Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 9

Упатство за добивање пристап до системот на Регистарот за вистински

сопственици

бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1 1000 Скопје

Телефон: + 389 2 3288-602

Факс: + 389 2 3123-169

www.crm.com.mk

~1~
Предуслови
Потребно е да имате дигитален сертификат за кој се задоволени следните предуслови:
• Сертификатот е валиден (е издаден од овластените издавачи на територијата на државата и
со валиден рок на важност);
• Сертификатот да е претходно инсталиран на Вашиот компјутер;
• Сертификатот да може да се експортира.

Вклучете еден од прелистувачите:


Google Chrome,
Opera,
Mozilla,
Microsoft Edge.

Пристапете на страната на Централен Регистар и


продолжете кон заштитениот дел (кликнете на
„Најави се“).

Внесете го вашето корисничко име и лозинка.


Доколку немате креирано кориснички налог,
кликнете на линкот за регистрација („Регистрирај
се“) и креирајте нов корисник.

~2~
За да добиете пристап до Регистарот на вистински
сопственици потребно е да имате прикачено
дигитален сертификат на самиот кориснички налог.
За да го додадете сертификатот со кој подоцна ќе
можете да потпишувате пријави пристапете на
страната за управување со кориснички
сертификати.

~3~
Внесете име на сертификатот. Изберете го
сертификатот и неговата локација со помош на
контролата за избирање на датотеки (кликнете на
копчето „Избери“. Сертификатот треба да е
претходно инсталиран на вашиот компјутер или да
биде во .cer формат.
Прикачете го сертификатот со кликање на копчето
„Прикачи“.
По прикачување, сертификатот ќе биде додаден во
листата за преглед на сертификати.

По додавањето на сертификатот вратете се на


страната за преглед на достапни системи
(„Преглед > Достапни системи“).
Кликнете на полето „Побарај пристап“.

~4~
Изберете ја апликацијата за која сакате да добиете
пристап („Регистар на вистински сопственици“).
Изберете (кликнете) на улогата „Подносител“ и
кликнете на „Зачувај“.

По изборот на улогата се отвора Преглед на


дополнителни податоци кои треба да ги внесете за
да добиете пристап до апликацијата на Регистарот
на вистински сопственици.

Кликнете на стрелката пред „Дигитален


сертификат“ за да се селектира полето и кликнете
на копчето „Ажурирај вредности“.

~5~
Во полето кое се отвора кликнете на линкот
„Додади“.

~6~
Направете избор на сертификатот од листата која се
појавува при што истиот ќе се појави во полето
Нови вредности. Кликнете на копчето „Зачувај“, а
потоа на копчето „Зачувај Вредности“.

~7~
Во прегледот на дополнителни податоци треба да
се појават внесените вредности со назнака дека
вредностите кои се внесени се валидни (Колона
„Валидно“).
За целосно завршување на процесот на зачувување
на внесените вредности во рамките на
корисничкиот налог кликнете на кликнете на
копчето „Зачувај“.

~8~
Како потврда за успешното зачувување на
барањето за доделување пристап до Регистарот на
вистински сопственици се појавува соодветна
нотификација со известување за автоматски
одобрениот пристап и дека дополнително ќе биде
испратена соодветна маил порака.
Кликнете на копчето „OK“.

Ќе бидете насочени кон страната за Преглед на


апликации каде имате пристап. Во табелата ќе се
појави и Регистарот на вистински сопственици.
Кликнете на линкот „Отвори“ за да пристапите до
системот на Регистарот на вистински сопственици.

~9~

You might also like