Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

1.

Содржина на оставината

Оставината ги опфаќа прават, добарата и стварите како и обврските кои се подобни за


наследување и кои не се врзани строго за личноста на оставителот и кои не се гаснат во
моментот на смртта на оставителот. Во содржината на оставината влегуваат и оние обврски
кои настануваат како резултат на склучување на договор или од деликти што значи дека и
правата и обврските од облигациите освен не се врзани за личноста на оставителот. Но тука
не влегуваат побарувањата по основ на првенствено купување или побарувањата од
ортаклак. Во оставината влегуваат и долговите на оставителот но секој наследник одговара
за долговите на оставителот до вресноста на имотот што го претставува неговиот наследен
дел што значи дека обврските на оставителот немаат третман на предмет на самостојно
наслеување.

Оставината ги опфаќа и авторските права од имотен карактер но не и авторските морални


права а истото важи и за правата од индустриска сопственост бидејки се наследуваат само
оние кои не се врзани за личноста на оставителот.

Правото на надомест на штета поради губење на работна способност исто така влегува во
оставината но треба штетата да биде досудена и да не биде исплатена до смртта на
оставителот.

Правото на надомест на нематеријална штета исто така е опфатена но доколку постои


правосилна судска одлука за тоа. Правото на прием на отворено наследство исто така е
опфатено.

Во оставината не влегуваат и оние имотни права и обврски кои не се чисто лични но се


поврзани со личноста на лицата. Како што се:

- Правото на лична пензија


- Обврската на законска издршка
- Правото да се отповика подарок
- Права и обврски од договорот за дело
- Право на надомест на штета за претрпена болка и страв од добиена течесна повреда

Во оставината не влегуваат правата кои произлегуваат од придонесите.

2. Недостојност за наследување
Неспособноста за наследување е поврзана со некое својство или карактеристика на лицето
кое не може да се јави како наследник додека недостојност е поврзана со некаков однос
којшто постои помеѓу наследникот и оставителот. Недостојноста како имотноправн санкција
и како забрана важи и за закпобнските и за тестаменталните па и за сингуларните и за
универзалните сукцесори. Тоа е санкција настаната како резултат на некое неморално,
несоодветно и недостојно поведение на лицето кое во нормални услови би бил наследник
спрема оставителот или пошироката заедница повредувајќи поголем број на интереси. Но за
разлика од неспособноста која има пошироко дејство, недостојноста го спречува лицето да
не го наследува имотот на оставителот спрема кој се однесувал на неморален начин додека
спрема другите лица тој сеушта ја има способноста за наслеување. Институтот недостојност
за наследување постоел уште во римското право па и во буржоаските кодекси на
граѓанското право. Иако не постои инсититут стриктно з неспособноста во нашето право
сепак тоа може да се гледа во наследувањето на имот на странците под услов на
реципроцитет. За недостоен наследник се смета она лице кое со умисла го лишил од живот
оставителот или се обидел за тоа, го уништил или го сокрил тестаментот или истиот го
фалсификувал, или пак со закана, присилба или измам го довел оставителот да го направи
или да го отповика тестаментот или некоја негова одредба или тој не ја почитувал својата
обврска за издршка или пак не му ја укажал нужната помош која била нужна во тој момент.
Судот по службена должност води сметка за овие факти освен за последните две за кои води
сметка само по предлог на заинтересираните наследници. Кога се говори за повреда на
поголем број на интереси тогаш битен е и ставот на општеството спрема таквото поведение
на лицето. Така во поранешна Југославија лишени од правото за анследуање биле оние лица
кои ја напуштале земјата за да ја одбегнат обврската за служење војска, или казната затвор
за тешки кривични дела или кои направиле кривчни дела спрема државата. Во врска со
заминувањето од државата тоа можело да биде и легално но за да се смета тоа недостојно
требало тие да не се вратат се до моментот на смртта на оставителот во земјата. Во теоријата
постојат апсолутни и релативни причини. Апсолутни се овие кои било во Југославија додека
релативни оние другите таксативно наброени.

3. Утврдување на недостојноста

За утврдување на недостојноста е надлежен оставинскиот суд кој што од започнувањето на


оставинската постапка, во текот па се до завршувањето на постапката треба да води сметка
за поведението на лицата особено на оние лица чие поведение е ставено под прашалник.
Само во случај кога не се почитува обврската за издршка или нужна помош тој не постапува
по службена должност туку само по предлог на заинтересираните наследници. Собира
податоци од јавниот обвинител или јавниот правобранител и утврдувањето не е лесна работа
бидејки станува збор за субјективни категории но е битно утврдувањето бидејки тоа се
влијае на големината на делот од оставината што се добива. Иако во некои случаи е
доведено во пшрашање достојноста на определено лице да биде наследник сепак може да
биде а другите наследници со цел да наследат поголем дел можат таквата недостојност да ја
утврдат во граѓанскоправен процес. Како резултат на тоа лицето кое е недостоен треба да го
врати делот од оставината.

4. Дејство на недостојноста

Недостојноста има ефект врз лицето кое е недостоен за наследување а не врз другите и тоа
важи и за тестаменталните и за законските наследници и за сингуларните и за универзалните
сукцесори. Таквото дејство постои само во односот на лицето со конкретниот оставител а не
и со другите потенцијални оставители. Недостојноста го прави лицето да се смета како да
умрел пред оставителот но врз основа на закон кога се наследува и тоа нема дејство врз
потомците. Но кога постои тестаментално наследувањае тоа има дејство и врз потомците
особено ако и тие се однеусваат на ист начин.

5. Систем на близина на сродство

Овој систем го определува прироритетот во повикувањето на наследството тргнувајќи од


критериумот односно од степенот на сродство меѓу оставителот и неговите наследници.
Според вака определение критериуми првиот наследен ред го сочинуваат децата и
родителите на оставителот. Вториот наследен ред го сочинуваат внуците на оставителот,
браќа и сестри на оставителот како и негови дедовци и баби. Третиот наследен ред го
сочинуваат прадедовци и прабабите. Во овој систем важи принципот на исклучување од
наследството на подалечната група сродници од страна на поблиската група сродници. Ако
во една категорија спаѓаат повеќе лица тогаш наследството меѓу нив ќе биде поделено на
еднакви делови.

6. Систем на заедничка крв

Овој систем го определува приоритетот во повикувањето на наследството тргнувајќи како и


претходниот систем од степенот на сродство пришто основнито критериум е количеството
на заедничката крв меѓу оставителот и неговите наследници. Количеството на заедничката
крв меѓу сродиците опаѓа се секое ново раѓање бидејќи во крвта на секој наследник има
половина количество крв од мајката и половина количество крв од таткото. Затоа овој
систем поинаку ги групира. Првиот наследен ред го сочинуваат браќата и сестрите на
оставителот. Вториот наследен ред го сочинуваат децата и родителите на оставителот.
Еднакви делови.

7. Систем на парентели

Овој систем тргнува од критериумот потекло на лицата од заеднички поредок. Називот


парантело означува колено, ред со кој се орпеделива група роднини и тоа крвни кои
потекнуваат од заеднички поредок. Важи принципот на исклучување така што подоцнежната
група наследници не може да се повика на наследство се додека има барем еден претставник
на претходната група наследници. Заедничкиот поредок значи или ист заеднички родител
или подалечен поредок од заеднички родители, дедовци, баби, предедовци и прабаби на
оставителот или пак самиот оставител којшто се јавува како родоначалник на редот. Првиот
наследен ред го сочинуваат синовите и ќерките на оставителот и нивните деца. Вториот
наследен ред го сочинуваат родителите на оставителот како носители на парентелата и
нивните потомци (браќата и сестрите на оставителот и нивните потомци по право на
претставување). Третиот наследен ред го сочинуваат дедовците и бабите на оставителот кои
се и неговите првенствени наследници додека нивните потомци а тоа се чичковците,
тетките, вујковците на оставителот и нивните потомци се јавуваат на наследството по
правото на претставување. Во овој систем потребно е да се исцрпат сите можности за
поделба на наследството меѓу членовите на претходниот наследен ред па дури тогаш да се
премина на пимена на наредниот наследен ред. Зависно од фактот дали ќе пиде применето
правото на преставување, во групирањето на наследниците во наследните редови
разликуваме Парентеларно-градуелен и Парантеларни-линеарен систем.

8. Право на претставување

Правото на претставување е основ врз кој е устроен парантеларно-линеарниот систем. Со


негова примена роднините од иста линија во рамки на исто колено можат сукцесивно да
бидат повикувани на наследство. Роднините во рамки на секоја парентела се поделени на
онолку линии колку што изнесува бројот на лицата што се во најблизок степен на сродство
со оставителот. Приоритетни се носителите на линиите во рамки на истото колено.Доколку
некој од носителите на линиите не може или пак не сака да го наследи делот којшто му
припаѓа според законот, се применува правото на претставување што значи на негово
место доаѓаат неговите деца. Доколку и тие не можат или не сакаат тогаш внуците на
оставителот.Со правото на претставување на подалечните роднини на оставителот се дава
можност да дојдат на местото на својот предок којшто е поблизок роднина на оставителот,
пришто тие го наследуваат оној дел кој би припаѓал на нивниот предок чиј дел ќе се подели
помеѓу потомците на онолку дела колку што изнесува бројот на потомците. Во случај на
претходна смрт на наследникот ова право се применува. Ако оставителот има три сина
одкои едниот починал пред него а оставил две деца тогаш тие се наследниците.Ако едното
од тие деца починало пред оставителот тогаш неговиот дел ќе го наследат неговите деца кои
се правнуци на оставителот. Бидејќи наследноправната положба на овие лица е изедначена
со наследноправната положба на сите други наследници затоа и тие треба да ги исполнуваат
општите услови како што се спсообноста и достојноста. Постојат две гледишта од кои
едното сета дека примената на правото на претставување е неограничена што значи со него
се опфаќаат сите роднини со сите колена кои можат да бидат повикани на наследство додека
според другото гледиште примената на правото е ограничена на определени колена.

9. Право на прираснување

Правото на прираснување може да се примени одкако ќе се исцрпат сите можности за


примена на правото на рпетставување што значи дека има супсидиерен карактер.
Наследникот кој не може или не сака да наследува прираснува на наследните делови на
другите наследници но од ист степен на сродство. Ова прираснување може да биде во полза
на сите сонаследници но и во полза само на еден дел од нив. Може да се применува во рамки
на самата линија или меѓу носителите на линиите. Со оваа право е опфатен и брачниот
другар бидејќи преживеаниот брачен другар на оставителот се јавува како носител на линија
на законското наследување во рамките на првиот наследен ред. Прираснувањето на
наследниот дел на наследникот којшто не сака или не може да стане наследник овозможува
сонаследницитр од ист степен на сродтсво да добијат еднакви делови од оставината.Така,
ако оставителот има две ќерки и двајца внуци од порано починатиот син, тогаш секоја од
ќерките ќе добие по една третина од оставината а внуците по една шестина. Ако еден од
внуците не сака или не може да стане наследник, неговиот дел ќе прирасне на другиот внук
како на сонаследник од ист степен на сродство а не и на деловите на ќерките на оставителот
бидејќи тие не се од ист квалитет на сродство тие и се тетки. Доколку, пак, една од ќерките
не сака или не може да стане наследник нејзиниот дел ќе прирасне на делот на нејзината
сестра и на внуците на порано починатиот нејзин брат. Овој дел од внуците се определува
како збирен дел.
10. Начело на универзална сукцесија

Оваа начело е прифатено во најголем број на земји во светот но не е единствено бидејки во


споредбеното право сеуште се среќаваат примери на земји кои го прифаќаат начелото на
ликвидација на оставината што е останато од минатото кога федуалците ставале услов на
наследниците да ги исполнат сите обврски кои ги имаат спрема феудалците за да го
наследуваат делот кој што им припаѓа од оставината. Законот го уредува начинот на
распределба на имотот и определувањето на големината на наследните делови која може да
биде изразена или во процесенти или аликвотно. Но тоа се применува само доколку
оставителот нема направено тестамент во кој врши поинбаква распределба. Наследниците
исто така можат да станат сопственици на определен имор или негов дел или да ги
наследуваат и до,говите и обврските кои не се гаснат во моментот на смртта.

11. Начело на ограничување на основите за повуикување на наследство

Во нашето право се прифаќаат само два основи за наследување додека во различни земји
таков основ е и договорот за наследување со кој договорните страни најчесто најблиските
роднини кои меѓусебно се наследуваат ќе се договорат за наичнот на меѓусебно
наследување. Исто така и договорот за доживотна издршка не е основ кој предизвикува
загрозување на правата на најблиските роднини, негативни последици па дури и
злоупотреби во остварувањето на наследните права на најблиските лица на оставителот.

12. Начело на ограничување на тестаменталното располагање

Слободата на тестаменталното располагање не е апсолутна бидејќи постојат форми за


тестамент предвидени во законот а ограничувањата постојат за заштита на правата на
најблиските лица на оставителот како што е правото на издржување.Континенталнот право
го познава нужното наследување но сепак во некои земји кругот на нужните наследници е
поширок некаде потесен додека некаде ист. За разлика од континенталното право, во англо-
американското право ограничувањето се остварува преку издршка. Кај нас е прифатен
концептот на нужно наслеување кој е лимитот. Законот за наследување ги набројува лицата
кои го сочинуваат кругот на нужните наследници. Тоа се:

- Децата на оставителот
- Посвоениците на оставителот
- Брачниот другар на оставителот
Другите категории лица кои во законот се потенцијални наследници треба да исполнат
дополнителни услови за да го сотварат правото на нужен дел. Нужното наследување има за
цел зачувување на солидарноста и егзистенцијалната сигурност на семејната група.

13. Начело на рамноправност

Според ова начело сите граѓани под исти услови се рамноправни во остварувањето на своите
наследни права. Начелото на рамноправност пред се е предвидено во Уставот како највисок
акт и токму оттука е вградено и во Законот за наследување. Рамниоправноста ги опфаќа
дури и странски државјани кои можат да наследуваат под услови на реципроцитет
вклучувајќи го и уважувањето на фактичкиот реципроцитет што значи положбата на
домашните државјани и странците во остварувањето на нивните наследни права да е исто.

14. Начело на стекнување на наследство ipso jure

Според ова начело стекнувањето на наследството настанува по сила на законот што значи во
моментот на смртта на едно лице. Во тој момент наследниците на умреното лице стануваат
негови правоприемници стекнувајќи се со сите права и обрвски на оставителот. Нашето
рпаво не го прифаќа ова начело со оглед на тоа дека од самиот момент на делацијата
наследниците се стекнуваат со своето наследно право, нивната позитивна наследничка
изјава нема значење за стекнување на тоа право нема ни конститутивен карактер. Оттука е и
непостоењето на лажечката оставина во овие системи кои не го прифаќаат оваа начело. Од
моментот на смртта на оставителот до моментот кога наследниците ќе ја дадат изјавата дека
прифаќаат да бидат наследници изминува еден период во којшто наследници не можат да
располагаат со оставината а тоа е всушност тоа лажечка оставина (hereditas iacens). Начелото
на стекнување по сила на законот постоело уште во римското право кога лицата кои живееле
под власта на таткото најчесто негови потомци се стекнувале со својството на наследници во
моментот на смртта на оставителот ipso jure. Римското право не предвидува можност тие да
дадат позитивна изјава дека го прифаќаат тоа или не но за разлика од нив лицата кои не
живееле под власта на патер фамилијас се стекнувале со својство на наследник откако ќе
дадат изјава а се до тој момент оставината мирувала. Германското и француското право го
прифаќаат оваа начело додека Австриско право не. Во оние системи кои го прифаќаат ова
начело се до донесувањето на судската одлука наследниците немаат право да располагаат со
оставината ниту пак да ја добијат во владение. Треба да се има предвид дека наследувањето
се остварува врз доброволна основа што значи дека никој не е обврзан да ја прифати
положбата на наследник на едно лице ако тое не го сака. Зато е признаено правото на
одрекување од наследството кое се стекнува исто така по сила на законот такашто
негатицната наследничка изјава ќе произведе правно дејство како лицето никогаш да не се
ни стекнало со правото од кое со таа ијава се одрекнува. Вакво право единствено не е
признаено на државата кога таа стаува наследник на оставината.

15. Начело на официјалност на судско распоравање на оставината

Расправањето на оставината се врши пред суд според правилата на вонпарнична постапка.


Оставинскиот суд покренува оставинска постапка по службена должност секогаш кога ќе
дознае за смрт на едно физичко лице или за прогласување на едно лице за умрено. Тој треба
да утврди кои добра, права и обврски ја сочинуваат оставината на тоа лице како и кои лица
се јавуваат како негови наследници. Со законот за вонпарнична постапка се дава можност
оставинските предмети да им бидат доверени на постапување на нотарите кои се овластени
и за составување на нотарски акт за изјавите на последна волја односно овластени се за
составување на тестамент. Оставинската постапка е дел од вонпарничната постапка а со
самото тоа ги има сите карактеристики на судска постапка. Со расправањето на оставината
пред суд, во рамки на судска постапка, постои гаранција дека ќе бидат остварени наследните
права на граѓаните и ќе биде обезбедена правната сигурност.

16. Начело на ограничена одговорност на наследниците

Оваа начело е битно при определувањето на положбата на наследниците и за обезбедување


сигурност за нив. Со цел да се заштитат правата на наследниците секој наследник според
начелото на ограничена одговорност доколку ги има повеќе одговара солидарно за
долговите на оставителот до висината на вредноста на делот од оставината што го наследил.
Во случај кога наследникот се откажал од наследството тој не одговара за долговите од
наследникот. Кога има долгови спрема трети лица. Нивната поделба меѓу наследниците се
врши сразмерно со големината на наследните долгови од секој од нив. Според овој принцип
се постапува секогаш кога оставителот не оставил тестамент со кој би се направила
поинаква распределба на обврските меѓу наследниците.

You might also like