КОШАРКА

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

КОШАРКА

Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тима се обидуваат да
постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлување на
топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна
на теренот до другата, топката се преносува преку тапкање и подавање на
останатите членови на тимот.

Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од


кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa
кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни
кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската
Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите
континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната
кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.

До поен во кошарката се доаѓа преку фрлање на топката во обрачот на кошот.


Екипата која на крајот од натпреварот ќе добие повеќе поени е победник. Кошот
постигнат во лакот вреди 2 поени, кошот постигнат надвор од лакот 3 поени, а
кошот од слободни фрлања носи по 1 поен. Топката во кошарката се управува со
нејзино удирање од подот, односно водење, или пак преку меѓусебно додавање
меѓу играчите. Телесни контакти ко можат да ги повредат играчите не се
дозволени. Постојат строго одредени правила и начини спрема кои топката може да
се води.

Со тек на времето кошарката ги развила вообичаените техники за шутирање,


додавање и водење, како и позициите на играчите кога се во напад и во одбрана.
Иако вообичаената кошарка се одвива под строго одредени правила, разни
варијации на кошарката направила таа да биди со сè помалку правила. Во
кошарката има разни стилови на шутеви, од кои најпознат е ударот хорок.

Првите правила, терен и игра

Првиот терен за кошарка.

Во почетокот на декември 1891 година, д-р Џејмс Нејсмит,[1] канадски професор по


физичка култура од универзитетот МекГил од Монтреал и инструктор во
Вежбалното училиште YMCA[2] (денес Спрингфилд Колеџ), во Спрингфилд,
Масачусетс, САД, барал енергична игра на затворено за да ги држи своите
студенти зафатени и на одредено фитнес ниво за време на долгите зими во Нова
Англија. По отфрлање на скоро сите идеи кои биле или премногу груби или слабо
одговарале на околеностите во гимназиите, тој започнал со создавање на правилата
на кошарката. Професорот прво закачил баскет со боја на праска на 3.05 метри
односно 10 стапки. Во спротивност со модерните кошаркарски мрежи овој баскет
со боја на праска го држел своето дно и топката морала повторно да се врати штом
еднаш бил постигнат поен. Сепак ова се докажало неефикасно, па така била
направена дупка на дното од баскетот, овозможувајќи и на топката да ѕирка
секогаш со дрвен клин. Баскетите со боја на праска се употребувале сè до 1906
КОШАРКА
година кога се замениле со метални обрачи со табла. Набргу била направена
промена, па така топката само поминува низ мрежата, пробивајќи го патот до
кошарката како што ја знаеме денеска. Секогаш кога некое лице ја уфрлувало
топката во баскетот, неговиот тим постигнувал поен. Секогаш кога тимот
постигнува најмногу поени тој ја добива играта.[3] Баскетите првично биле
заковувани на меѓукатна тераса на игралиштето, но ова се покажало непрактично
кога публиката од терасата почнала да се меша со шутевите. Таблата била воведена
за да се спречи ова мешање. Тоа дало дополнителен ефект кој дозволувал удар од
скок.[4] Рачно напишаните дневници на Нејсмит, откриени од неговата внука во
почетокот на 2006 година, покажуваат дека тој бил нервозен за новата игра што ја
измислил, која вклучува правила од детската игра наречена „Патка на камен“, како
што многу правила не успеале пред тоа. Нејсмит новата игра ја нарекол „Basket
Ball“.[5]

Првиот официјален натпревар се одиграл во гимнзија на YMCA на 20 јануари 1892


година со девет играчи. Натпреврот завршил со 1-0, а ударот бил направен на
далечина од 7.6 метри (25 стапки) на игралиште со половина должина од сегашното
игралиште на уличната кошарка и од тие на НБА. Од 1897 – 1898 станале
стандардни тимовите од по пет играчи.

[уреди] Национална кошаркарска асоцијација

Главна статија: „НБА“.

Во 1946 е формирана Кошаркарската асоцијација на Америк организирајќи ги


врвните професионални тимови и водејќи ги до поголема популарност на
професионалните натпревари. Првиот натпревар се одиграл во Торонто, Онтарио,
Канада помеѓу Торонто Хаскис и Њујорк Кникербокерс на 1 ноември 1946 година.
Три сезони подоцна, во 1949 година, КАА станува Национална кошаркарска
асоцијација или кратко НБА. Новата организација Американска кошаркарска
aсоцијација се појавила во 1967 година и кратко ја загрозила доминацијата на НБА
сè додека не се споиле АКА и НБА. Денес НБА е врвна професионална
кошаркарска лига во светот по својата популарност, големи примања, талент и
ниво на натпреварување.

НБА се карактеризира со многу познати играчи како што се Џорџ Микан, првиот
доминантен „голем човек“, волшебникот за топка Боб Коузи и одбранбениот гениј
Бил Расел од Бостон Селтикс, Вилт Чембрлен, кој првично играл за Харлем
Глобетротерс, сестраните играчи Оскар Робертсон и Џери Вест, модерниот голем
човек Карем Абдул Џабар и Карл Мелоун, плејмејкерот Џон Стоктон, омилениот
играч на публиката Џулиус Ирвинг, потоа европските ѕвезди Дирк Новицки и
Дражен Петровиќ и тројцата играчи кои ја доведуваат професионалната игра до
највисок степен на популарност : Лери Бирд, Меџик Џонсон и Мајкл Џордан.

Во 2001 година, НБА создаде развојна лига НБДЛ. Во 2008 година лигата имала 16
тима. Кошаркарските тимови сочинуваат околу 13 проценти од граѓанските
КОШАРКА
спортови во САД и просек 17 558 гледачи редовно ги посетуваат кошаркарските
натпревари во НБА и тоа Чикаго Булс со 22 103, Детроит Пистонс со 22 076 и
Кливленд Кавалиерс со 20 499 посетители. Комбинираниот приход од 30 НБА
тимови е околу 3.37 милијарди долари и е во пораст.

[уреди] Во поглед на Олимписките игри

ФИБА го изоставила разликувањето помеѓу професионалните играчи и аматерите


во 1989 година и во 1992 година професионалните играчи играле за прв пат на
Олимписките игри. Доминацијата на САД продолжила со воведувањето на Дрим
Тимот. Сепак, со развивањето на програми на друго место, други национални
тимови започнале да ги победуваат САД. Тимот составен од НБА играчи завршиле
шести во светскиот шампионат од 2002 година во Индијанаполис, позади СР
Југославија, Аргентина, Германија, Нов Зеланд и Шпанија. На олимписките игри
во Атина во 2004 година, САД го доживеале нивниот прв олимписки пораз со
професионални играчи, потфрлувајќи на Порторико со цпораз од 19 поени разлика
и од Литванија во групни натпревари и биле елиминирани од Аргентина во
полуфиналето. Како резултат на тоа, тие го освоиле бронзениот медал поразувајќи
ги Литванија и завршувајќи позади Аргентина и Италија на конечната листа.

[уреди] Меѓународни ѕвезди во НБА

Кошаркарски турнири се одржуваат ширум светот за момчиња и девојчиња за сите


возрасти. Светската популарност на спортот е означена со голем број
националности кои што се застапени во НБА. Играчи од целиот свет можат да се
најдат во следниве НБА тимови:

• Ѕвездата на Чикаго Булс, крилото Луол Денг е бегалец од Судан со


живеалиште во Обдеинетото Кралство.
• Стив Неш којшто ги доби наградите MVP за 2005 и 2006 година е Канаѓенец
роден во Јужна Африка.
• Андреа Барњани од Торонто Рапторс, топ пик на НБА драфтот за 2006
година е од Италија.
• Суперѕвездата на Далас Маверикс MVP за 2007 година Дирк Новицки е
Германец.
• По Гасол од Лос Анџелес Лејкерс е од Шпанија.
• Топ пикот од вкупниот драфт на НБА Ендрју Богут од Милвоки Бакс е
Австралијанец. Исто така, почетникот за сезоната 2008 – 2009 Нејтан Џаваи
е првиот роден Австралијанец којшто играл во лигата.
• Центарот на Хјустон Рокетс Јао Минг е од Кина
• Предраг Стојаковиќ е Србин од Хрватска.
• Андреј Кириленко е Русин.
• Чуварот на Феникс Санс, Леандро Брабоса и предниот играч на Денвер
Нуџетс Нене се Бразилци
• Големиот човек на Кливленд Кавалиерс Жидринас Илгаускас и Линас Клиза
од Денвер Нуџетс се Литванци.
КОШАРКА
Веројатно ниту еден тим не се поврзува со странци како што е Сан Антонио Спарс.
Тројцата најзначајни играчи се интернационалците – Тим Данкан од Американски
Девствени Острови, Ману Џинобили од Аргентина и Тони Паркер од Франција.
Сограѓанинот на Џинобили е Андрес Ночиони кој игра за Сакраменто Кингс. Дури
во деведесетите години многу неамерикански играчи станале имиња во НБАкако
што се Хрватот Дражен Петровиќ и Тони Кукоч, Србинот Владе Дивац,
Литванците Авридас Сабонис и Сарунас Марчиулионис и Германецот Детлеф
Шремпф.

[уреди] Правила и прописи


Димензиите и временските ограничувања разгледани во овој дел варираат помеѓу
турнирите и организациите. Во овој дел се употребени меѓународни и правила на
НБА.

Целта на играта е да се победи противникот преку фрлање на топката горе низ


баскетот на противникот, додека се спречува истиот да го прави истото. Намерата
да се погоди поен е наречена шут. Успешен шут вреди 2 поени, или три поени
доколку ако е земена од другата страна на лакот за три поени кој пак е висок 6.25
метри (20 стапки и 6 инчи) од баскетот во меѓународни натпревари и 23 стапки и 9
инчи (7.24 метри) во НБА натпревари.

[уреди] Правила за играње

Кошаркарска екипа за време на тајмаут на натпревар меѓу Македонија и Летонија.

Натпреварите се играат во 4 четвртини од 10 минути (меѓународни) или 12 минути


(НБА). Универзитетските игри употребуваат полувремиња од 20 минути, додека
пак средношколските натпревари употребуваат четвртини од осум минути. Период
од петнаесет минути се употребува за пауза помеѓу полувремињата и две минути се
дозволени за други одмори. Продолжените периоди се долги по пет минути.
Тимовите ги променуваат мрежите пред второто полувреме. Дозволено е само
времето кога се игра. Часовникот застанува кога играта не е активна. Оттука,
натпреварите општо траат подолго сотколку времето за додадените периоди,
вообичаено околу 2 часа.

Пет играчи од секој тим (регистер од 12 играчи) можат да присуствуваат на


теренот. Замените се неограничени, но може да се извршат само кога играта е
запрена. Тимовите исто така имаат и тренер, кој го надгледува развојот и
стратегиите на тимот и другиот тимски персонал како што се помошници тренери,
менаџери, статистичари, лекари и тренери.

И за машките и за женските тимови, стандардната униформа се состои од шорцеви


и дрес со јасно видлив број, единствен во тимот, испечатен однапред и одназад.
КОШАРКА
Играчите носат високи патики коишто обезбедуваат екстра поддршка за зглобот на
ногата. Обично, имињата на тимовите, на играчите како и оние на спонзорите
надвор од Северна Америка се испечатени на униформите.

Дозволено е само ограничен број на тајм-аути, стопирање на часовникот побарано


од тренерот за кратки средби со играчите. Општо таквите прекини не се подолги од
една минути, а за телевизиските натпревари пак, потребен е епп пауза.

Играта е контролирана од судии од коишто еден е арбитар (главниот судија во


машките универзитетски натпревари и во НБА), еден или двајца судии (судии во
машките универзитетски натпревари и во НБА) и записничари. За
универзитетските натпревари, за НБА и за многу средношколски натпревари,
постојат вкупно три судии на терен. Записничарите се одговорни за следењето на
поените на секој тим, за задржувањето на времето и за индивидуалните или
тимските фаули ,за замените на играчите, укажуваат на поседувањето на топката на
тимот, како и часовникот за шутирање.

[уреди] Опрема

Единствена основна опрема во кошарката е топката и игралиштето : рамна


правоаголна површина со обрачи на спротивните краеви. Нивоата на
натпреварување бараат употреба на повеќе опрема како што се часовници, табли за
постигнатите поени, стрелки за измена на играчите и системи за оперирање со
свирчето и стопирање на часовникот.

Пропишано кошаркарско игралиште во меѓународни натпревари е долго 28 метри а


широко 15 метри (приближно 92 стапки со 49), а во НБА е 94 стапки со 50 (29
метри со 15м). Повеќето игралишта се направени од дрво. Челичен баскет со мрежа
и табла е обесена на крајот од игралиштето. Во речиси сите нивоа на
натпреварување, врвот на работ е точно 10 стапки (3.05 метри) горе на
игралиштето и 4 стапки (1.2 метри) внатре во основната линија. Варирањето на
димензиите на игралиштето и на таблата е можно, но се смета за важно баскетот да
биде поставена на точната висина, Работ којшто е помал а неколку инчи може да
има спротивен ефект врз шутирањето.

Исто така постојат прописи за тоа колкави треба да бидат димензиите на топката.
Ако играат шени, официјалната големина на топка е 28.5 инчи (големина 6) и
тежина од 20 унци. За мажи, официјалната топка е со опсег од 29.5 инчи (големина
7) и тежина од 22 унци.

You might also like