Professional Documents
Culture Documents
Верата без добри дела е мртва
Верата без добри дела е мртва
2017
Проследете го интервјуто...
Точно така, пред само неколку месеци поминаа четири години од мојата
интронизација како прв Митрополит Тетовско – гостиварски на новоформираната Тетовско
– гостиварска епархија. По послушание на Светиот архиерејски синод застанав на чело на
епархијата. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам најнапред на Архиепископот г.
г. Стефан и на Митрополитот г. Тимотеј за довербата, но и на останатите членови на
Светиот архиерејски синод. И сега се сеќавам на зборовите на Неговото Блаженство,
Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан искажани во беседата при
востоличувањето: „Доаѓаш во предели каде се длабоки и древни христијанските темели...
Ќе бидеш архиереј меѓу народ каде што по крстот и по полумесечината се идентификува и
препознава секој човек и секоја населба...Чувај го Лешочкиот манастир со неговите стари и
нови лузни и светињите во доверената епархија!“ И токму така, голем крст и големо бреме
зедов врз мене. Уште од самиот почеток имаше бројни предизвици и широко поле за работа.
Бидејќи епархијата беше новоформирана, освен пастирските дејности имаше и голем број
административни задачи за решавање, па требаше брзо да се делува за работите да течат во
полн тек.
Како што спомнав во мојата пристапна беседа: „... ни претстои многу работа... со цел
црковните и манастирските ѕидови да видат народ, кој постојано ќе пребива во нив“ –
фокусот на мојата епархиска дејност беше да ја засилам мисијата помеѓу доверениот народ
за да го засилам литургиско – богослужбениот живот во епархијата. Така уште од првиот
ден започнав да се трудам со Божја помош секако, да ја исполнувам мојата основна и
најважна задача: да сведочам за Христа, да Го проповедам Христа, да ги повикувам луѓето
да пристапуваат кон Христа и во Христа да се преобразуваат и спасуваат. За сето тоа ми
беше најпотребна соработка од свештенството и народот, па изградив добри релации и
добар однос со нив, направив тим и започнавме со бројни проекти. Во почетокот
започнавме со реконструкција и реновирање на соборните храмови, потоа со обнова на
голем број други храмови низ епархијата. Се поставија камен темелници за нови храмови,
се изградија и осветија голем број на храмови и манастири. Со сето тоа се обезбедија услови
за подобар литургиско – богослужбен живот на народот. Успеавме да го формираме
епархиското списание „Огледало“, на чиј најнов број се радувавме деновиве. Епархијата
посвети внимание и на хуманитарната мисија и на многу други проекти.
Сакал или не, мораше веднаш да започнам со активна архиерејска дејност, пред сè
поради Православната црква и мојот верен народ. За да успеам во мојата зададена цел да го
засилам литургиско-богослужбениот живот во епархијата мораше да се започне со
основата, да се стави темелот, т.е. акцентот на обнова и активирање на пастирската служба,
која е двигател на мисијата. Со текот на времето, неуморно работејќи на новата нива
Господова, со моето свештенство успеавме постепено да го засилиме веќе постоечкиот
литургиско-богослужбен живот во епархијата. Што се однесува пак за мисијата помеѓу
младиот човек – тоа ми е примарна цел, бидејќи младиот човек, кој е иднината не само на
светот, туку и на Црквата како никогаш до сега страда и талка по замките на овој свет. За
жал, младите денес најчесто имаат погрешни претстави за Црквата. Заради тоа, лично јас
особено вложувам сила и енергија во мисија помеѓу најмладите, но исто така и
свештенството. Ете и сега ги повикувам сите заедно да ја засилиме мисијата, да им Го
откриеме Бога не само преку проповед, туку и преку нашите дела да Го посведочиме нашиот
Бог и нашата вера.
4 – Оваа 2017 година е значајна година за МПЦ – ОА. Се навршија цели 50 години од
возообновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската
православна црква. Од позиција на архиереј како би го отцениле полавековниот развој
и живот на нашата Црква?
Од сето ова може да се заклучи дека Бог обилно нѐ дарува со неговата благодат.
Многу работи се направиле, а во иднина ни следуваат уште бројни проекти, кои се надевам
дека со Божја помош ќе ги оствариме за духовна полза на нашите верници. Сето ова што го
споменав сведочи за позитивниот воскресенски развој на нашата Црква славеничка.
1 – „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета
своја сила, со сите свои помисли!“ (Лука 10,27) и
8 – За крај, ова е прилика да упатите и своја Божиќна порака преку нашиот портал.
Која е Вашата порака до сите верници?