Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Македонски повторување

Разговор е едно од најважните и најсовршените средства за


размена на информации меѓу луѓето. Оваа форма на изразување
често наоѓа примена и во делата на народната и уметничката
литература. Многу често разговорот се остварува преку прашања и
одговори на прашањата. Пример: „Детето и писателот„

Дескрипција е збор од латинскиот јазик што значи опис,


опишување или оцртување. Предмет на опишување може да биде
се што не опкружува: природата, природните појави, луѓето,
литературни дела и друго. Уметнички е оној опис кој на читателот
му овозможува да си создаде оживотворена слика, односно да се
чувствува како пред себе да го гледа она што е предмет на
опишување.

Раскажувањето е форма на практично-професионална


комуникација преку која се изнесуваат настани во кои
раскажувачот директно учествувал или бил очевидец.
Раскажувањето може да биде опширно и скратено. Опширно е она
кога при раскажување се изнесуваат сите пооделности од некој
настан или доживување, а скратено е кога се известува само она
што е најбитно.

Прераскажување е форма на комуникација во која се изнесуваат


настани слушнати од други извори како прочитана книга, гледан
филм, од друг разговор и друго.

Известување е форма на усна или писмена практично-


професионална комуникација чија цел е да се презентираат
податоци за конкретен настан. Известувачот не се задржува само
на обично регистрирање на еден или повеќе настани туку тој сам го
коментира текот на настанот при што зазема и личен став спрема
фактите за кои известува.
Вест е форма на усно или писмено известување преку која во
најкратки црти со зборови или слики јавноста се информира за
еден или повеќе настани, природни појави, некоја личност и друго.
Веста мора да е нова, актуелна, вистинита, важна и интересна и да
дава одговор за прашањата: кој, што, каде, кога, како и зошто.

Соопштение е вид практично-професионална комуникација која


претставува официјално соопштение издадено од надлежно место
во кое се изнесуваат релевантни податоци за некои настан или
проблем. Соопштението понекогаш може да има значајна улога и
бо меѓудржавните односи, бидејќи преку него може да се изнесе
ставот на владата или на одредена политичка партија за
конкретните односи во светот.

Поканата како форма на усно и писмено изразување во практично-


професионална комуникација претставува информирање за некого
за негово присуство на некаква манифестација како прослава,
изложба, натпревар и друго.

Рефератот како форма за изразување практично-професионална


комуникација се остварува усно или во писмена форма, а третира
некое важно прашање од општествено-политичкиот живот, некој
проблем од општо значење, некој научен труд и слично.

Телеграма е кратка вест испратена телеграфски. Телеграмата


содржи малку зборови со кои на примателот му се соопштува
нешто важно, нешто што е од итен карактер.

You might also like