Слово заради завист

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Слово заради завист

О прокљатаја и на Бога мерзкаја и всепогана и што губи души завист! Она е семја на секо
зло и грех. Таја скверна завист, јадовита и гнусна, она испоганила небо и земља и запалила
пламен вечнија муки.

Первиј согрешил на небеси Денница, сос завист и фодуллук. Така и Адам у рај што му
заповедал Бог, не послушал и отпаднал од Бога. А по Адама и Каин испаден сос завист.
Ама тија первии грехове излегли од дјавола што бил Денница. Адама и Каина тој ги
научил на зло. Од завист помрачил се и потемнел што бил глава на ангелите, првиј над
серафимите, најхубава Денница утро што изгрева и сијае. Прво видел неизреченаја
хубавина што е колку три слнца – светлост божества. Паднал у завист, пак си подигнал
срдцето на гордост, на фодуллук, па сакал да биде Бог. Рекл на срдцето си и на умо си:
„Да се искачим на небото како Бога да бидем“.

Завист Данница ангела помрачи, потемни, падна у фодуллук. Не салт што мислил да биде
равен токмо с Бога, но сакал да разумее божество. Денница сакал да излезе на високо
место на небеси, и станал дјавол и паднал најдоле под земли, длабоко в бездну. Великиј,
голем и светлиј ангел учинил се и станал страшниј дјавол темниј. Пременил си онаја
голема чест на вечна мука и изгубил божественних дарованиј светло истаканниј
украшенија што го Бог бил украсил. А он останал гол, и како бил јак и тверд, на секо зло и
от това се распалил повеќе у ненавист и душманл`к на Бога, сопира се Богу како
богоборец и отступник. Кога познал зашто не може да учини нешто сопротивно на Бога,
тој обрнал оружие да чини војска сос човеци. Има еден ѕвер, свиреп и љут, име тому:
барб, та многу ненавиди човеци и ако види човека трчи на него и сичка своја љутина
излива докад да се насите. Така и дјавол што ненавиди добро не могл да учини некоја
пакост на Бога, како видел человека одушевлен, сос душа, потрчал право на него и
нападнал змиј јадовитиј како видел он Адама со слава и у почест увенчана у рај сладости
и цар на сичко што е на земљата. Затова дјавол от завист се разранил и от ненавист, зашто
е многу завистлив. Подговори и прелагал ги, склонил ги да не послушат Бога предеди
наши. И тогива се зарадвал зашто ги видел испадени из рај. И кога чул зашто ги предал да
умрат, како рекл им Бог – смертију ќе да умрете, – богоборец посрамисја што досади Богу.
На човека отврнал, на Бога не могл да отврне, – каже свјатиј Василиј.

Ами како пак не видел он зашто скоро не умират Адам и Ева, како што ги гледал смертни,
не хтел да почека ни минута, учинил та скору влезнала у свето смерт: напоил јадом
зависти Каиново срдце и рацете му вооружил и научил да го убие брата своего Авеља. И
фанала земљата да се оскверњава сос кров човечка. Видиш ли колку зла од едно зло?
Видиш ли како дјавол се наситил на сичко големо зло ненеситное свое намерение? Видиш
ли додека дошла завист, исполнила? И тако все това отступление било војска на небеси,
што смутил се блаженниј што имал между ангели мир, зашто паднала Денница у бездна и
како змија сос опаш свој трета част умних ѕвезд, сиреч ангели. Зашто се разгорел у
утробата землена неугасимиј огин вечнија муки. Еве това излегло од завист, зашто
преступиле заповест божја Адам и Ева, и испадили ги от рај сладости. Терние и волчци
осужден Адам сос пот да работи и да се труди да се храни, а Ева у жалости да ражда деца.
Они били безсмертни, да не умират никога, а после станале да умират. Што ние бедни
чеда нашли сме прадедините грехове, а и при това божија клетва и гнев, сè това изнела
прокљата завист. Што брат неправедно, безчеловечно брата своего, што сос крв безгрешна
он осквернил чистују земљу, што отворил страшнаја врата клетви, сос неја влезнало у
човеците смерт, сè това донела завист богоборства началница. Она учи да се не слуша
заповед божја, братоубиственна мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло.

Завист не е друго што, салт на сердце печал, жалба от благоуспешности ближњаго


произходјаштаја. Кому некому комшијата му прокопсува, а кој е завистлив, он завиди,
оттамо излази завист.

_____________________

непознати зборови:
ненавист – омраза;
фодуллук – гордост, надменост
сиреч – т.е.

 
Извадоци од „Слово за празниците“ (Пејчиновиќ)
Прв извадок

Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а
заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо.
Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо,
зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери
мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од
Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?

Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко,
токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо
мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино
без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат. А мије и празникот што го
служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот
вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го
молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и
нафиле си арчите арчот.

Ако сакаш да ти се фати што го служиш, што го молиш, слушај да ти кажем како да
чиниш. Спроти ден отиди у црква, узми свеќа, темјан и масло за кандилата, запали и
помоли му се Богу со молитвата от светецот што го служиш, со негоата молитва да ти
прости. Ама ти да простиш свакому кои што ти досади, иди прости се со него, зере и Бог
не ти проштаа; ако служиш светца, – и светецот нема што да чинит от када имаш лошо
срдце.

И опрости се и помоли се за себе и за него, пак дојди дома, помисли имаш ли некој
преател или непреател, има ли некои хапс, има ли неко болен, има ли некои гол, има ли
некои гладен, и иди види га, отнеси му или заире, или дрва, или штогод, и речи му: „На ти
брате за утрешен, или денешен, за негоо имја“. И вечерта седни вечерај мирно, не пој
песни раскошни, не седи до полноќ, легни порано стани порано, узми просфора и свеќа,
иди у црква на славословие и на божественаја служба, сиреч на литурѓија, и дури седиш у
црква не мисли за на дрва, за дома или за трговина, баш и некоја наволја ако имаш, пак да
не мислиш и за њу, токо оставија на Господа, и Господ похубаво ќе ти ја расправи от тебе,
ти ништо не можеш без Бога.

Пак у јутру ашче излезеш от црква, сиромаси просјаци што са пред црковна врата дади им
по нешто мало на свакого милостиња, ќи Бог и тебе да те помилува, зашто така вели
Христос:„Кој дава ним, мене дава, и ја ќе му вратим отвише и на овој свет и на второ
пришествие мое во царство небесное.“

Втор извадок
А вије се надеате на курбани што колете на Атанасов ден, со тоа да угодите Богу. А не
знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христијанска. Тој
христијанин што коле курбан не ест христијанин, токо ест евреин или идолопоклонник, и
тој свешеник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за
месо, а у закон христијанскиј немат писно поп да чати на овен а христијани да колет
курбан.

Трет извадок

Затоа сакат и требет у празник, зашто се велит да си празен от работа, пак да се соберет у
црква и поп да ви кажует што видел у писание и вије да слушате. Зашто велит Бог:
„Приидите, чеда, послушајте мене,“ и паки на Богојавление у тропарите Дух Свјатиј
велит: „Глас господен на водах вопиет глагоља: приидите, приимите вси духа
премудрости, духа разума, духа страха божија.“ Викат Дух Свјатиј за наше добро, а вије
ѓоа сте дошле у црква, ама со све срдце не стоиш ли во неа, токо срама ради си дошол
колку за закон, да не речат: онсица го немат у црква, и ти си дошол, и мислиш от црква
излагаиќи кого да избањаш у вода, да досадиш на празникот, а да не угодиш; и пак велиш:
пречинихме Водици, учинихме закон, и за многу години да бидет.

Поклади идет, се чудиш колку манџи да напраиш. Пак се берете по две куќи по три на
едно да покладите, да разлагуете, да поете песни соблазнителни. Да јадете до ден, да се
опиете и скверна безделија да чините за три дни. Немојте христијани, не губете си душите,
не празнујте погански. Сам поклади си со својата челад, штогодер јади, помало пии,
поскоро стани, метание чини, зашто утре велик пост.

Зашто го велат велик, голем? Зашто голем колку божиќниј пост и он. Зашто го велат
великиј пост? Зашто голем захмет требе да тегнеме во него, многу метание, многу
богомолство, непиење, нејадење, нелутење се, некарање се, со жена си у постела
неспиење, крштење, сриг и сваќи и гозби нечинење, непцуење се, неврежуење се,
опростуење се, сиромаа пригледуење, утро вечер, на полдне, три пути денес када се
крстиш, метание да чиниш. Бога да молиш да ти прости што си чинил сва година.

И зашто го викаат великиј пост? Зашто ест десеток он. Демек, на годината имат 366 дни,
от десет еден да дадеме Богу, другите нам 9 дена. Што си грешуал срдце, да ти простит и
да те помилуват во тија дни. Десетоците собрани на куп во великиј пост, от субота и
недела башка, чинат 36 и пол со велика субота и со ноќта спроти велик ден. До полноќ све
се постит, никоа суббота не се постит, салт велика суббота се постит и спроти неделата до
полноќ. Така се плаќа десеток Богу, така се измолует Бога.

Четврт извадок

Ете тако се празнует великиј ден, кој ест христијанин и кој ест радлив за своја душа. А
како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо. Ни христијани можем да ги наречем
ни пак неверници. Велики петок и велика суббота јадат и пијат, у великиј пост хора
играат, со жена у постеља спијат, на забита се клеветат, давиа чинат, се пцуат, се тепаат,
на сам ден велик ден причешна чекаат. А, попот узел, осум села попуат, каде понапред да
стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатиј тајн.
А едни сиромаси христијани, дури ги жалим, зашто до само полдне чекаат попа, на сам
царскиј велики ден гладнии стоат и чекаат попа да му донесат причесна и викаат: „Се
забави попот, тоа му било, она му било!“ Дргии пак велит: „Хајде да му се натепамо, ќи
уште еднаш да не забават!“

А еднии чорбаџие што сет, мало позенгини, како кметинке, пак тије велат: „Не така. Да го
тепамо ќе не глобит забитот. Токо мије, ка што сме се собрале в куп, да идемо да однесемо
овен на агата или на пашата, да му аливерисамо ќутек, ем да го напудимо, да земемо
друготого попа, ако е подалеко со куќата.“ Пак другиј кмет велит за друготого попа:
„Каков глобар ест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават ама баре
помало земат, ем вересие пеет, чекат за паре со години, а другиот поп со Турци си земат
хакот, ако му не платиш.“

Петти извадок

Вије сиромаси, честите човека више од Бога и затова не чува Бог, и град биет и друго
нешто. А богатите честат цревото свое, а не Бога, велат: „Овоа похубаво нека стоит да го
јадеме не тој ден, на оној, кога ќе имамо гости.“

Да, затоа христијани паѓат град, зашто сте едни человекоугодници, а не богоугодници, а
не познаете свој грех, свој кабает, свое безумие, токо велите: „Не држиме четврци затова
паѓат град“, попотого го карате зашто работит во четврток, што не сте достојни да го
учите а дила да го карате.

Затова паѓат град и заради други поганштие што се чинат: или скришом се фрлило копиле,
или скришом се отепал некои некого, ем не знает кои, или се клеветите меѓу себе, или
гараз држите, не се проштавате, или причесна не исповедани земате, или у црква унутра
мирски песни пеете, или сиромаху, или сакатому, пелтеку, шушкавому, муткавому,
гушавому, халосаному, хулавому, будалому, грешному се смеете, шегате го, пудите го,
задирате го, со него егленче чините, и за други грехови таквија, затова идет гнев Божји на
сини непокоривија.
Предисловие (кон „Утешение грешним“)

„Мнозина на старо време сакаха да остават некое вечно по своја смерт, ради да се спомни
нихно име вечно, по свој народ: едни царови, други благородни мужи но не сподобиха се.
Оти: все что сотрориха, или направиха, сето тлено е суетно на кое што беше радение
нихно, да создадат некој град многонародни, или некој образ идолски, или некој столб
велики, или некоја мудрост мирскаја и ради сије не сподбиха се да се спомни нихно име
вечно; всето изгуби се и името нихно со мудроста нихна, оти беше раденето нихно все на
мирољубие и не имаха смисла нихна ради душевное спасение, како да спасат некој
человек от расторен ум сиреч: от гордост да го приведат на смирение, од среброљубие на
милостиња, от завист на љубов.

И заради това остана радението нихно погубено и во всуета.

Глагољу и ради человеци богу избрани и православнија вери љубители: како непрестајно
ревност имајат да помогнат на православните христијани, едни учители со поучение,
друзи милостивии со помошт, таквија человеци истина велим: оти сегде сут у спомен и у
похваление и у всегдашно ублажение. И како тука на овој век споменот им ест вечер, тако
и Господ наредуе им венци нотсипаниј, и сут наследници во царство небесное. Блажен ест
от љубочитатели христијани и твој человек преподобниј јеромонах Кирил что обретаетсја
во монастир светаго Анастасија, ктитор бист кнез Лазар серпскиј, за овој отец глагољу,
аште не бил он помогнал, не би била потправена и типографија наша, оти беше изгорела, и
сега надееме на бога оти нели толко ја оправихме, има бог и за повише. Но овој блажениј
человек со толку труд и со божественаја ревност за христински љубов зеде и приведе
оваја книжица, глаголемаја: Утешение грешним; како седе и собра слово от божественое
писание, от евангелие, от ветхаја завет от псалтир, и от книги глаголемија Илија Минијат,
и от други примернини историјами да приведе ги со толкование на прости јазик
болгарскиј Долнија Мисии скопскиј и тетовскиј.

Да ја читат и простио народ да ублажеат на таков православниј учител, оти можат да


познајат от сие учение и не можат да речат, пошто не можеме да познаеме оти ест по
славјански или по росискии јазик, еве кључ что отворует сердцето ваше; не кључ от злато
или от сребро, но, кључ од железо и чилик, что да не се вии, оти среброто и златото ест
меко и се вие скоро, но железото со чилик не се вие, кога да ест отворот сиреч откључот
од злато, или од сребро, та да не може ковчегот сиреч сердцето мое да отвори что ми ест
таков отвор (кључ), нека ест од чилик и железо та да отвори ковчегот та да не ест от
сребро и злато и да не може да отвори седцето на простиот человек, еве љубезнии и
православнии христијани со оваа книжница что поучаво преподобнии отец Кирил не
можете да речете оти не можеме да познаеме еве все се познават од начало до конец.

И кога ќе чатите во таа книжница, да хвалите и да благодарите бога оти е дал таков учител
во време наше и да молите па на бога и господа нашего Исуса Христа и на Пречистија
матер јего да будеме вси православни наследници со всеми благоугодившиму богу и да
славиме име всветое его оца и сина и светаго духа амин.„[3]

You might also like