена со
равенката:

N=2n

Мултиплексерите најчесто се користат во компјутерската наука, за спојување


на повеќе сигнали обично парен број, и во телекомуникациите за спојување на
повеќе телекомуникациски линии во една единствена. Главната функција на
мултиплексерот е заштедата во пари при пренесувањето на сигналите, бидејќи
за сигнали што се пренесуваат на големи далечини или ако користиме некој
скап уред тогаш најповолно ни е да ги споиме сигналите. Исто така во
компјутерската техника често се користи кога немаме доволно место за повеќе
уреди, тогаш го спојуваме сигналот го пренесуваме па го делиме.

2.1Дигитален мултиплексер

а)еквивалентна шема б)логички симбол

Наједноставната реализација на мултиплексер со примена на елементарни


логички кола се однесува на 2-на-1(двоположен)мултиплексер.Нејзината
логичка шема е дадена на слика 2.2.Излезното ИЛИ коло проследува еден од
двата сигнали,а кој сигнал ќе биде пропуштен се селектира со состојбата на
влезот S кој ги контролира влезните И кола.Ако S=0 на излезот Y ќе се појави
сигналот на влезот I0,додека ако S=1,сигналот од влезот I1.
слика 2.1 Табела на вистинитост слика2.2Логичка шема на

на 2 во 1 мултиплексер на 2 во 1 мултиплексер

На слика 3.1 е дадена логичка структура на 4 во 1 (четриположен)


мултиплексер.Тој има четири влеза за податоци,еден излез и две адресни
линии.Принципот на работа може да се илустрира со тебелата на вистинитост
слика 3.2.

Слика 3-1 Логичка шема на 4 во 1 Слика 3-2 Табела на вистинитост на

мултиплексер 4 во 1 мултиплексер

На прикажаната логичка шема може да се види присуството на уште еден


влезен сигнал.тоа е контролниот сигнал за овозможување (дозвола) на работа
означен со E.Овој управувачки сигнал се јавува кај мултиплексерите кои се
изведуваат како монолитни интегрирани кола.Со контролната линија практично
се вклучува или исклучува интегрираното коло.Имено,мултиплексерот активно
ќе работи само ако E=1 со што тој добива дозвола за работа и функционира
најнормално според претходно дадената табела слика 3-2.Така,неговото
однесување ќе зависи од влезните комбинации доведени на селекционите
влезови.

Ако S1=0 и S2=0 на излезот Y ќе се појави логичкото ниво присутно на влезот I0.
Aко S1=0 и S2=1 на излезот Y ќе се појави логичкото ниво присутно на влезот I 1.

Aко S1=1 и S2=0 на излезот Y ќе се појави логичкото ниво присутно на влезот I 2.

Aко S1=1 и S2=1 на излезот Y ќе се појави логичкото ниво присутно на влезот I 3.

Меѓутоа,ако на управувачкиот влез Е се донесе ниско ниво (Е=0),излезот е


секогаш нула (Y=0).Контролната линија Е има важна улога и заради тоа што со
неа може да се оствари поврзување на повеќе исти чипови со цел формирање
на мултиплексери со поголем број на влезови.

Сите досега наведени мултиплексери вршеа избор на еден податочен влез од


повеќе расположиви.Меѓутоа,покрај ваквите мултиплексери во интегрираната
техника се изведуваат и мултиплексери кои вршат селекција на една влезна
група податочнии линии од повеќето такви групи што се јавуваат како можни
влезови.Овие мултиплексери имаат онолку излези,колку што линии содржи
секоја од влезните групи.Логичкиот блок-дијаграм на еден ваков мултиплексер
е даден на слика 4.1 симбол на слика 4.2 а неговиот еквивалент како
контролиран механички прекинувач со повеќе положби на слика 4.3.Оваа
селекторска матрица претставува четрикратен двоположен
мултиплексер,бидејќи на излез дава една од двете влезни групи што содржат
по четри информациони линии.

Колото има осум влеза,четри излеза,еден селекторски влез и еден влез за


контрола.Ако влезот S=0,тогаш на излезите Y0,Y1,Y2,Y3 ќе се појават
податоците присутни на влезовите A0,A1,A2,A3 ,додека S=1 на излезите ќе се
појават B0,B1,B2,B3.Се разбира дека при ова контролниот влез означен со Е́ или
´ треба да се наоѓа на ниско ниво и мора да важи É=0 или STB=0
STB ´ .

4.1логичка шема 4.2 блок шема 4.3 механички еквивалент

сл.4 Четирикратен двоположбен мултиплексер


3.Видови на мултиплексирање
3.1 Временско мултиплексирање

Една од методите која овожможува повеќекориснички пристап е временското


мултиплексирање(TDMA-Time division Multiple Access).Во случај на TDMA,на
различни корисници се доделува различни интервали (слотови)кои можат да се
користат за комуникација.При што алокацијата на слотовите може да бидат
статичка или динамичка,слика 5.Кај статичките алокации,распоредот и
траењето на слотовите доделени на корисниците не се менува со текот на
времето.Кај динамичките алокации,распоредот на доделените слотови зависи
од потребата на корисникот и моменталните расположливи ресурси во
системот.Корисниците кои што имаат повеќе информации да пренест можат да
добијат повеќе слотови на располагање,доколку другите корисници не сакаат
во тој момент да ги користат ресурсите на системот.

слика 5. Временско мултиплексирање со статички алокации (горе) и динамички


алокации (доле)

3.2 Фреквенциско мултиплексирање

Мултиплексирањето со распределба на фреквенции(FDM) е аналогна


технологија.Во случај на фрекфенциско мултиплексирање на различни
корисници им се доделува различни фрекфенциски канали.FDM постигнува
комбинирање на неколку дигитални сигнали во еден медиум со праќање на
сигнали во неколку различни фреквенциски опсези на овој медиум.
слика 6.Фреквенциско мултиплексирање

Еден од најчестите видови апликации е кабелската телевизија. Само еден


кабел има до домот на клиентот, но добавувачот може да испраќа повеќе
телевизиски канали или сигнали истовремено преку тој кабел до сите
претплатници. Приемниците мора да ја наместат соодветната
фреквенција(канал) за да пристапат до саканиот сигнал.

3.3Комбинација на фреквенциското и временското мултиплексирање

Фреквенциското мултиплексирање може да се комбинира со временското како


би се остварилаа динамичкам алокација на опсегот на корисникот и подобро
искорисување на расположливите ресурси.

слика 7.Комбинација на временското и фреквенциското мултиплексирање

4.ALOHA протокол

До сега споменатите методи на мултиплексирање остварува континуална врска


помеѓу два корисника со одредено времетраење.Доделувањето на ресурси е
регулирано од страна на уреди задолжени за тоа.Mеѓутоа во ad-hoc
мрежите(децентрализирана бежжична мрежа)немаме можност од централна
доделба на ресурсите,туку повеќекорисничкиот пристап се заснова на
натпреварување,а врската се остварува на ниво на поедини пакети.

Наједноставна метода за пристап на ресурсите засновани на натпревар е


ALOHA протокол.Основната идеја на протоколот е едноставна:дозволи на
корисникот да испраќа секогаш кога ќе има податоци за праќање.При тоа
испраќачот очекува да добие потврда за приемот.Доколку нема потврда за
прием,предавателот чека одредено време пред да проба повторно да ја
испрати пораката.

слика 8.ALOHA протокол

4.1CSMA/CA метода на детекција на носителите и избегнување на


преклопување на сигналите

Со зголемување на корисниците се зголемува и веројатноста да при користење


на ALOHA протоколот дојде до преклопување на сигналите и протоколот
станува неефикасен.Заради тоа во пракса денес најчесто се користи CSMA/CA
механизамот(Carrier Sense Multiple Access/Collision Avoidance).Во случај на
CSMA/CA,терминал ја набљудува состојбата во каналот,чека се да
предавателот кои во моментот го користи каналот престане да праќа
податоци,и да се ослободи каналот.Кога терминалот детектира дека каналот е
слободен,тој во рамките на временки период кој се нарекува прозор на чекање
избира момент во кој ќе проба да прате податоци.Кога ќе дојде овој
момент,терминалот започнува со праќање,освен во случај да детектира да
некој друг предавател во меѓувреме го зафатил каналот.Во случај ако е дошло
до заземање на каналот,целиот процес се повторува.Со тоа што должината на
прозорот на чекање се зголемува експоненцијално(дуплира се на секое
неуспешно предавање),додека не достигне одредена граница.
Слика 9.CSMA/CA протокол

Овој алгоритам овозможува стабилен пренос и при големо оптоварување на


мрежите т.е. при голем број на корисници.Меѓутоа проблем со кој се соочува
CSMA/CA е таканаречениот проблем со скриен терминал.Може да се случи да
два терминала истовремено сакаат да остварат комуникација со ист уред во
мрежата,при што и двата терминала го детектираат тој уред,но не се
детектираат меѓусебно.При што ни еден од терминалите не се детектираат,
ниеден од нив нема да почека,туку и двата истовремено ќе праќаат податоци.

слика 10.Скриени терминали

4.2RTS/CTS метода

Проблемот со скриените терминали се решава со воведување на Request to


send и Clear to send порака.Уредот A,кој сака да оствари комуникација со
уредот B,прво праќа RTS порака.Доколку е слободен,уредот B одговара со CTS
порака,Потоа A праќа порака на B,а B на крај го потврдува приемот на праќање
на ACK пораката.На слика 11 и слика 12 ,прикажана е комуникација која
иницира скриен терминал 1,односно комуникација која е видлива за сите

Доколку комуникацијата е покрената од скриен терминал 1,другите терминали


во мрежата нема да ги видат неговите RTS пораки,но ќе ги примат CTS
пораките кои ги праќа уредот кој е видлив од сите.На основа на таа порака
терминалот 2 ќе знае дека треба да почека додека започната комуникација не
заврши,односно не се прими ACK пораката.Додека во случај да комуникацијата
ја иницира уред кој е видлив за сите,сите ги добиваат RTS пораките од
него.Терминалот 2 ќе знае дека пораката не е наменета за него,па иако не ја
слуша CTS пораката која стигнува од терминалот 1,ќе почека додека
започнатата сесија не се заврши,т.е. не стигне ACK пораката.
слика 11.RTS/CTS протокол,скриен терминал иницира комуникација

слика12.RTS/CTS протокол,видлив уред ,иницира комуникација на сите


5. Истовремено пренесување на повеќе оптички сигнали преку
едно оптичко влакно (оптичко мултиплексирање по бранови
должини)

Преку едно оптичко  влакно истовремено може да се пренесуваат повеќе


независни оптички сигнали со различни фреквенции (бранови должини) при
минимални меѓусебни влијанија. Со тоа се зголемува капацитетот за пренос на
повеќе различни корисни сигнали. Така, преку едно оптичко влакно
истовремено може да се пренесуваат повеќе пакети на видео и аудио сигнали,
повеќе пакети на ТВ аналогни и дигитални канали, компјутерски дигитални дата
сигнали итн.Сложениот мултиплексен оптички сигнал е составен од повеќе
оптички сигнали со различни фреквенции односно бранови должини
(Wavelength Multiplexing). Оптичкиот фреквенциски спектар е составен од
неколку појаси (bands) на бранови должини. Фреквенцискиот појас со бранови
должини од 1260 до 1360 nm се нарекува „O-Band“. Фреквенцискиот појас со
бранови должини од 1360 до 1460 nm се нарекува „E-Band“. Фреквенцискиот
појас со бранови должини од 1460 до 1530 nm се нарекува „S-Band“.
Фреквенцискиот појас со бранови должини 1530 до 1565 nm има најмало
слабеење и најмногу се користи во густо пакуваниот фреквенциски мултиплекс
се нарекува „C-Band“, и на крајот, фреквенцискиот појас со бранови должини од
1565 до 1625 nm се нарекува „L-Band“.

Секогаш кога низ едно оптичко влакно се пуштаат два или повеќе оптички
сигнали со различни фреквенции, односно бранови должини, зборуваме за
„мултиплексирање по бранови должини“. Постојат неколку различни видови на
мултиплексирање на оптички сигнали со различни бранови должини. Тоа се:

 1310/1550 (dual-wavelength multiplexing) познат како WWDM (Wide


Wavelength Division Multiplexing). Тоа е најстар оптички мултиплекс. Се
употребуваат само два оптички сигнали со две бранови должини. Едниот
сигнал има бранова должина од 1310 нанометарскиот прозор, и вториот
сигнал со бранова должина од 1550 нанометарскиот прозор. Според ITU
стандардот (ITU=international telecommunication union), секое оптичко
мултиплексирање по бранови должини, при кој брановите должини на
оптичките сигнали се разликуваат повеќе од 50 nm се нарекува WWDM.

 CWDM (Coarse Wavelength Division Multiplexing) – Најнапред се


употребувале само осум бранови должини со меѓусебно растојание од
20 nm во 1550 нанометарскиот прозор. Според ITU стандардот, секое
оптичко мултиплексирање по бранови должини, при кое брановите
должини на оптичките сигнали се разликуваат од 8 до 50 nm се нарекува
CWDM. Подоцна овој оптички мултиплекс се проширува на сите бранови
должини помеѓу 1270 и 1625 nm со вкупно 18 различни бранови должини
на меѓусебно растојание од 20 nm. Се разбира, со употреба на оптички
кабли без таканаречениот „Воден пик“.  

 DWDM (Dense Wavelength Division Multiplexing) – Најнапред, според ITU


стандардот се дефинирале 45 различни бранови должини на растојание
од 0,8 nm (100 GHz) во третиот, 1550 нанометарски прозор. Подоцна
бројот на фреквенции кои се на располагање се дуплирал при што се
добиле 90 различни бранови должини на меѓусебно растојание од само
0,4 nm (50 GHz). Денес, под поимот DWDM се подразбира „густо пакуван“
оптички мултиплекс по бранови должини, со меѓусебно растојание на
оптичките сигнали од 50 GHz (0,4 nm), 100 GHz (0,8 nm) или 200 GHz (1,6
nm). Во најново време е развиен и „Ultra DWDM“ пакување на каналите
со 320 канали (во „ербиум“ прозорот од 1530 до 1560 nm) со меѓусебно
растојание од 12,5  GHz, односно 0,1 nm.

Сите горенаведени видови на оптички мултиплекс по бранови должини имаат


неколку општи заеднички карактеристики: Колку се помали растојанијата
помеѓу оптичките сигнали во оптичкиот мултиплекс, толку потешко и поскапо е
меѓусебното раздвојување во демултиплексерите. Потешко се постигнува
потребната меѓусебна изолација, а слабеењето на сигналите е поголемо. Колку
се помали растојанијата помеѓу оптичките сигнали во оптичкиот мултиплекс по
бранови должини, толку е потребна
поголема фреквенциска стабилност на
оптичкиот предавател.Колку повеќе
оптички сигнали се употребуваат
истовремено преку едно оптичко
влакно, толку помала моќност треба да
има секој од сигналите за даден степен
на меѓусебно влијание и попречување
поради нелинеарните карактеристики
на оптичкото влакно.

Поодделните фреквенциски појаси


(band-ови) CWDM-канали и  DWDM-
канали, графички се прикажани на
селднава слика 13.

Таканаречениот „C-Band“ има најмало


слабеење на оптичките сигнали. Овој
банд се нарекува и „Erbium Wndow“
бидејќи во тој појас на бранови должини
работат оптичките засилувачи базирани
на оптичко влакно збогатено со атоми
на ербиум (EDFA-erbium doped fiber
Слика 13
amplifier). Токму овие бранови должини најчесто се употребуваат при DWDM
мултиплексирањето. При користење на оптичко мултиплексирање по бранови
должини, неопходни се некои уреди, кои инаку, не се потребни при оптички
линкови со само еден оптички сигнал на само една бранова должина. Такви
уреди се оптичкиот мултиплексер и оптичкиот демултиплексер.

Оптички мултиплексери (mux):Оптичкиот мултиплексер е уред кој ги


комбинира влезните (два или повеќе) оптички сигнали со различна бранова
должина во еден излезен мултиплексен сигнал.
Возможно е да се користат широкопојасни оптички сплитери поврзани во улога
на комбајнери. Лошата страна на ваквото решение е тоа што има релативно
големо слабеење. Еден оптички сплитер/комбајнер со два влезa и еден излез
има теоретско слабеење од минимум 3dB додека во пракса тоа слабеење е
околу 4 dB. Од друга страна, оптичкиот мултиплексер за две бранови должини
има слабеење помало од 2dB додека оптички мултиплексер за 20 бранови
должини има слабеење од само 4dB.
Што се однесува до цената, оптичките сплитери/комбајнери се многу поевтини
од оптичкиот мултиплексер. Кое решение ќе се одбере зависи од моќноста на
оптичките предаватели кои се на располагање. Да не заборавиме дека цената
на помоќните оптички предаватели е многукратно поскапа.

Oптички демплуплексер (demux):Оптичкиот демултиплексер е уред со


спротивна функција од мултиплексерот. Тој го раздвојува влезниот сложен
мултиплексен сигнал на два или повеќе излезни оптички сигнали со различна
бранова должина.Како оптички демултиплексер не може да се употреби
никакво  (алтернативно) едноставно решение, за разлика од мултиплексерот,
кој алтернативно можеше да се замени со едноставен и евтин оптички сплитер.

Практична примена на оптички мултиплекс во КДС

Наједноставен пример на оптички мултиплекс во кабелските дистрибутивни


системи е преносот на downstream и upstream сигналите преку едно оптичко
влакно. Притоа во едната насока се користи оптички сигнал со бранова
должина од 1310 nm, а во другата насока се користи оптички сигнал со бранова
должина од 1550 nm.Исто така, преносот на појдовниот и дојдовниот интернет
сообраќај помеѓу два медија конвертори може да се одвива преку едно влакно
со 1310 nm и 1550 nm.Со помош на мултиплексирање на сигналите, преку едно
оптичко влакно можат да се испраќаат повеќе сигнали со различни програмск и
пакети во различни градови или реони.

Заклучок

Во телекомуникациите и компјутерските мрежи,мултиплексирањето е процес


каде што повеќе аналогни сигнали или дигитални податоци се комбинираат во
еден сигнал преку заеднички медиум.Целта е да се сподели скап ресурс.
Уредот што врши мултиплексирање се нарекува мултиплексер (MUX),а уредот
што го врши обратниот процес се нарекува демултиплексер (DEMUX).

Oбратното мултиплексирање (IMUX) има обратна цел од


мултиплексирањето,да се раздели еден проток на податоци на повеќе
податоци,да се префрлат истовремено на повеќе комуникациски канали,и
повторно да се создаде оригиналниот податочен проток.

Видови на мултиплексирање:

1.Мултиплексирање со распределба на простор

2.Мултиплексирање со распределба на фреквенции

3.Мултиплексирање со распределба на време

4.Мултиплексирање со распределба на код

Една од методите која овожможува повеќекориснички пристап е временското


мултиплексирање(TDMA-Time division Multiple Access).Во случај на TDMA,на
различни корисници се доделува различни интервали (слотови)кои можат да се
користат за комуникација. Мултиплексирањето со распределба на
фреквенции(FDM) е аналогна технологија.Во случај на фрекфенциско
мултиплексирање на различни корисници им се доделува различни
фрекфенциски канали.

Преку едно оптичко  влакно истовремено може да се пренесуваат повеќе


независни оптички сигнали со различни фреквенции (бранови должини) при
минимални меѓусебни влијанија. Со тоа се зголемува капацитетот за пренос на
повеќе различни корисни сигнали. Секогаш кога низ едно оптичко влакно се
пуштаат два или повеќе оптички сигнали со различни фреквенции, односно
бранови должини, зборуваме за „мултиплексирање по бранови должини“.. При
користење на оптичко мултиплексирање по бранови должини, неопходни се
некои уреди, кои инаку, не се потребни при оптички линкови со само еден
оптички сигнал на само една бранова должина. Такви уреди се оптичкиот
мултиплексер и оптичкиот демултиплексер.
Користена литература

1.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D1%83%D0%BB
%D1%82%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA
%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5

2.Дигитална електроника и микропроцесори-Јани Сервини,Жанета Сервини

3.Миле Кокотов-Z33T

4.Предавања на универзитетот во Белград

You might also like