Professional Documents
Culture Documents
договор за дело
договор за дело
договор за дело
ДОГОВОР ЗА ДЕЛО
за вршење на услуги
ДОГОВОРНИ СТРАНИ :
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој Договор е работа од страна на изведувачот за потребите на нарачателот
односно хотел Изгрев - Струга и тоа вршење на услуги за кои изведувачот и нарачателот
претходно се договориле.
ОБВРСКИ НА ИЗВЕДУВАЧОТ
Член 2
Изведувачот се обврзува работите од член 1 на овој договор да ги изврши во во
време и место кое ќ е го определи нарачателот.
Член 3
Во случај на било каква контрола, изведувачот на работите ги превзема сите
обврски во однос на завршување на работата како и одговорноста од било каква
последица произлезена од овој договор.
Член 4
Изведувачот сам си носи опрема и на свој товар ги сноси трошоците за превоз.
ОБВРСКИ НА НАРАЧАТЕЛОТ
Член 5
Нарачателот се обврзува, како надомест за извршената работа од чл.1 на овој
договор, по завршувањето на работите да му плати како следува :
Член 6
Налогодавачот ќ е ја следи и контролира работата на изведувачот во сите фази на
нејзиното извршување.
ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 7
Изведувачот се обврзува да, ако не се јави кај налогодавачот и не ја изврши
работата од чл.1, 2 и 3 од овој Договор, на налогодавачот да му исплати износ од
150.000,00 денари, на име на штета и нарушување на угледот и реномето на
налогодавачот.
Член 9
Во случај на спор, надлежен е Основниот суд во Скопје.
Член 10
Овој Договор стапува во сила со денот на потпишувањето, а важи само за терминот за кој
е договорен во член 1 на истиот.
Член 11
Договор е составен во 3 истоветни примероци од кои 2 за налогопримачот и 1 за
налогодавачот и секој од нив се смета за оригинал.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
Изведувач За нарачател
_________________________ ______________________________