Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Трагичниот живот на Цар Едип

Можеме да им помагаме на луѓето, да сме горди и смели и да имаме многу


среќа, но со среќата има и не среќа, за тоа е приказната на царот Едип

Едип e херој од грчката митологија, син на Лај, кралот на Теба, и Јокаста. Му било


пророчено дека ќе го убие својот татко и ќе се ожени со својата мајка.
Бидејќи на неговиот татко Лај му било проречено дека ќе биде убиен од својот
роден син и дека ќе се ожени со својата мајка кралица, три дена по раѓањето, Лај
го зел новороденчето и му ги пробушил нозете и ги врзал, и така го однел на
планината Китара и таму го оставил кај еден овчар. Од сажалување према тоа
новороденче тој овчар го дал на својот пријател кој исто така бил овчар и го чувал
стадото на кралот Полиб од Коринт. Тој го однел во дворот на кралот Полиб и
неговата жена Меропа кои подоцна го усвоиле Едип. По своите отечени нозе го
добил името „Оидипус“. Во Коринт растел без знаење за своето потекло.
Еден ден се упатил кај делфскиот пророк за да ја дознае вистината за себе. Таму
му било проречено дека ќе го убие својот татко и дека ќе се ожени со својата
мајка. Не знаејќи дека тие не му се прави родители и од страв да не направи
некое зло на својата фамилија, Едип го напушта Коринт и тргнува кон Теба.
На патот кон Теба на една раскрсница се сретнува со Лај кој бил со своите чувари.
Лај мислел дека Едип е некој разбојник и не сакал да га пушти да помине. Едип се
разбеснел и во лутинина го убил Лај и повеќето негови чувари, освен еден кој се
дал во бегство. Со тоа се остварило едното од двете пророштва. На влезот на
Теба, Едип наишол на Сфингата која го тероризирала населението на Теба и ги
јадела поминувачите кои не знаеле да ги решат нејзините загатки.Се рекло дека
кој ке ја победи Сфингата ке се венча со кралската вдовица-Јокаста.Едип не
знаејки дека Јокаста му е мајка ја победил Сфингата и се венчал со неа,а таа му
родила два сина и две ќерки.Со тоа се исполнило и второто пророштво.Понатаму
Едип отишол кај слеп видовит човек по име Терзиј.Тој му ја раскажал приказната
за неговиот живот но Едип се противел на тоа,а Јокаста поради тоа се
обесила.Кога Едип ја видел Јокаста мртва со игли си ги ископал очите и ослепел.

Во животот може да бидеме умни, праведни, сакани и почитувани, да им помагаме


на другите, но од несреќата не можеме да избегаме.

You might also like