Албанија во Втора светска војна

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Албанија во Втора светска војна

На 7 април 1939 година, 40 000 италијански војници се истовариле на пристаништето во


Драч. Кралот Ахмет Зогу со еден дел од владата ја напуштиле земјата. По заземањето на
Тирана, на 12 април 1939 година Уставотворното собрание прогласило обединување на
Италија и Албанија. Била избрана нова Влада на чело со Шефкет Дерлачи. Новата Влада ја
признава круната на италијанскиот крал Виторе Емануел трети. Со поддршка од Италија,
на 7 август 1941 година било прогласено создавањето на Голема Албанија, во чиј состав
освен Албанија, влегла Западна Македонија, поголемиот дел на Косово и делови од Црна
Гора.
Носител на вооружениот отпор во Албанија била АКП, основана во ноември 1941 година
во Тирана. На основачкиот состанок присуствувале и двајца ЈС делегати кои имале големо
влијание во партијата. Во ноември 1942 година основана е националистичката
организација Бали Комбетар на чело со Митхат Фрашери. Таа се залагала за обединување
на сите албански области во една етничка држава. Бали Комбетар се појавила во услови
кога станало јасно дека АКП не се бори за зачувување на границите на ГА. Разликите меѓу
АКП и БК биле привремено надминати со договорот од Мукје од август 1943. Но набрзо,
Енвер Хоџа, водачот на АКП ги отфрлил решенијата од Мукје и ги прогласил Бали
Комбетар за соработници со окупаторот. Тогаш се појавиле и првите знаци на граѓанска
војна. На конференцијата во Љабинот, АКП се прогласила за единствена пол. власт во
Албанија.
На 4 јули 1943 формиран е Врховен штаб на НОВА на чело со командантот Мехмед Шеху.
На конгресот во Пермет во мај 1944, била легитимирана работата на АКП во сите органи
на власта. Сите вооружени сили надвор од НОФ, вклучително и Бали Комбетар биле
прогласени за антинационални и требало да се уништат. На кралот Зогу му било
забрането да влезе во Албанија.
На 17 ноември 1944, била ослободена Тирана, а со ослободувањето на Скадар на 29
ноември 1944, било прогласено конечното ослободување на Албанија. По
ослободувањето, била формирана КВ предводена од Енвер Хоџа.

You might also like