Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ДДВ

Данокот на промет бил типичен и најзначаен индиректен данок, којшто


се плаќал на потрошувачката на стоки и услуги, при што редовно се
вградува во цената на стоката односно услугата што ја купуваме. Во
Македонија постоеле две даночни стапки врзани за потрошувачката на
стоки-општа стапка од 25% и намалена стапка од 5%. Општата стапка,
од 25%, се плаќала за најголемиот број стоки и услуги, а намалената
стапка од 5%, само за стоките и услугите кои имаат битно значење за
одржување на животниот стандард на луѓето, значи само за најнужните
средства за живот.

Во современите даночни системи данокот на промет е заменет со


данокот на додадена вредност, којшто популарно се нарекува VAT
(Value Added Tax). Во Македонија на 1 април 2000 година, тогашниот
министер за финансии Никола Груевски го воведе ДДВ, наместо
постоечкиот данок на промет, со што општата стапка на промет на
производи (добра) и услуги се намали од 25% на 19% (за подоцна да се
утврди стапка од сегашните 18%). Овој данок се смета како едно од
револуционерните решенија на современата фискална теорија во
последнивае педесеттина години. Станува збор за данок типичен за
земјите со развиена пазарна економија. Неговата сеопфатност,
неутралност и ефикасност, се големи предности пред останатите видови
даноци. Сеопфатноста се огледа во фактот што на плаќање на овој
данок подлежат практично на сите стоки и услуги. Неутралноста значи
дека данокот на додадена вредност ги става сите стопански субјекти во
рамноправна положба и затоа не прави нарушувања во алокација на
ресурсите. Имено, ако некои претпријатија или цела гранки се во
привилигирана состојба во поглед на висината на даночната стапка, тие
може да покажуваат добри резултати во работењето, не заради
продуктивност, туку заради привилигиите што им ги дала државата
преку даночниот систем. На овој начин сигналите што доаѓаат од
пазарот се погрешни- се јавува дисторзија, нарушување во пазарниот
систем. Ако претпријатијата се стават во иста положба како и другите
преку даночниот систем, тие можеби ќе прикажат загуби од
работењето. Пазарната логика, во ваква состојба, наметнува
реалокација на ресурсите кон точките на попродуктивна употреба.
Ставајќи ги сите во еднкаква положба, данокот на додадена вредност се
покажува како доста неутрален данок кој во голема мера ги избегнува
пазарните дисторзии. Неговата ефикасност се огледа во големата
издашност, благодарение на самоконтролата што им ја наметнува на
даночните обвзрници, со што се стеснува просторот за евазија.
Даночната основица кај овој вид данок се утврдува на релативно
едноставен начин: од платениот данок на промет при крајната
продажба, се одбива платениот данок на промет при набавките,
односно претходните продажби. Врз основа, даночните обврзници се
стекнуваат со правото на даночен кредит, односно повратување на
претходно платениот данос со што фактички и се доаѓа до ситуација
данокот да се плажа само на додадената вредност.
Во најголемит број земји кои го воведоа данокот на додадена вредност,
постојат две даночни стапки: општа и намалена. Општата даночна
стапка, според директивите на ЕУ( данокот на додадена вредност е
задолжителен за земјите членки на Европската Унија, како и за земјие
кои се стремат кон ЕУ), треба да движи во просек помеѓу 15-19%. Но во
многу европски земји се сретнуваат и повисоки општи даночни стапко.
Така на пример, во 1997 година три земји имаа општа даночна стапка
од 25%- Шведска, Данска, и Унгарија, а шест земји, Норвешка, Полска,
Финска, Чешка, Ирска, и Белгија, општа даночна стапка од 20%.
Намалената даночна стапка се однесува на производите од витално
значење за животниот стандард на граѓаните и во најголем број на земји
е утврдена на 5%. Во некои земји(Данска, Хрватска и др.) не постои
намалената даночна стапка за нужните средства за живот, туку само
едниствена даночна стапка за сите стоки и услуги. Ваквото решение е
поволно од аспект на едноставноста на прибирањето на средства, но
крајно неповолно од социјален аспект, бидејќи и производите од
витално значење за животниот стандард ги оданочува според
единствената, повисока даночна стапка. Оваа солуција посебно тешко
ги погодува посиромашните слоеви на населението.
Во Македонија, постојат двете даночни стапки, при што оштата е
утврдена на 19%, а намалената на 5%.

You might also like