Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Човек многу лесно се менува кога ќе биде допрен од магичната дланка на најблагородното чувство

во човековото постоење, љубовт.Ама најслатка е љубовта во зима,па уште и прва и тоа доаѓа
заедно со првиот снег.Првиот снег е толку мек,чист и волшебен.Исто како љубовта.Ќе го
видиш во своја близина и цела ќе зовриеш како да ти ставиле жарче во
срцето.А,жарчето,разгорено и фрла љубовни искри на сите страни.Во тој момент топол и мил
воз пројурува во твоето тело.А во тој воз има само еден единствен патник.Тој патник е
твојата прва љуов.Сите лавини од мисли во твојот мозок се само за него..Кога ќе те погледне
со сините очи,можеш да се вивнеш во облаци.Но,тој прв снег многу кратко трае,но секогаш е
омилениот.Ккоа си оди првиот снег,силните ветрови ја носат и првата љубов некаде помеѓу
големите градови,помеѓу големите луѓе,помеѓу големите срца,но најголемото срце било тоа
што вистински сакало.Во сеќавањето ке останат убави моменти кога во ходниците го бараш
само него,додека си на прошетка со пријателките и се надеваш дека ќе го сретнеш.
Возот си замина толку брзо што не се ни почувствува.Жарчето тешко се гасеше,но со тек на
време го снема.Големиот бран со снегови,донесе големи бранови со чувстба,кој сега се
изгасија.

Ретко првата љубов останува,исто како првиот снег,кој вечно се памти,но не се враќа! Што е
љубовта?Не знам дали постои некоја дефиниција за љубовта. Тоа е она чувство на пеперутки во
стомакот-велат некои. Но, според мене да си вљубен значи да си жив... Да се чувствуваш
исполнето во душата. Да си вљубен значи секогаш наутро да се будуш и да знаеш дека некој друг
мисли на тебе... Љубовтае како едно каменче кое однадвор изгледа како обично, мало камче, но
кога се обидуваш да го поткренеш, тоа е претешко и неможеш да го поместиш ни еден
центиметар. Дали човекот може да постои ако не постои љубов? Не верувам. Затоа што...Па, без
љубов нема надеж, без надеж се губи и желбата, а без желба нема живот. Ако е вистинска,
љубовта може да победи сѐ. Таа е најсилното оружје кое може да ја победи и најстрашната војна.
Но, кога велиме прва љубов, тоа е многу покомплицирано. Тогаш запрвпат ги чувствуваме они
таканаречени пеперутки во стамакот, тогаш за првпат си велиме дека не постои никој друг на
светот. Не гледаме ништо освен убавите, светкави нешта. Но ,потоа, како што дошла, така и си
заминува. За жал, ништо не трае вечно.Ни животот, ни љубовта, но најголемите камења во
Мохаве, ниту пак светот.
Таа прва љубов речиси никогаш не останува до крај. Исто како певиот снег во Декември. Не
верувам дека постои љубов поцврста од сѐ. Некогаш порано, некогаш пидоцна. Но, затоа може да
има и нов почеток. По дождот доаѓа виножитото, по торнадото доаѓа сонцето. Првата љубов
завршува, но по неа доаѓа нова, со повеќе авантури, можеби и подолго време ќе трае... prvata
ljubov sekogas doagja tajno, taa e ubava pesna no ne e smesna ne e ni lesna, za prvata ljubov nekoj i
moli zasto taa znae tivko da boli! Велат дека тоа го поматува умот, срцето чука забрзано, мислите
бегаат наоколу и сè некако добива поинаква смисла. Во потсвеста се сместува една личност и сè
друго е бесмислено, без нејзиното присуство.

Во животот луѓето градат многу љубовни приказни, некои повеќе, некои помалку во текот на
своето постоење, но она што секогаш секој го помни е својата прва љубов, без разлика што таа
избледела многу одамна.

Сите ние секогаш ќе памтиме која била првата личност поради која сме го изгубиле разумот и сме
ги правеле најчудните работи, првите подароци и првите букети цвеќе оставени скришно пред
нејзината врата. Првите насмевки и тајни бакнежи.

Сите ние се сеќаваме на бунтовноста кон нашите родители во обид да се добие слободно време за
да може да бидеме со личноста која ни го менува секојдневието, за да припаѓаме бесконечно во
нејзината прегратка.

Сите ние сме сакале, искрено, чисто, платонски, сме го дале срцето на некој друг и некој друг ни
го подарил своето срце.

Сме заборавале на сите обврски и сите должности, сме се губеле во тој бездимензионален простор
на љубовта и сме сонувале за едно лице, она кое сакаме да го гледаме непрестајно.

Но, дали е до годините и самото не искуство тоа чувство да се задржи или можеби е во прашање
тоа што сме многу млади за да ја разбереме, првата љубов доаѓа и си оди исто како првиот снег,
оставајќи длабока трага во срцето на оној кој љубел.

Трага која човек ја носи вечно, се сеќава и зборува, раскажува, дури и во најдоцните години од
нашиот живот, сите ние се сеќаваме на тоа искрено чувство. На таа лудост од младоста која нè
натерала да го промениме начинот на нашето живеење, личноста која нè натерала да се изгубиме
потполно, сакајќи со цело срце, на љубовта која дошла и нè радувала, а потоа заминала оставајќи
нè со жиг кој пече, исто како чувството кога снегот се топи пред очите на малото дете кое ужива
во неговото постоење.

ќе дојде ден кога и ти ќе ја почувствуваш ќе ти го промени светот, тогаш не состав, ќе треба да


напишеш цела книга за чувствата, роман, можеби и во два тома.

You might also like