TD Komjuteri I Pecatari

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 13

ЈП ИСАР-Штип

НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ

ЗА НАБАВКА НА СТОКИ-
Набавка на персонални комјутери и печатари

Штип, Април , 2021


Инструкции за понудувачите

1. Договорен орган
Договорен орган е ЈП ИСАР-Штип, со адреса на ул.Г.М.Апостолски бр.37, телефон за
контакт 032/391-125 локал 127, факс 032/392-671 електронска адреса
jpisar_tenderi@yahoo.com, контакт лице за технички прашања Лазе Нацев 078-656-564
2. Предмет на договорот за јавна набавка
2.1. Предмет на договорот за јавна набавка на стоки - Набавка на персонални
комјутери и печатари
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во
прилог на оваа тендерска документација.
Време на извршување на набавката е за период од 12 месеци.

2.2. Предметот на договорот не е делив.Економскиот оператор во својата понуда треба


да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива
.Економскиот оператор не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел.
За целиот дел предмет на договорот ќе се спроведе електронска аукција преку
електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk). Предмет на
аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ за
предметот на договорот за јавна набавка.Понудената цена треба да ги вклучува и
увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно.

3. Начин и рок на испорака


Економскиот оператор е должен да ја испорача бараната стока најкасно за 20 (дваесет )
календарски дена по примена писмена нарачка од страна на Договорниот орган.
Набавката е по потреба во рок од 12 месеци. Рокот на испорака не предмет на
бодирање бидејќи истиот го дефинира Договорниот орган.Местото на испорака е
франко магацин на ЈП ИСАР-Штип.Секоја понуда која ќе содржи место на испорака
поинакво од горенаведеното ќе се смета за неприфатлива од страна на комисијата за
јавни набавки.

4. Разлики во цена (корекција на цени)


Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на
најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна
набавка.

5. Начин и рок на плаќање


Начин на плаќање е Вирмански, Договорниот орган плаќањето ќе го врши до 60
календарски дена сметано од денот на доставена фактура.Составен дел на фактурата
треба да биде испратница потпишана од двете страни(лице од договорниот орган и
лице од економскиот оператор. Рокот на плаќање го одредува Договорниот орган и е
обврзувачи за секој економски оператор.Овој елемент не е предмет на бодирање.

6. Право на учество
6.1. Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата
економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна

2
референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со
економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
6.2. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и
физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со
предметот на договорот за јавна набавка.

6.3. Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во
соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да
се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на
набавката.

6.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој
членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се
обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги
содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно
кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на
групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на
групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис
на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на
договорот.

6.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни


пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе
комуницира со претставникот на групата на понудувачи.

НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на понудата сите членови на групата треба


да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

6.6. Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за


јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени
ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда
или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна
понуда.

6.7. Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една


понуда.

6.8. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршување на договорот за јавна


набавка ќе важат одредбите од член 118 од Законот за јавните набавки („Сл.весник на
РМ“ бр.24/2019)

6.10. Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да


бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на
договорот.

7. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите


За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора
да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

3
7.1. Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење
на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа
на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде
што е регистриран.

9. Начин на докажување на способноста на понудувачот


Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на
личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда.
Исполнетоста на останатите критериуми за утврдување на способност,
понудувачот ја докажува со доставување на потребната документација утврдена
во овој дел од тендерската документација:

8.1. За докажување на способноста за вршење на професионална дејност


Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, економски
оператор треба да достави доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за
вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на
соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е
регистриран.

9. Појаснување, изменување и дополнување на тендерската документација

9.1 Појаснување на тендерската документација


8.1.1. Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската
документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН
најдоцна 4 (четири) дена пред крајниот рок за поднесување понуди.

9.1.1.2. Договорниот орган е должен да одговори на сите прашања или барања за


појаснување или измени кои економските оператори можат да ги постават во врска со
тендерската доикументација,под услов истите да бидат поднесени најмалку 4
(четири) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

9.1.3. Одговорите, како и измените и дополнувањата на тендерската документација,


договорниот орган во најкус можен рок ги прави достапни на ист начин како што ја
направил достапна и тендерската документација,но не подоцна од 2 (два) дена од
крајниот рок за поднесување на понудите.

9.1.4. Договорниот орган може во рок од најмалку 2 (два) дена пред крајниот рок за
поднесување на понуди,по свое наоѓање или врз основа на поднесени прашања или
барања од економските оператори,да ја измени или дополни тендерската
документација.

10. Изготвување и поднесување на понудите

10.1. Начин на изготвување на понудата


Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската
документација.Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил
договорниот орган.Договорниот орган може .во исклучителни ситуации кои не
настанале по негова вина,да побара од понудувачите продолжување на периодот на
важност на понудите.
10.1.2.Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и
попусти на вкупната цена на понудата,без ДДВ кој се искажува посебно,во денари или
во валута како што е утврдено во тендерската документација.

4
10.1.3.Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред
истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
10.1.4Понудувачот во рамките на иста постапка за јавна набавка може да учествува
само со една понуда.
Сите понуди ќе бидат отфрлени ако понудувачот учествува во повеќе од една
самостојна и /или како член во групна понуда и ако учествува како подизведувач во
друга самостојна и или/како член на групна понуда.

11. Елементи на понудата


Понудата треба да е составена од следниве елементи и според следниов редослед:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2)
- Документ за регистрирана дејност,

- Економскиот оператор да достави табеларен приказ со технички карактеристики


за понудената стока

12. Јазик на понудата


Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се
разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на
неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел
од понудата може да бидат на друг јазик, под услов да се придружени со точен превод
на македонски јазик.

12.1. Период на важност на понудата


Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот утврден како краен рок
за поднесување на понудите/на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите
нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период
на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат
отфрлени како неприфатливи.

13. Краен рок и место за поднесување на понудите

13.1. Краен рок за поднесување на понудите 04.05.2021 до 10.00 часот


13.2.Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса:
https://www.e-nabavki.gov.mk.
13.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите
нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и
договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се
прикаже при јавното отворање на понудите.

14. Отворање и евалуација на понудите

14.1. Отворањето на понудите е јавно.


Отворањето на понудите започнува во времето определено во тендерската
документација како краен рок за поднесување на понудите.
14.1.2. При отворањето на понудите ниту една понуда не се отфрла.
14.1.3. Пред да пристапи кон евалуација на понудите,комисијата изготвува записник од
отворањето на понудите согласно член 108 став 7 8 и 9 од Законост за јавните набавки
(„Сл.весник на РМ“бр.24/2019)

15. Критериум за доделување на договорот

15.1. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За


носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска

5
цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како
прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се
врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на
понудените цени.

15.2. Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи


електронска аукција како последна фаза во постапката со барање за прибирање на
понуди. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите
трошоци и попусти без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена,
од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за
учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната
евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле
прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани со активиран
кориснички профил во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското
сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН на лицето за контакт наведено во Образецот
за понуда кое претходно е регистрирано и има активен кориснички профил во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната
цена на аукцијата, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата;
интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална
разлика во понудени цени. Доколку е поднесена само една понуда или само една
прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да
поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се
содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде
предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред
поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена.
Доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една
прифатлива понуда, електронската аукција нема да се спроведе

16. Доделување на договорот за јавна набавка


16.1. Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во
постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на
економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
16.2. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде
избран оној кој прв ја поднел понудата
16.3. Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа
две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолна ќе биде избрана порано
поднесената понуда.
16.4. Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, договорниот орган
може да му го додели договорот за јавна набавка на економскиот оператор чија
првична прифатлива понуда има најниска цена. Во случај во текот на аукцијата да нема
негативно наддавање, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна
набавка на економскиот оператор чија првична понуда е со најниска цена или да ја
поништи постапката доколку се поднесени цени понераеални од реалните на пазарот.
16.5. По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач,
доколку предметот на набавката или поединечниот дел се состои од повеќе ставки,
цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое
ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на
избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната
понуда (по завршувањето на аукцијата). набавка.

17. Известување за доделување на договорот за јавна набавка


17.1. По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се
објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за
економскиот оператор кој што поднел понуда со најниска цена Известувањето е од

6
информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од
електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
17.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска
форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од
донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други
економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, одлуката кој е
најповолен економски оператор, како и за причините за неизбор на нивната понуда.
Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во
извештајот од спроведената постапка.

18. Правна заштита


Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и
кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите
од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и
пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за
доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката
предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува
со електронска аукција се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен
понудувач или поништување на постапката.

19. Завршување на постапката за доделување на договор за јавна набавка


19.1. Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на
конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

7
Техничка спецификација

1 ПЕЧАТАР Единечна Количина


мера
Брзина на печатење црно: Нормално: До 38 стр / мин. 1 Парче 3
Квалитет на печатење црно (најдобро): До 4800 x 600 подобрени
dpi,
Циклус на работа (месечно, А4): До 80.000 страници
Препорачан месечен волумен на страница: 750 до 4.000
Технологија на печатење: Ласер
Брзина на процесорот: 1200 MHz
Јазици на печатење: PCL 5, HP PCL 6, Postscript Ниво 3
емулација, директно печатење во PDF (v1.7), URF, PCLM, PWG
Поврзување, стандард: 1 USB 2.0 со голема брзина
1 Host USB
1 гигабитна етернет мрежа 10/100 /1000T
Подготвена мрежа: Стандард (вграден гигабит етернет)
Меморија, стандард: 256 MB DRAM;
256 MB NAND Flash
Излез за ракување со хартија, стандарден: корпа за излез од 150
листови
Максимален капацитет за излез (листови): До 150 листови
Дуплекс печатење: Автоматско (стандардно)

2 Мулти функционален печатар


Функции:Печатење, копирање, скенирање, Парче 2
Технологија за печатење:Ласер
Резолуција (црна) До 600 x 600 dpi, FastRes 1200 (квалитет 1200
dpi)
Месечен циклус на работа до 10 000 страници
Препорачан месечен волумен на страница од 150 до 1.500
Екран на допир, ЛЦД
Поврзување, стандард
Hi-Speed USB 2.0 port (device); built-in Fast Ethernet 10/100Base-TX
network port; Phone line port (in/out), wireless
Network ready
Standard (built-in Ethernet, Wi-Fi 802.11b/g/n)
Ports
1 Hi-Speed USB 2.0 (device); 1 Ethernet 10/100Base-TX; 1 phone
line (in); 1 phone line (out)

2. Статичен Компјутер

-CPU AMD Ryzen 5 1600 6-Core 3.2GHz (3.6GHz Max Boost) Unlocked 65W Парче 4
CPU Desktop Unlocked Processor with Wraith Stealth Cooler (процесор со

8
ладење)

-MB MSI A320M A-PRO RYZEN DDR4-3200MHz USB3.2 DVI/HDM


(матична плоча)

-Intel 512GB SSD 660p Series M.2 NVme PCIe 3.0 x4 3D2 QLC
SSDPEKNW512G8X1 (мемориски диск)

-Open GL 4.0 compatible graphic card 4GB VRAM (графичка картичка)

-DIMM 16GB DDR4 2666MHz Kingston HyperX Fury Black CL16 (RAM
меморија)

-ATX Midi Tower Case Matrix MX-11 w/ 700W PSU Black (куќиште)

-DVD RW +/- Gembird External USB 2.0 Black Slim (режач за DVD)

- Економскиот оператор да достави табеларен приказ со технички


карактеристики и модел кој што го нуди за понудената стока

Комисија за Јавни набавки


Претседател
Лазо Тодоров

9
Прилог 1 – Образец на понуда

Врз основа на огласот објавен од страна на ЈП Исар-Штип, за доделување на договор за јавна


набавка на - Набавка на персонални комјутери и печатари со спроведување на
постапка Набавка од мала вредност која се спроведува преку ЕСЈН , а завршува со е-аукција преку
Електронскиот систем за јавни набавки (https://www.e-nabavki.gov.mk), и на тендерската
документација, ја поднесуваме следнава:

ПОНУДА

Дел I – Информации за понудувачот

I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________


I.2. Контакт информации
 Адреса: ______________________________________________________
 Телефон: ______________________________________________________________
 Факс: _________________________________________________________
 Е-пошта: _____________________________________________________________
 Лице за контакт: _______________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________
I.4. Даночен број: ______________________________________________________

Дел II –Финансиска понуда

Р. Предмет на договорот за јавна набавка Единечна Количина Единечна Вкупен ДДВ Производител
бр мера цена без износ без
ДДВ ДДВ

ПЕЧАТАР
1
Брзина на печатење црно: Нормално: До Парче
3
38 стр / мин. 1
Квалитет на печатење црно (најдобро):
До 4800 x 600 подобрени dpi,
Циклус на работа (месечно, А4): До
80.000 страници
Препорачан месечен волумен на
страница: 750 до 4.000
Технологија на печатење: Ласер
Брзина на процесорот: 1200 MHz
Јазици на печатење: PCL 5, HP PCL 6,
Postscript Ниво 3 емулација, директно
печатење во PDF (v1.7), URF, PCLM,
PWG
Поврзување, стандард: 1 USB 2.0 со
голема брзина
1 Host USB
1 гигабитна етернет мрежа
10/100 /1000T
Подготвена мрежа: Стандард (вграден
гигабит етернет)
Меморија, стандард: 256 MB DRAM;
256 MB NAND Flash
Излез за ракување со хартија,
стандарден: корпа за излез од 150

10
листови
Максимален капацитет за излез
(листови): До 150 листови
Дуплекс печатење: Автоматско
(стандардно)

2 Мулти функционален печатар


Функции:Печатење, копирање, Парче
2
скенирање,
Технологија за печатење:Ласер
Резолуција (црна) До 600 x 600 dpi,
FastRes 1200 (квалитет 1200 dpi)
Месечен циклус на работа до 10 000
страници
Препорачан месечен волумен на
страница од 150 до 1.500
Екран на допир, ЛЦД
Поврзување, стандард
Hi-Speed USB 2.0 port (device); built-in Fast
Ethernet 10/100Base-TX network port;
Phone line port (in/out), wireless
Network ready
Standard (built-in Ethernet, Wi-Fi
802.11b/g/n)
Ports
1 Hi-Speed USB 2.0 (device); 1 Ethernet
10/100Base-TX; 1 phone line (in); 1 phone
line (out)

3 СТАТИЧЕН КОМЈУТЕР
Парче
CPU AMD Ryzen 5 1600 6-Core 3.2GHz (3.6GHz 4
Max Boost) Unlocked 65W CPU Desktop
Unlocked Processor with Wraith Stealth Cooler
(процесор со ладење)

-MB MSI A320M A-PRO RYZEN DDR4-3200MHz


USB3.2 DVI/HDM (матична плоча)

-Intel 512GB SSD 660p Series M.2 NVme PCIe


3.0 x4 3D2 QLC SSDPEKNW512G8X1
(мемориски диск)

-Open GL 4.0 compatible graphic card 4GB


VRAM (графичка картичка)

-DIMM 16GB DDR4 2666MHz Kingston HyperX


Fury Black CL16 (RAM меморија)

-ATX Midi Tower Case Matrix MX-11 w/ 700W


PSU Black (куќиште)

-DVD RW +/- Gembird External USB 2.0 Black


Slim (режач за DVD)

Вкупен износ без ДДВ:

11
II.2. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ,
изнесува: _______________________________________________________ [со бројки]
(__________________________________________________________) [со букви] денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува ________________.

II.3. Нашата понуда ваши за периодот утврден во тендерската документација.

II.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во


тендерската документација.

Место и датум Одговорно лице*

___________________________ ___________________________
(потпис)

*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на


валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

12
Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата

ИЗЈАВА

Јас, долупотпишаниот ______________________________________ [име и презиме], врз основа


на член 101 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на
понудувачот________________________________________________________, изјавувам дека во
целост ја гарантирам содржината на понудата и дека понудата е валидна и правно обврзувачка
за нас во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност.

Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од прекршување на оваа изјава во
случаите од член 101 став 7 од Законот за јавните набавки, што ќе доведе до издавање негативна
референца од страна на договорниот орган против понудувачот во чие име и за чија сметка сум
овластен да ја дадам оваа изјава.

Место и датум Одговорно лице

___________________________ ___________________________
(потпис) *

*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на


валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.

13

You might also like